You are on page 1of 12

Универзитет “ Гоце Делчев ” - Штип

Медицински факултет

Семинарска работа по Гинекологија со акушерство 1

Тема: Рак на грлото на матката

Ментор: Изработил:
Проф. д-р. Глигор Димитров Давид Аксентиев 151814

Штип, Декември 2018


СОДРЖИНА

Abstract ........................................................ 3стр.

Key words ……………………………………. 3стр.

Абстракт ........................................................4стр.

Клучни зборови .............................................4стр.

Вовед .............................................................5стр.

Причини за појава .........................................6стр.

Симптоми .......................................................7стр.

Дијагноза ........................................................8стр.

Третман ..........................................................9стр.

Заклучок .........................................................11стр.
Abstract

Cervical cancer is one of the most common cancers among women


worldwide, with highest mortality in India. The incidence and mortality of cervical
cancer can be reduced by screening women for precancerous lesion and by
administration of human papilloma virus vaccine to adolescent girls. There are 3
types of screening options available: cervical cytology (Papanicolaou or “Pap” test),
Pap/HPV (human papillomavirus) co-test, and HPV-only test.

Key words

 Cervical cancer
 Human papilloma virus
 Screening tests
Абстракт

Ракот на грлото на матката е еден од најчестите канцери помеѓу жените


во светот, со највисок морталитет во Индија. Инциденцата на морталитет од
цервикалниот канцер може да се редуцира преку скрининг тестови на жените
за преканцерозни лезии и со администрација на ХПВ вакцина на
адолесцентните девојки. Постојат три типови на скрининг тестови : цервикална
цитологија (Папаниколау или Пап тест), ), Pap/HPV co-test, и HPV-only test.

Клучни зборови

 Рак на грлото на матката


 Хуман папилома вирус
 Скрининг тестови
Вовед

Ракот на грло на матка е рак со потекло од грлото на матката -


цервиксот. Настанува како резултат на абнормален раст на клетките кои добиваат
способност да се шират и да инвадираат други делови од телото. Раните стадиуми се
обично асимптоматски. Покасно се јавуваат симптоми како абнормално вагинално
крварење, пелвична болка или болка за време на сексуален однос. Иако крварењето за
време на сексуален однос може да биде вообичаена појава, во одредени случаи може да
биде и знак за постоење на рак на цервикс.[3]

Се смета дека инфекција со Хуман папилома вирус (ХПВ) е вклучена во развојот на повеќе
од 90% од случаите на цервикален рак; сепак голем број од жените кои имаат ХПВ
инфекција не развиваат ваков тип на рак. Дргите ризик фактори
вклучуваат пушење, ослабен имунитет, орална контрацепција, започнување со сексуален
однос во рана возраст и поголем број на сексуални партнери. Ракот на грлото на матката
обично се развива од претходни преканцерозни лезии во временски период од 10 до 20
години. Постојат неколку типови на рак на цервикс. Околу 90% се од типот на сквамозен
карцином, 10% од типот на аденокарцином и помал број отпаѓа на други типови.
Дијагнозата се поставува вообичаено со скрининг процедури и биопсија. Имиџинг
методи се користат за одредување на проширеноста на ракот.
Причина за појава

Најчест причинител на ракот на грлото на матката се смета дека е ХПВ


(хуман папилома вирус) вирусот. Овој вирус е најчестата сексуално пренослива
инфекција во светот. ХПВ е изолиран во 99.7% од сите случаи на рак на грлото
на матката.

Постојат над 100 типови од овој вирус, но сите типови не предизвикуваат рак.
Високоризични типови се (ХПВ 16, 18, 31, 33, 45), а нискоризични (ХПВ 6, 11, 40
, 44). Само ХПВ 16 предизвикува околу 50% од сите случаи на рак, а ХПВ16
заедно со ХПВ 18 – 70% од случаите на рак на грлото на матката.

Може да го имате овој вирус многу години и никогаш да не дознаете за тоа. Но,
може и да стои во телото и после многу години да предизвика рак. Затоа е
многу важно редовно да се прават контроли.

