You are on page 1of 38

ЕПИДЕМИСКИ ПРОЦЕС

ЕПИДЕМИСКИ ПРОЦЕС

➢ ЕПИДЕМИСКИ ПРОЦЕС (ЕП) се дефинира


како механизам на одржување на заразните
болести кај населението, при што
интензитетот во појавувањето на овие
болести се менува во текот на времето.
➢ Основно во одвивањето на (ЕП) е неговото
непрекинување.
ЕПИДЕМИСКИ ПРОЦЕС
❑За ЕП неопходни се три услови
истовремено да започне и да се одржува:
1) извор на заразата
2) механизам и патишта на пренесување и
3) осетлива популација.
ЕПИДЕМИСКИ ПРОЦЕС
➢Треба да се прави разлика помеѓу ЕП и
инфективниот процес (ИП).
➢ЕП се одвива во популацијата и
претставува однос помеѓу паразитите,
популацијата и околината.
➢ИП се одвива во човекот како единка и
претставува однос меѓу паразитот и
човекот
ЕПИДЕМИСКИОТ ПРОЦЕС

➢ЕП збир од ИП
➢. . . Не е прост збир на ИП,
бидејќи тука доаѓа до нов
квалитет на односи кај што се
вклучени многу фактори.
ФОРМИ НА ЕПИДЕМИСКИОТ ПРОЦЕС
❑ ЕП е различен од епидемиската
појава (непрекинување!).
❑ Во зависност од интензитетот на
ЕП се разликуваат четири негови форми:
➢ спорадично појавување,
➢ ендемично појавување,
➢ епидемиско појавување и
➢ пандемично појавување.
❑ Спорадично (поединечно) појав.

➢Болните не се групирани (се појавуваат


поединечно, и без временска и просторна
поврзаност).
➢Нема поврзаност на заболените во едно
населено место или некој колектив.
➢Обично е бројот на заболените да е мал, но
ова е релативен показател.
Ендемичност
❑На одредена територија појавата на одредено
заболување е вообичаена, а болеста се појавува
многу често и редовно во однос на другите
територии. (Битола за цревниот тифус и паратифусот,
Бруцелозата е ендемска за Ј.И Македонија, гушавоста во
И. Макед).
❑Причини:
➢ хигиенско-комунални прилики,
➢ погодни резервоари,
➢ климатски фактори и сл.
➢ Повремено може да дојде и до Е. ширење
Епидемиско појавување
➢Бојот на заболени е поголем од
вообичаеното појавување.
➢Бројот на заболени е поголем од оној број
кој се очекува во одреден период на
одредена територија или во одреден
колектив.
➢Не е битен само бројот, туку и соодносот
(поврзаноста) на појавените случаи со
сл.кои порано редовно се појавувале.
Епидемиско појавување
➢Кај ЗБ... и два случаи на некое заболување
(карантинско) кое кај нас не се појавува,
може да значи епидемија!.
➢Услов е барем едниот од нив да е аутохтон
(заразувањето да настанало на таа
територија).
➢Во овој случај, вообичаениот број на
заболени е нула, бидејќи оваа болест не се
појавувала.
Епидемиско појавување
➢„индексен случај” и „епидемиско огниште”.
(Во објаснувањето на Е. Појави).
➢Индексен случај (index case), е првиот случај
од кој почнува да се шири болеста.
➢Може да биде:
▪ манифестен - ... да се пронајде !?
▪ атипичен, инапарентен или клицоносител,
не секогаш ќе се пронајде.
Епидемиско огниште

➢Епидемиско огниште - услови:


➢најмалку два меѓусебно поврзани
случаи на некое заболување,
➢ предизвикано со ист инфективен
агенс,
➢заедно со околината, во која може да
дојде до нови инфекции.
Пандемија
➢Пандемијата е најинтенз. форма ЕП.
➢ Ги има сите особености на Е јавување, при
што се зафатени поголеми територии,
повеќе држави или два или повеќе
континенти.
➢Чести се пандемите на грип.
➢Во минатото познати се пандемите на
чумата и колерата и др.особено опасни ЗБ.
ПЕРИОДИЧНОСТ КАЈ ЕП
Кај одреден број заболувања, во одредени
периоди, постојат осцилации во височ.на Мб.:
➢ сезонски осцилации – во тек на една год (Т°С,
+,-,вектори, активности, санитација);
➢ циклични осцилации - во подолг временски
период (опаѓањето на колект.имунитет,
пр.морбили - на 3 г., но и др. фактори,
промената на вируленцијата)
➢ секуларни осцилации - децении или векови.
ЕПИДЕМИОЛОШКИ МОДЕЛИ
ЕПИДЕМИОЛОШКИ МОДЕЛИ

➢Еколошки (Гордонов) тријас,


➢Вограликов синџир,
➢Моделот на тркало и
➢моделот на мрежа.
(поаѓаат од фактот на мултикауз. значајни за
превенирање на болестите и за оцен. и прогноза на
Е. состојба.)
ЕКОЛОШКИ ТРИЈАС

