You are on page 1of 11

Дезинфекција и стерилизација

Содржина

Вовед

1. Дезинфекција................................................................................................................4

1.1 Видови на дезинфекција ..............................................................................5

1.1.1 Превентивната дезинфекција…...................................................5

1.1.2 Тековната дезинфекција ...............................................................6

1.1.3 Завршната дезинфекција ..............................................................6

2. Стерилизација..............................................................................................................7

2.1 Видови стерилизација...................................................................................8

2.1.1 Стерилизација со сува топлина .................................................8

2.1.2 Стерилизација со влажна топлина .............................................8

2.1.3 Стерилизација со ултра виолетови зраци .................................8

Зклучок........................................................................................................................................10

Користена литература...............................................................................................................11

2
Вовед

Многу инфективни агенси се присутни во здравствените установи и пациентите


може да се инфицираат за време на примање а стоматолошките работници за време на
давање на стоматолошките услуги,но и другите луѓе кои работат во самата здравствена
установа како и оние кои доаѓаат во интеракција со болните.Постапувајќи по научно
втемелените мерки на контрола на инфекциите значително може да намалат инфекциите и
ризикот од нив.

Податоците од литературата, укажуваат на фактот дека одреден број на вирусни


инфекции, како резултат на недоволно познавање на карактеристиките на вирусите, лесно
се пренесуваат во стоматолошки ординации. Тука пред се мисли на вирусот на ХИВ и
вирусите од групата хепатити. Лицата инфицирани од наведените групи вируси, не се
разликуваат од здравите лица, па затоа е неопходно да се познаваат и спроведуваат сите
мерки на превенција во секојдневната пракса. Липопротеинската обвивка и едноланчената
РНА се елементи кои вирусот на ХИВ го прават чувствителен на хемиски и физички
агенси. Овој вирус е особено чувствителен на органски растворувачи како што се: -
алкохол, ацетон, детерѓенти, киселини и бази. Во услови на ниски pH вредности (над 10),
овој вирус се инактивира за 10 минути. Вирусот е отпорен на вообичаените дози на
зрачење (рентген, УВ и гама зрачење) па овие методи не се препрачуваат за нивно
инактивирање. Температура од 56-60 целзиусови степени го инактивира за 30-60 минути.
Во подлога на ткивна култура слободен вирус преживува и до 15 дена додека вирус во
клетка во сува состојба на 30 степени целзиусови, се инактивира за еден ден. Наизменично
смрзнување и одмрзнување, исто така доведува до инактивирање на вирусот.

Модерната стоматологија не се потпира единствено и исклучиво на стоматологот,


туку и на таква организациска форма која ја нарекуваме работа во група или работа во
тим, тим кој го сочинуваат стоматологот и стоматолошката сестра. Сите членови на тимот
по природа на работата, постојано се изложени на болести од кои голем дел се сериозни
па дури и кобни. Денешна стоматолошка доктрина бара да на секој пациент кој седнува на
стоматолошка столица, се гледа како на потенцијален извор на инфекција.

3
Тоа значи дека сите членови на тимот, мора да ги спроведуваат сите хигиенско-
превентивни мерки како би се заштитиле пред се себе, а и своите пациенти, односно треба
да се примени т.н.„оптимално разумен пристап“ кој е практичен до таа точка кога ризикот
од инфекција е сведен на занемарлив минимум. Заштитата на стоматолозите, персоналот
во стоматолошките ординации, а и на пациентите се постигнува со општи и специфични
мерки. Општи мерки на заштита бараат спроведување на дезинфекција и стерилизација,
како и примена на потрошен материјал за еднократна употреба во текот на клиничкиот
преглед или дијагностичко-тераписката постапка. Специфичните мерки ги надополнуваат,
а не ги исклучуваат општите мерки.

1. Дезинфекција

Првите податоци за дезинфекцијата потекнуваат уште од старите Еѓипќани.


Меѓутоа, стручното значење се добило дури со откривањето на бацилот од Пастер во 1861
година. Практичната примена започнува 1867 година, со задолжителната примена на
антисепсата за време на операциите кои ги изведувал Листер. Дезинфекцијата претставува
важна хигиенско – санитарна мерка со која причинителите на заразни болести кај
животните и луѓето се доведуваат во неинфективна состојба.

Оваа мерка се врши на живо ткиво, на секрети и екскрети кои се излачуваат од


болните животни во надворешната средина контаминирајќи ја околината, површините и
деловите од објектите и опремата, кои претставуваат посреден (секундарен) извор на
инфекција. Микроорганизмите надвор од болните животни не се уништуваат веднаш, туку
зависно од нивниот вид и условите на околината, остануваат да бидат витални и способни
за инфекција уште извесно време. Токму во тој период потребно е да се спроведе
дезинфекцијата како мерка, која сепак претставува релативно отстранување на
микроорганизмите. Со дезинфекцијата се уништуваат микроорганизмите врз кои
средството за дезинфекција зависно од неговата концентрација, времето на експозиција и
условите на средината исполуваат убиствен ефект. Меѓутоа, дезинфекцијата не треба да се
поистоветува со стерилизацијата.

