You are on page 1of 10

Микроорганизми

• Микроорганизми се живи организми кои се толку мали што можеме да ги видиме


само со микроскоп. Тие се присутни насекаде околу нас, вклучително и во воздухот и
на нашата кожа.
• Постојат повеќе видови микроорганизми:
- Бактерии (се наоѓаат насекаде и нивните клетки се многу помали од човечките
клетки)
.
-Микроскопски габи(мувли)
Повеќето габи се видливи со голо око бидејќи се изградени од повеќе
клетки(шампињони,лисичарки), но постојат и микроскопски габи со една клетка. Таква едноклеточна
микроскопска габа е квасецот.

- Едноклеточни алги и протози


Алгите се микроорганизми слични на растенијата. Некои од нив се едноклеточни и се
нарекуваат протози.
.

- Вируси
Вирусите се многу помали од бактериите и не се изградени од клетки, туку за да
преживеат, потребна им е клетка домаќин. Вирусите можат да ги заразат сите животни
форми, од животни и растенија до микроорганизми, вклучително и бактериите.
Луј Пастер

Луј Пастер бил француски хемичар и биолог, кој во првите истражувања дошол до заклучок
дека топлината ги уништува штетните бактерии и со тоа ја поставил основата на постапката за
стерилизација, што во негова чест била наречена „пастеризација“.
• Утврдил дека ферментацијата била биолошки процес и ги побил дотогашните теории за спонтаната
регенерација на микроорганизмите.
Пастеровото истражување на ферментацијата му овозможило да заклучи дека поголемиот дел од
проблемите на појава на зараза во прехранбената индустрија бил предизвикан од микробите.
Микробите се присутни во воздухот или во лошо измиените садови. Пастер тврдел дека
расипувањето на хранливите производи, како последица на бактериите, би можело да се спречи ако
се подобри хигиената и дека расипувањето на течностите би можело да се спречи со одржување на
температурата помеѓу 50 и 60 Целзиусови степени неколку минути. Оваа метода првпат била
применета на виното за да се спречи неправилната ферментација. Главните микроби биле убиени без
да се предизвика голема промена на вкусот или аромата.
Пастеризацијата е револуција во прехранбената индустрија. Во денешно време, оваа техника повеќе
не се користи за вино, но сѐ уште е соодветна за бројни производи како што е млекото или овошниот
сок. Меѓутоа, можат да се користат и други методи, како што е стерилизација на многу повисока
температура.
Пастер ја открил и вакцината против беснило.
Микроорганизмите и храната

Микроорганизмите можат да се употребуваат во исхраната бидејќи тие


можат да се хранат со истите материи што ги јадат луѓето. Па така
микроорганизмите моќе да се употребуваат за производство на млечни
продукти (сирење, јогурт, кисело млеко), леб, вино, оцет.
-Бактеријата Лактобацилус се храни со шеќерот од млекото и
истиот го претвора во слаба киселина наречена млечна киселина.
Всушност таа го скиселува млекото, па така се добива кисело млеко,
јогурт, сирење.
- Квасецот се користи за производство на леб и печива. Тој се
храни со состојките од брашното и бидејќи кога дише ослободува
јаглерод диоксид тестото нараснува.
- Габите го претвораат шеќерот во алкохол во процес на
ферментација. Така се добиваат виното и оцетот.
Пастеризација и чување на храната

Некои производи имаат подолг рок на траење и остануваат свежи и неколку


недели по нивното производство, со помош на пастеризација.
Наједноставна дефиниција за пастеризацијата е дека се работи за процес каде
со подложување на константна температура на одредено време се уништуваат
штетните бактерии кај храната и пијалаците, кои придонесуваат за нивно побрзо
расипување.
Прв производ кој бил подложен на пастеризација е виното, кое било
пастеризирано од страна на Луј Пастер, изумителот на овој процес по кој е и
именуван. Откако увидел дека со изложување на определена температура, виното
повеќе не предизвикува стомачни тегоби кај луѓето, дошол до заклучок дека така ги
уништил штетните бактерии кои влијаат лошо на виното, но и на неговите
конзументи.
Потоа, пастеризацијата започнала да се применува и кај други производи,
како млекото, пивото, конзервираната храна, млечните производи, но и кај лебот.
Процесот на пастеризација на лебот по самите својства не се разликува од
првобитниот процес на Луј Пастер и затоа е сосема здрав.
Микроорганизмите и болестите

Повеќето микроорганизми се корисни за нас луѓето, но има и такви кои доведуваат


до разни болести и заболувања, бидејќи кога ќе навлезат во телото се размножуваат и
произведуваат штетни супстанци наречени токсини.
Болестите предизвикани од микроорганизми се заразни болести и истите може да се
пренесуваат од еден човек на друг, а некои дури се пренесуваат и од животните на луѓето.
Штетните бактерии се нарекуваат патогени бактерии и тие се причинители на многу
болести како што се: сифилис, тетанус, дифтерија, колера, туберкулоза, маларија и др.
Доколку не се лечат, овие болести се смртоносни.
Болестите предизвикани од бактерии се лекуваат со антибиотици.
Грипот пак е болест предизвикана од вирус. Вирусите се бесклеточна форма на жива
материја. Тие не покажуваат карактеристики на живи организми се додека не навлезат во
жива клетка. Таму ја принудуваат клетката да го копира вирусот со што се размножува и
инфицира други клетки.
Денес сме сведоци дека некои вируси може да имаат разорно, па дури и смртоносно
дејство врз човековиот организам.
Микроорганизмите и медицината

Микроорганизмите масовно се користат во медицината. Имено, многу од


нив се употребуваат за да се создадат и произведат лекови (антибиотици,
пробиотици) за разни болести и заболувања.
Исто така се употребуваат и за производство на вакцини. А како делуваат
вакцините? Кога навлегуваат бактерии во нашето тело, тоа се бори и создава
антитела. Телото памти и моќе да се бори против бактерии од кои било претходно
нападнато.
Вакцините содржат мртви или ослабени бактерии или вируси, кои кога ќе се
внесат во телото го предизвикуваат да создаде антитела со кои ние се
заштитуваме. Па така се спречуваат некои болести и пред да се појават како на
пример: сипаници, туберкулоза, маларија, детска парализа, грип, а еве сега и
новонастанатиот вирус Ковид.
Микроорганизмите и животната средина

Микроорганизмите се многу значајни како разградувачи на изумрените


организми. Тие ги разградуваат мртвите растенија и животни и ја претвораат
органската материја во неорганска (минерални материи) кој ќе биде повторно
употребена од растенијата.
Некои бактерии можат да го фиксираат азотот од воздухот и да ја
збогатат почвата со азот кој им е потребен на растенијата.

You might also like