You are on page 1of 2

Грам-позитивни коки

Меѓу грам-позитивните коки кои се од медицинско значење спаѓаат два рода или два генуса:родот
Staphylococcus и родот Streptococcus.

Стафилококус
Родот или тенусот Staphylococcus содржи топчести, грам-позитивни бактерии без спори и флагели.
Повеќето се без капсула. Распоредени се во неправилни збирови, најмногу во вид на гроздови. Во овој
род постојат три вида(специес):Staphylococcus aureus, Staphylococcus epidermidis и Staphylococcus
saprophyticus.

Стафилококус ауреус
Микроскопски особини-имаат топчеста форма, немаат флагели ниту спори. Некои лози имаат капсула.
Поретко се распоредени поединечно, а почесто се во вид на помали или поголеми гроздести збирови.
Според грам се бојосуваат позитивно.

Културелни особини- Staphylococcus aureus добро расте на сите подлоги. Најдобро успева во крвниот
агар.Врз него формира тркалезни, испупчени, мазни, сјајни колонии со рамни рабови. Колониите
најчесто се со златно-жолта боја(aureus), поретко бела(albus), а најретко како лимон
жолта(citreus).Околу колониите на повеќето лози се образува зона на бета-хемолиза.

Отпорност и чувствителност-Staphylococcus aureus е мошне отпорна бактерија.Може подолго од еден


час да издржи на температура од 60 степени. Отпорна е спрема сушењето. Во правот врз разните
предмети може да остане долго жива и вирулентна.

Епидемиологија-резервоар на Staphylococcus aureus е човекот кој боледува од кој и да е вид


стафилококоза како и бациноносителите. Стафилококите се пренесуваат со директен или индиректен
контакт, а најчесто со воздухот. Ентеротоксичните стафилококи се пренесуваат со артиклите, особено
оние што се слатки или солени. Од стафилококозите најчесто заболуваат доенчињата, малите деца,
оперираните лица, грипозните и другите болни и лица со намалена отпорност.Од тие причини
стафилококозите се особено чести во болниците. Во здравствените установи, резервоари на
стафилококи се често самите болни како и здравствените работници-бацилоносители.Таквите болнички
лози на стафилококи во најголем дел се отпорни на пеницилинот и на многу други антибиотици.

Спречување-Мошне важна мерка е редовното трагање по бациноносителите меѓу здравствените


работници и работниците кои по карактерот на своето занимање доаѓаат во контакт со прехранбените
артикли. Кога ќе се пронајдат бациноносители меѓу споменатите работници треба веднаш да се
отстранат од нивното работно место и да се лекуваат со антибиотик кој врз основа на антибиограмот е
ефикасен.

Патогеност-Staphylococcus aureus предизвикува гнојни инфекции во секој орган и ткаење. Најчесто


предизвикува кожни инфекции, како што се фурункули, карбункули, папарициуми. Фоликулитиси и
разни пиодермии. Исто така често предизвикува ринитис, тонзилофарингитис, инфекции на слузницата
на усната шуплина и на други слузници.Често предизвикува пневмонија во текот на грипот.Неретко
предизвикува остеомиелитис, артритис и апцеси. Кога ќе продре во крвта предизвикува сепса, а ако
продре до менингите предизвикува менингитис. Ентеротоксинот на овој стафилокок предизвикува
алиментарни токсиноинфекции кои често добиваат размер на помали епидемии.Сите заболувања што
ги предизвикува Staphylococcus aureus со едно име се викаат стафилококози.

Имунитет-овој стафилокок причинува мошне слаб имунитет.

Микробиолошка дијагноза-за лабораториска дијагноза на стафилококозата се користи само


бактериолошка дијагноза. Таа е едноставна. За преглед се зема гној, брисеви, пунктати и секрети од
местото на локализација на заболувањето. Од земениот материјал се подготвува препатат и се врши
засејување врз крвна агар-плочка и во декстрозен бујон.
Специфична терапија-за лекување на сите видови стафилококози се користи антибиотик.

Распространетост-овој вид стафилокок е прилично распространет. Често се наоѓа во носот на здравите


луѓе.

Токсичност- Staphylococcus aureus лачи повеќе разни токсини и ензими.

Хемолизини- овој стафилокок располага со следниве хемолизини:алфа-хемолизини, бета-хемолизини,


делта-хемолизини и епсилон-хемолизини.

Ентеротоксин-токсин кој што е термостабилен. Кај човекот предизвикува чувство на тегоби и слабост,
блуење и пролив. Овие симптоми настануваат набргу по јадење храна во која се наоѓа овој токсин, а тие
симптоми најчесто се појавуваат за неколку часа, поретко еден ден.

You might also like