You are on page 1of 9

Проектна задача

Тема: Употреба на лични


заштитини средства
Вовед
Медицинскиот персонал на работното место е континуирано изложен
на можни повреди од кои совесно треба да се заштити. Бактериски и
вирусни инфекции се чести кај болните, па поради тоа медицинската
сестра и останатиот медицински персонал употребува заштитни
средства за лична заштита. Истите се користат на различен начин, на
различен дел од телото.
Униформа и медицински обувки

При доаѓање на работно место се сретнуваме со првата заштита на


медицинскиот персонал, а тоа е униформата и медицинските обувки.
Униформата и обувките се носат само на работното место, а нивното
оддржување (перење, пеглање) се врши во соодветна клиничка
перална. Потребата од истите е огромна бидејќи при работа со болните
може да дојде до контакт со крв, плунка или излачевина, тоа останува
на униформата, а не на алиштата кој ги носиме од дома.
Ракавици за еднократна употреба

Ракавиците за еднократна употреба се најчесто изработени од латекс


кои го штитат персоналот од секрети и екскрети од пациентите. Се
употребуваат само еднаш за една манипулација и потоа се отстрануваат
соодветно со колор-координираниот отпад. Секако да се напомене дека
раквиците во никој случај не не штитат од убод и механички повреди
па затоа мора внимателно да се работи. Некои видови на ракавици во
внатрешноста имаат талк кој често пати може да биде иритабилен за
кожата. Поради тоа по отстранувањето на ракавиците мора да се
измијат рацете, дезинфицираат и соодветно да се негуваат.
Маски за заштита на уста и лице

Медицинскиот персонал, во болничката установа, често се сретнува со


патогени микроорганизми од кои мора да знае вешто како да се
заштити. Дел од патогените микроорганизми се контагиозни и се
пренесуваат аерокапково, употребата на маските е клучна при заштита
за ширење на инфекцијата. Маските заедно со капи за еднократна
употреба редовно се користат во хируршката гранка при оперативни
зафати во сала, како би се зачувала абактериска средина.
Заштитни капи и калјачи

Како предходно споменатото заедно со маските, капите и калјачите


наоѓаат широка примена во хирургијата при оперативни зафати.
Капите исто така се употребуваат и при лична заштита од pediculosis
што представува инфестација на влакнестите делови на телото со
вошки, гниди и нивните јајца. Капите и калјачите се применуваат и
кога има пациенти кои се во посебна соба за изолација каде е важна
сопствената, но и заштитата на пациентот од останатите патогени
микроорганизми.
Заштитни наметки

Заштитните наметки се применуваат при хируршки зафати, но во


интерните гранки често наоѓаат примена заедно со останатите
напоменати средства, во собите за изолација кај високо ризичните
инфективни пациенти, како единствен начин за заштита на
персоналот кој досега го има кај нас. Наметки изработени од
подебел текситил наоѓаат примена и во онкологијата при работа со
цитотоксични лекови кои не смеат да допрат до кожата на
работникот поради висок ризик за повреда.
Заштитни очила

Има различни видови на очила за заштита: рентгенски заштитни


очила, ласерски заштитни очила, ултра-виолетови и инфра-црвени
заштитни очила и сл. Кај нас може да се применуваат и обични
пластични очила за заштита на мукозните мембрани на окото од
екскрети од болните.
Заклучок

You might also like