You are on page 1of 13

С.О.У.

,,Ѓорче Петров” – Прилеп

Проектна задача за државна матура по предмет


Хирургија со гинекологија и акушерство со нега

ТЕМА: Повреди

Ментор: Снежана Переска Изработила: Елена Крстеска

Прилеп 2016

1|Page
СОДРЖИНА:

1. Вовед.....................................................................................3
2. Повреди.................................................................................4
3. Механички повреди..............................................................5
4. Лекување на механички повреди........................................7
5. Хемиски повреди и лекување..............................................8
6. Термички повреди и лекување............................................9
7. Повреди од електрична струја и превенција....................10
8. Ирадиациони повреди и лекување....................................11
9. Биолошки повреди и лекување..........................................11
10. Слики...........................................................................12
11. Заклучок......................................................................13
12. Користена литератра..................................................13

2|Page
-ВОВЕД-

Темата повреди ја одбрав да ги запознаам моите соученици и се надевам дека ќе ја


постирам на интернет да ги запознаам исто така и граѓаните со какви несакани повреди
можат да се здобијат при вршење на некоја работна задача. Исто така ја одбрав поради
зголемената смртност во сообраќајот од сообраќајни несрејќи. Да ги запознаам граѓаните
со постапките кој можат да ги намалат последиците од нанесените повреди.

3|Page
Повреди

Повредите претставуваат оштетување на организмот од некоја надворешна сила.

Тие можат да бидат:

-Надворешни- (при надворешните повреди ни е нарушена целината на кожата)

-Внатрешни- (кога целината на кожата е сочувана)

4|Page
МЕХАНИЧКИ ПОВРЕДИ

Механичките повреди настануваат под дејство на механичка сила преку цврсти, меки,
течни и гасовити тела.

Повредите нанесени со цврсти предмети, во зависност од тоа дали оштетеното ткиво има
директен контакт со надворешниот свет или не, можат да бидат затворени и отворени.
Затворените повреди можат да бидат:

 Commotio или Потрес – е затворена механичка повреда предизвикана од директен


или индиректен удар со тап предмет. При тоа не настанува анатомско оштетување
на ткивото или органот, туку само функционално пореметување.
 Contusio или Нагмечување – е таква затворена повреда која е предизвикана од
удар со тап предмет, пад, сообраќајни, спортски и други несреќи.Притоа настануваат
анатомски и функционални оштетувања на меките ткива и лимфните жили и нервите
кој се наоѓаат во тој дел. Тежината на контузијата зависи од јачината на силата,
начинот на нејзиното дејство и анатомската локализација. Карактеристични
симптоми се: болка, оток со развиток на поткожен или подлабок крвен подлив-
хематом.
 Compressio или Притисок – е таква врста повреда кога оштетувањето на ткивото
е поради притисок. Притисокот може да биди примарен и секундарен. При
примарниот притисок директно силата го врши тој притисок и предизвикува промени
на ткивото, додека пак секундарниот кога оштетувањето во околината по развиток на
едем или хематом се пренесува притисок на ткивото.

Посебна врста затворени повреди се: Blast syndrom и Crush syndrome.

Blast syndrom и Crush syndrome – тоа се посебна врста повреди кои настануваат при
експлозии и тешки катаклизми кога снагата на ударот се пренесува на човековото тело
преку: воздух, водата или цврстите предмети на кои стои. Во зависност од средината во
која се пренесува тој бран и го повредува организмот разликуваме:

 Air blast или удар со воздушен бран – При силни експлозии, се ствара јак
воздушен бран кој може да доведе до повреди на телото доколку се наоѓа во

5|Page
кругот на неговото дејство. Ударниот воздушен бран доведува до оштетување на
белите дробови, а понекогаш и на другите шупливи органи.
 Solid blast или удар на бран кој се пренесува преку цврсти предмети – кога
ударниот бран се пренесува преку цврсти предмети настануваат најчесто повреди
на коските. Кои коски ќе бидат повредени зависи од положбата на повредениот
при ударот, најчесто тоа се случува во стоечка положба.
 Water blast или удар со воден бран- при експлозии на подводни бомби, удар на
бран при рушење брани, како и при други катаклизми кои доведуваат до создавање
на силни удаи кои се пренесуваат преку воден бран, ако човекот се наоѓа во вода,
особено потпрен на цврст дел, настануваат повреди на абдоминалните органи.

Отворени повреди – отворени повреди се кога оштетеното ткивоима директен контакт со


надворешниот свет. Тоа значи дека секогаш треба да биде повреден обвивката на телото
т.е. кожата или видливите лигавици.