4
Стерилизацијата, за разлика од дезинфекцијата, претставува апсолутно
уништување на сите форми на микроорганизми, вклучително и спорите. Уништувањето на
прионите (како оној што ја предизвикува болеста „луди крави“) се уште е дискутабилно.

Дезинфекцијата не е значајна само во спречувањето на појавата и ширењето на


заразните болести кај животните, туку таа е задолжителна мерка во општите санитарни
програми на прехранбената индустрија. Покрај дезинфекцијата, успешната борба против
причинителите на заразни болести зависи и од употребата на низа други мерки, како на
пример зоохигиенски, имунопрофилактични и рестриктивни (карантински).

1.1 Видови на дезинфекција

Во зависност од видот на микроорганизмите, времето и условите на изведување


дезинфекцијата може да биде превентивна (профилактична), тековна и завршна.

1.1.1 Превентивната дезинфекција претставува постапка за уништување на


микроорганизмите кои може да ги има на површините надвор и во објектите, на опремата
и воздухот, а кои во одредени поволни услови за тоа, може да предизвикаат болести кај
животните и луѓето или да предизвикаат расипување на храната. овој вид на дезинфекција
претставува составен дел од менаџирањето на фармите и погоните во прехранбената
индустрија. Така, на пример, оваа мерка задолжително се спроведува по завршувањето на
секој производен ден во преработувачките погони на прехранбената индустрија. Изборот
на средство за дезинфекција треба да се врши врз основа на спецификите кои ги има
производниот процес, бидејќи секој преработувачки погон има своја „микробиологија“.
На тој начин, насочувајќи се кон правилен избор на средствата за дезинфекција ќе се
постигне и најдобар ефект. Меѓутоа, потребно е да се имаат во предвид некои моменти.
Така, долготрајната употреба на едно исто средство за дезинфекција и во несоодветна
концентрација, може да доведе до појава на резистенција на микроорганизмите спрема тоа
средство, па дезинфекцијата да има слаб или никаков ефект. Затоа, потребно е после
извесен период да се промени средството за дезинфекцција. При подготовката на
концентрацијата на растворот за дезинфекција, треба да се почитуваат препораките на
производителот, затоа што на пример зголемувањето на концентрацијата не значи дека ќе

5
има и подобар ефект. На пример, вообичаено средство за дезинфекција при појава на
вирусни болести е раствор на NaOH, кој најдобар ефект има при концентрација 2 – 3%.
Меѓутоа, 5%-тотен раствор на NaOH не го уништува, туку го конзервира вирусот на
лигавка и шап. Друга работа за која треба да се води сметка е можното нагризувачко
дејство на средството за дезинфекција (киселини, бази). Употребата на такви средства во
месната и млечната индустрија, може да доведе до корозија и оштетување на честопати
многу скапите метални делови и опрема и да се предизвикаат економски штети. Пример за
превентивна дезинфекција се дезинфекционите бариери за возила и луѓе на влезот во
фармите .

1.1.2 Тековната дезинфекција е претстaвува санитарна мерка која се користи за


време на појава на заразна болест. Таа е строго насочена дезинфекција, бидејќи во овој
случај точно се знае видот на изолираниот причинител и неговата осетливост спрема
средствата за дезинфекција. Се врши за цело време додека трае болеста, со зачестеност на
аппликација на дезинфициенсите која е пропишана со соодветни правилници. Особено
внимание како дополнителни мерки кои го подобруваат ефектот на дезинфекцијата се
навременото и правилно отстранување, собирање, складирање и чување на отпадните
материи, пред се од органско, животинско потекло, бидејќи тие речиси сигурно ги
содржат причинителите на болестите.

1.1.3 Завршната дезинфекција претставува дезинфекција која се спроведува по


престанувањето на заразната болест, и тоа после истекувањето на еден до два периоди на
инкубација за изолираниот причинител (времето е регулирано во правилниците), под
услов во тој период да нема појава на нов случај на заболување. И при оваа дезинфекција
треба доследно да се почитуваат препораките на производителот за концентрацијата на
растворот кој ќе се користи, бидејќи по спроведувањето на овој вид дезинфекција на
површините кои се третирани со избраниот дезинфициенс не треба да се наоѓа
причинителот против кого е спроведена мерката.

6
2. Стерилизација

Стерилизацијата претставува фармацевтско-технолошка операција со која се убиваат


или отстрануваат сите микроорганизми (габи, бактерии, вируси...) во еден фармацевтски
препарат, на еден предмет, медицинско помагало или во одредена средина, воздух.Таа е
задолжителна при изработката на:

 Инјекции, инфузии
 Препарати за очи
 Препарти за вдишување
 За третман на свежи рани
 Медицински помагала за имлантација
 Медицински помагала за апликација на стерилни препарати и други.