❑ Домаќин
❑Средина ▪ возраст,
▪физичка, пол,
▪социјална, ▪ генетика
▪биолошка,
▪извори на храна
❑ Агенс
(ризик-фактори)
▪биолошки,
▪физички,
▪хемиски,
▪нутритивни
НАСТАНУВАЊЕ НА БОЛЕСТА
❑Во класичниот еколошкиот тријас
(епидемиолошки триаголник) со
интеракција меѓу домакинот, агенсот и
средината може да настане состојба на
нарушено здравје или болест.
➢Агенсот е организам или директна
причина на болеста.
НАСТАНУВАЊЕ НА БОЛЕСТА

➢Домакинот може да биде отпорен или


подложен на изложеноста на ризик да
заболи од одредена болест.
➢Средината овозможува:
▪ размножување на агенсот,
▪ одржување на неговата патогеност,
▪ како и пренесување (вектори и др.)
и контакт со домакинот.
А Г ЕН С
➢ биолошки (БАг), кај ЗБ (протозои,
бактерии, вируси, габи, рикеции и т.н)
➢ физички, (високите и ниските
температури, радијацијата
јонизирачкото зрачење, сончевата
светлина, механичка сила)
➢ хемиски, пестициди, издувните гасови
од автомобилите, чадот, СО, ЅО2,
нитрозни гасови, киселини, бази итн.
ОСОБИНИ НА БИОЛОШКИОТ АГЕНС
➢Патогеноста (вродена);
➢Вируленцијата (се стекнува и се
менува)
➢контагиозноста (инфективноста)
способност на БАг да се пренесе од еден
организам на друг
➢инфективната доза - Минималниот број
на микроорганизми кој е доволен да
предизвика заболување во организмот
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДОМАЌИНОТ

➢За да дојде до заболување човекот треба да


биде експониран (изложен) на одредени
агенси.
➢Експозицијата е основен предуслов за
делување на агенсите.
➢Дали ќе дојде до заболување или не зависи од
приемливоста или осетливоста (диспозицијата),
односно отпорноста на организмот.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДОМАЌИНОТ
➢ Степенот на осетливоста спрема одделни
заразни болести е наречен како индекс на
контагиозност.
➢... процент на заболени осетливи луѓе кои
биле експонирани спрема одредена заразна
болест.
➢Кај болестите со апсолутна осетливост, овој
индекс изнесува 95 до 100%. (морбили,
големи сипаници)
ФАКТОРИ НА ДОМАЌИНОТ

➢ ИМУНИТЕТ
➢ВОЗРАСТ
➢ПОЛ
➢ ПРОФЕСИЈА
➢ БРАЧНА СОСТОЈБА
➢ НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ
➢ И МН. ДРУГИ
ИМУНИТЕТ
➢ Имунитетот (И) претставува широк поим
кој се изучува во повеќе гранки на
медицината.
➢ Најголемо значење за Е на ЗБ има
стекнатиот специфичен имунитет кој
настанува со присуство на Б-Аг, нивни
токсини или генетски делови, во
организмот на човекот.
ИМУНИТЕТ

АКТИВЕН
➢ ПРИРОДЕН
ПАСИВЕН

(тивка имунизација - прокуженост).

АКТИВЕН
➢ ВЕШТАЧКИ
ПАСИВЕН
КАРАКТЕРИСТИКИ НА
СРЕДИНАТА

➢ биолошка
➢ физичка,
➢социјално-економска.
❑Биолошката средина ја чини живиот свет
околу човекот (растителен и животински).
Од неа доаѓаат бројни ризици како
непосредни можни предизвикувачи на
болест: протозои, бактерии, вируси, габи,
рикеции и т.н.
➢Промените во биолошката средина што
човекот ги предизвикува со својата активност
условуваат нови ризици за нарушување на
неговото здравје.
БИОЛОШКА СРЕДИНА

➢извор на храна, - делува врз здравјето на


луѓето и во квалитативна и во квантитативна
смисла.
➢ вектори, кои пренесуваат одредени болести
(трансмисиони болести).
ФИЗИЧКАТА СРЕДИНА
➢Физичката средина ја чини:
▪ се она неживо околу човекот: земја, вода,
воздух, сончева енергија, ветрови,
радијација и сл.,
▪ создадена од човекот, како што се нови
материи, објекти, машини, патишта и сл.
➢Со својата активност човекот ја нарушува
и загадува надворешната средина што
ствара дополнителни ризици за
нарушување на неговото здравје (како
загадено тло, вода и воздух).
➢Посебно значајни аспекти и фактори
на физичката средина се:
▪ водоснабдување и диспозиција на
отпадните материи
▪ становање и урбанизација
▪ индустријализација и загадување во
работната и пошироката средина
▪ загадување на воздухот и др.
ФИЗИЧКА СРЕДИНА

➢земјиште (геолошки фактор),


➢ климатско-метеоролошки услови,
➢географски фактори и сл.
❑Социјалната средина е својствена
само за човекот, а ја чини самиот човек,
човечките заедници.
➢Во социјалната средина, преку
процесот на социјалната еволуција,
човекот од природно битие (зависно од
природата), преминува во општествено
битие,
➢гради свои социјални закони кои го
одредуваат неговиот натамошен развој
и однесување.
➢Посебно значајни фактори од
социјалната средина за здравјето
се:

▪ економскиот стандард,
▪ културата и образованието,
▪ стилот на животот,
▪ работниот статус,
▪ психосоцијалниот стрес,
▪ националната и расна дискриминација,
▪ војните и наоружувањето.

You might also like