Иако за најголем дел од случаите на рак на грлото на матката може да се каже


дека ХПВ вирусот е главен причинител, сепак постојат и други фактори кои го
зголемуваат ризикот од појава на ова заболување.

Следните фактори придонесуваат за поголем ризик од појава на рак на грлото


на матката:

1. Голем број сексуални партнери. Колку што е поголем бројот на


сексуалните партнери, толку е поголема веројатноста дека некој од нив го
има вирусот ХПВ.

2. Рани сексуални односи. Сексуалните односи пред 18 години го


зголемуваат ризикот од заразување со ХПВ. Незрелите клетки се посклони
кон преканцерогени промени што може да бидат предизвикани од ХПВ.

3. Други сексуално преносливи болести. Ако имате други СПБ-и како


кламидија, гонореја, сифилис или сида, големи се шансите да го имате во
себе и вирусот ХПВ.

4. Пушење. Не е установена прецизна врска помеѓу ракот на грлото на


матката и пушењето, но е познато дека тутунот ги зголемува шансите за
појава на рак. Пушењето и ХПВ вирусот може да работат како сојузници
против вас.

5. Слаб имунолошки систем. Повеќето жени кои го имаат ХПВ вирусот


немаат никакви проблеми со вирусот и го носат во себе без да знаат. Кај
нив не се појавува рак. Но, ако кај жените кои имаат ХПВ заслабне
имунолошкиот систем, телото веќе не се бори против вирусот. Тоа го
зголемува ризикот од појава на рак на грлото на матката.

Симптоми

Најраните стадиуми на ракот на грлото на матката се асимптоматски, т.е. не се


појавуваат никакви симптоми. Овој факт уште еднаш потврдува колку се важни
регуларните контроли за раното откривање и спречување на развивањето на
болеста.

Но, ако ракот започне да се развива, може да се појават следните симптоми:

 Крварење од вагината помеѓу две менструации;

 Крварење и болка за време на сексуален однос;

 Крварење по менопаузата;

 Болки во долниот ден на стомакот;

 Засилен вагинален секрет со силна миризба, кој може да содржи и траги од


крв;

 Целосно слабеење на организмот.

Ако забележите некои од овие симптоми, не треба веднаш да заклучите дека


имате рак. Дел од овие симптоми може да се појават како резултат на
инфекција или некоја сексуално пренослива болест. Но, во секој случај треба
да посетите гинеколог за да ви направи преглед и потребните испитувања.
Дијагноза

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален


преглед по системи, лабораториски испитувања, рендгенографски испитувања,
инвазивни дијагностички процедури (за цитолошка и хистолошка дијагноза),
радиоизотопски и ехотомографски испитувања.

Гинеколошкиот преглед и ПАП тестот ќе му овозможат на лекарот да ги открие


абнормалните промени на грлото на матката.

ПАП тестот е преглед при кој лекарот користи мала четкичка со која зема
примерок од клетките на грлото на матката. Потоа земениот материјал се
гледа под микроскоп. Овој едноставен тест помага при дијагноза на карциномот
на грлото на матката. ПАП тестот има сензитивност од 80-90%, додека лажно
позитивни резултати се јавуваат во 10-15%.

Колпоскопијата е дијагностичка метода со која се гледа грлото на матката со


зголемување од 6 до 40 пати. Колпоскопијата е раширена метода на преглед
на цервиксот, со која се бараат евентуално присутни лезии.

Колпоскопија е дијагностичка постапка која му овозможува на лекарот


директена визуализација на слузницата на вагината и на грлото на матката со
помош на колпоскоп, кој е еден вид на микроскоп со светло Лекарот прво го
премачкува цервиксот со раствор на оцетна киселина, а потоа користи
инструмент сличен на микроскоп т.н. колпоскоп со кој темелно го прегледува
цервиксот. Лекарот може потоа да го премачка цервиксот со раствор на јод
(постапката се нарекува Schiller тест). Здравите клетки изгледаат кафени,
додека абнормалните се жолто пребоени. Оваа постапка може да се изведе во
амбулански услови.. На тој начин се гледаат и промени кои не може да се
забележат со „голо око“, т.е. без зголемување. Прегледот со колпоскоп може да
биде непријатен, но не е болен и трае 5-10 минути.

