You are on page 1of 4

Мазнење

Мазнењето претцтавува ритмично, рамномерно, бавно, непрекинато површинско


движење на рацете по кожата на третираниот во вид на лизгање и благо
притискање, а се изведува без поголем притисок. Секоја масажа на која било
регија започнува и завршува со мазнење. Мазнењето се врши со дланките,
јагодиците на палецот и неколку прсти или сите прсти. Тоа секогаш се изведува од
периферијата (крајните делови на телото) кон центарот (срцето), во насока на
текот на крвта и лимфата.
Видови мазнење:
а) Рамно површинско маснење – се применува благ притисок
б) Рамно длабинско мазнење – се применува поголем притисок
в) Опфатно мазнење
г) Мазнење во вид на лепеза
д) Кружно мазнење
ѓ) Мазнење со палци
е) Чешлање
ж) Гребенесто мазнење
з) Мачкино мазнење
Големи површини (стомак, грб, глутеална регија) се масираат со целата дланка,
коренот од шаката, тенар и хипотенар, додека мали поврпини (лице, зглобови,
прсти, интеросеални простори) се масираат со јагодиците на еден или на повеќе
прсти.

Мазнење

Изработил: Марин Крстевски II-2 фзт. Користена литература: учебник по


масажа за втора година средно стручно медицинско училиште
Триење

Триење е правилно, ритмичко движење со посилен притисок и побавно од


мазнење. Не се користи лизгање и кожата се подига од поткожното ткиво со појак
притисок. Се користат јагодици на еден/повеќе прсти или дланки на ½ раце. Се
повторува мал број пати за да не дојде до оштетување на ткивата. Може да се
одвива
-Кога се трие со палецот останатите прсти се потпора
-Кога се трие со јагодици на други прсти тогаш палецот е потпора.
-надолжно и напречно во однос на сегментот
-кружно кај зглобовите
-по должина на мускулни влакна
-не се одвива врз регии без цврта потора-абдомен
Насоката на движењето не е во зависност од текот на лимфата и крвта па може
да се одвива и во спротивна насока. При изведување е потребна смремност и
кондиција на масерот при масажа, затоа се користат 2те раце за да има
прераспределба на енергијата. Кај регии со поголеми мускулни маси рацете со
поставуваат една врз друга за да се зголеми интензитет и притисок. Во тек на
масажа не е потребно средство но по изведување на масажа се става крема.
Постојат помошни фатови- гребенесто триење, рендање, режење...

Триење

Изработил: Марин Крстевски II-2 фзт.


Користена литература: учебник по масажа за втора година средно стручно
медицинско училиште

Гмечење

Е најсложена техника, се гмечат мускулни групи или одделни мускули најчесто на


горни и долни мускули на екстремитетите. Се изведува по триењето насекаде низ
телото освен врз лицето. Не се користи масло за да нема неконтролирани
движења. Се користат ½ раце, регијата се опфаќа меѓу палец и останати прсти и
се гмечи. Не се гмечи во зависност од тек на крв и линфа туку во склад на
мускулни влакна (Напречно, надолжно, кружно). Постојат 2 начина
-притискање мускулна маса кон основа
-подигање мускулна маса од основа
*Се споредува со цедење сунгер. Ако мускулот е тешко пристапен, палецот се
става од едната страна а другите прсти од другатра страна- ВО ВИД НА КЛЕШТИ
и двете страни се притискаат една кон друга. Цедењето се одвива со една рака а
ако е со двете тогаш оди едната па другата.
*Притискање е директно и силно притискање врз одредена регија за намалување
напнатост на мускули околу ‘рбетен столб и рамениот појас. Притисокот се
зголемува и предизвикува релаксација.
*Статички притисок се изведува со јагодици на прстите на одредена регија со
испружени раце во лактите и притисокот се добива од тежина на телото од
рамениот појас. Притисокот се изведува неколку секунди а потоа со лизгање се
преместуваат на друга точка.
*Кружно притискање е иско како статичкото но со додаток на мали кружни
движења кои придвижуваат кожа над мускулот.

Гмечење

Изработил: Марин Крстевски II-2 фзт.


Користена литература: учебник по масажа за втора година средно стручно
медицинско училиште

You might also like