Додека, стерилноста е отсуството на живи микро-организми:

 не може да се гарантира со тестирање, тоа мора да биде обезбедено со примена на


соодветно валидирани процеси.
 избраните постапки за стерилизација на производот (вклучувајќи го и финалното
пакување или пакет) треба да обезбедат ефективност и интегритет на производот и
дека постапката е валидирана пред да се примени во пракса.
 изборот на пакувањето треба да е таков што овозможува примена на оптимална
стерилизација на производот.
 Неуспехот да се следи внимателно валидираниот процес вклучува ризик од
можности за појава на нестерилен или лош производ.
 Рестерилизацијата се врши кога се прават големи промени во постапката за
стерилизација, вклучувајќи ги и промените во количината на материјалот што се
стерилизира.

7
2.1 Видови стерилизација

2.1.1 Стерилизација со сува топлина - Се чистат со потопување на сличен начин


како и оние кои не се стерилизираат (на пр.1% Екосал) се мијат со вода, се сушат и
чистите и сувите инструменти, се стерилизираат на темпратура од 150-180 степени два
часа, додека ситните инструменти (челични борери и ендодонтски игли и лентули) на 120
степени-6 часа или 2 х 15 минути во УВ стерилизатор.

2.1.2 Стерилизација со влажна топлина (заситена водена пареа) Чистите


инструменти се излагаат на пареа под притисок од 1(еден) бар на температура од 120
степени, во период од 30 минути, или под притисок од 2(два) бара на 134 степени, 15
минути. Најголема предност на сувата стерилизација е некорозивност, и доколку се
применува правилно и контролирано, таа ги задоволува стерилизациските критериуми.
Недостатоците се огледаат во тоа што таа бара долго време, самата примена на висока
температура делува штетно со реметење на кристалната решетка на металите, со што
предметите стануваат покрти и нееластични, а газата пак пожолтува и го губи својството
на впивање. Треба да се напомене декаа при користење на овој тип стерилизација,
сестрата задолжително мора механички да ги исчисти инструментите, затоа што
органскиот материјал кој останува на инструментите по излагање на високата
температура, повеќе неможе да се отстрани. Поради тоа, каде и кога е можно, се
препорачува стерилизација со автоклавирање т.е. со пареа или влажна топлина. Главна
предност е нејзината едноставност,брзина и економичност, а основен недостаток е
неприменливоста кај материјали осетливи на влага и топлина.

2.1.3 Стерилизација со ултра виолетови зраци Чистите инструменти се полагаат


на решетка која лежи над огледало кое служи за рефлексија на зраците . Овој вид на
стерилизација претставува многу ефикасна и сигурна метода бидејќи микроорганизмите
(бактериите, вирусите , габите ) се многу осетливи на УВ -зраците посебно нивната
ДНА.Инструментите се изложуваат 2 *15 минути (по 15 минути секоја страна).Најголема
предност на овој тип на стерилизација е да со неа нема термичка обработка на
инструменти така да и нема оштетувања од висока температура. При сево ова потребно е

8
периодично да се врши контрола на стерилизацијата која може да е физичка (контрола на
температура, притисок и време) и биолошка ( контрола за сув стерилизатор со спори на
Bacillus Subtilis, а контрола на автоклав со спори на Bacillus Stearothermophilus).

Стерилизираните инструменти мора да се чуваат во метални касети, додека ситните


инструменти, во посебни за нив стаклени садови. За стерилно чување на инструменти
може да се користи 1% свеж раствор на Екосал на кој се додава и 5 г. натриев нитрит за
спречување на корозија.

9
Зклучок

Од досегашното излагање можеме да заклучиме дека со дезинфекцијата се


уништуваат микроорганизмите врз кои средството за дезинфекција зависно од неговата
концентрација, времето на експозиција и условите на средината исполуваат убиствен
ефект. Меѓутоа, дезинфекцијата не треба да се поистоветува со стерилизацијата.

Бидејќи стерилизација е постапка со која се уништуваат сите облици на


микроорганизми и нивни спори ,и потребна е стерилност на целиот материјал кој доага во
контакт со крв,крвни деривати и телесни течности а е наменет за повеќекратна употреба.
Поради тоа, процесот на репроцесирање е многу важен за намалување на ризиците од
несакани инфекции. Постапката при стерилизација, треба да се изведува стручно, совесно
и да се почитуваат сите стандарди за безбедна стерилизација.

10
Користена литература

1. Гиговска, Данка Основи на нега за II година : медицински сестри и


физиотерапевтски техничари / Данка Гиговска, Зденка Ристеска. - Скопје :
Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010
2. Стојановски Сашо, Практикум по основи на микробилошката лабораториска
техника, , Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, 2021
3. Трајчев и др. Дезинфекција, дезинсекција и дератизација, Министерство за
образование и наука на Република Северна Македонија, Скопје, 2020

11

You might also like