You are on page 1of 13

Епидемиолошки карактеристики на заразните болести

Услови за појава на заразни болести

Др. М. Пановска
 Во епидемиологијата поради полесно разбирање на процесот на ширење на
болеста се одредени неколку графички модели меѓу кои посебно се
истакнуваат

- Гордонов тријас (Гордонов триаголник)

- Вограликов ланец ( ланец на инфекција)


Гордонов тријас
 Моделот на Гордонов тријас се заснова на објаснувањето дека во настанувањето на инфекцијата
подеднакво учествуваат

I. агенсот
II. домакинот
III. средината
I. Агенсот (причинителот) може да биде
- физички (висока, ниска температура,вибрации, воздушен притисок)
- хемиски (органски, неоргански,егзогени, ендогени)
- биолошки (бактерии, вируси, паразити, габи)
- нутритивни( од хранливите материи)

II. Домакинот ( човекот)


- овде од големо значење е одпорноста( имунитетот) кој го има човекот

III. Средината
- работна
- животна
- училишна
 Овие три елементи се прикажуваат како три страни на рамнокрак триаголник со што се нагласува
подеднаквата важност на секои од овие три заеднички епидемиолочки елементи
Вограликов ланец на инфекции
За да се појави заразна болест потребно е постоење на повеќе фактори, кои се во меѓусебна
зависност
При недосток на било кои фактор нема да дојде до инфекција

1.Извор на
зараза

5.Диспозиција 2.Патишта на
(склоност) на пренесување и
организмот да ширење на
настане заболување инфекцијата

4.Масивнос(количин
а) и вируленција на
3.Влезна
микроорганизмите врата

*Според рускиот епидемиолог Вогралик кој шематски ги прикажал факторите како верига составена од 5
алки
1. Извор на заразна болест
- човекот или животните ( заболени или клицоносители)
- природата ( и земјиштето) во кое може да има спори на антракс или тетенус

2.Патишта на ширење на инфекцијата


- во зависност од влезно - излезната врата се разликуваат четири механизми за пренесување на
инфекцијата

- фекално – орален
- воздушно – капков
- трансмисивен
- контактен
 Овие механизми на пренесување се остваруваат преку шест патишта

2/ 1.Контакт (допир)
- директен пат, пример венерични болести
- индиректен,преку предмети кои ги употребувал болниот, постелнина, прибор за јадење,
играчки
2/ 2. Алиментарен- контаминирана храна
( најчесто причина за цревно заразни заболувања, алиментарни интоксикации)

2/ 3. Воздушно капков
(преку Флигеови капки најчсто се пренесуваат вирусни и бактериски инфекции на
дишните патишта)
2/ 4 Трансмисивен – вектори, инсекти кои ја пренесуваат болеста
- пример комарецот од родот анофелес(маларија)
- вошките пренесуваа пегав тифус, фебрис рекуренс
- болви од стаорци ,чума(pestis)
- крлеж,лајшманиоза, енцефалитис,хеморагична треска
- домашни муви, пренесуваат причинители на цревни заразни заболувања

2/5 Артифициелен (неприроден)


- нестерилни игли, шприцеви(сида)
- катетри
- трансфузија на крв и крвни деривати пример хепатитис Б, сида, маларија
2/6 Хидричен пат, преку водата

- водата може да биде контаминирана со одпадни води,фекални маси кои содржат цревни
бактерии и вируси. Пример хепатитис А, дизентерија, колера, тифус, паратифус

- хидричните епидемии настануваат со загадување на водоводната мрежа, имаат


експлозивен карактер со голем број на заболени

- водата може да биде и биолошко оружје кога е загадена со биолошки или хемиски агенси
или со радиоактивни елкементи
3 Влезна врата
- дишни патишта
- дигестивен систем
- кожа, лигавица, најмногу за пренос на трансмисивни болести
4 Масивност и вируленција (се поврзани со патогеното дејство на микроорганизмите)
- способноста на навлегување и размножување во организмот
- инфективната доза(внесеното количество на микроорганизми)
*инфекција- способност на инфективниот агенс да ги предизвика симптомите на болеста во
осетлив организам
*патогеност- вродена физиолошка особина на еден вид агенс или групација на
микроорганизми да предизвика заболување
Патогеноста е постојана
*вируленција – степенот на патогеност
Вируленцијата е променлива особина
*контагинозност – особина на биолошкиот агенс да се пренесе и да предизвика заболување
5 Диспозиција
- состојба кога човекот нема отпорност кон некои патогени бактерии а е изложен (експозиција) на
инфекцијата
- диспозицијата(склоноста) и експозицијата (изложеноста) зависат од:
- видот на болеста
- психофизичката состојба
- возраста, полот
- климатските, географските услови
- опшествено економските услови

Диспозицијата кај поедини болести се мери и проценува со* индекс на контагинозност


*бројот на заболени спрема бројот на експонирани
*овај индекс кај некои болести е многу висок 90- 95% пр. варичела, морбила,вариола вера,грип и т.н а

кај дифтерија е 20 % , кај полиомиелитис 0.5 – 1 %

You might also like