You are on page 1of 8

Поим и дефиниција за

хируршки методи за асепса


и антисепса
Јована Талевска III-4
Асепса и Антисепса
• Антисепса е таква постапка во хирургијата која има за цел да ја
сузбие инфекцијата и да ѓи униште патогените микроорганизми
во раните, инструментите, и просториите. Таа представува борба
против постоечката контаминација.
• Асепса е таков начин на работа во хирургијата каде што однапред
се спречува присуството на сите патогени и непатогени
микроорганизми и нивните спори. Со таа постапка се
оневозможува појавата на инфекција и заболување на раната и
се оневозможува присуство на микроорганизми на површината
на инструментите за работа, завојот и друго.
Дезинфекција, стерилизација и контрола
на стерилизацијата
• Дезинфекција е постапка при која се унижштуваат сите патогени
микроорганизми на телото и предметите. Дезинфекциските
средства се супстанци кои делуваат бактерицидно ги убиваат
микроорганизмите и со тоа оевозможуваат ширење на заразата.
• 70-75% алкохол, јодна тинктура, асепсол.
• Стерилизација е постапка при која се уништуваат сите патогени и
непатогени микроорганизми и нивните спори. Може да се
примени на инструментите, предметите, и материјалот кој се
употребува за време на хируршкиот зафат. Стерилизацијата не се
применува на живо ткиво.
Абцес (Abscessus)
Абцес е гнојно воспаление одвоено од здравото ткиво со гранулационо ткиво
може да се наоѓа на секое место на организмот и всушност представува ново
формирана ткивна шуплина исполнета со гној. Најчесто се локалозира на
меќите делови во организмот. Ако се наоѓ.на меките делови абцесот ги има
сите карактеристики на локално воспаление, оток, црвенило, топлина, болка и
нарушена функција.
Лекување
Лекувањето е искличително хируршки се врши инцизија и дренажа.
Paranitium
• Панарициум представува гнојно воспаление на прстите на рацете од воларната страна. Во
зависност од тоа кој структури на прстот се зфатени од инфекцијата разликуваме
кутани,субкутани и периферни панарициуми. Влезна врата на инфекцијата се микротрауми
на прстите најчесто кај мануелните работници шивачи,плетачи и други.
Клиничката слика постепено се развива со лесен абцес на прстите после кое се развива многу
тешка симптоматологија-силна болка која е постојана во вид на клукање со тенденција на
прогредирање. Поради таа болка пациентот неможе да спие па затоа имаме и омалаксаност и
нервоза.
Лекувањето мора да се врши од добар хирург и се состои од инцизија и дренажа и
мобилизација и високи дози на антибиотици и средства за смирување на болката.
Флегмона
• Флегмона представува гнојно воспаление на меќите тква на
поткожна мускулатура предизвикана е најчесто од стрептококи и
стафилококи, се шири дифузно во сите правци и ги има сите
карактеристики на поткожно акутно воспаление, оток, црвенило,
топлина и нарушена функција. Нема карактеристики на гнојно
воспаление но ако се формира згрутчување (абцесуирана
флегмона) поради дифузно ширење може да зафати поголеми
делови од телото и да даде потешка клиничка слика.
Лекување
Лекувањето е со инцизија, дренажа,давање на антибиотици во
високи дози и симптоматска терапија.
Тетанус
Тетанусот е акутна болест која ја предизвикува бактеријата (латински: Clostridium tetan) која произведува
два токсини, од кои еден доведува до прекин на црвените крвни зрнца, а другиот се шири по централниот
нервен систем, што предизвикува болни мускулни контракции и мускулна ригидност. До инфекција со
бактеријата доаѓа преку повреди и рани на кожата. Тетанусот е проширен низ цел свет, но се спречува со
вакцинација.
Болеста се манифестира со:

треска;
мускулни грчеви, постојат два вида на грчење:
постојано - континуирани, не минуваат и до неколку дена;
повременo - краткотрајни кои траат од неколку секунди до една минута.
Инкубацијата трае два дена па дури и до неколку месеци. Кај пациентите прво се забележуваат мускулни
грчеви при џвакање, а потоа грчењето се шири низ цело лице, што доведува до карактеристичен изглед на
лицето на заболениот (латински: facies tetanica). Потоа грчевите ги зафаќаат и мускулите во грбот, па
пациентот го тера на лежење во необична положба (во лак кон наназад). Кога грчевите ќе ги зафатат и
предниот дел, кај градниот кош и стомакот, кај пациентот се јавуваат тешкотии со дишење.
Тетанус
• Покрај грчење на мускулите, присутни се и болки на целата
мускулатура. Во лесните облици ова грчење трае по неколку секунди, но
во потешките и до минута, но се повторуваат на неколку минути, со што
се влошува состојбата на пациентот. Во случај на подолго грчење на
респираторната мускулатура може да дојде и до цијаноза и смрт кај
пациентот.
• За лекување на тетанусот потребно е обработка на раните и
антибиотска терапија, најчесто со пеницилин. Потребно е да се
примени и хуман тетанус имуноглобулин (HTIG) и тетанус анатоксин. На
пациентите им се дава и препарати од диазепам, мускулни релаксанси,
бета блокатори, аналгетици и кардиотоници. Се препорачува и одење
во тивки и мрачни простории, по можност во болнички услови.

You might also like