You are on page 1of 28

ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ

СКОПЈЕ

ПРАКТИКУМ

за лабораториски вежби
по физика
-за интерна употреба-

Скопје, 2014

1
ПРЕДГОВОР

Лабораториската физика е неразделен дел од курсот по физика кој го изучуваат


студентите на Градежниот факултет Основните задачи на лабораториските вежби се:
а) подобро запознавање со основните физички големини и закони и нивното физичко
значење;
б) запознавање со методите за нивно мерење и обработка на експерименталните
резултати;
в) запознавање со различни физички уреди и апарати и стекнување навика за нивно
соодветно користење;
г) развивање на елементарна техничка и експериментална култура која подразбира
умеење да се избере најефикасна постапка во работата и соодветни уреди при решавање на
конкретен експериментален проблем;
д) стекнување на способност за кратко и јасно представување на експерименталните
резултати, нивно споредување со теориски пресметаните или таблични вредности и
објаснување на причините за евентуалното отстапување од нив.
Лабораториските вежби од овој практикум имаат за цел експериментално мерење на
некои физички големини или константи, како и проверка на некои физички закони. Тие се
независни една од друга, а секоја содржи кратка теорија која има за цел накратко да Ве
запознае со проблемот и експериментален дел кој вклучува опишување на експерименталната
постапка, задача и средување на резултатите.
Лабораториските вежби се задолжителни, а тоа подразбира дека секој студент треба да
ја изработи секоја од предвидените вежби.

Од Авторот

2
СОДРЖИНА

ФИЗИЧКИ ВЕЛИЧИНИ И НИВНО МЕРЕЊЕ ............................................................................ 4

1. МЕРЕЊЕ НА ДОЛЖИНИ .......................................................................................................... 9

2. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БРЗИНАТА НА ЗВУКОТ ................................................................. 13

3. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ЗЕМЈИНОТО ЗАБРЗУВАЊЕ........................................................... 15

4. ПРОВЕРУВАЊЕ НА ОМОВИОТ ЗАКОН ............................................................................. 17

5. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ФОКУСНО РАСТОЈАНИЕ


НА СОБИРНИ И РАСТУРНИ ЛЕЌИ .......................................................................................... 18

6. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БРАНОВАТА ДОЛЖИНА НА МОНОХРОМАТСКА


СВЕТЛИНА СО ПОМОШ НА ДИФРАКЦИОНА РЕШЕТКА ................................................. 20

ЛАБОРАТОРИСКИ ДНЕВНИК .................................................................................................. 22

3
ФИЗИЧКИ ВЕЛИЧИНИ И НИВНО МЕРЕЊЕ

Физиката ги испитува веќе познатите и открива нови физички појави. Да се изучи неко-
ја физичка појава треба квалитативно и квантитативно да се определат физичките величини
коишто се карактеристични за таа појава.
Физичките величини ги определуваат и својствата на материјалните тела. Поточно со
физичките величини концизно се искажува објективното постоење на материјата. По правило
секоја физичка величина определува по едно физичко својство на материјата. Еднакви својства
на различни тела се дефинираат со различни бројни вредности на иста физичка величина. Затоа
се јавува потреба за нивно мерење. Да се измери една физичка величина значи да се спореди со
неа еднородна величина која предходно е земена за единица мерка. Измерената физичка
величина x се изразува со производот од бројната вредност (x) и единицата [x], т.е.
x = (x)[x].
Тоа значи дека секоја физичка величина ќе биде дефинирана ако покрај бројната стои
и единечната вредност.
Единиците за физичките величини во даден систем од мерни единици се делат на
основни и изведени. Меѓународниот систем (System International, скратено SI) што кај нас е во
употреба од 1981 год. (утврден на XI-тата генерална конференција за мерки и тегови во 1960
год.) има седум основни и две дополнителни големини и единици, за кои се смета дека во
потполност ги карактеризираат појавите и материјата. Нивните имиња и симболи се дадени во
табела 1.

Табела 1

Основни
Физичка величина Единица во SI
Име Симбол Име Симбол
1 Должина l Метар m
2 Маса m Килограм kg
3 Време t Секунда s
4 Јачина на ел. струја I Ампер A
5 Термодинамичка темпер. T Келвин K
6 Интензитет на светлина J Кандела cd
7 Количество на супстанција n Мол mol
Дополнителни
1 Агол во рамнина  Радијан rad
2 Просторен агол  Стерадијан sr

Од основните единици се изведуваат единиците на сите останати величини во


физиката, применувајќи ги релациите кои ги поврзуваат соодветните величини. Некои од нив
имаат посебни имиња, некои се изведени само од основните, а некои од основните и
изведените со посебни имиња.
Кога измерените величини се многу помали или многу поголеми од мерната единица се
додаваат определени префикси пред ознаката на единицата без да се остава растојание меѓу
нив. Името на префиксот, ознаката и факторот на множење, поткрепени со примери се дадени
во табела 2.

