You are on page 1of 15

Кандидијаза

Д-р Александра Банева


Дефиниција
Кандидијазата претставува
габично заболување на
кожата, слузниците и
внатрешните органи
Етиологија и Епидемиологија
 Предизвикувач е габата Candida albicans
која припаѓа на родот Candidae. Освен неа,
во овој род постојат и повеќе други видови
на кандиди. Најголем број од кандидите се
сапрофити или како факултативно
патогени паразитираат на површината на
кожата и слузниците на устата, носот,
езофагусот, анусот, уретрата и
внатрешните органи.
 При опаѓање на отпорноста на организмот заради
хронични болести, имунодефициенции, авитаминоза,
гравидитет и особено при прекумерна употреба и
нерационална примена на антибиотици со кои се
уништува нормалната бактериска флора на
слузниците, доаѓа до размножување и патолошки
промени познати како кандидијаза. При бременост
фаворизирачки фактори се зголемените количини на
гликоген во слузницата на гениталните органи, a кај
шеќерната болест, зголемената количина на гликоза
во мочката.
 Инфекцијата може да настане и со директен и
индиректен контакт при сексуален однос, преку
клозетски шољи, користење на заеднички крпи, капи,
долна облека, перница, прибор за бричење и др
Патогенеза
 Брзоторазмножување на габите доведува
на кожата, слузниците и во внатрешните
органи до полиморфни
патолошкоанатомски промени.
Локалните промени се во вид на еритемни
плакови. Промените во внатрешните
органи се во вид на грануломатозни
огништа или апсцеси
Клиничка слика

 Кандидијаза се јавува на кожата, слузниците и


внатрешните органи.
 Кандидијаза на кожа:
 На кожата најчесто се манифестира во следните
форми:
1. кандида интертриго,
2. ерозио интердигиталис,
3. ангулус инфекциозус и др.
 Кандида интертриго. Се јавува на места
каде што има влажење - интерглутеално,
интермамиларно, генитофеморално,
аксиларно, умбиликално, a се манифестира
со полициклични еритемни мацерации со
периферна десквамација на епителот
проследени со јадеж.

Десквамација – лупење на кожата по кожни болести


Ерозио интердигиталис
Локалните промени се на
прстите на нозете, најчесто
помеѓу третиот и четвртиот прст
со мацерација која подоцна
преоѓа во црвенкаста ерозија
со ограничени рабови. Следени
се со јадеж и болка, a
настануваат при носење
неудобни гумени обувки и при
интензивно потење на нозете.
Ангулус инфекциозус
 Семанифестира со црвени, испукани и
суви усни и влажна мацерација на аголот
од усните која подоцна преминува во
улцерација, a промената е проследена со
жарење, печење, јадеж, болка и тешко
епителизира.
Кандидијаза на слузници
 Овој облик на кандидијаза се јавува на
оралната, езофарингеалната и
урогениталните слузници во вид на coop,
вулвовагинитис, баланитис,
баланопростратитис, уретритис, циститис и
др
Coop

 Соорот е својствен за доенчињата и за


малите особено кахектичните ( физички
опаднати, ослабени ) и предвремено родените
деца. Локалните промени се во вид на јасно
ограничени еритемни површини на кои
настануваат бели или бледожолтеникави
сирестомембранозни или
псевдомембранозни налепи
Вулвовагинитис
 Клинички се одликува со жарење, јадеж
или болка и со интензивен еритем на
слузницата на вулвата и вагината на кои се
образуваат бели налепи кои личат на
згрутено млеко, a околу налепите
настануваат воспалителни промени.
Дијагноза
 Сепоставува врз основа на клиничката
слика, a идентификацијата е со
микроскопирање или со култивирање
Терапија
 Антифугални препарати

You might also like