You are on page 1of 4

СОУ,,Јане Сандански’’-Штип

Проектна активност по предметот биологија


Тема: Женски полов систем

Изработила: Ментор:
Мартина Гичева Лидија Јордева

Смер: физиотерапевтски техничар

Клас: III-7

учебна 2013/2014 год.


Женски репродуктивен систем
Женскиот репродуктивен систем е сложен систем дизајниран не само да се
произведе нов живот, туку и да ја одржува хормоналната рамнотежа, што ја
прави жената уникатна во својот вид. Има извонреден број на сличности меѓу
женскиот и машкиот репродуктивен систем. И двата системи се хомологни, т.е.
развиени од слични ембрионски ткива. И машкиот и женскиот репродуктивен
систем имаат гонади, и двата система чекаат за целосно да се развијат и да
станат целосно функционални до почетокот на пубертетот. Сепак, за разлика
од машкиот репродуктивен систем, женскиот репродуктивен систем се темели
на некој ритмички циклус кој може да се предвиди.

Женското тело е родено со комплетно целоснo формиран репродукциски


систем кој бара хормонален прилив, со цел да постане целосно созреан. Од
почетокот на пубертетот до менопаузата, една здрава женска индивидуа е во
состојба да самосоздаде полова клетка технички, еднаш месечно, освен во
периодот кога постои развој на фетусот во матката на жената.
Јајниците се одговорни за ослободувањето на јајцевата клетка во приближно
исто време секој циклус. По овулацијата, јајце клетката има ограничено време
да биде оплодена од страна на сперматозоид и да се имплантира во матката
за развој на човечки фетус. Оплодената јајце клетка ќе се развие во човечки
фетус додека неоплодените јајце клетки ќе бидат исфрлени заедно со
дополнителна материја која служела за подготовка за евентуалниот развој на
оплодената јајце клетка. Овој процес на ослободување е познат како
менструација.

Пубертет или зрелоста на женскиот репродуктивен систем, обично се јавува


околу дванаесетатта годишна возраст и продолжува се до менопаузата, која
обично се случува околу педесет години. На било која возраст меѓу пубертет и
менопауза, јајце клетката може да биде оплодена и може да се развие човечки
живот. Женскиот репродуктивен систем е одговорен за производство на јајце
клетките, производство и секреција на хормони, примање на машките полови
клетки за оплодување на јајце клетката и нејзино сместување во матката, каде
што се развива се до времето кога ембрионот не биде способен сам да го
продолжи својот живот. По раѓањето бебето се исхранува со мајчино млеко
преку процес на цицање.

Примарните полови органи се наречени гонади. Јајце клетките исто така се


познати како гамети, се произведуваат во рамките на јајниците. Јајниците се
исто така одговорни за производство и секреција на женските стероидни
хормони. Овие витални полови хормони промовираат промени во рамките на
младото женско тело и се промовира циклус на менструација. Секундарните
полови органи се занимаваат со способноста на телото за развивање
наоплодената јајце клетка. Овие органи исто така се занимаваат и со процесот
на нега на фетусот.

Вагината претставува надворешен полов орган што ги прима


сперматозоидите. Надворешните гениталии ја заштитуваат вагината, а
јајцеводите ја пренесуваат јајцеклетката до матката со надеж дека ќе биде
оплодена. Матката е заштитен орган кој е задолжен за сместување на јајце-
клетката и овозможува да се одвива феталниот раст и развиток. Дојката спаѓа
во групата на секундарни полови органи одговорна за продукција на млеко за
да може новороденчето да се исхранува и успешно да го одржува својот имун
систем. Во матката постојат мускули кои овозможуваат генерирање на
контракции кои му овозможуваат на новороденото дете полесно да излезе за
време на породувањето.

Секундарните сексуални карактеристики не се нужно потребни за процесот


на создавање на потомок, но се сметаат за дел од репродуктивниот систем -
тие играат важна улога во привлекувањето на соодветениот партнер за да
настане оплодувањето. Кај девојчињата секундарните карактеристики кои се
развиваат се: гради, колкови, карактеристични секундарни полови влакна (на
пубисот, под пазувите...), и сл.Некои од овие карактеристики се важни за
новороденчето, како што се градите на мајката на пример, додека некои само
служат за привлекување на спротивниот пол.

You might also like