You are on page 1of 1

Тешка базна индустрија

- Црна металургија – топи и произведува обработено железо, челик, феролегури, метални


прачки. Оваа индустрија денес е во опаѓање поради приватизацијата, големата
конкуренција во светот и мал број работници.
- Обоена металургија- топење и обработка на обоени метали( олово, цинк и др). Кај нас
топилницата ,,Злетово,, во Велес денес не работи поради загадување на животната
средина.
- Металуршка индустрија- произведува метални градежни конструкции, метални цевки и
профили, метална амбалажа , делови за домаќинство , за централно греење и др.
- Машинска индустрија – произведува машини за обработка на метал, градежни и др
видови машини, превозни средства, пумпи, казани за централно греење и др.
- Електроиндустрија- произведува кабли за електрична енергија, акумулатори,
електроизолатори, апарати за домаќинство и др.
- Тешка хемиска индустрија- произведува киселини, вештачки влакна , масивна пластика и
др.

Лесна индустрија

- Текстилна индустрија – се дели на 2 групи –

 Претпријатија за производство на текстилни влакна ( предење) и производство на


ткаенини
 Претпријатија за готови производи( трикотажа, теписи, килими, јамболии).

Претпријатијата за изработка на производите користат памук, волна, синтетички влакна, свила и


др. Текстилната индустрија е најразвиен во Скопје, Прилеп, Охрид, Струга ,Штип, Тетово, и др.

- Кожена, гумена и чевларска индустрија – во Скопје, Велес, Штип, Куманово, Прилеп, Битола и
др.

- Индустрија за градежни материјали- произведува цемент, гипс, тули, ќерамиди, гасена вар и др.
Ја има во Скопје , Куманово , Дебар, Велес , Неготино и др.

- Индустрија за обработка на дрво и производство на хартија – произведува дрвени штици,


паркет, мебел, шперплочи, покуќнина и др. Оваа индустрија ја има во Дебар, Берово, Скопје,
Прилеп, Куманово, Демир Капија и др. а за хартија во Скопје и Кочани.

- Прехранбена индустрија- користи растителни и животински произведува за производство на


храна и обезбедува основни земјоделски и сточарски производи. Овде спаѓаат и шеќерната
индустрија( за обработка на шеќерна репка која ја има во Пелагонија), мелничката индустрија,
пекарската, маслената, конзервната, индустрија за производство на млеко и млечни
производи, индустрија за месни производи, за алкохол и безалкохолни пијалоци( вино, ракија,
сокови сирупи) и пиварска индустрија (која користи јачмен и хмељ за производство на пиво,
оваа индустрија ја има во Прилеп, Скопје и Битола таму била првата фабрика за пиво).

- Лесна хемиска индустрија – произведува лекови, козметика, сапун, бои, детергенти и др.

You might also like