You are on page 1of 12

ГРУПНА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ УПР – ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ И

НЕГА НА ТЕМА:

СЕКСУАЛНО
ПРЕНОСЛИВИ
БОЛЕСТИ
ИЗРАБОТИЛЕ : Ученици од III-3 м.с – Група 2
 Викторија Миланоска
 Бојана Митровска
 Ангела Нацева
 Елена Павловска
СТРУЧЕН НАСТАВИК:
 Нина Кнаггс
СМУГС ,,Д-р Панче Караѓозов”
Ноември, 2022
СОНДЖИНА НА ПРОЕКТНАТА ЗАДАЧА:

Вовед HPV

Сексуално
Преносливи
Херпес Сифилис Болести

Гонореа Заклучок
ШТО СЕ СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ?
Сексуално пренослива болест (СПБ), исто така наречена сексуално
пренослива инфекција претставува било која болест што вообичаено се
пренесува од човек на човек со директен сексуален контакт.
Сексуално преносливите болести, исто
така, може да се пренесат од мајка на
дете пред или при раѓањето, а поретко,
може да се пренесат од човек на човек
во несексуален контакт (како на пример
при бакнување, при трансфузија на крв
или со употреба на несанитарни
шприцеви).
Сексуално преносливите болести првично ги зафаќаат гениталиите, репро-
дуктивниот тракт, уринарниот тракт, усната шуплина, анусот или ректумот, но
може да созреат во телото и да нападнат различни ткива и органи.
Терминот венерична болест (болест која се пренесува преку сексуален однос)
ја изгубил примената кон крајот на XX век и во голема мера е заменет со
посеопфатнитот термин: сексуално преносливи болести.
Најчести СПБ се: Хуман Папилома Вирусот (ХПВ), Херпес симплекс на
гениталиите, Сифилис, Гонореа, Кламидија, ХИВ. Некои од овие
заболувања ќе бидат опишани во тек на презентацијава.
Едукативен видео клип за сексуално преносливите болести:
https://www.youtube.com/watch?v=vYtV_Hf29RE

ХПВ ИНФЕКЦИИ
Генитална ХПВ инфекција е полово пренослива болест предизвикана од хуман
папилома вирусот. Хуман папилома вирусот спаѓа во група вируси со повеќе од
100 типови, од кои околу 30тина се полово преносливи. ХПВ предизвикува
брадавици (папиломи) и други бенигни тумори, како и рак на гениталниот тракт,
особено на грлото на матката кај жените.
Секоја личност која била во полов контакт со личност
заболена од ХПВ инфекции може да биде инфицирана.
Тоа се однесува како на жените, така и на мажите
подеднакво. Значи влезна врата е генитален тракт. ХПВ
ретко се пренесува од мајка на бебе при породување.
Мали полигонални вируси кои содржат кружна
двоверижна ДНК.
ХПВ ИНФЕКЦИИ
Видовите 16 и 18 на хуманиот папилома
вирус (ХПВ) се двата најчести соеви на
ХПВ кои водат до рак на гениталиите.
ХПВ е најчесто сексуално пренослива
болест, што резултира со повеќе од
четиринаесет милиони случаи годишно
само во САД. Кога не се лекува, ХПВ
доведува до висок ризик од рак на
грлото на матката, вагината, вулвата и
пенисот.

Повеќето луѓе кои се преносници на ХПВ вирусот не знаат дека се инфицирани.


Вирусот живее во кожата или слузницата и вообичаено не манифестира
симптоми. Кај некои луѓе предизвикува појава на кондиломи на половите органи,
кои може да се појават по неколку недели или месеци.

Превенција на оваа заболување се постигнува со: ограничувањето на бројот на


сексуални партнери. Не е јасно дали презервативите можат да го спречат
преносот на ХПВ. Исто така, постои вакцина против ХПВ.
ХЕРПЕС НА ГЕНИТАЛИИТЕ
Генитален херпес е сексуално пренослива болест која е предизвикана од
херпес симплекс вирус (HSV). Инфекцијата се манифестира со појава на
пликови и рани на гениталните органи и околу анусот. Се пренесува со допир
на пликовите и раните но и ако нема пликови и рани а партнерот е заразен.

Вирусот влегува во те-


лото преку дефекти на Симптоми
кожата во тек на сексу-
ален однос. Кога ќе влезе
во телото, вирусот напаѓа Општи:
здрави клетки, а орга- Локални: симптоми на настинка,
низамот се брани и се црвенило и пликови
оток на лимфни жлезди,
треска и болка во
појавуваат оток и пли- мускули
кови.
Најчесто инфекцијата со
HSV не се гледа, а
Активната инфекција може да се пренесе и од мајка
симптомите се појавуваат
на дете во тек на вагинален пород, така да во
после 2-10 дена од вле-
случај на активна инфекција непосредно пред
зот на вирусот.
пород се препорачува истиот да се изврши со
царски рез.
ХЕРПЕС НА ГЕНИТАЛИИТЕ
Дијагноза се поставува со земање на
брис од промените или со одредување
на антитела во телото.