Спрема изгледот можат да бидат:

 Excoreatio или Огреботина- тоа е површна рана нанесена со тапо орудие, при кое
е оштетен само површниот дел од кутисот. На оштетената површина се јавува
крварење во вид на капки од роса кое бргу запира. Изгледот зависи од видот на
орудието така да огреботината од нокти се разликува од огреботината од некој друг
цврст предмет.
 Vulnus contusum или Нагмечотина – нагмечената рана настанува под дејство на
тап предмет кој го згмечува ткивото. Рабовите на раната се неправилни и
изгмечени.Ѕидовите и дното на раната е со многу изгмечено ткиво, крвен подлив и
коагулум. Многу не крвари поради згмеченост и на крвните жили кој бргу се
тромбозираат. Често овие рани се загадени со земја и други ситни страни тела.
 Vulnus lacerum или Раскинување –настанува под дејство на тапо орудие, ја
растргнува кожата која во еден момент се раскинува. Се создава рана со
неправилно исечени рабови.Нема големо крварење.
 Vulnus lacerocontusum –најчеста врста рана нанесена со тапо орудие. Тоа е
комбинација помеѓу раздеротина и нагмечотина.Раната е неправилна по форма со
нагмечени и изрецкани рабови, ѕидовите и дното на раната се со многу оштетено
ткиво, крвен подлив и коагулуми. Многу не крвари поради згмечени крвни жили кој
ствараат тромб.

6|Page
 Avulsio – вид рана кога кожата ќе се ,,одлепи” од подлогата. Настанува поради
тангенционално дејство на силата. Рабовите на раната се исти како при
раздеротина, има доста крвен подлив помеѓу одлепената кожа и подлогата.
 Sealp – е посебна врста повреда кога галеата ќе се одлепи од черепот разголувајќи
при тоа еден дел од главата. Настанува при тангенционален удар кога дел од
главата и кожата ќе распукне и одлепи од подлогата.
 Vulnus scisum или Расекотина – оваа рана е нанесена со остар предмет на
пример: нож, стакло, брич и др. Раната е најчесто правилна со остри рамни рабови.
Ѕидовите се рамни, обично раните се рамни и доста крварат.
 Vulnus punctum или Убодна рана – нанесена е со шилесто орудие како на пример:
шајка, шило, бајонет и др. Отворот на раната најчесто е точкаст и од него во
длабнина оди канал, кој се губи меѓу меките ткива.
 Vulnus sclopetarium – повреда со експлозивни направи.

ЛЕКУВАЊЕ НА МЕХАНИЧКИ ПОВРЕДИ

1.Лекување на затворени повреди –третманот на општата состојба не се разликува од


лекувањето на човекот. Потребно е да се подигне крвниот притисок и воспостави
нормална диуреза. Тоа се постигнува со давање на крв, плазма, heamacel,dextrose и други
раствори со големи молекули, кои ќе го исполнат ,,коритото”. Се даваат средства за
смирување на болка. Давање на антибиотици во големо количество и широк спектар е
неопходно поради превенција и намалената отпорност на организмот.SAT према случајот.
Локалното лекување се состои во широки инцизии на кожата и мускулната фасција.Со тоа
се ослободува притисокот во екстремитетот поради едемот. Притоа излева бледа лигава
течност, а мускулатурата има изглед на ,,варено месо”.Екстремитетот лесно се дигнува и
имобилизиран во Braun-ова шина. Понекогаш поради некротични промени и влошување на
општата состојба се наложува ампутација на екстремитетот со цел да се спаси животот на
повредениот.

2. Примарна хирушка обработка на отворена повреда – се состои во следното:


Најнапред околината на раната механички се чисти и дезинфицира. Раната се гарнира и со
стерилен скалпел се прави ексцизија на рабовите, ѕидовите и дното на раната.Тоа оди од
околу 0.5 cm. од работ на раната до слојот на некрибиоза.Притоа се отстрануваат сите
страни тела,сето девитилизирано ткиво,се прави хемостаза на раната и откако се увериме

7|Page
дека е чиста и не крвари раната може да се сутурира.Меѓутоа секоја рана не смее да се
сутурира.Тоа зависи од видот на раната, времето од кога е настаната до
обработката,загаденоста на раната и т.н. Разликуваме примарен шев,примарен одложен
шев и секундарен шев.

Примарен шев – се става кога не поминало повеќе од 12часа од повредата. Откако


примарно хирушки ќе се обработи раната, се става шев така да се адаптираат слоевите и
рабовите на раната.Рана со поставен примарен шев зараснува за 7дена.

