You are on page 1of 1

Постојат микроорганизми кои предизвикуваат болести кај човекот,

животните и растенијата. Помалку од 1% од бактериите, можат да


го нападнат нашето тело (домаќинот) и да предизвикаат некоја
болест. Микроорганизмите предизвикуваат заразни болести како
што се грип и сипаници. Исто така, постојат силни докази дека
микроорганизмите можат да придонесат за многу инфективни
хронични болести, како што се некои форми на рак и коронарна
или срцева болест.

1. Бактериски менингитис е тешка инфекција на обвивката на


мозокот.
2. Тетанусот го предизвикува бактеријата клостридиум тетанус,
настануваат преку рани и повреди на кожата со што може да
предизвика мускулни грчеви и трески на телото.
3. Има повеќе форми на тифус кои се предизвикува од различни
бактерии, симптомите се треска, главоболка и осип по телото.
4. Туберкулозата е вид на бактериска инфекција на долниот
респираторен тракт.Различни болести се предизвикани од
различни видови микроорганизми.
5. Маларија — заразна болест што ја предизвикува мал паразит
наречен плазмодиум. Преносител на овој паразит, а и на
самата болест, е женката од еден вид тропски маларичен
комарец - Анофелес, која со убод го внесува паразитот во
човекот.

You might also like