You are on page 1of 4

Што е СИДА?

СИДАТА е една од најопасните болести на денешницата, таa е болест која претставува


последна фаза од инфекцијата со ХИВ. Најчести симптоми се губење на телесна тежина,
потење,малаксалост, габични инфекции,модринки по тело, исип, пролив, отечени лимфни
жлезди, грозница. Често се манифестира и со појава на инфекции на белите дробови,
појава на туберкулоза или малигни заболувања и завршува со смртен исход.

Што е ХИВ?

ХИВ е вирус кој предизвикува хумана имунодефициенција. Присуството на ХИВ вирусот во


човечкиот организам доведува до уништување на одбрамбената способност(имунитетот),
поради што организмот станува неспособен да се брани од различни болести и инфекции.
Кога ХИВ е присутен во крвта на човекот, за него велиме дека е ХИВ позитивен (ХИВ
+)!Може да поминат и 10-15 години, лицето да остане само хив позитивно(хив инфекција)
без симптоми за развој на болеста СИДА.
Како се пренесува ХИВ вирусот?

 Преку крв и крвни продукти заразени со вирусот

• Користење на претходно употребени игли, шприцеви и др. прибор за инјектирање на


дрога или лекови,или употреба на нестерилни медицински инструменти

• Трансфузија на непроверена крв или крвни продукти

• Употреба на нестерилни инструменти за тетоважа и пирсинг на телото

• Користење на туѓ прибор за лична хигиена (четка за заби, брич, чепкалки или конец за
заби) • Медицинска интервенција без соодветна заштита (ракавици, очила)

 Сексуален контакт без заштита (кондом).

Пренесување на болеста од ХИВ позитивна мајка на дете

• За време на бременоста

• За време на породувањето

• Во текот на доењето

Со ХИВ може да се инфицира секој - без разлика на пол, возраст, сексуална ориентација,
национална, верска припадност, ниво на образование и др.!!!

ХИВ не може да се пренесе:

со гушкање, ракување, бакнување (ако заразениот нема ранички во устата), кашлање и


кивање; со користење на јавни говорници, јавни тоалети, базени; со дружење, спортување и
работење со ХИВ инфицирано лице; преку облека, храна подготвена од ХИВ инфицирано
лице; преку комарци и други инсекти.

Како изгледа лице инфицирано со ХИВ вирус?

Било кој маж, жена или дете, што ги сретнуваме во секојдневниот живот може бидат
инфицирани со ХИВ, а да изгледаaат здраво!!! Гледајќи го надворешниот изглед на луѓето
не може да кажеме дали некој е или не е инфициран со ХИВ. Навидум здравата личност
која е ХИВ позитивна ја шири инфекцијата, а не е свесна за тоа!

Фази на болеста
-Периодот на инкубација- личноста нема да покажува никакви знаци или симптоми на ХИВ

-Примарна или акутна инфекција е период на нагло размножување на вирусот,


непосредно од изложувањето, првите неколку знаци се настинка или симптоми слични на
грип, што значи дека многу лесно може да се погреши дијагнозата.

-Клиничка-асимптоматска фаза-Оваа фаза се карактеризира со отсуство на било какви


симптоми на болеста, иако понекогаш може да се појават потечени лимфни жлезди по
телото. Количината на вирусот во крва паѓа на многу мало ниво, но личноста останува
заразена и антителата на хив можат да се пронајдат во крвта.

Симптоматска ХИВ инфекција-имунолошкиот систем станува послаб и повеќе не е во


состојба да го задржува вирусот.

Се уште нема лек за СИДА-та, но сепак медицината многу има напреднато во послените
триесет години. Не постои ниту вакцина против ХИВ/СИДА.
Постојат третмани за ХИВ и СИДА со кои се намалува количината на ХИВ вирусот во
организмот и се зајакнува имунолошкиот систем . Така не може да се убие вирусот , но
може да се спречи прогресија кон СИДА.

Заштита од ХИВ/СИДА?

 Со адаптирање на сопственото однесување

• Практикување на сигурни сексуални односи – биди верен на својот партнер и користи


кондом

• Користење на прибор за инјектирање за еднократна употреба

• Користење на сопствен прибор за лична хигиена.

Тестирање на крвта
Тестирањето на крвта ќе покаже дали се присутни антитела на ХИВ, односно дали некое
лице е ХИВ позитивно – не постојат клинички знаци кои ќе ви укажат на тоа. Вакво
тестирање кај нас може да се направи на Клиниката за инфективни болести.

По инфекцијата со вирусот, најчесто се потребни 2-3 месеци за да се создадат антитела,


кои можат да се утврдат со тестот. Антителата на вирусот ХИВ, во поголем број на случаи,
се откриваат по 6 до 12 недели по инфицирањето со ХИВ вирусот, а за 6 месеци се
откриваат кај 95% од заразените лица.

Можно е, лицето да е инфицирано (да го има вирусот во организмот) пред да тестот на


крвта го покаже тоа.
Во светот во моментов повеќе од 3,5 милиони лица живеат со ХИВ/СИДА.

Во Македонија околу 265 лица живеат со ХИВ /СИДА, од нив 180 се болни од СИДА а
останатите се ХИВ позитивни.Од 1989 година па се до денес, во Македонија се
регистрирани околу 80 смртни случаи од СИДА.

Процентот на заболени лица од машки пол е далеку поброен отколку од женскиот пол. Исто
така возрасната граница во која има најмногу заболени е меѓу 20 и 40 години.

You might also like