Доколку при колпоскопијата се забележи сомнителна лезија на грлото на


матката, треба да се земе материјал од таа промена (биопсија) со цел да се
постави дефинитивна патохистолошка дијагноза.
Конизацијата е дијагностичко-тераписка постапка при која во вид на конус се
зема помал или поголем дел од грлото на матката и материјалот се испраќа на
патохистолошка анализа. Конизацијата или конусната биопсија му овозможува
на патологот да види дали абнормалните клетки го зафатиле и ткивото под
површината на цервиксот. Конизацијата може да биде и дефинитивна терапија
за преканцерозните лезии, доколку е отстранета целата абнормална лезија.
Самата постапка бара локална или општа анестезија и може да се изведе во
амбуланта или во болница.

Терапија

Расположиви тераписки опции за карциномот на грлото на матката се:

 хируршки третман,

 радиотерапија,

 хемотерапија

Така во стадиум 0 (carcinoma in situ) хируршкиот третман е метода на


избор. Видот на операцијата зависи од возраста на пациентката, па така,
доколку се работи за помлада жена кај која сеуште не завршил фертилниот
период, се применува: конизација (отстранување на дел од грлото на матката,
во вид на конус), ампутација на цервиксот или ласерска терапија. Кај овие
пациентки потребни се редовни контролни прегледи, поради постоењето на
опасност од рецидив.Кај постари пациентки во овој стадиум (стадиум 0), кај кои
завршил фертилниот период, посигурна хируршка интервенција е тоталната
хистеректомија (целосно отстранување на матката).Кај стадиум I и IIa се
изведува радикална хируршка интервенција по Wertheim, која претставува
доминантен хируршки метод во лекувањето на инвазивниот цервикален
карцином. Овој оперативен третман се состои од тотална хистеректомија со
обострана аднексектомија, отстранување на горната третина на вагината и
голем дел од ткивото на параметриумите со лимфните јазли (оперативно
отстранување на илијакалните лимфни јазли).Радикалниот хируршки третман
се изведува сé до стадиум II B на болеста.Во стадиум IVa на болеста, исто
така, може да се примени екстензивна операција, егзентерација, при што се
отстранува целиот генитален систем, заедно со мочниот меур и задното црево,
кои се инфилтрирани со туморот. Но, бидејќи оваа операција е многу опсежна,
тешка за изведување и придужена со голем морбидитет, се изведува само во
одредени високо специјализирани центри. Многу почесто овие случаи се
третираат со радиотерапија. Иноперабилниот инвазивен цервикален карцином
(IIb, III и IV стадиум) се третира со комбинирана надворешна радиотерапија и
интракавитарна радиотерапија.

Денес е мошне јасно дека постои потреба за ефикасна хемотерапија кај


пациенти со ран стадиум и висок ризик на цервикален карцином, како и кај оние
со напредната болест. Преживувањето на пациентките со „голем волумен“
(стадиум Ib и II, III и IV) на цервикален карцином се уште не е задоволително.

Системската хемотерапија сега се препорачува како прв третман т.е. како


неоадјувантна хемотерапија. Целта на неодјувантната хемотерапија е да го
намали волуменот на туморот и да го доведе во границите погодни за
радикална операција или радикална радиотерапија, како и да го намали
ризикот од локален рецидив и далечни метастази.

Хемотерапијата може да се применува и истовремено со радиотерапијата, а


целите на оваа т.н конкурентна хеморадиотерапија се исти. Некои цитостатици
покажуваат евидентен радиосензибилизирачки ефект, а тоа значи дека го
засилуваат дејството на радиотерапијата.
Заклучок

Ракот на грлото претставува една од најчестите причини за смрт кај


жените. Тоа претставува болест која што може да се превенира со што рана
детекција е овозможена со скрининг тестови. Редовните контроли
овозможуваат рана детекција и третман.
Користена литература

 https://en.wikipedia.org/wiki/Cervical_cancer

 https://medlineplus.gov/cervicalcancer.html

 https://www.cancerresearchuk.org/about-cancer/cervical-cancer

You might also like