Professional Documents
Culture Documents
Сексуално Пренесливи болести
Сексуално Пренесливи болести
болести
Кламидија
Ако мајката страда од овој вирус, таа најверојатно при породувањето ќе му го пренесе вирусот на
своето бебе. Присуството на херпес вирус за време на породување е една од основните причини за
слепило кај новороденчињата. Затоа ако го имате овој вирус, најдобро е да се породувате со
царски рез.
Симптоми: Најголем дел од луѓето кои го имаат овој вирус, не знаат дека го имаат затоа што
никогаш не забележале никакви знаци или симптоми. Кога гениталниот херпес избива, кај жените
се појавуваат мали црвени чворчиња, меурчиња или отворени ранички блиску до вагината. Исто
така се појавува нетипичен исцедок од вагината, главоболка, болки во мускулите, болка при
уринирање, чешање, печење и потечени жлезди околу гениталиите. Раните заздравуваат во
период од 2 до 4 седмици, но постои голема веројатност дека вирусот повторно ќе избие.
HPV И ГЕНИТАЛНИ БРАДАВИЦИ
(КОНДИЛОМИ)
Гениталните брадавици или кондиломи се мали, бледо розови брадавици и најчесто се појавуваат во групи.
Виновник за појавата на кондиломи е вирусот ХПВ (Human Papillomavirus), кој е предизвикувач на најчестата
сексуално пренослива инфекција во светот. Познати се над 120 различни типови на ХПВ вируси. ХПВ од типот 6 и
11 е одговорен за 90% од случаите за брадавици на гениталиите.
Оваа инфекција може неодредено време да биде во скриена, латентна состојба т.е. вирусот се наоѓа длабоко во
кожата и слузницата, но не се појавуваат никакви симптоми. Иако во повеќето случаи вирусот останува во кожата
на инфицираното лице во неактивна состојба, сепак тој може да се пренесува на неговите сексуалните партнери.
Симптоми: Жените кои го имаат HPV вирусот може да немаат никакви симптоми. Некои типови на овој вирус може
да предизвикаат рак на грлото на матката. Затоа секоја жена треба задолжително да си прави ПАП тестови
редовно, дури и да нема никакви симптоми. Еден од симптомите кои укажуваат на присуството на HPV вирусот се
кондиломите. Гениталните брадавици се мали, меки, бледо розови брадавици со мазна или релјефна површина
кои најчесто се појавуваат во групи. Во ретки случаи може да се поголеми, да се воспалат и да создадат
непријатна миризба. Кондиломите кај жените се создаваат врз гениталните органи, околу анусот, внатрешно во
горниот крај на вагината или околу грлото на матката. Времето од инфицирањето со вирусот до појавата на
брадавици обично е од 1 до 5 месеци. Во некои случаи брадавици може да се појават дури и по неколку години,
од контактот со инфицирано лице, како резултат на ослабен имунолошки систем.
HIV/СИДА