You are on page 1of 7

Влијание на концентрацијата

 Цели на часот:
-ученикот треба:
*Ги разликуваат поимите:брзина на
реакција,концентрација,реактанти,продукти
*Знаат дека брзината на реакцијата зависи од
концентрацијата на реактантите

*Опишуват реакција во која имаа катализатор


*Претставуваат резултати во табела и график
Прва активност
На учениците за да го разберат поимот
концентрација, дадете им задача да вршат
споредба на бојата на сокови со различна
концентрација на сирупот ( сок за
растворање) во нив. Потоа може да
нацртаат дијаграми на кои ќе биде
прикажана концентрацијата на честичките од
сирупот во секоја чаша.
Побарајте од учениците да предвидат какво
влијание би имало зголемувањето на
концентрацијата на реактантите врз брзината
на реакцијата.
Линк
http://www.absorblearning.com/chemistry/demo/
units/LR1503.html#Increasingconcentration
Втора активност
Покажете дека брзината на реакцијата зависи
од концентрацијата на реактантите, на
пример, реакција на парчиња мермер со 1
mol dm-3 хлороводородна киселина и со 2
mol dm-3 хлороводородна киселина. Може
да се мери времето потребно за создавање
одреден волумен на гас.
Или пак, може да им покажете анимација што
го илустрира влијанието на концентрацијата
врз брзината на реакцијата.
CaCO3(s) + 2 HCl(aq) CaCl2(aq) + H2O(l) +
CO2(g)

Со зголемување на концентрацијата на некој


од реактантите,се зголемува и брзината на
реакцијата.
Трета активност
Учениците спроведуваат истражување за
времето потребно една магнезиумова лента
со должина од 3 cm да изреагира целосно во
50 cm3 хлороводородна киселина со
различни концентрации.
Mg + HCl → MgCl2 + H2
Ги евидентираат резултатите во табела.
Потоа ги анализираат резултатите за да дефинираат заклучок.
За дома
Претстави ги резултати во табела и график на
милиметарска хартија.

You might also like