4
Табела 2

Фактор на
Префикс Ознака Пример
множење
Екса E 1018 1018 m = 1 Em
Пета P 1015 2. 1015 s = 2 Ps
Тера T 1012 3.1012 m = 3 Tm
Гига G 109 109 Pa = 1 GPa
Мега M 106 3.106 eV = 3 MeV
Кило k 103 2.103 m = 2 km
Хекто h 102 9.102 Pa = 9 hPa
Деци d 10-1 5.10-1 m = 5 dm
Центи e 10-2 2.10-2 m = 2 cm
Мили m 10-3 3.10-3 m = 3 mm
Микро  10-6 10-6 A = 1  A
Нано n 10-9 10-9 F = 1 nF
Пико r 10-12 2.10-12 F = 2 pF
Фемто f 10-15 10-15 m = 1 fm
Ато a 10-18 10-18 m = 1 am

ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ГРЕШКИТЕ ПРИ ДИРЕКТНО МЕРЕЊЕ

Под грешка при мерењето се подразбира разликата помеѓу измерената и вистинската


вредност на физичката големина. Мерењето ќе биде толку поточно колку што е грешката
помала и обратно. Ниту едно мерење неможе да биде извршено апсолутно точно. Направените
грешки при мерењето можат да бидат систематски и случајни.
Систематските грешки се од објективен карактер и експериментаторот неможе да ги
избегне. Се јавуваат заради несовршеноста на мерните инструменти, како и методите на
мерење. Тие ја менуваат вредноста на физичката големина од вистинската само во една насока,
т.е. или само ја зголемуваат, или само ја намалуваат. Затоа систематските грешки само се
проценуваат и не ги земаме предвид при изразување на вредноста на физичката големина.
Случајните грешки се повеќе од субјективен карактер и се јавуваат по вина на
експериментаторот заради несовршенството на сетилните органи (вид, слух) како и поради
неискуство во експерименталната работа. Исто така, случајни грешки можат да се јават и
поради надворешните влијанија врз инструментите во процесот на мерење, како промена на
надворешната температура, притисокот и т.н. Отстапувањата што се јавуваат при мерењето на
една иста физичка величина можат да бидат позитивни или негативни, т.е. измерените
вредности се поголеми или помали од вистинската. Различните вредности на мерената
големина се наоѓаат во еден определен интервал, натрупувајќи се околу вистинската вредност.
Овие грешки можат да бидат сведени на минимум, но не можат да бидат сосема избегнати. Па
се поставува прашањето како да се најде најверојатната вредност на измерената големина и
колкава е големината на направената грешка.
Случајните грешки можат да се пресметуваат бидејќи тие се покоруваат на законите на
математичката статистика и веројатност, т.е. веројатноста при мерењето да се добијат
поголеми или помали вредности од вистинската е иста. Според тоа, како најверојатна вредност
на мерената големина а се јавува средната аритметичка вредност a од добиените резултати
при мерењето, т.е.
a1  a 2  a 3  ......  a k 1 n
a   ai . (1)
n n i 1
Средната вредност a ќе се наоѓа меѓу минималната аmin и максималната измерена
вредност аmax. Разликата меѓу максималната и минималната вредност на измерената големина
ја дава таканаречената максимална апсолутна грешка:

5
a  a max  a min . (2)
Модулот од разликата меѓу средната вредност a и поединечните мерења аn ќе ги даде
апсолутните грешки на поединечните мерења
a1 | a  a1 |
a 2 | a  a 2 |
....................
, (3)
a i | a  a i |
....................
a n | a  a n |
или средната вредност на апсолутната грешка се добива кога збирот од апсолутните грешки на
поединечните мерења аi се подели со бројот на мерењата n, т.е.
a1  a 2  a 3  ......  a n 1 n
a    a i . (4)
n n i 1
Вистинската вредност на мерената големина се изразува преку нејзината средна
вредност a и средната вредност на апсолутната грешка  a
a  a  a , (5)
односно таа се наоѓа во интервалот
a  a  a  a  a . (6)
Величината Sn која се пресметува по формулата
n

 a
i 1
2
i
Sn   , (7)
(n  1)
се нарекува средна квадратична грешка на поединечното мерење. Ако бројот на мерењата n е
многу голем, Sn тежи кон една определена вредност , т.е.
  lim S n (8)
n

каде што  исто така се нарекува средна квадратична грешка (или стандардна девијација) на
одделното мерење.
Средната квадратична грешка на средната вредност 0 се добива по теориски пат кога
средната квадратична грешка на поединечното мерење се подели со n
n

  a 2
i
0   i 1
. (9)
n n(n  1)
При обработка на експерименталните резултати обично се пресметува средната
аритметичка вредност asr на мерената големина и средната квадратична грешка на средната
вредност , па експерименталните резултати се претставуваат во вид
а = аср  0 . (10)
Односот меѓу средната апсолутна грешка  a и средната вредност на мерената
големина a претставува релативна грешка ,
a
 , (11)
a
и најчесто се изразува во проценти (%), т.е.

6

a
 
 100% . (12)
a
Исти апсолутни грешки немаат иста вредност ако средните вредности на мерените
големини се разликуваат многу. Така на пример ако на измерените средни должини од 10 m и
100 m се направи иста средна апсолутна грешка од 1 cm, тогаш направените релативни грешки
ќе бидат различни, иако нивните апсолутни грешки се исти, т.е.
0,01 0,01
1   100 %  0.1 % ;  2   100 %  0,01 % (13)
10 100
Значи должината од 100 m е измерена со 10 пати поголема точност од должината од 10
m.

ТАБЕЛАРНО И ГРАФИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Заради поголема прегледност, мерењата се прикажуваат табеларно (табела 3). Во


табелата се внесуваат вредностите на сите измерени големини. Се пресметуваат нивните
средни вредности како и апсолутните грешки на поединечните мерења и нивните средни
вредности. Таму каде што е потребно се внесуваат и вредностите на средните квадратични
грешки.

Табела 3.

