You are on page 1of 2

Бело гниење кај маслодајната репка

– Sclerotinia sclerotiorum-

Болеста бело гниење е распространета во целиот свет, како во земјите со тропска, медитеранска,
така и во земјите со суптропска клима. Гамата е полифаг патоген со голем број домаќини. Во
Македонија ова заболување се јавува поретко, освен во повлажните локалитети во Пелагонија.

Патоген. Габата S.sclerotiorum има доброразвиена мицелиа со склероции. Склероциите се црни со


различен облик а во пресек се бели. На склероциите што останале во почвата по нивното
престојување при ниски температури, се образуваат апотеции тоа се отворени плодни тела со
светла боја во вид на чинии или пехар, поставени на кратки дршки. На една склероција може да се
образуваат повеќе апотеции. Од горната страна на апотециите се образуваат аскуси со аскоспори.
Во аскусите се наоѓаат по осум аскоспори со елипсовидна форма во природни услови оваа габа
нема конидииски стадиум. Паразитот во природни услови се одржува во вид на склероции кои во
почвата можат да се задржат 3-8 години. По презимувањето, склероциите можат да ‘ртат на два
начина: директно во мицелија која остварува инфекции или на нив може да се формираат
апотеции. Силен напад на зараза можат да создадат склероциите ако се најдат во близина на
осетливите растенија. Венеењето на растенијата или таканаречено кореново гниење настанува од
подземни инфекции. За ртењето на склероциите е неопходно тие извесно време да бидат
изложени на ниски температури а потоа да бидат исложени на повисоки температури и висока
релативна влажност на воздухот. Апотециите дозреваат во текот на пролетта и во почетокот на
летото. Под дејство на светлината, дршките на апотециите се издолжуваат, така што аскоспорите
се разнесуваат од ветерот. За прортување на аскоспорите неопходно е присуство на капки од вода
за време од 16 до 24 часа. Аскоспорите ртат при температура од 0 до 25 степени целзиусови, но
најмасовно при 15 до 20 степени целзиусови.

Заштита. Спречувањето на оваа заболување е тешко, бидејќи склероциите се одржуваат долго


време во почвата. Густите посеви и ѓубрење со азотни ѓубрива повеќе страдаат од белото гниење.
Треба да се запази плодоредот, и да се употребува здраво семе во кое не смее да има склероции.
Не постојат доволно отпорни сорти кон овој паразит. При хемиска заштита се користат фунгициди
од групата на бензимидазолите и потрицидите (винклозолин, просимидон, и продион).

You might also like