You are on page 1of 2

ГРАМ НЕГАТИВНИ КОКИ

Neisseria meningitidis-Најсерија менингитидис


Често се вика и менингокок.

Морфологија- Менингоките се Грам-негативни малку издолжени коки. Личат на зрно од кафе или
грав. Најчесто се наоѓаат заедно по две во вид на диплококи. Спори не продуцираат.Флагели и
капсули немаат.

Културелни особини- Менингококот е аеробна бактерија. Расте само на збогатени подлоги.


Најдобро успева на чоколаден агар.Се состои од крв од овен која е измешана во жежок хранлив
агар.И поради тоа има чоколадна боја. Врз него формира ситни, малку заматени,мазни и сјајни
ситни колонии.

Отпорност- доста чувствителни бактерии, посебно се чувствителни на секоја температура под 35 и


над 37. Чувствителни на антибиотици.

Токсичност-лачи ендотоксин

Патогеност на човекот- Менингококот предизвикува епидемичен гноен менингитис. Во околу 5%


од здравите луѓе таа бактерија се наоѓа во грлото. Кога тој процент ќе се зголеми на над 50, постои
опасност од појава на епидемија.

За појавата на епидемискиот менингитис се разликуваат следниве фази:

1. Размножување на менингококот во назофарингсот. Тоа може да предизвика лесно


воспаление. Често не предизвикува никакви симптоми-асимптоматски.
2. Продорот на менингококот во крвта, предизвикува менингококна септикемија. Често се
формираат метастази на разни делови на организмот, често во зглобовите и во
ендокардот.
3. Продор на менингокот во менингите предизвикува акутен менингококен менингитис.

Дијагноза- се поставува бактериолошки. За преглед се зема ликвор со помош на пункција. Се


засејува на чоколаден агар.

Терапија- антибиотици

Епидемиологија- Резервоар на зараза се бацилоносители.. Извор на зараза е назофарингеалниот


секрет. Се пренесува со директен и индиректен контакт преку прибор за јадење. Се пренесува со
капките на назофарингеалниот секрет.
Профилакса- Најважна мерка за спечување на болеста е рано откривање и лекување на болните.

Neisseria gonorrhoae-Најсерија гонорое


Морфологија- гонококите се Грам-негативни малку издолжени коки. Личат на зрно од кафе или
грав. Редовно се распоредени заедно по две во вид на диплококи. Спори не продуцираат.

Културелни особини- Менингококот е аеробна бактерија. Расте само на збогатени подлоги.


Најдобро успева на чоколаден агар и врз него формира мали, испупчени, мазни и сјајни колонии,
провидни со рамни рабови кои личат на капка роса.

Отпорност- доста чувствителни бактерии, посебно се чувствителни на секоја температура под 35 и


над 37. Чувствителни на антибиотици.

Токсичност- лачат ендотоксин

Патогеност- и кај мажите и жените предизвикува гноен уретритис. Заболувањето се вика гонореја
или трипер. Првите симптоми на болеста се зачестено уринирање и печење во уретрата, набргу се
јавува гноен исцедок од уретрата, кој е по обилен наутро. Од уретрата заболувањето може да се
прошири на простатата кај мажите, кај жената на вагина, утерус и јајници. Проширувањето може
да доведе до стерилитет.

Конјуктивитис кај новородено настанува за време на раѓање од мајки кои боледуваат од гонореа.
Гонококна инфекција на конјуктивите може да се појави и кај возрасни ако со прсти гнојот од
уретрата се внесе во очите.

Микробиолошка дијагноза- се поставува бактериолошки, за преглед се зема утрински исцедок од


уретрата.

Терапија- антибиотици со широк спектар

Епидемиологија- Резервоар е болен човек. Извор е гнојот од уретрата. Се пренесува со сексуален


однос.

Спречување- избегнување на полов однос со сомнителни и непознати лица, користење заштитни


средства, по сомнителен однос посета на лекар и терапија.

You might also like