мерење број a a b b c c . k k

1. a1 a1 b1 b1 c1 c1 . k1 k1


2. a2 a2 b2 b2 c2 c2 . k2 k2
3. a3 a3 b3 b3 c3 c3 . k3 k3

. . . . . . . . . .
. . . . . . . . . .
i. ai ai bi bi ci ci . ki ki
. . . . . . . . . .
. . . . . . . . . .

n an an bn bn cn cn . kn kn


средни
вредности a a b b c c . k k

точни a  a  a b  b  b c  c  c . k  k  k
вредности

Треба да се внимава и при запишување на резултатите. Оние цифри кои не ја менуваат


својата вредност се викаат сигурни или точни. Останатите кои ја менуваат својата вредност се
викаат несигурни или сомнителни. Сигурните цифри ја определуваат точноста на мерењето,
додека несигурните ја даваат апсолутната грешка. При запишување на резултатот се пишуваат
сигурните цифри и првата несигурна цифра. Никакви други цифри кои се резултат на
пресметување не треба да се пишуваат. Ова правило особено важи кога пресметувањата се
прават со дигитрони или компјутери кои даваат значителен број на цифри по децималата и
создаваат лажен впечаток за голема точност на мерењата.
За попрактично претставување на резултатите е пожелно да се користат степените на
бројот 10. На пр. наместо m = 0,002665 kg да се напише m = 2,665 10-3 kg и т.н.
Во некои случаи, освен табеларно, резултатите се прикажуваат и графички. Од
графичката зависност може да се види каква е функционалната зависност меѓу испитуваните

7
големини, т.е. дали врската меѓу нив е линеарна или не, дали постојат минимуми и
максимуми, како и да се најде вредноста на некоја физичка величина “y” за такви вредности на
друга физичка величина “x” кои не се директно мерени.
-Графиците се цртаат исклучиво на милиметарска хартија. На апцисата се нанесуваат
вредностите на независно променливата големина, а на ординатата вредностите на функцијата,
така што на оските на графикот треба да биде напишано која големина и во кои единици се
нанесува.
-Размерите по оските се избираат така што графикот да биде на целата површина на
милиметарската хартија. Притоа почетокот на координатниот систем немора да биде од нула.
Исто така размерот по x и y оската немора да биде ист, бидејќи на двете оски обично се
нанесуваат различни големини изразени во различни единици.
-Графичката линија не се црта од точка до точка. Во спротивно би се добила една
искршена линија , што би значело дека физичката големина се менува скоковито. Затоа се
прави интерполација или екстраполација на точките, со што се добива една континуирана
линија која што ќе покажува дека мерената големина се менува континуирано (сл. 1). Линијата
се повлекува меѓу точките, по можност што повеќе точки да лежат на неа или колку точки
лежат над линијата, приближно толку точки да лежат под неа. Ако некои точки се далеку од
линијата, можно е при мерењето да е направена груба грешка заради што истото треба да се
повтори.

200

100 pogre{no
to~no

50 100 150 x
Сл. 1

8
1. МЕРЕЊЕ НА ДОЛЖИНИ

Најчесто физичкото мерење на должини се прави со метар на кој се обележани сантимет-


рите и милиметрите. Најмалата должина што може да се измери со метарот е еден милиметар.
Не ретко се јавува потреба од мерење на должини со поголема точност. Тоа се прави со
специјални направи како што се шублерот, микрометарскиот винт, сферометарот и други.

1.1. НОНИУС. ШУБЛЕР

За мерење на должини со поголема точност се користи направата наречена линиски


нониус, кој што може да ја зголеми точноста на мерењето од 10-100 пати. Линискиот нониус
претставува дополнителна мала скала P, која слободно може да се движи по главната или
основната скала L, (сл. 2).

L
0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14
0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 P
Sl. 2

Должината b на еден поделок од нониусот во однос на должината а на еден поделок од


основната скала е така избрана да биде исполнет условот
Nb = (N - 1)a, (14)
каде што N е бројот на поделците на нониусот. Од равенката (14) може да се определи
точноста к на еден поделок од нониусната скала, т.е.
a
a-b= =k. (15)
N
Како што се гледа, точноста се добива како однос помеѓу должината на еден поделок
од главната скала a и вкупниот број на поделци на нониусната скала N. Тој однос може да се
нарече и константа на нониусот. Така на пр. ако нониусот има 10 поделци (N = 10), а
најмалиот поделок од главната скала е a = 1 mm, точноста k  a  1 mm  0,1 mm .
N 10
Ако се споредат двете скали, т.е. ако нулите на двете скали се совпаѓаат, тогаш ќе се
види дека првиот поделок од помошната скала (нониусот) заостанува зад првиот поделок од
милиметарската скала за 0,1 , вториот за 0,2 , третиот за 0,3 , а десеттиот поделок ќе заостанува
за еден милиметар, (сл. 2).
За практична примена нониусот конструктивно е обликуван како што е прикажано на
(сл. 3) и таквиот инструмент се вика шублер.

 НАЧИН НА МЕРЕЊЕ:

Мерењето на некоја должина l на даден предмет со помош на шублер се врши на


следниов начин: најнапред се определува точноста на еден поделок од нониусот, т.е. се гледа
на колку еднакви дела N е поделен нониусот и најмалиот поделок од главната скала a се дели
со тој број, т.е.
a
к= . (16)
N

9
B C

0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 cm
A 0 10

Sl.3
Телото чии димензии треба да се измерат се става меѓу краците A и B и умерено се
прицврстува. Со тоа помошната скала е поместена на десно во однос на милиметарската скала
за должината на телото. Се читаат целите поделци n (mm) на главната скала што ги поминала
нулата од помошната скала. Потоа се гледа која цртичка z со нониусната скала се совпаѓа со
било која цртичка од главната скала. Тој број се множи точноста k на еден поделок од
нониусната скала. Вредноста на тоа поместување е:
a
z  zk . (17)
N
Според тоа измерената должина l ќе биде:
a . (18)
lnnz
N
На пр. ако нулата од нониусот го поминала 15-тиот поделок од милиметарската
(главна) скала (n = 15), 32-та црта од нониусот се совпаѓа со било која црта од милиметарската
скала, а вкупниот број поделци на нониусната скала е N = 50, тогаш
1
l  15  32  15  0,64  15,64 mm , (19)
50
бидејќи сега, точноста на еден поделок од нониусната скала изнесува 0,02 mm.
На (сл. 4) се дадени неколку примери за отчитување на измерени должини со нониус.

