You are on page 1of 23

Физикална медицина

Втора година-физиотерапевтски
техничар

Петар Аризанкоски
Историјат на физикалната медицина
Физикалната медицина е една од најстарите,но и
најновите гранки на медицината.Уште во минатото
луѓето ги применувале природните физикални
агенси (сонце,вода) во профилакса и лекување,
Хелиотерапија е употреба на светлина во лекување,
била користена од старите Еѓипкани,Асирци,Грци
и Римјани
Историјат на физикалната медицина
Хипократ го истакнал правилото primum non
nocere и покренал дозирање во терапијата.Од
физикалните агенси советувал сончање,примена
на вода,топлина,вежби и тракција.
Асклепије (174 г.п.н.е) е грчки лекар кој работел во
Рим и комбинирал примена на природни и
физички агенси во лекување на болните,поради
што се нарекувал татко на физикалната медицина.
Историјат на физикалната медицина
Римскиот лекар Гален (120-200 г) направил поделба на вежбите според
снага,траење,зачестеност, но препорачувал примена и на минерални
води и бањи.
Целије Аурелије (5 век) предлагал примена на
хидрокинезитерапија,пливање во море, и бањање во топли извори.
Георг Бауер (1544)-напишал книга за работата на магнетизмот
1600 година Гилберт го открил електрицитетот, но во 1646 д-р Томас
Браун прво го употребил во литературата
ВО 17 век Џон Хлајдер објавил книга за хидротерапија
Во 18 век е откриен статичкиот електрицитет,галванската струја и се
објавени првите трудови за електротерапијата
Во 1831 година Фарадеј го открил феноменот индукција и посебна форма
на наизменична струја која е во негова чест е наречена фарадска струја
Историјат на физикалната медицина
1891 година Тесла го конструирал трансформаторот
за добивање на високофрекфентна струја кој во
почетокот на 20-ти век почнал да се применува во
лекувањето.
Во почетокот на 20 век големо внимание се
посветувало на пациенти со полиомиелит,почнале
да се применуваат вежби со влажна
топлина,хидротерапија.
Историјат на физикалната медицина
Во Македонија уште во римско време се користеле
минералните води на Катлановска бања во лекување.Исто
така уште пред неколку векови се користеле минералните
води во Банско.
Развојот на современата физикална медицина и
рехабилитација во Македонија започнува во 1937 година
со формирање на амбулантно одделение за физикална
терапија во стариот уред,денешна градска болница во
Скопје, кое било направено по типот на германските
бањи,Од ова одделение постепено се развил Завод за
физикална меидцина и рехабилитација,кој во 1963 година
е преселен во сегашниот објект.
Историјат на физикалната медицина
Постепено се развиле и одделенија за физикална
медицина и рехабилитација низ целата
држава,како и специјализирани центри како
Катлановска, Негорци, Банско, Кежовица,
Косоврасти и Бањиште и на езерата (Охридско-
центар за рехаб на срцеви болести и Св.Еразмо за
ортопедско трауматолошки и невролошки
болни,Преспанско-центар за респираторни болни
во Отешево.)
Основи на физикалната медицина
Дефиниција
Физикалната медицина претставува медицинска
дисциплина која го изучува биолошкото дејство на
различни видови на физичка енергија врз нашиот
организам,како и примена на физички агенси во
профилакса,дијагностика и терапија
Основи на физикалната медицина
Потекло
Името на физикалната медицина води потекло од
грчките зборови fysis-природа и therapeia-
лекување, така што буквалниот превод би било
природно лекување.
Основи на физикалната медицина
Физиологија
Од физиолошка гледна точка, физикалните фактори
претставуваат физичкохемиски дразнители. Во својот
филогенетски развој човекот е свикнат на дразнителите
од природната средина (термички, механички,
електрични, магнетни итн.. Затоа природните фактори
применети во физиотерапијата дозирано, со
профилактична и лековита цел, му дејствуваат на
организмот директно и физиолошки, бидејќи тој веќе е
свикнат на нив. Преформираните физикални фактори -
аналогни на природните, ако се правилно применети,
исто така, дејствуваат саногенезно, но потребна е
апаратура и соодветен прибор.
Примена на ултразвук во физикалната
медицина
Основи на физикалната медицина
Употреба на физикалната медицина
Лековитото дејство на природните и
преформирани физикални фактори не е помало од
медикаментозната терапија, туку напротив, се
користи и во случаи кога медикаментозната
терапија е контраиндицирана. На пример: Кај
болни со периартрит на рамениот зглоб, кои
воедно имаат и чир на желудникот, предност има
физикалната терапија, а не медикаментозната.
Основи на физикалната медицина
Современата физикална терапија во последно време се
развива и усовршува посебно во областа на
преформираните физикални фактори кои имаат голем
терапевтски ефект. Затоа, физиотерапијата претставува
клон од медицината кој располага со најбогати
природни и преформирани фактори и методи кои се
користат за директно целенасочено дејствување врз
патофизиолошките жаришта при различни заболувања.
Физиотерапијата има широки можности за
профилактика и лекување на болестите на сите органи и
системи и за рехабилитација на инвалидизирани лица.
Поделба на физикалната медицина
Физикална профилакса
Физикална дијагностика
Физикална терапија
Поделба на физикалната медицина
Физикална профилакса
Претставува постапка на примена на физикални
агенси,со цел превенција на настанување на
болести, спречување на последици од заболувања и
повреди,како и последици од инактивитет.
Се применува кај лумбален синдром,во текот на
бременост,кај деца за спречување на деформитети
на ‘рбетен столб,деформитети на стапало и др.
Поделба на физикалната медицина
Физикална дијагностика
Претставува примена на физички агенси во
дијагностицирање на заболување,
дијагностицирање на функционален статус,
следење на исходот од лекувањето со помош на
мерни вредности и различни тестови. Се
применува електродијагностика, сонодијагностика
(преглед со ултразвук) и др.
Поделба на физикалната медицина
Физикална терапија
Е посебна медицинска дисциплина која се базира
на примена на физички агенси, со цел лекување и
оспособување на заболени и повредени и е еден
сегмент од поширокиот поим-медицинска
рехабилитација.Нејзината улога е многу значајна
во заздравувањето на заболените и повредените
Поделба на физикалните агенси
Природни
Вештачки
Поделба на физикалните агенси
Природните физикални агенси се:сончева
светлина,вода,минерлни води, лековита кал,
морската вода и др.
Поделба на физикалните агенси
Примена на:
Минералните води во лекување се нарекува
балнеотерапија
Сончева светлина се нарекува хелиотерапија
Морската вода и клима во лекување се нарекува
таласотерапија
Лековитата природна кал се нарекува
пелоидотерапија
Климатските фактори во лекувањето се нарекува
климатотерапија
Поделба на физикалните агенси
Вештачки физикални агенси се:различни видови
на струи (галванска, дијадинамска,
интереферентна стуја, куси бранови и др.),
ултразвук, ламби за инфрацрвени ултравиолетови
зраци, парафин и др.
Поделба на физикалните агенси
Според видот на користење на вештачки физикални
агенски во лекувањето, физикалната медицина се
дели на:
Електротерапија (електрична енергија)
Магнетотерапија (електромагнетно поле)
Сонотерапија (звучна енергија)
Фототерапија (светлосна енергија)
Термотерпаија (топлотна енергија)
Хидротерапија (топлотна,механичка енергија)
Механотерапија (механичка енергија)
Поделба на физикалните агенси

You might also like