You are on page 1of 11

Л И

БИ
О Р
М

Д - Р А Л Е К С А Н Д РА Б А Н Е В А
ДЕФИНИЦИЈА

Морбилите претставуваат акутно


инфективно заболување од
групата вирусни исипни трески.
Клинички се манифестираат со
катарални респираторни
симптоми и макулопапулозен
исип по кожата.
ЕТИОЛОГИЈА
Болеста ја предизвикува RNK и спаѓа во Paramyxoviridae

ЕПИДЕМИОЛОГИЈА

Извор на зараза се болни лица, a заразноста трае последните 5-


7 дена од инкубацијата и исто толку по избивањето на
исипот. Болеста се пренесува аерокапковно, a влезна врата е
назофаринксот. Заболуваат претежно децата од претшколска
и школска возраст. Новороденчињата до 6 месечна возраст
поседуваат трансплацентален имунитет наследен од мајката
и не заболуваат
ПАТОГЕНЕЗА
• Вирусот навлегува во организмот
назофарингеално, доаѓа на слузницата на
респираторните патишта и околните лимфни
жлезди каде што се размножува и влегува во крвта
правејќи виремија. Карактеристично е што ги
напаѓа леукоцитите и преку нив кје дојде до
органите на ретикулоендотелниот систем , a потоа
прави втора виремија и во склоп на оваа
секундарна виремија вирусот ќе има афинитет да
се прошири кон респираторниот систем , кожа,
мозок, миокард итн
• Вирусот изразува тропизам спрема кожата и
внатрешните органи, коњуктивите, респираторниот
систем и мозокот. Во површните слоеви на кожата
предизвикува вазодилатација на капиларите
КЛИНИЧКА СЛИКА
• Инкубацијата е варијабилна, од 10-12 дена, a поретко се
продолжува и до 21 ден. Болеста како и сите исипни
трески има цикличен тек со катарален, исипен и
реконвалесцентен стадиум.
КАТАРАЛЕН СТАДИУМ:
Овај стадиум се манифестира со многу изразени промени на
респираторниот тракт и очите. Трае 2-4 дена и се карактеризира
со висока фебрилност од 38-40°С, малаксаност, главоболка,
жед, вознемиреност, фотофобија, кивање, кашлица, болки и
гребење во грлото и израз на „плачна маска“: насолзени очи,
зацрвенети коњуктиви, слузав нос, натечено лице и очни капади
(facies morbilica). Ha букалната слузница се јавуваат Копликови
пеги бели ефлоресценции со големина од зрно гриз.
Копликовите пеги се губат пред да се појави осипот.
ОСИПЕН СТАДИУМ
. Во почетокот на осипниот стадиум температурата
е многу висока знае да оди до 40 и над 40.
Карактеристично е тоа дека осипот кај
морбилите има свои карактеристики на
јавување и ширење, првиот осип се јавува
позади ушите од таму тој се приширува на
косата и лицето и од таму правилно ќе се
спушта надолу, на вратот, на раце, абдомен, на
нозе и за три до четири дена ќе се симне низ
целото тело. Осипот е макулопапулозен на
места може да се јави дифузен макуло
папулозен осип а на места има и здрави
подрачја на кожата. Осипот се повлекува таму
каде што прв се јавил. Во три до четири дена ќе
се повлече
РЕКОВАЛЕСТЕНТНИОТ СТАДИУМ
• Трае 1 до 2 недели. После фазата на
рековалесценција веќе ни е сигурна фазата на
супраинфекција најчесто бронхит, пневмонија
итн. Морбилите знаат да дадат и невролошки
компликации еден од нив е касен енцефалит. Се
јавува субакутен прогредирачки енцефалит кај
1 на 2000 болни.
ДИЈАГНОЗА
Дијагноза се поставува лесно ако е во фаза на
развиен осип и ако од анемнестичкиот податок
мајката каже дека прв осипот се јави позади
ушите или пак ако ние ја побараме копликовата
пега. Кога има класична клиничка слика не ни е
потребно серолошка потврда. Но ако е потребно
постојат тестови со кои се докажуваат ИгМ
антитела. Во лаболаторијата имаме лесно
покачена седиментација и имаме умерена
леукопенија
ТЕРАПИЈА
• не постои антивирусно сретство за оваа
болест. Се лекува само ако има бактериска
компликација
ПРЕВЕНЦИЈА
• Превенцијата се изведува со имунизација со МПР
(морбили,паротитис, рубеола)

• Се дава во 12 до 14 месец кај бебиња. Не се дава порано од 12 до 14


месец затоа што кога бебето се рага антителата од мајката го
заштитуваат од морбили. И ако самата вакцина се даде порано
тогаш антителата од мајката ќе ја уништат вакцината и може да
дојде до имунолошка реакцја. Ревакцината е на 7 години а 14 години
кај девојцињата се дава само вакцина за рубеола.

You might also like