Сл. 4

 ЗАДАЧА:
Да се измерат димензиите на едно тело од кои можат да се пресметаат плоштината и
волуменот на телото. За секоја димензија се прават најмалку по пет мерења и за секое мерење
да се пресметаат апсолутната и релативната грешка. Мерењата и грешките се внесуваат во
табелата 1. Плоштината и волуменот се пресметуваат од средните вредности.

10
1.2. МИКРОМЕТАРСКИ ВИНТ

Микрометарскиот винт е нониусов уред за поточно мерење на линиски должини. Кај


него линискиот нониус е заменет со цилиндричен, (сл. 5).

D
N B 15 M
10
5

Sl. 5

Се состои од еден неподвижен дел P во форма на потковица и две цилиндрични оски,


C-неподвижна и B - подвижна. Основната скала е нанесена по оската на неподвижниот
цилиндер C, а нониусната врз конусниот дел на подвижниот цилиндер D. Тој се придвижува со
помош на микрометарски винт кој поминува низ оската на цилиндерот C и завршува со
цилиндерот од внатрешната страна, а од надворешната со матица M, која со винтот C е сврзана
со затегната пружина. Со секое завртување на винтот, челото од винтот се движи кон или од
наковалната N за 1 mm или 0,5 mm, што зависи од точноста на винтот. Кога челото од винтот е
допрено до наковалната N, тогаш работ од цилиндерот стои на нултата положба од
милиметарската скала, а нултиот поделок од скалата што е нанесена на конусниот цилиндер
стои на линијата што е во правецот на оската на матицата.
Микрометарските винтови најчесто се направени така што при едно завртување челото
од винтот се поместува за 0,5 mm, што претставува “од” на винтот. Во ваков случај
милиметарската скала е поделена на два дела: скала што е над цртата “индекс” која ги означува
целите милиметри и скала под цртата “индекс” која ги означува половините милиметри.
Кружната скала во тој случај е поделена на 50 еднакви делови. Вредноста на еден поделок ќе
биде 0,5(mm)  0,01 mm што ќе претставува и точност на микрометарскиот винт.
50

 АПАРАТУРА И МЕРЕЊА
Телото чии димензии се мерат се става меѓу челото и наковалната. Потоа внимателно
се врти винтот M сî дури не се почувствува лесен допир. Потоа се читаат целите и половинки
милиметри n од милиметарската скала на неподвижниот цилиндер C. На нив се додаваат
деловите од милиметрите што се читаат на кружната скала, така што прочитаниот број на
поделци од кружната скала a се дели со вкупниот број на поделци на кружната скала N.
Должината l ќе биде:
a
l  nz . (20)
N
На пример: ако при мерењето на некоја должина сме прочитале 22,5 mm од
неподвижната скала, 32 поделци од кружната скала , тогаш вкупната должина изнесува
0,5
l  22,5  32   22,82 mm . (21)
50
На (сл. 6) се дадени примери на отчитани должини со микрометарски винт.

11
10 45 5
0 5 10 0 5
5 40 0
0 35 45
45 30 40

Izmereno 2,02 mm Izmereno 11,37 mm Izmereno 5,97 mm


Sl.6

Пред секое мерење треба да се определи нултата положба на винтот, т.е. да се види
дали винтот има систематска грешка или нема. Нултата црта од кружната скала може да е
поместена во правец на стегањето на винтот. Тогаш на измерениот резултат се додаваат толку
делови колку што било отстапувањето од нултата положба. Доколку отстапувањето е во
спротивна насока, тогаш од измерениот резултат тие делови се вадат.
ЗАБЕЛЕШКА: За да се избегне презатегнување на винтот, неговото вртење треба да се врши
многу внимателно со делот M, којшто овозможува затегањето да се врши секогаш со иста сила.

 ЗАДАЧА

Да се измери дијаметарот на приложеното тело најмалку пет пати. Да се најде средната


вредност и да се пресметат апсолутната и релативната грешка. Истите да се внесат во табела 2.
Од средната вредност на дијаметарот да се пресметаат површината и волуменот на телото.

12
2. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БРЗИНА НА ЗВУК

Звукот претставува браново движење, т.е. пренесување на деформација низ дадена


еластична средина со одредена фреквенција, од 20 Hz до 20 kHz. Брзината на простирање на
звукот зависи од карактеристиките на средината низ која се простира, но општо се дефинира со
изразот:
c  f  . (22)
За да се определи брзината на простирање на звук со определена фреквенција треба да
се определи соодветната бранова должина  низ дадената материјална средина. За таа цел
може да се примени методот на звучна резонанција, односно интерференција на два
кохерентни брана кои се простираат во спротивни насоки и кои при дадени услови формираат
стојни бранови.

