You are on page 1of 2

РЕСПИРАТОРЕН СИСТЕМ

1. Во атмосферскиот воздух има 20% кислород и 0,04% јаглероден диоксид.


2. На секоја човечка клетка потребен и е кислород. Кислородот се користи за
разградување на глукозата при што се ослободува енергија.
3. Процесот при кој се ослободува енергија од глукозата во присуство на кислород
се нарекува аеробна респирација ( дишење).

4.При аеробната респирација која се одвива во клетките се ослободува јаглероден

диоксид.

5.Органите кои го превземаат кислородот од воздухот и го внесуваат во крвта на

човекот, како и органите кои го ослободуваат јаглеродниот диоксид од телото го

сочинуваат респираторниот сиситем, а тоа се:

а) Носна празнина која започнува со отвори – ноздри, а во внатрешноста има

влакненца кои го прочистуваат воздухот, крвни садови кои го затоплуваат

воздухот и мукозна мембрана која го навлажнува воздухот.

б) Голтка (pharynx) - кој е заеднички орган за респираторниот и дигестивниот систем.

На дното има капаче – епиглотис , кое при голтнување го затвора дишникот за да не

ни залетне храна во него.

в) Грклен ( larynx) – изграден од 'рскавица , кој кај момчињата е испакнат и наречен

Адамово јаболко. Во гркленот има кожни набори – гласни жици, кои со струење на

воздухот треперат и формираат глас.

г) Дишник ( trachea) , бронхии, бронхиоли и алвеоли

Дишникот е изграден од полупрстенеста ' рскавица и се грани на две гранки бронхии,

кои навлегуваат во белите дробови . Десната гранка е поширока и се грани на три

гранки- бронхиоли, а левата е потесна и се дели на две бронхиоли.

Бронхиите се делат на бронхиоли, кои на крај завршуваат со меурчиња – алвеоли,

кои се обложени со крвни садови.

д) Бели дробови – се изградени од сунѓересто ткиво, во нив навлегуваат бронхиите.


Десното белодробно ткиво е поголемо и е поделено на три резени (лобуси), а левото е

помало и е поделено на два лобуси.

Белите дробови се обвиткани со двојна обвивка – плевра. Помеѓу нив има течност која

ги подмначкува обвивките.

Под белите дробови има мускул – дијафрагма, која има улога во процесот на
вдишување и издишување.

You might also like