You are on page 1of 6

УНИВЕРЗИТЕТ Св.

”КИРИЛ И МЕТОДИЈ”-Скопје

ФИЛОЗФСКИ ФАКУЛТЕТ-Скопје

Институт за безбедност,одбрана и мир

Предмет:Полемологија
ТЕМА:

Биотероризам закана врз човештвото – реалност и предизвици

Ментор: Изработил:

Проф-др.Митко Котовчевски Христијан Поповски

Бр.на индекс 25430/20

Декември 2020
Полека навлегуваме во третата декада на 21-от век,време во кое светот бележи
брз развој на природните и технички науки кои од една страна го подобрија и
олеснија животот а од друга страна донеасоа можност за создавање на многу
деструктивното оружје. Биотероризмот своите корени ги влече уште од дамнешни
времиња а неговата улога и ден денеска е иста само што неговата примена е
посифистицирана.Токму во ова столетие биотероризмот се смета за најголема
потенцијална опасност за масовно убивање.Живееме во време во кое се соочуваме
со се поголеми предизвици за безбедноста на човекот во животната средина па во
контекст на ова се поставува и прашањето.Што е тоа биотероризам,со што се
одликува и која е целта на биотероризмот?

Биотероризам во најопшта смисла на зборот претставува намерна употреба на


микроорганизми против луѓето, растенијата или животните,но кога станува збор за
терористички акт фокусот секогаш е насочен кон луѓето,со крајна цел предизвикување
на масовно убиство на населението кое што живее на одредена географска
локација.Вирусите кои се употребуваат се или веќе постоечките или генетски
модифицирани во лабаратории се со цел да бидат поотпорни на анитбиотици како и
за да дојде до зголемување на нивната преносливост и смртоносност.Тие најчесто се
пренесуваат преку капки низ воздухот,или преку храната и водата и имаат
потенцијална опасност дури и поголема од употребата на традиционалните
конвенционални оружја а тоа се должи пред се поради нивната невидливост и мала
веројатност за навремено откривање и спречување.Биотероризмот претсавува нов
модел за масовно убивање кој што е многу пософистициран и поефикасен.Можноста
за неговата примена во воените конфликти поради постоечките конвенции за
војување е смалено но често се случуваат биолошки и хемиски напади.Стравувањата
одат и до таму одредени биолошки агенси да дојдат во рацете на терористите,така
што заклучокот на ова е дека ниедна земја во светот не е сигурна од појавата на
тероризмот.Како што веќе претходно спомнав биолошкото оружје е пософистицирано
заради тоа што неговото производство е многу поефтино во споредба со нуклеарно
оружје, можноста за откривање и спречување на сторителот е сведена на
минимум,секако инкубацијата во телото на заразените се одвива од неколку часа па
до неколку дена така што сторителот навреме може да си избега.Понекогаш
терористите користат една тактика на лажен биолошки напад а целта на тоа е
создавање на масовна паника кај населението. Биотероризмот не е нешто ново или
нешто што би можеле целосно да го спречиме но најпрво треба да се работи на
соодветна едукација на населението за опасностите од можен биотерористички
напад,секако треба да се воспостави и систем кој ќе биде задолжен за брза
идетификација за да се спречи понатамошно пренесување на болеста,потребно е да
се развие силен систем на имунизација на населението но за сето ова потребни се
средства за зајакнување на здравствениот систем. Многу тешко е да се открие
локацијата каде што се испуштени биолошките агенси така што првите знаци за да се
утврди еден биолошки напад е големиот број на заболени лица со исти симптоми
како и смртни случаеви кои доаѓаат од една географска локација, обично првичната
терапија која се употребува не делува кај пациентите затоа што во моментот за таков
вид на заболување нема соодветен лек.По успешното изведување на биолошки напад
обично терористите ја преземаат одговорноста, за да издејсвуваат нешто во сопствена
полза предизвикувајќи дестабилизација на нападната држава,понатаму колапс на
нејзиниот економско-социјален систем,како и постигнување на еден психолошки
момент во кој секој граѓанин се чувствува загрозен за својата безбедност.Во државите
од светот можеме да констатираме дека сеуште не постојат специјализирани
институции и тимови способни да се справат во случај на биотероризам. Во 1972
година во Лондон е потпишана Конвенција за забрана на развој производство и
складирање биолошко и токсично оружје која има значење на меѓународно ниво.Тие
кои што ја потпишале оваа конвенција се согласиле ООН да ги поседува сите податоци
за досегашните истражувања од областа на биолошкото оружје.Конвенцијата досега е
ратификувана од 163 земји а таа стапила на сила 3 години подоцна1.Со конвенцијата
за биолошко и токсично оружје забрането е истражување и производство на таква
врста на оружје но тогашниот СССР и покрај потпишувањето на оваа конвенција
продолжил со натамошно развивање и производство на различните биолошки агенси
што подоцна се открило. Овие агенси и ден денес се произведуваат во лабараториите
на развиените земји во западна Европа,Сад,Русија и Кина.Терористите можат на
различни начини да го употребат биолошкото оружје,предноста на биотероризмот е