3.1. БРЗИНА НА ЗВУК ВО ВОЗДУШНА СРЕДИНА

За определување на брзината на звукот во воздух се употребува вертикална стаклена


цевка која на долниот крај, преку гумено црево е поврзана со поширок сад со вода. На тој
начин може да се менува висината на воздушниот столб во цевката, со менување на нивото на
водата во неа (сл. 7).
Звучен извор (звучна виљушка) со позната
фреквенција, се поставува над отворениот крај на цевката. Со
помош на гумено чеканче се удира звучната виљушка и се
L

произведува звучен бран. Тој се шири низ воздушниот столб


во цевката, а на долниот крај се рефлектира од површината на
водата. При тоа, упадниот и рефлектираниот бран од водената
површина интерферираат и се формира стоен бран. Кога ќе
настане резонанција, т.е. совпаѓање на фреквенцијата на
воздушниот столб со фреквенцијата на звучната виљушка,
јачината на звукот ќе биде максимална на отворот од цевката.
Тоа настанува при точно определена должина L на
воздушниот столб во цевката:


L  (2n  1) за n  0;1; 2; ..... (23)
4
Sl. 7
Во тој случај на отворениот крај од цевката се наоѓа мевот, а на површината на водата се
формира јазолот (сл. 8).
Од релацијата (23) се изразува  и може да се пресмета брзината на звукот со примена на
равенка (26).

 АПАРАТУРА И МЕРЕЊА

На почеток, стаклената цевка се полни со вода скоро до врвот (4 - 5 cm од отворот).


Полнењето се врши по метод на сврзани садови, а потоа со притискање на гуменото црево се
задржува водата на одредено ниво.
Потоа се удира звучната виљушка со гумено чеканче и се поставува над отворот на
цевката (не смее да ја допре). Во ист момент треба да започне спуштање на водата надолу во

13
цевката со што се менува висината на воздушниот столб во неа. На одредена висина L1 ќе се
формира стоен бран со мев точно на отворот на цевката, па тогаш се слуша максимален звук.
Веднаш се притиска гуменото црево за да се задржи водата на таа висина и се мери L1 со метар.
Потоа се спушта водата надолу низ цевката сî додека повторно не се добие максимално
засилување на звукот, т.е се определува висината L2 на воздушниот столб при кој повторно
настанува резонанција.

L

L
4

4
L1

L2
4
4

Sl. 8
Од релациите :

L1  L  за првиот максимум и
4

L 2  L  3 за вториот максимум, (24)
4
може да се определи брановата должина со одземање на тие изрази, односно:

L2  L1  ,
2
  2( L2  L1 ) . (25)

При тоа за брзината на звукот, се добива:

c  f    2( L2  L1 )  f . (26)

ЗАБЕЛЕШКА: Бидејќи мевот на стојниот бран се наоѓа малку повисоко над отворот на цевката
а не точно на неа, поместен за растојание L, во релациите (24) е воведена корекција за L.

 ЗАДАЧА

Да се направат најмалку по 3 мерења за L1 и L2 за да се намалат грешките при мерењето.


Добиената средна вредност за брзината на звукот треба да се спореди со вредноста определена
од емпириската формула за брзина на звук низ воздух:

c  331,5 1  0,0036  t , (27)


0
каде што t е температурата на воздухот изразена во C , во просторијата каде што се вршат
мерењата. Резултатите од мерењата треба да се внесат во табела 1.

14
3. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ЗЕМЈИНОТО ЗАБРЗУВАЊЕ

Две тела со маси M и m, поставени на меѓусебно растојание R, се привлекуваат со


гравитациона сила G, дадена со:
Mm
G  , (28)
R2

каде што γ е гравитационата константа. Нека M е масата на планетата Земја а R е нејзиниот


M
радиус. Бидејќи M и R се константни, тогаш изразот  може да го замениме со нова
R2
константа g, која ја нарекуваме земјино забрзување:

M
G   gm . (29)
R 2m

Оваа сила на привлекување ја нарекуваме Земјина тежа. Земјиното забрзување не е


секаде еднакво на површината на Земјата. Ако се качуваме на планина, растојанието од
центарот на земјата ќе расте, па значи и R ќе расте а g ќе се намали. Бидејќи Земјата не е
идеална сфера, радиусот на екваторот ќе биде нешто поголем отколку на половите. Затоа, во
пресметките и во таблиците со вредности на физичките константи, обично се дава вредноста на
земјинотозабрзување мерена на морското ниво и на 45° географска ширина.
За мерење на земјиното забрзување се мористат нишала - математичко или физичко нишало.
Математичкото нишало е идеализирано нишало и се дефинира како тело без димензии обесено
на нерастеглив конец без маса. Кога отклонот на нишалото е мал (< 4°), периодот на
осцилирање на математичкото нишало може да се изрази преку равенката:

l
T  2 . (30)
g

Преку оваа релација со мерење на должината на нишалото и непосредно мерење на периодот


на нишалото се определува Земјиното забрзување.

 АПАРАТУРА И МЕРЕЊА
За изведување на оваа вежба потребно е математичко нишало, метар за мерење на
должината на нишалото и штоперица за мерење на периодот на осцилирање.
Мерењето се иведува со отклонување на нишалото од рамнотежната положба за мала
амплитуда. Бидејќи е потешко прецизно да се измери времетраењето само на една осцилација,
го мериме времето за кое нишалото ќе направи поголем број на осцилации, најмалку 10. Ако за
време t нишалото направило n осцилации, тогаш за периодот на осцилации се добива:
t
T . (30)
n
Истата постапка се повторува и со други должини на нишалото. Должината на
нишалото ја мериме со метар од горниот крај на конецот до средината на топчето.

15
 ЗАДАЧА
1. Да се измери периодот на осцилирање на нишало со должини од 0,1 m до 1 m, со
скокови од по 0,1 m. За секое од овие мерења дасе пресмета Земјиното забрзување. Да
се пресметаат грешките при мерењето.

