You are on page 1of 8

Сексуално

Преносливи Болести
Што се СПИ?
Полово пренослива болест (ППБ), сексуално пренослива болест или венерична
болест — болест која може да се пренесе меѓу лица или животни преку
полов однос, вклучувајќи вагинален однос, орален секс и анален секс. Во
минатото, додека за поголемиот број болести се сметало дека спаѓаат во STD
или VD, во денешно време повеќе се употребува терминот сексуално
преносливи инфекции СПИ кој има големо значење: лицето може да
биде инфицирано и постои можност да зарази и други лица без да покажува
некакви знаци на болест. Некои СПИ може да се пренесат преку употреба на
интровенозна игла за дрога, откако претходно била употребена од друго лице,
како и преку породување или доење. Сексуално преносливите болести постојат
веќе стотици години.
Кои се најчести СПИ?

• Најчести СПИ се:


• Кламидија
• Гонореја
• ХПВ
• ХИВ
Кламидија
• Кламидијата е најчестата и најбрзо распространуваната
сексуално пренослива болест во Америка. И покрај тоа
повеќето случаи на кламидија не се дијагностицирани.
Оваа болест е најраспространета кај жените од 15 до 24
години. Кламидијата се пренесува преку вагинален,
орален и анален секс, а исто така и при нормално
породување од мајката на бебето. Се лечи лесно со
антибиотици, но не треба да се игнорира, затоа што може
да доведе до посериозни последици дури до неплодност.
• Симптоми: Дури 75% од жените кои имаат кламидија
немаат никакви симптоми. Тие што покажуваат симптоми,
забележуваат поголемо лачење на вагинален секрет и
печење при уринирање. Симптомите се појавуваат 1-3
седмици по заразувањето.
Гонореја
• Гонорејата е една од најчесто предаваните сексуални болести. Исто
како и со хламидијата многу од случаите со гонореја не се лекувани,
поради причината што може да не се јават симптоми. Гонорејата се
пренесува преку непосреден сексуален контакт со инфицирано лице.
Ако маж има сексуален однос со жена која страда од гонореја,
постои 25% шанса дека и тој е заразен. Во 50% од случаите кога
жена има сексуален однос со маж заразен со гонореја и таа ја
префаќа оваа болест. Хламидијата се пренесува при нормално
породување од мајката на бебето.
• Симптоми: Околу 30-40% од жените немаат симптоми и покрај тоа
што се заразени со гонореја. Симптомите се појавуваат од 2-20 ден
по контактот со инфицираното лице. Некои од симптомите се:
жолтеникав густ исцедок од вагината, печење, чешање, крвавење
помеѓу циклуси и потреба за често уринирање.
ХИВ/СИДА
• Сидата се пренесува преку непосреден сексуален контакт со
заразено лице (орален, вагинален или анален секс) и примање
на трансфузија со крв од инфицирано лице. Исто така
користењето на една иста игла со лице кое го HIV вирусот,
доведува до инфицирање. Жените можат да го пренесат вирусот
на нивните деца со бременоста, породувањето или доењето.
Нема лек за сидата, но постојат лекови кои можат да го забават
прогресот на болеста.
• Симптоми: Многу од луѓето немаат симптоми во текот на неколку
години. Некои од симптомите се: голем замор, нагло слабеење,
температура и потење во спиењето, дијареа, потечени жлезди,
кашлање, орални и вагинални габични инфекции, промени во
менструалниот циклус и црвени дамки по кожата. Симптомите
може да бидат во скриена состојба дури 10 години.
ХПВ и Генитални брадавици
• Гениталните брадавици или кондиломи се мали, бледо розови брадавици и најчесто се
појавуваат во групи. Виновник за појавата на кондиломи е вирусот ХПВ (Human Papillomavirus),
кој е предизвикувач на најчестата сексуално пренослива инфекција во светот. Познати се над
120 различни типови на ХПВ вируси. ХПВ од типот 6 и 11 е одговорен за 90% од случаите за
брадавици на гениталиите.
• Оваа инфекција може неодредено време да биде во скриена, латентна состојба т.е. вирусот се
наоѓа длабоко во кожата и слузницата, но не се појавуваат никакви симптоми. Иако во
повеќето случаи вирусот останува во кожата на инфицираното лице во неактивна состојба,
сепак тој може да се пренесува на неговите сексуалните партнери.
• Симптоми: Жените кои го имаат HPV вирусот може да немаат никакви симптоми. Некои типови
на овој вирус може да предизвикаат рак на грлото на матката. Затоа секоја жена треба
задолжително да си прави ПАП тестови редовно, дури и да нема никакви симптоми. Еден од
симптомите кои укажуваат на присуството на HPV вирусот се кондиломите. Гениталните
брадавици се мали, меки, бледо розови брадавици со мазна или релјефна површина кои
најчесто се појавуваат во групи. Во ретки случаи може да се поголеми, да се воспалат и да
создадат непријатна миризба. Кондиломите кај жените се создаваат врз гениталните органи,
околу анусот, внатрешно во горниот крај на вагината или околу грлото на матката. Времето од
инфицирањето со вирусот до појавата на брадавици обично е од 1 до 5 месеци. Во некои
случаи брадавици може да се појават дури и по неколку години, од контактот со инфицирано
лице, како резултат на ослабен имунолошки систем.
Благодарам на вниманието
Изработено од:
Кире Стиков
Ѓорге Чанов

You might also like