Одложен примарен шев –рана која е дојдена после 12-24часа,која не покажува знаци на
евидентна инфекција, откако се направи задоцнета примарна хирушка обработка не се
сошива, туку се прекрива со стерилни гази така да шефот ќе се стави 24-48часа по
обработката откако се увериме дека нема инфекција.

Секундарен шев –дојдена рака после 24часа, таа е веќе инфламирана, откако се направи
тоалета на раната, одкако ќе се одстранат девитализираните ткива, стерилно се преврзува
и после 12-14дена доколку нема супрација внимателно се ексцидира и шие.

ХЕМИСКИ ПОВРЕДИ И ЛЕКУВАЊЕ

Хемиски повреди се оштетувања на телото со разни хемиски супстанци како


киселини,бази,соли,бојни отрови и др. Хемиските супстанци ги оштетуваат кожата и
лигавиците но можат да продираат подлабоко оштетувајќи ги и подлабоките ткива.
Настануваат во индустријаата, домаќинството,тарнаспорт и насекаде каде може да се
дојде во допир со нив.

Киселини –прават оштетувања слични на изгорениците. Во зависност од концентрацијата


и времето на дејството, степенот е различен. Белковините на ткивото под дејство на
киселините се згрудуваат, се дормира тврда кора која е многу слична како изгорениците.
Во лекувањето најважно е што побргу киселината да се одстрани, да се дадат средства
кои ќе ја неутрализираат, а према степенот на оштетувањето, понатаму локално да се
третираат.

Бази –за разлика од киселините, белковините се топат, сапонифицираат, кожата и


лигавицата стануваат влажни и лигави. Поради тоа повредите со бази можат да одат многу

8|Page
во длабочина и да направат тешки разорувањна. Прва помош се состои во што побргу
одстрнување на агенсот, испирање и давање на средства за неутрализација.

ТЕРМИЧКИ ПОВРЕДИ И ЛЕКУВАЊЕ

Термичките повреди –настануваат под дејство на висока и ниска температура. Под


дејство на висока температура настануваат изгореници Combustii, а под дејство на ниска
температура настануваат смрзнотици Congelationes.

Combustii или Изгореници –изгорениците со развитокот на индустријата и сообраќајот,


стануваат се почест вид телесно оштетување. Класична поделба на изгорениците е во 4
степени:

Изгореници од I степен – Combustio erithematosa –најлесно оштетување. Зафатен е


само површниот дел на кожата – епидермот. Изгорената површина е отечена, зацрвенета
и болна. Овој степен на изгоретина не бара некое посебно лекување и редовно завршува
со санација без никакви последици. Понекогаш, поради чувство на болка и печење може да
се даде симптоматска терапија.

Изгореници од II степен – Combustio bullosa –зафатени се подлабиките слоеви на


кожата до герминативниот слој, притоа корените на влакната, потните и лојните жлезди и
нервните завршетоци не се уништени. Карактеристично за овој степен е појавата на меури
buli од разна големина исполнета со бистра течност-плазма. Овој степен на изгоретина
бара хирушка обработка, отворен или затворен метод на третирање, антибиотици, SAT,
средства против болка. Доколку не се инфицира, наполно се извлекува, со спонтана
епителизација без создавање на лузна.

Изгореници од III степен – Cpmbustio escharotica –тука е уништена кожата во целата


своја длабина заедно со сите лојни и потни жлезди, матриксот на влакната, завршетоците
на осетните нерви и дел од подкожното ткиво. Изгорената површина е сивкасто-бела и
неосетлива поради уништените нервни завршетоци. Лекувањето се состои во хирушката
обработка, со отстранување на уништеното ткиво и примарна трансплатација на кожа.
Овие изгорениви зараснуваат со лузна и доколку се инфицираат лузните се многу груби,
лекувањето долго трае и најчесто бараат секундарни пластични корекции.

9|Page
Изгореници од IV степен – Carbonificatio –уништување на ткивото при овој степен оди
многу длабоко и е многу тешко до јагленисување. Зафатени се кожата, поткожното ткиво,
мускулите фасции, мускулатурата, а понекогаш е јагленисана и кожата. Лекувањето е
хирушко со ексцитација и примарна или секундарна трансплантација. Секогаш остануваат
лузни, а понекогаш и инвалидитет.

Congekatio или Смрзнотици –се термички повреди кој настануваат под дејство на ниски
температури. Тоа се локални оштетувања на кожата и подлабоките ткива, на оние делови
на телото кои се најизложени на дејствието.