2. Да се нацрта графикот на зависноста на квадратот на периодот од должината на


4 2
нишалото, т.е. T 2 l   l . Од графикот да се определи Земјиното забрзување и
g
резултатот да се спореди со средната вредност добиена од претходните мерења.

16
4. ПРОВЕРУВАЊЕ НА ОМОВИОТ ЗАКОН

Кога во електрично струјно коло ќе се поврзе електричен проводник, поради


потенцијалната разлика U на неговите краеви низ него протекува струја со јачина J. Врската
помеѓу овие две величини е дадена со Омовиот законза дел од струјно коло:
U  J R, (31)
каде коефициентот на пропорционалност R претставува електричен отпор на проводникот.
Кога величините U и J се изразени во волти (V) и ампери (A), соодветно, тогаш отпорот се
изразува во оми (Ω).
Доколку се разгледува цело струјно коло, тогаш Омовиот закон гласи:
n
U  J  ( R1  R2  R3  ...  Rn )  J   Ri , (32)
i 1

каде Ri се вредностите на одделните електрични отпори во струјното коло.


Омовиот закон за цело струјно коло може да се провери со едноставна шема на сериски
врзан отпорник, во коло со извор на напон од 12 V, прекинувач и милиамперметар.
Отпорникот кој се користи е со променлив отпор, додека сите останати отпори може да се
заменат со вкупен отпор R0, кој се нарекува внатрешен отпор. Тогаш, ќе важи равенката:
U  J  ( R  R0 ) (33)

 АПАРАТУРА И МЕРЕЊА

Апаратурата се состои од извор на прав напон 12 V, волтметар за проверка на напонот,


прекунувач, милиамперметар и отпорник со променлив отпор, кои се поврзани помеѓу себе со
проводници.
Мерењето започнува со вклучување на најголемиот отпор (500 Ω) и се отчитува
вредноста на струјата на милиамперметарот. Потоа отпорот се намалува за по 50 Ω и се читаат
соодветните вредности на струјата. Добиените вредности се внесуваат во табела.
Во равенка (33), U и R0 се константи, додека J и R се променливи. Нивната зависност
може да се претстави во линеарен облик, на следниот начин:
1 1 R
 R 0 (34)
J U U
1
Графички ја претставуваме зависноста  f ( R) , за која треба да се добие права линија. На тој
J
1
начин се потврдува Омовиот закон. Од пресекот на правата со оската , т.е. за R = 0 Ω, се
J
добива вредноста на слободниот член во равенката (1.4), од каде може да се пресмета
вредноста на внатрешниот отпор според:
1
R0  U (35)
J ( R  o)
 ЗАДАЧА
1. Да се измерат вредностие на струјата за различни вредности на отпорот и да се нацрта
1
график на зависноста  f ( R) .
J

17
5. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ФОКУСНО РАСТОЈАНИЕ НА СОБИРНИ
И РАСТУРНИ ЛЕЌИ

Прозрачно тело, ограничено со две сферни површини, чиј индекс на прекршување е


различен од индексот на околната средина се нарекува сферна леќа. Може да биде изработена
од стакло или прозрачна пластмаса.
Леќите се составен дел на секој оптички уред. Тие можат да бидат собирни или растурни.
Правата која минува низ центарот О на леќата се нарекува главна оптичка оска. Пара-
лелен сноп светлински зраци кој паѓа на собирна леќа, по минувањето низ леќата се собира во
една точка F наречена фокус на леќата (сл. 9а). Таквиот сноп зраци е наречен конвергентен.
Растојанието од центарот на леќата О до фокусот F се нарекува фокусно растојание f.
Ако дебелината на леќата
f f
d=O1O2 е значително помала од фокус-
ното растојание f, таа е наречена тенка
леќа.
O O O F O OO
Паралелен сноп на зраци кој
1 2
F 1 2 F
паѓа на растурна леќа (сл. 9б) по
поминувањето низ леќата “се
d
растураат” Таквиот сноп зраци е
дивергентен. Продолженијата на
a) Sobirna le}a b) Rasturna le}a прекршените зраци се собираат во
Sl. 9 фокусот F на леќата.
Собирните леќи имаат реален
фокус и реално фокусно растојание (f >
0). Тие даваат реални и имагинарни ликови кои можат да бидат зголемени или намалени. Ликот е
реален ако се добива во пресекот на реалните зраци, а имагинарен ако се добива во пресекот на
продолженијата на зраците.
Растурните леќи имаат имагинарен фокус и имагинарно фокусно растојание (f < 0). Со
нив се добиваат само имагинарни и намалени ликови.
Равенката на тенка собирна леќа гласи:
1 1 1
  , (36)
p l f
каде што p е оддалеченост на предметот од леќата, а l е оддалеченоста на ликот од леќата.
Равенката за растурна леќа гласи:
1 1 1
  , (36)
p l f
Еквивалентното фокусно растојание на систем од две леќи е дадено со равенката:
1 1 1 a
   ,
f f1 f 2 f1 f 2
каде што f1 и f2 се фокусните растојанија на двете леќи, а ”a” е растојанието меѓу нив.
Реципрочната вредност од фокусното растојание се нарекува оптичка јачина на леќата:
1
J  , (38)
f
се мери со единица наречена диоптер (D) . Јачина од еден диоптер има леќа чие фокусно
растојание е еден метар.

 АПАРАТУРА И МЕРЕЊА
Апаратурата се состои од метална градуирана шина со лизгачи на кои се поставени:
светлински извор, предмет (стрелка), екран на кој се добива ликот на предметот, собирна и
растурна леќа чие фокусно растојание треба да се определи.

