You are on page 1of 2

ГРАМ ПОЗИТИВНИ КОКИ

Род Staphylococcus

Staphylococcus aureus
• Микроскопски особини – Овие стафилококи се со топчеста форма. Пречникот им е од 0,6
до 1,0 микрон. Немаат флагели ниту спори . Поретко се распоредени поединечно, а
почесто се во вид на помали или поголеми гроздести збирови . Според Грам се бојосуваат
позитивно.

• Културелни особини – Staphylococcus aureus добро расте на сите подлоги. Најдобро успева
на крвниот агар. Врз него формира тркалезни, испупчени, мазни и сјајни колонии со рамни
рабови. Колониите најчесто се со златно-жолта .

Околу колониите на повеќето лози се образува зона на бета-хомолиза.


 Отпорност и чувствителност – Staphylococcus aureus е доста отпорна бактерија. Може
подолго од еден час да издржи на температура од 60 степени. Мошне е отпорна и спрема
сушењето. Во правот и врз разните предмети може долго да остане жива и вирулентна.
 Распространетост – Овој вид стафилокок е прилично распространет. Често се наоѓа во
носот на здравите луѓе.
 Токсичност-лачи повеќе токсини и ензими.
 Патогеност за човекот – Сите заболувања што ги предизвикува Staphylococcus aureus со
едно име се викаат стафилококози.
Staphylococcus aureus предизвикува гнојни инфекции во секој орган и ткиво. Најчесто
предизвикува кожни пиогени инфекции, како што се фурункули, карбункули,
панарициуми, фоликулитиси и разни пиодерми. Исто така, често предизвикува ринитис,
тонзилофарингитис, инфекции на слузницата на усната шуплина и на другите слузници.
Често предизвикува пневмонија во текот на грипот. Неретко предизвикува остеомиелитис,
артритис и апсцеси. Кога ќе продре во крвта предизвикува сепса, а ако продре до
менингите предизвикува менингитис. Ентеротоксинот на овој стафилокок предизвикува
алиментарни токсикоинфекции кои често добиваат размер на помали епидемии.

Имунитет – Овој стафилокок причинува слаб имунитет. Поради тоа едно лице може многу
пати да заболи од некое заболување предизвикано од овој стафилокок.
 Микробиолошка дијагноза- бактериолошка дијагноза. За преглед се зема брис , гној или
секрет од местото на локализација на болеста.
 Терапија- За лекување се користат антибиотици-пеницилин, цефалексин, тетрациклини,
оние кои се алергични на пеницилин се дава еритромицин.
 Епидемиологија- извор и резервоар на зараза се болни луѓе и клицоносители. Болеста се
пренесува со директен и индиректен контакт, најчесто преку воздух. Од стафилококози
најчесто заболуваат мали деца, оперирани лица и лица со намален имунитет. Во
здравствените установи резервоар на зараза се самите болни и здравствените работници.
 Профилакса-спречување-Не постои вакцина. Изолација на болни и клицоносители и
контрола над нив.

You might also like