Терапијата е медикаментозна и
Локалните промени се повлекуваат локална, но излекување нема. Ако
со терапија без последици на кожа. симптомите се јавуваат често
потребно е терапијата да се зема
Во превенцијата на поновната појава подолго време. Лечењето на
важно е имунитетот со начинот на сексуалниот партнер се спроведува
живот и исхрана, да се држи на едно само доколку истиот има симптоми.
задоволително ниво. Не треба да се
има сексуални односи додека трае Делумна превенција и заштита се врши
инфекцијата и самото лечење. со презервативи при полов однос.
СИФИЛИС
Сифилис претставува бакте- Инфекцијата се пренесува по пат на:
риска инфекција. Предизви- сексуален контакт, од мајка на бебе (преку
кана од бактеријата Treponema плацентата или при раѓање), преку транс-
Pallidum. фузија или нестерилизирани медицински
инструменти.

Сифилис тешко се дијагностицира и


понекогаш лицето дури и не знае дека е
заразено затоа што нема никакви симптоми,
а знаците на болеста тешко може да се
забележат.
Дијагноза се поставува бактериолошки со
засејување на земениот материјал на
хранителна подлога.

Лекување се врши
со антибиотици,
поточно пеницилин
Г, а за алергични –
доксициклин.
Знаците и симптомите на сифилис зависат од една од четирите етапи во кои
болеста се јавува (примарен, секундарен, латентен и терцијален).
Примарната етапа обично се појавува со pедна шанкра (појава на тврд,
безболен гнојаник на кожата што не чеша).
Секундарниот сифилис се одликува со распространето црвенило што често го
има и кај дланките и кај стапалата.
Латентниот сифилис нема или има малку симптоми.
Терцијалниот сифилис се одликува со гуми, невролошки и срцеви симптоми.
ГОНОРЕЈА
Гонорејата уште позната како трипер, е
инфективно заболување чиј причинител
е бактеријата Neisseria Gonorrhoeae.
Станува збор за грам-негативна
бактерија, која претежно се пренесува
при сексуален акт (орален, вагинален
или анален секс). Затоа, најголем ризик
за инфекција со гонореја има сексуално
активниот дел од популацијата, особено
луѓето на возраст 15-29 години.
Постои можност инфекцијата да се пренесе од мајка на бебе при актот на
породување (неонатална гонореја).

СИМПТОМИ КАЈ МАЖИ СИМПТОМИ КАЈ ЖЕНИ


Воспаление на уретрата со оток и Зголемено лачење на жолтеникав или
црвенило, печење при мокрење, жолтеникаво-зелен вагинален исцедок,
зголемена осетливост на тестисите, воспаление на матка, јајници, нару-
хематурија, простатитис, епидидими- шување ма менструален циклус,
тис. општи симптоми (малаксаност...).
Дијагноза најчесто се поставува со клиничка слика, физикален преглед, брис
од суспектна област.

Лекување се врши со антибиотици по антибиограм. А, превенција со безбеден


полов однос, ограничен број на полови партнери, избегнување на полов однос
со сомнителни лица, редовни прегледи и примена на презервативи.

ЗАКЛУЧОК
Сексуално преносливите болести се
дефининираат како болести кои се
пренесуваат по пат на полов однос. Истите
се опасни и може да доведат до сериозни
последици и компликации. Затоа, при полов
однос задолжителна е заштита и примена на
соодветни контрацептивни средста. Исто
така, од големо значење и есенцијалност е
едукацијата и ширењето просвета за
сексуално преносливите болести.
БЛАГОДАРИМЕ НА
ВНИМАНИЕТО!!!
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
https://www.britannica.com/science/human-papillomavirus
https://www.cdc.gov/std/default.htm
https://mk.koshachek.com/articles/sifilis-kako-se-prenesuva-simptomi-dijagnoza-
merki.html
https://embryo.asu.edu/pages/human-papillomavirus-hpv-strains-16-and-18-0
https://www.britannica.com/science/sexually-transmitted-disease
https://www.pfizer.com/news/articles/8_common_stds
https://drmitanoski.mk/edukacija/гинекологија/genitalni-infekcii/генитален-херпес/
https://martini.mk/ginekologija/najcesti-ginekoloski-poteskotii-2/genitalen-herpes/
http://www.femina.mk/здравје/интимно/гонореја-трипер-сексуално-пренослива-
болест

You might also like