18
1. Зависност меѓу p и l : За да се определи зависноста меѓу p и l собирната леќа се става на
определено растојание од предметот p1, а екранот на доволно голема оддалеченост од леќата l1,
така да на екранот се добие јасен зголемен лик. Потоа леќата малку се оддалечува од
предметот ( 0,5 cm), а екранот се приближува кон леќата се додека не се добие повторно јасен
и зголемен лик. Се мерат новите положби p2 и l2. На истиот начин со мало придвижување
(оддалечување) на собирната леќа (а на екранот по потреба) , се прават десет мерења при што
секогаш треба да се добие зголемен лик на екранот. Резултатите за p и l се внесуваат во табела 1.
Од нив се црта график за зависноста на l од p односно l = f ( p ).
2. Определување на фокусно растојание на собирна леќа. Фокусното растојание на
собирната леќа може да се определи од едно од предходните мерења. Попрецизен метод за
определување на f на собирна леќа е т.н. Беселов метод. Се избира таква положба на леќата
при која на екранот E се добива јасен зголемен лик L’. Потоа леќата се поместува се додека на
екранот (чија положба не се менува) не се добие јасен, но намален лик L’’.
Растојанието од предметот P до екранот E се обележува со a, а растојанието меѓу
првата и втората положба на леќата со b. Според Беселовиот метод фокусното растојание f на
леќата ќе биде определено со равенката:
1 b2
f  (a  ) . (39)
4 a
Резултатите од мерењата се внесуваат во табела 2 и се пресметува јачината на леќата.

3. Определување на фокусно
I polo`ba II polo`ba растојание на растурна леќа. Бидејќи
E
ликот добиен со растурна леќа е
P
имагинарен, не може да се види на
L', L'' екран, за определување на нејзиното
фокусно растојание, се користи
комбинација на собирна и растурна леќа.
Со собирната леќа се добива јасен
b намален лик L на предметот P , при што
a екранот се наоѓа во положба EI.
Sl. 10 Растојанието од предметот до ликот е
обележан со b (сл. 11).
Потоа помеѓу собирната леќа и
екранот се вметнува растурната леќа, при што ликот се губи. За да се добие јасен лик, екранот
се оддалечува од растурната леќа се додека не се добие јасен исто така намален лик L’. Сега
екранот се наоѓа во положба EII. Растојанието од предметот до растурната леќа е обележано со
a, а растојанието од предметот до новата положба на екранот со c.
Фокусното растојание на растурната леќа се добива од равенката која гласи:
(b  a)(c  a )
f  . (40)
(b  c)
Се прават најмалку три мерења кои се внесуваат во табела 3 и се пресметува средната
E E грешка по формулата (5). Исто така
I II

да се определува јачината на растур-


D
ната леќа.
L L'

 ЗАДАЧА
Да се нацрта на график зависноста l
a
b
= f (p).
c Да се определат f и J на собирната и
Sl. 11 растурната леќа.

19
6. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БРАНОВАТА ДОЛЖИНА НА
МОНОХРОМАТСКА СВЕТЛИНА СО ПОМОШ НА
ДИФРАКЦИОНА РЕШЕТКА

Дифракционата решетка е направа со која можат да се добијат изразени ефекти на


дифракција на светлината. Дифракционата решетка претставува сума од паралелни тенки,
транспарентни процепи, меѓусебно раздвоени со нетранспарентни ленти (сл. 12). Таквите
решетки се добиваат кога на стаклена плочка со специјални машини се прават црти (зарези).
Цртите играат улога на неправилни препреки (нетранспарентни ленти), а неоштетените
стаклени површини на процепи. Ако цртите се нанесат на исполирана метална плочка, тогаш
се добива рефлексиона дифракционата решетка. Дифракциона решетка може да се добие со
фото-третирање на филм, на кој се добиваат транспарентни и нетранспарентни ленти со
еднаква должина.

DR E
M'3

P C M'2
A M'1
D
M0
S B
d b M1
a
M2
L1 L2
M3

Сл. 12 Сл. 13

Збирот на ширината на процепот и ширината на нетранспарентната лента (сл. 12) се


нарекува период или константа на решетката и може да се пресмета од дадената вредност за
бројот на процепи на единица должина:
l
d , (41)
n
Дифракцијата на светлината од оптичка решетка наједноставно се објаснува кога
монохроматски светлински бран паѓа нормално на повшината на решетката (во правец на
нејзината нормала) (сл. 13). За добивање на кохерентен светлински сноп се користи светлински
извор S, со мали димензии, пред кој се става преграда со процеп P. Процепот се наоѓа во
фокусот на собирна леќа L1, поставена пред дифракционата решетка DR. Леќата L1 овозможува
светлинскиот сноп што излегува од неа да биде паралелен. Зад решетката се поставува уште
една собирна леќа L2, во чиј фокус се наоѓа екранот Е.
При определувањето на карактерот на дифракционата слика на екранот неопходно е да
се води сметка не само за дифракцијата на светлината што настанува на процепите од
решетката, туку и за интерференцијата на зраците кои излегуваат од различни процепи, во една
точка на екранот. На сл. 13 е прикажан патот на паралелени светлински зраци низ
дифракционата решетка до точките М0 и М1 на екранот, каде тие интерферираат, а на екранот
се добиваат дифракциони ликови на изворот .
Патната разлика на зраците од два соседни процепи AC или BD се определува како:
x  d  sin  . (42)
Во правец одреден со аголот , за кој важи:
d  sin   k , (43)

20
се добиваат интерферентни максимуми во вид на светли ленти кога k = 0,  1,  2,  3,...
Вредноста на бројот k го определува редот на главниот максимум. Во правец  = 0 се добива
централниот максимум или таканаречен максимум од нулти ред, т.е. точката М0 се наоѓа на
средината од тој максимум.