1
“Convention on the Prohibition of the Development, Production and Stockpiling of
Bacteriological (Biological) and Toxin Weapons and on Their Destruction”,
што жрвите не знаат дека се заразени,во периодот на инкубација ги заразуваат и
другите а немаат никакви симптоми.Специјализираните тимови за такви опреми би
требало на имаат и соодветна опрема за работа како што
се:скафандери,маски,модерни респиратори,заштитно одело,ракавици и чизми.
Постојат околу 1200 биолошки агенси од кои само одредени можат да се користат
како биолошко оружје.Американскиот центар за контрола на болестите ги има
класифицирано микроорганизмите во кои спаѓаат бактериите вирусите и токсините
кои можат да се користат при евентуален напад во три категории и тоа:Категорија А
во која агенсите се лесно преносливи од човек на човек,предизвикуваат висок степен
на смртност а во оваа категорија спаѓаат вирусот на големи
сипаници,антракс,куга,ботулизам и други.Категорија Б во која агенсите се помалку
преносливи од човек на човек,предизвикуваат нешто помал степен на смртност и ги
вклучува грозница,бруцелоза, вирус на коњски енцефалитис,салмонела,дизентерија
кои се пренесуваат и низ водата и храната.Во последната Ц категорија спаѓаат веќе
постечките биолошки агенси кои се лесно достапни,лесно можат да се произведат
како и да се пренесат.Тука спаѓаат нипах вирусот,ханта вирус,жолта грозница и
слично. Години наназад епидемиолозите вршеле испитувања на агенсите кои
предизвикувале заразни болести кај луѓето и животните.И покрај тоа што индициите
вклучуваат морбидитет и поголема стапка на смртност сепак не е доволно да се
заклучи дека станува збор за биотероризам.,,Новите лабараториски процедури како и
напредокот во природните науки несоодветниот систем зауништувњае агенси како и
безбедносното отстранување на отпадот овозможуваат влез на овие агенси на црниот
пазар,затоа биолошкото оружје во последните 15 години претставува закана за
глобалната и национална безбедност а во литературата најчесто се наведуваат 4
околности кои влијаеле на тоа2”-Првата околност се однесува на тоа дека
американската администрација во 1990 година објавила дека ширењето на
офанзивната програма на биолошкото оружје е со растечки тренд меѓу државните и
недржавните субјекти,втората околност е откритието дека СССР ја прекршил
конвенцијата со тоа што започнал тајна програма за развој и производство на
биолошки агенси,третата околност била потврдата на специјалната комисија на ООН

2
Donna E. Shalala, “Bioterrorism: How Prepared Are We?”, Emerging Infectious Diseases
Journal, Vol. 5, No. 4, July–August 1999, p. 142
во 1995 година,дека Ирак уште од 1974 година водел тајна програма и дека имал
произведено голема количина на биолошко оружје. Четвртата околност било
открититето дека приврзаниците на јапонскиот култ аум Схинрико извршиле
биотерористички напад во подземна железница во Токио. Како најчести места каде се
изведуваат биотерористички напади се издвојуваат подземните железнички
станици,затворените спортски сали кои што имаат вентилација и со помош
поголемото струење на воздухот,како и во трговските центри.Работата на таквите
лабаратории треба да биде транспарентна и достапна на контрола од јавноста за да се
спречат одредени злоупотреби,секако треба да постојат и правни норми кои ќе
санкционираат злоупотреби на биолошките агенси а основ за тоа е конвенцијата од
1975 година.Човекот во текот на историјата не бирал средства и методи при
војувањето,па врз основа на ова можеме да заклучиме дека биотероризмот своите
корени ги влече уште од средниот век. Имено во 1346 година монголите меѓу своите
редови имале голем број на заразени од болеста Куга.Не им требало долго време да
сфатат дека и лешевите на мртвите можат да бидат извор на пренесување на
заразата.Тие ги катапултирале мртвите тела преку ѕидините така што целиот град
Кафа се заразил со вирусот Куга.Ова бил зачеток на застрашувачката болест во Европа
во литературата позната како ,,чума”,ширењето на болеста не бил единствениот ефект
на оваа тактика имено псхихолошкиот ефект кој го имала болеста на луѓето бил
демоларизирачки и застрашувачки што дефинитивно било постигнато.

Многу од земјите во светот имаат потпишано меѓународни конвенции со кои


се обврзани да не истражуваат или развиваат биолошко оружје, но сепак не постојат
гаранции дека тие реално се придржуваат кон тоа,од друга страна биотероризмот
представува идеален начин за тајно биолошко војување од причина што не може со
сигурност да се осуди ниедна држава. Биотерористичкиот напад ќе наметне особено
големи предизвици за јавното здравство па се поставува прашањето колку е тоа
спремно да одговори на предизвикот,но сепак во голема мера тоа зависи и од
самите нас.
Користена литература

1.https://core.ac.uk/download/pdf/197892201.pdf

2. https://scindeks-clanci.ceon.rs/data/pdf/1451-1053/2016/1451-10531601008R.pdf

You might also like