You are on page 1of 4

Размножување на микроорганизмите

Во главните функции на микроорганизмите се вбројуваат растењето и размножувањето.


Сите нивни активности кои се случуваат во природата се подредени на овие два процеса.
За да можат да се одвиваат овие процеси, на микроорганизмите им се потребни хранливи
материи, извор на енергија и останати фактори.
Растењето на микроорганизмите е процес при кој се зголемува обемот и тежината на
нивните клетки. Тоа е резултат на биосинтезата на макромолекулите на клетката.
Размножувањето на микроорганизмите е цикличен процес, при кој настанува зголемување
на бројот на микроорганизми и растење на нивните клетки. Во текот на размножувањето
на микроорганизмите нивните клетки растат и со тоа менуваат многу од своите
особености, сe додека не станат способни да произведат нови единки кои имаат исти
особености како и тие самите. Новоформираните клетки растат и се менуваат сe додека не
станат способни да се репродуцираат самите себе. Тие процеси постојано се повторуваат
сe додека за тоа постојат услови.

Цепење на две
Тоа е механизам кога клетката-мајка се расцепува на две еднакви клетки-ќерки. Цепењето
може да се случува или по надолжната или по попречната оска на клетката. Таа се цепи
така што при делењето го зголемува својот обем, потоа од клеточниот sид се јавува еден
септум кој влегува во цитоплазмата и ја разделува на два еднакви дела. Јадровата
супстанца ДНК која се репликувала пред да почне клетката да се дели, се разделува
еднакво во секоја одделена половина на цитоплазмата. После ова клетката почнува да се
стеснува на местото каде што е формиран септумот и на крај таа се дели на две еднакви
клетки-ќерки и кога тие ќе созреат на истиот начин ќе се поделат на две.

Пупење
Овој процес се одвива така што на кое и да е место на клетката на микроорганизмите
доаѓа до протрузија (испакнување) на цитоплазмата. Во протрузијата влегува една
половина од репликуваното јадро. Таа протрузија постепено расте и формира пупка, кога
таа доволно ќе порасне таа се одделува. Од неа се формира клетка која е идентична на
клетката од која се одделила.

Спорулација

Тоа е процес на формирање на спори од кои изртуваат клетките на микроорганизмите.


Овие спори се различни од спорите на бактериите кои немаат репродуктивна функција.
Овие спори се репродуктивни. Тие на различни начини ги напуштаат родителските
клетки. Кога се најдуваат во поволни услови од нив изртува наполно нова клетка, која е во
стапчеста форма и се вика Хифа. Таа се продолжува цепејќи се на две. И така
формираните хифи потоа се диференцираат.

ВО ПРИРОДАТА
Времето потребно да се подели бактериската клетка се нарекува време
за размножување-генерација. Тоа зависи од видот на бактеријата и
условите за размножување.

Ритам на размножување на бактериите.


Механизмот на размножување на бактериите со цепење на две ни е познат. При тоа се
добиваат две клетки-ќерки. Кога тие две клетки ќе созреат, се делат секоја на уште по две
и процесот тече понатаму со геометриска прогресија. Така настануваат 4 → 8 → 16 → 32
→ 64 → 128 → 256 итн. Ако се претпостави дека во одредена средина има една
бактериска клетка, и таа правилно се размножува во одреден временски интервал,
тогаш теоретски би можело да се пресмета колку бактериски клетки ќе има по одредено
време.
2.5.2. Механизам за размножување на квасниците
Навлегување на вирусот во клетката и негово размножување

You might also like