 АПАРАТУРА И МЕРЕЊА

Релацијата (43) дава можност да се пресмета брановата должина  на употребената


светлина, ако на некој начин се измери аголот  на првиот или вториот максимум. За таа цел
се користи апаратура прикажана на сл. 14. Таа се состои од извор на светлина I, оптички
филтер F, процеп P, кој е поставен во фокусот на собирна леќа L. Паралелениот светлински
сноп што излегува од леќата L паѓа врз решетката со константа d. Зад решетката е поставен
екран E на кој се набљудува дифракционата појава (дифракционите максимуми). Сите овие
елементи се ставени со стативи на метална шина и можат лесно да се движат по неа.
II
P L DR

F I
I a
x 0

f II
b

Сл. 14

Кога светлината поминува низ филтерот F и паѓа на процепот P, тој претставува извор
на монохроматска светлина, чија бранова должина , треба да се определи. Леќата L се
поставува така да процепот P се наоѓа во нејзиниот фокус и на екранот (кога решетката е
извадена од шината) се добива негов јасен лик. Потоа меѓу леќата L и екранот E се поставува
решетката. Дифракционите максимуми се добиваат на екранот како светли паралелни ленти.
Со поместувањето на решетката се менува и растојанието меѓу максимумите на екранот.
Со мерење на растојанието b помеѓу решетката и екранот и растојанието, a помеѓу
нултиот и максимумот од прв ред (k = 1) или нултиот и максимумот од втор ред (k = 2), може
да се пресмета аголот  на набљудуваниот максимум:
a
tg  . (44)
b
Бидејќи аголот  за првиот и вториот максимум има мали вредности може да се земе
дека tg= sin и со замена на (67) во (68) се добива крајната релација по која се пресметува
брановата должина на употребената светлина:
ad
 . (45)
bk
Константата на решетката d е напишана на нејзината површина.
 ЗАДАЧА
Да се пресмета брановата должина  на монохроматска светлина за најмалку 5 мерења на
различни растојанијата a и b. Да се пресмета нејзината средна вредност. Резултатите од
мерењата да се внесат во табела 1.

21
Лабораториски дневник
за вежбите по физика
за студентите од Градежниот факултет

Изработил _____________________________

Учебна година ______/______


1. МЕРЕЊЕ НА ДОЛЖИНИ

Име и презиме
Група Ред. Бр.
1. Како се определува константата κ (точноста) на нониусот?
Колкава е точноста на шублерот со кој мерите?

 Шублер

Табела 1.
N a( ) b( ) c( ) Δa ( ) Δb ( ) Δc ( )
1
2
3
4
5
Средна
вредност

= ±∆ = %=
= ±∆ = %=
= ±∆ = %=
= =

 Микрометарски винт

Табела 2.
N d( ) Δd ( ) = ±∆ =
1
2 %=
3 =
4 =
5
Средна вредност

Асистент Оцена
2. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БРЗИНАТА НА ЗВУКОТ

Име и презиме
Група Ред. Бр.
1. При определување на брзината на звукот во воздух, каде би требало да се добие
вториот максимум според теоријата? (Тоа да се искористи како помош при
мерењето)

2. Дали брзината на звукот низ метал е поголема или помала во однос на брзината
низ воздух и за кој ред на големина? Како е поврзана брзината на звукот низ
метал со Јунговиот модул на еластичност?

Табела 1
N ( ) ( ) ( ) ( )
1
2
3
4
5
Средна
вредност

f=
=( ±∆ )=

ε= ∙ 100% =
емпириски =

Асистент Оцена
3. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ЗЕМЈИНОТО ЗАБРЗУВАЊЕ

Име и презиме
Група Ред. Бр.

Табела 1
n l( ) ( ) ( ) g( ) Δg ( )

Средна вредност

Според мерењата:
g   g sr  g sr  

g sr
  100% 
g sr

Според графикот:
g

Асистент Оцена
4. ПРОВЕРУВАЊЕ НА ОМОВИОТ ЗАКОН

Име и презиме
Група Ред. Бр.
Табела 1

R (Ω) J (mA) Y = 1/J (1/A)

50

100

150

200

250

300

350

400

450

500

Од графичката зависност Y = f(R), за R = 0, се добива Y(0) = ________________

U U
Вредноста на внатрешниот отпор во колото е R0    U  Y (0)  __________
J (0) 1
Y (0)

Асистент Оцена
5. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ФОКУСНО РАСТОЈАНИЕ НА СОБИРНИ И РАСТУРНИ ЛЕЌИ

Име и презиме
Група Ред. Бр.
Табела 1
N p( ) l( )
1

10

Табела 2
n a( ) b( ) f( ) fi ( ) J( )
1

Sredna vrednost

Табела 3
n a( ) b( ) c( ) f( ) fi ( ) J( )
1

Sredna vrednost

Асистент Оцена
6. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БРАНОВА ДОЛЖИНА НА МОНОХРОМАТСКА СВЕТЛИНА СO
ДИФРАКЦИОНА РЕШЕТКА
Име и презиме
Група Ред. Бр.
1. Kako glasi uslovot za maksimum na difrakcija koga re{etkata e refleksiona?

2. Zo{to za presmetuvawe na  ne se koristat maksimumite od povisok red?

Tabela 1

N a( ) b( ) ( )

Sredna vrednost

Асистент Оцена

You might also like