You are on page 1of 2

ДЕНГА (ВИРУС)

ВЛАСТИТЕ во Мексико
имаат оправдана причина за
загриженост поради комарците што
пренесуваат болести. Овие досадни
мали инсекти можат да пренесат
опасен вирус што предизвикува
денга, ВИРУС што може да биде
смртоносен и од кој во 2010 год. се
заразија 57.000 лица во Мексико.
Денгата денес е ендемична болест
во над 100 земји, меѓу кои е и
Мексико. Всушност, според
најновите проценки на Светската
здравствена организација (СЗО), во
светот има 50 милиони случаи на
денга годишно, а околу 40 отсто од населението во светот е во
опасност да се зарази од таа болест. Затоа, здравствените служби
започнаа програми за истребување на комарецот Aedes aegypti, еден
од инсектите што го пренесуваат денга вирусот. Денгата е најчеста
во тропските и суптропските предели, посебно за време на
дождовната сезона и по некоја природна катастрофа, на пример
ураган или поплава. Причината е тоа што женката на комарецот   ги
полага јајцата секаде кај што може да најде застојана вода. Бидејќи
жителите на Јужна Америка и Карибите собираат и чуваат вода за
домаќинството во бетонски резервоари, здравствените стручњаци
препорачуваат резервоарите да бидат покриени. Со тоа би се
спречило комарците да ги полагаат јајцата во нив. Освен тоа, луѓето
би можеле да го спречат размножувањето на овие комарци ако во
своите дворови не чуваат стари гуми, лименки, саксии, пластични
садови — сѐ во што би можело да се собира вода.
Симптоми и превенција
Обично, за денгата се поставува погрешна дијагноза затоа
што има слични симптоми како грипот. Но, според СЗО, најверојатно
се работи за денга доколку, освен покачена температура, се
исфрлаш по телото, имаш болки при движење на очите, болка во
мускулите и силни болки во зглобовите. Треската трае од пет до
седум дена.Лекарите сѐ уште немаат лек за денга, но во повеќето
случаи оваа болест може да се лекува дома со одморање и многу
течности. Меѓутоа, пациентот треба да биде под контрола на лекар
во случај да дојде до денга-хеморагична треска или денга-шок
синдром. Овие потенцијално смртоносни компликации може да се
јават откако првобитната треска ќе попушти и на пациентот му се
чини дека веќе заздравува. Кои се некои симптоми на овие
посериозни состојби? Остра болка во стомакот, често повраќање,
крвавење од носот и непцето, црна столица и црвеникаво-виолетови
меурчиња по кожата. Освен тоа, симптомите од денга-шок синдромот
може да вклучуваат и немир, претерана жед, бледа и студена кожа и
многу низок крвен притисок.За жал, антибиотиците не дејствуваат
при лекувањето на денга затоа што се работи за вирусна, а не за
бактериска инфекција. Исто така, мудро е пациентот да не зема
антивоспалителни лекови, како што се аспиринот и ибупрофенот,
бидејќи може да го зголемат ризикот од крвавење. Има четири
видови денга вирус и човек може да се разболи од денга повеќе
пати.Ако се разболиш од денга, одморај се доволно и пиј многу
течности. Освен тоа, гледај да си под мрежа за комарци колку што е
можно повеќе за да не те касне комарец и да им ја пренесе болеста
и на други.Што би можел да направиш за да не те касаат комарци?
Носи облека со долги ракави, долги панталони или долги фустани и
користи средства против комарци. Иако комарците може да те каснат
во секое време, најактивни се два часа пред и два часа по
зајдисонце. Можеш да се заштитиш и ако спиеш под мрежа за
комарци напрскан со средство против комарци.Времето ќе покаже
дали вакцините може да го спречат ширењето на денгата.

You might also like