You are on page 1of 9

Физикални

агенси
Асад Бјелак II-3
Физичките или физикални агенси се дел од основните елементи на
физикалната терапија. Таа е посебна медицинска дисциплина која се
базира на примена на овие физикални агенси со цел лекување и
оспособување на заболени и повредени.

Физикалната терапија е само еден сегмент од медицинската


рехабилитација. Според видот на енергија која се применува во
лекување со различни преформирани физикални агенси се прави
• поделба на: електротерапија (струи), магнетотерапија (магнет),
сонотерапија (ултразвук), фототерапија (ултравиолетови зраци,
инфрацрвени зраци, ласер, биоптрон итн.), термотерапија (парафин,
криотерапија итн.), хидротерапија (бања, базен, када итн.),
механотерапија (масажа, мобилизации и манипулации,
тракции)и др.
Термотерапија
• Термотерапија (грч.termos = топол) е дел од физикалната терапија,
во која се изучува дејството на топлотната енергија на организмот и
можноста за нејзина примена кај одредени заболувања и состојби.
Топлина во телото може да се аплицира локално или на цело тело.
Создавање на топлина во телото може да биде од надвор (со
донесување на топлината директно на телото) и од внатре со
создавање на топлина внатре, како последица на претворање на
електромагнетна енергија (електромагнетна дијатермија).
• Индикации за примена на термотерапија се: дегенеративни
заболувања (зглобен и вон зглобен ревматизам), состојби после
повреди, полесни нарушувања на циркулацијата, спазам на мазна и
напречна мускулатура, оштетување на централен и периферен
нервен систем, хронични гинеколошки и уролошки заболувања.
Хидротерапија
• Хидротерапија или уште се нарекува терапија со вода, претставува
метод на лекување при кој се користи поволното дејство на водата
врз севкупната состојба на организмот. Хидротерапијата е докажана
како високо-ефикасна форма на природна терапија која го
стимулира ендрофинот кој пак помага во контролирањето на
болката и намалувањето на притисокот.
• Вежбите во вода се идеален начин за вежбање на зглобовите и
мускулите. Водата им дава поддршка на зглобовите и го намалува
притисокот врз нив со што го подобрува движењето и дејствува како
отпор за вежбање на мускулите. Смирувачката топлина на водата е
идеална за намалување на артритичните болки и вкочанетоста и за
подобрување на движењето на зглобовите погодени од оваа болест.
Електротерапија
• Електортерапија е процедура во која електрична струја се користи за
лекување на болни состојби. Со електротерапија се намалува болката, се
елиминира отокот и ги смирува воспалителните процеси. При
електротерапија се случуваат следниве физиолошки процеси:

• Вазодилатација (ширење на крвните садови)


• Се нормализира pH
• Се намалува раздразливоста на ноцицепторите (нервни завршетоци,
преносители на болка)
• Се забрзува заздравувањето на ткивата
• Се зголемува мускулната контракција
• Третманите ги изведуваме со BTL комбиниран апарат за
електростимулација на мускули.
Кинезитерапија
• Кинезитерапија (kinesis-движење и therapy-лекување) претставува
област од физиотерапијата кој што се занимава со примена на
движењата во лекувањето, а целта и е воспоставување на оптимална
функционалност на одделните сегменти на телото и на организмот
како целина. Кинезитерапијата претставува примена на
систематизирани движења на одделните делови на телото или на цело
тело во форма на вежби, со цел зачувуање, воспоставување,
развивање и компензација на функциите на локомоторниот апарат,
како и на органите и органските системи кои се во директна врска со
локомоцијата. Целта на кинезитерапијата е максимално
искористување на сите потенцијали на пациентот кој што го
третираме, со акцент на оптималното возможно опоравување на
оштетената функција на локомоторниот апарат.
Магнетна терапија
• Магнетната терапија во физикалната медицина има антиедематозно и
антиинфламаторно дејство (намалување на отоци и воспаленија),
аналгетско (намалува болка), ја забрзува регенерацијата на ткивата
(полесно зараснување на рани, обнова на коскено ткиво). Магнетната
терпија може да се користи посебно или во комбинација со друга
физикална терапија, како што се ултразвук, ласер и сл. Таа е сигурна,
неинвазивна метода во која магнетното поле се употребува за
терапевтски цели на:

• Ревматски заболувања
• Заболувања на коски (остеопороза, скршеници)
• Акутни и дегенеративни состојби на зглобови
• Оштетувања на рбетен столб
Ласер терапија
• Ласер – кратенка од „light amplification by stimulated emission of radiation“ што во
превод значи појачување на светлината со стимулирана емисија на зрачење.
Ласерот во медицината е незаменлив, се користи во физикалната медицина,
хирургија, трауматологија, дерматологија, козметика итн. Ласертерапијата е
безболна и ефикасна метода во физикалната медицина која се употребува за:

• Регенерација на ткива
• Стимулација на микроциркулација
• Ефективно делува на болки, воспаленија и отоци
• Постоперативна рехабилитација
• Спортски повреди
• Ревматски заболувања и слично
Ласертерапијата е контраиндицирана кај мал број на случаи, најчесто тоа се
малигни заболувања, бременост и ендокрини заболувања.
Заклучок!
физикалната терапија е третман за подобрување на
движењето, намалување на болката
и обновување на физичката функција. Физиотерапевтот
користи разни алатки во третманот на пациентите како:
мануелна терапија, разни физикални агенси како дел од
физикалната терапија во вид на светлина, звук, топло,
ладно, магнетни бранови и електрични стимуланси, но и
индивидуален кинезитераписки програм (вежби) или во
група, едукации, совети
и консултации, за да се дојде до посакуваната цел.

You might also like