You are on page 1of 1

Функции на среден мозок и децеребрациона ригидност

- Средниот мозок (mesencephalon) се наоѓа во черепната празнина помеѓу двете


хемисфери на големиот мозок.
- Во средниот мозок се наоѓаат центри одговорни за регулација на отворот на зеницата и
акомодација на окото како реакција на дејствувањето на светлината врз окото.
- Исто така во средниот мозок се наоѓаат и примарни центри за слушање. Во овие центри
доаѓаат импулси од јадрата на слушните нерви што се наоѓаат во продолжениот мозок.
Преку овие центри се остварува рефлекс на ориентација кон звучните дразби. Рефлексот
се манифестира со свртување на главата кон изворот на звукот.
- Од функција на III и IV кранијален нерв, зависи движењето на очното јаболко.
- Од сивата мозочна маса најзначајни се црвеното и црното јадро.
- Црвено јадро (nucleus ruber) учествува во регулација на мускулниот тонус со што
придонесува за правилно движење на телото во просторот. Црвеното јадро прима
импулси од кората на малиот мозок. Импулсите се пренесуваат преку специјален пат до
јадрата на екстензорните мускули во ‘рбетниот мозок вршејќи врз нив инхибирачко
дејство.
- Црното јадро (substantia nigra), исто така, зема учество во регулацијата на мускулниот
тонус и одржувањето поза на телото. Функциите на црвеното и црното јадро тесно се
поврзани со функцијата на продолжениот мозок особено со функциите на џвакањето,
голтањето и дишењето.
- Белата маса на мезенцефалонот ја сочинуваат патиштата кои проѓаат преку мозочниот
крак или преку тегментумот.
- Улогата на средниот мозок во регулација на мускулниот тонус најдобор се забележува
кај експерименталното животно (мачка), на која е направен напречен пресек меѓу
продолжениот и средниот мозок. Кај мачката се покачува мускулниот тонус, особено
тонусот на екстензорите. Нозете на животноте се здрвени и исправени, а главата е
зафрлена назад. Оваа состојба е позната како децеребрациона ригидност.

You might also like