You are on page 1of 2

Морфологија на бактериските клетки

Кај бактериите имаме три основни форми:тркалезни\топчести, стапчести и спирални.

Топчести-помалку или повеќе имаат правилна форма на топка.Се викаат коки(еднина coccus
од грчки збор што значи зрно).Коките секогаш немаат правилна форма на топка. Можат да
имаат бубрежна форма, заострени на едниот крај или обата краја, да личат на пламен од свеќа
и можат да бидат издолжени. Ако се многу издолжени, надолжниот пресек ќе им биде 2 пати
подолг од напречниот и ќе се викаат кокобацили.

Коките како и бактериите со други форми се размножуваат така што се разделуваат на две
еднакви клетки-ќерки. Тоа делење или цепење може да се врши по една линија на делење, по
две линии на делење кои се сечат под агол од 90 степени или по многу линии на делење кои
меѓусебно се сечат под разни агли. Ако коките се делат по една линија на делење и по
делењето на клетката-ќерка не останат заедно, тогаш тие се јавуваат како единечни коки и се
викаат микрококи. Ако по делењето останат по 2 заедно се викаат диплококи., а ако останат
повеќе заедно па така образуваат синџир или ѓердан се викаат стрептококи. Ако коките имаат
повеќе линии на делење и по тие делења останат повеќе од нив заедно ќе образуваат збирови
кои личат на гроздови и се викаат стафилококи. Коките кои имаат 2 линии на делење и по
делењето остануваат по 4 заедно и се викаат тетради\ гафкиа. Ако коките имаат 3 линии на
делење и по тие делења останат заедно во пакети по 8 коки се викаат сарцини и тие се ретки.

Стапчести бактерии-форма на стапче(цилиндар или колбас). Се викаат бацили(еднина од


bacillus од латински и значи стапченце). Стапченцата можат да бидат прави, свиткани, извиени,
кратки, долги, на едниот или обата краја заоблени, заострени, конкавни или конвексни. Се
разликуваат по дебелина и должина. Стапчестите бактерии имаат само една линија на делење.
Оние кои по делењето не остануваат заедно се викаат едноставни бацили. Стапчестите
бактерии по делењето можат да се распоредат различно едни спрема други, можат да се
распоредат наспоредно повеќе од нив како летви на плот. Тоа е распоред во форма на
палисад(од француски палис што значи плот, колец). Некои се распоредуваат така што еден со
друг прават форми на латинските букви V, Y, X.Таквиот распоред личи на расфрлани дрвца од
кибрит, на прсти од ракавица или на кинески букви. Ако по делењето остануваат 2 стапченца
заедно, таквите бацили се викаат диплобацили. Ако повеќето од нив останат заедно така што
образуваат ѓердан од стапченца се викаат стрептобацили.

Спирални бактерии- стапчести катерии кои половина или повеќепати се завиткани околу
својата замислена надолжна оска како кај федерот. Ако таквото стапче е завиткано помалку од
еднаш се вика вибрио. Тој свиок е региден несвитлив.Ако спиралната бактерија има од 1 до 3-
4 свиоци се вика спирилум(множина спирала). И кај спиралата свиоците се нееластични и
ригидни. Ако кај спиралните бактерии има 4-15 и повеќе свиоци кои се еластични и свитливи
се викаат спирохети. Во зависност од бројот и густината на свиоците како и некои други
морфолошки форми внатре во спирохетата се разликуваат трепонема, борелија и лептоспира.

Инволутивни форми-додека бактериите се млади и додека живеат во природни услови,


нивната форма е стабилна.Кога ќе остарат, особено ако живеат во вештачки услови како што се
разните бактериолошки подлоги, значително можат да ја изменат својата форма. Тие можат да
добијат форма на боздоган, чекан, буквата V, запирка и др форми кои значително се
разликуваат од формите за младите бактерии. Овие видови се викаат инволутивни форми.
Често се нарекуваат и дегеративни форми. Настануваат поради оштетување на батериските
клетки. Тие оштетувања се предизвикани со стареењето и со неповолните услови на живот на
бактеријата.

Изменети форми-Бактериите во текот на својот живот, како и другите живи суштества


постојано се изложени на разни влијанија на надворешната средина. Поради тие влијанија
тие-како и другите живи суштества-ги менуваат своите форми и другите особини. Така, често
можат да се видат стапчести бактерии кои значително се издолжуваат и формираат
таканаречени филаменти или филаментозни форми, стапчестите бактерии можат да добијат
форма на неправилни грутчиња.

You might also like