Смрзнотици од I степен –освен чувство на студенило и болка, при овој степен имаме
оток, поради едемот, црвенилото кое преминува во бледило да конечно стане ливидна
боја на кожата. На допир местото е студено.

Смрзнотици од II степен –оштетувањата се подлабоки и достигнуваат до


герминативниот слој на кожата.Бојата на кожата е бледа до ливидна со многубројни меури
од разна големина кои се јавуваат во тек на првите 2 часа на оштетувањето.Местото е
болно но може таа болка да помине во аналигезија до наполна безболност.

Смрзнотици од III степен –При овој степен оштетена е целата кожа и подлабоките
ткива. Бојата е ливидна, има були со крвава содржина но и гангренизирано ткиво, нема
осет за болка и целиот оштетен дел пшовредениот не го чувствува.При сите смрзнотици
прва помош се состои во внесување во затоплени простории, веднаш отстранување на
облеката која најчесто е влажна, студена, повредените делови се сушат, бришат им се
облекува нова топла облека, по можност се ставаат во кревет и добро да се покријат и
затоплат. Им се даваат топли напитоци и откако добро ќе се затоплат со најбрзото
транспортно возило се пренесуваат во најблиската хирушка установа каде ќе им се пружи
дефинитивна помош и ќе се превземе потребното лекување.

ПОВРЕДИ ОД ЕЛЕКТРИЧНА СТРУЈА И ПРЕВЕНЦИЈА

Настануваат под дејство на електрична струја.Оштетувањата можат да


бидат ,,Специфично електрични” или ,,електротермични”.За да дојде до повреда треба
организмот да се вклучи во ,,струјниот круг” т.е. електричната струја да помине низ него.

10 | P a g e
Специфично електрично дејство настанува кога струјата поминува низ телото и при
тоа настануваат мускулни грчеви кои можат да ги зафатат интеркосталната мускулатура
како и дијафрагмата па да дојде до застој во дишењето. При проаѓање низ мозокот може
да дојде до електронаркоза.Секако најтешко е дејствието на срцевиот мускул. При дејство
на струја настанува акутен застој. Ова може да доведе до тренутна смрт. При овој вид
повреди најважно е веднаш да се исклучи струјниот извор, да се превземе реанимација-
вештачко дишење, надворешна срцева масажа, а потоа да се транспортира во интерно
одделение каде ќе се превземе соодветна терапија. Овие повредени умираат од срцев
застој.
Електротермичко дејство настанува поради ослободување на топлина при проаѓање
на струјата. Разликуваме контактни изгоретини и поради електрично испразнување во вид
на пламен лак.

ИРАДИАЦИОНИ ПОВРЕДИ И ЛЕКУВАЊЕ

Ирадициони повреди –настануваат поради озрачување на човековото тело од сончеви,


ултравиолетови, рентгенски, радиумски и др. Меѓутоа доколку озрачувањето е
поинтензивно и подолготрајно можат да настанат и општи пореметувања, како сунчаница,
топлотен удар со општи симптоми на повишена температура, главоболка, гадење па и до
губиток на свеста. Лекувањето се состои од еконтаминација, употреба на разни масти,
особено анестетички.

БИОЛОШКИ ПОВРЕДИ

Биолошките повреди ги делиме на :

 Vulnus cani – каснато од куче –раната е со неправилни, раскинати рабови, во


длабочина ѕидовите се неправилни, со раскинати крвни садови, кои се
тромбозирани и пулсираат, а нема крварење. Раната се мие со сапун и вода и се
прави ревакцинација и серум против тетанус.
 Vulnus viperinum – каснато од змија –изгледа како две топчиња, местото
помодрува, местото треба да се имобилизира и да се врзи над раната, со што ќе се
спречи ширењето на отровот. На раната треба да и се ставаат ладни облоги,
мирување и во болница се дава серум (serum antiveperinum).

11 | P a g e
-СЛИКИ-

12 | P a g e
-ЗАКЛУЧОК-

За да ги запознаам луѓето со мерките со кои можат да ги спречат некои од повредите кој


можат да се случат при работа со штетни материи (киселини, бази и сл.). Во
домаќинствата да користат заштита при користење на истите, да користат заштитни
средства при користење на моторно возило, пр: при возење на мотор да носат заштитна
опрема за да ги ублажат повредите ако дојде до сообраќајна несреќа. Исто така да
користат заштитни средства при работни места каде што животот им е во опасност пр:
рудници, патари, електричари и сл.

-КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУР-

 https://www.google.com
 Учебник по хирургија за средните медицински училишта

13 | P a g e

You might also like