You are on page 1of 12

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“ – Стоматолошки факултет, Скопје

Семинарска работа по предметот Микробиологија и Имунологија

ТЕМА:

Herpes Simplex Virus

Изработиле: Ментор:

Јулија Соколовска 6886 Проф. Д-р Никола Пановски

Бисера Стојановиќ

Магдалена Алексовска 6965

Николина Илиева 6926


Херпес симплекс вирус (ХСВ)

Постојат два типа на ХСВ вируси: ХСВ тип 1 и


ХСВ тип 2. И двата типа на херпес вируси
можат да предизвикаат генитален херпес.
ХСВ тип 1 вирусот воглавно предизвикува
орален херпес, но, исто така, може да
предизвика и генитален херпес. При
оралниот херпес, обично се зафатени
усните, каде се јавуваат промени во форма на меурчиња, а покасно
и ранички.
ХСВ тип 2 вирусот е вообичаен причинител на генителниот херпес,
но исто така може да го зафати и пределот на устата во тек на
орален секс. Лицето кое има генитален херпес лесно може да го
пренесе вирусот на друго лице во текот на половиот однос.
Причинител на гениталниот херпес е во 90% од случаите ХСВ тип 2
вирусот, кој е сроден вирус со ХСВ тип 1 вирусот, кој предизвикува,
пред сè, херпес на усните (herpes labialis) или т.н. грозница на
усните. Но, во 10% од случаите, ХСВ тип 1 вирусот е причинител на
гениталниот херпес.
Поради серолошката сличност помеѓу овие два вируса,
интензитетот на симптомите и тежината на инфекцијата зависат од
присуството и нивото на антителата против оралниот тип на вирус,
за време на инфекцијата со гениталниот тип на вирус.

Се смета дека околу 90% од возрасните имат


присутни антитела против оралниот херпес
вирус (ХСВ тип 1), додека околу 30% од
возрасните се инфицирани со ХСВ тип 2
вирусот (најчест причинител на гениталниот
херпес). Но, само кај половина од овие лица,
од време на време, се јавуваат симптоми на
болеста. Времето на инкуацијата е обично
од3 до8 дена, ретко подолго од 14 дена.
По првото избивање на болеста (примарна ифекција со ХСВ
вирусот), вирусот се сместува во нервните ганглии на долниот дел
на `рбетниот столб, каде може да остане скриен повеќе месеци, па
дури и повеќе години. Честа е појавата на рецидиви на болеста,
односно повторно избивање на симптомите (секундарна инфекција
со вирусот), а поради перинеуралното (по нервите) ширење на
вирусот, болеста може да избие на повеќе места. Рецидивот е
најчесто провоциран од јак стрес, но и од други емоционални
состојби, како на пример депресија и други. Рецидивот може да
биде провоциран и од физички напор, од јак замор и долготрајна
несоница, од менструација, изложеност на сонце, пропратна
настинка, ослабен имунитет.
И двата типа на херпес вируси можат да предизвикаат кожни
промени во пределот на вагината, на пенисот, во пределот околу
аналниот отвор, на задницата и на бедрата. Понекогаш кожните
промени се јавуваат и на други делови од телото, каде вирусот
преку оштетената кожа продрел во телото.
ХПВ вирусот останува во одделни нервни клетки во телото во текот
на целиот живот, па кај некои заразени лица може да предизвикува
повторувани инфекции (рецидиви на инфекцијата).

Херпес

Херпес на уста или раничка од настинка и температура е


предизвикан од локална вирусна инфекција, која дава типични
болни меурчиња на усните, а поретко и во устата. При првиот
контакт со вирусот настанува примарната инфекција (обично во
детството), која се манифестира со висока температура,
воспаление на слузницата на образите и на грлото. По
смирувањето на примарната инфекција вирусот останува во
латентна форма во нервните корени, блиску до нападнатата регија
на кожата. прекумерна изложеност на ултравиолетови зраци можат
да испровоцираат повторна појава на херпесот. Повторуваните
херпеси на устата обично поминуваат за 8 до 10 дена. Најголем дел
од луѓето се инфицирани со херпес симплекс вирусот уште во
детството. Повремена појава на херпес на устата покажува дека
вирусот е присутен, дури и ако не постојат податоци за примарната
инфекција во детството. Примарната херпетична инфекција, се
манифестира со висока температура, болни, отечени и отворени
ранички на непцата и слузницата на образите (стоматитис) и многу
болно воспаление на грлото (фарингитис).

Херпес на усните е многу честа вирусна инфекција која ги следи


одредените состојби на телото и најчесто се јавува како пропратна
појава на инфекции кои го нарушуваат имунитетот, за време на
тешкиот период на менструација, стрес, страв, вознемиреност или
нервоза.Примарна инфекција обично се случува за време на
детството, додека реактивирање на вирусот може да се случи дури
и во годините подоцна. По првата инфекција, вирусот останува во
нервните клетки и може да се активира периодично,
предизвикувајќи повторна појава на симптомите – обично на истото
или приближно истото место. Херпес на усните е заразен и обично
се пренесува преку плунка, бакнување, кашлање или кивање, како и
со заразена храна и со пијалок. Носителот на вирусот може да
пренесе херпес на друго лице, дури и кога плускавците не се
присутни, но најголем ризик од инфекција е моментот кога ќе се
појават меурчиња до појавата на красти. HSV-1 вирусот може да се
пренесе преку орален секс и на тој начин да предизвика генитален
херпес.

Симптоми на херпесот
Херпес на усните обично избива ненадејно. Еден до два дена пред
да се појават првите симптоми на тоа место може да се
почувствуваат чешање, болка и прилично непријатно боцкање.
Многу брзо на набарената, црвена и болна кожа се појавуваат мали
меурчиња полни со светла течност, обично на надворешната
страна од устата или усните и веднаш до нив. Плускавците на
крајот пукаат, се создаваат жолти красти, а потоа и рани кои обично
зараснуваат по 7-10 дена. Првата инфекција можат да ја следат и
општи симптоми на заразната болест, како што се треска, слабост и
зголемени лимфни јазли.

 прв симтом
Првиот знак е чешање и пецкање на дел од устата, по што се
појавува црвенило и оток. Во тек на 24 до 48 часа се развиваат
херпетичните меурчиња, едно или повеќе. Меурчињата прскаат и
формираат болни ранички, кои на крајот се покриваат со красти.
Дијагнозата се поставува визуелно, бидејќи промените имаат
карактеристичен изглед. Малите деца не треба да бидат во контакт
со луѓе што имаат херпес на устата, за да се спречи настанување
на примарната херпетична инфекција. Неодамна се развиени
неколку вакцини против херпес вирусот - тип 1, но со нив можат да
се заштитат само децата кои не се инфицирани со овој вирус. Кај
луѓето со ослабен имунитет превентивно можат да се даваат
антивирусни лекови за да се спречат рецидивите на херпесната
инфекција.

 Третман - Херпесот на устата може да се лекува со


специфични антивирусни лекови. Терапијата треба да почне
уште пред да се развијат меурчињата. Системска терапија,
антивирусни таблети, се користат во случаи кога херпесот
често рецидивира или кога промените се многу проширени.
Помош од стоматолог треба да се побара ако раничката на
усната не поминува, ако е придружена со покачена
температура или ако постојат и други промени на слузницата
на устата.
Лекување на херпесот
Херпесот обично се повлекува спонтано и не бара посебен третман.
Меѓутоа, кај многу чести повторувања се спроведува терапија со
антивирусни лекови, кои можат да се добијат со рецепт.
Лекувањето во такви случаи треба да се спроведат веднаш по
избувнувањето на симптомите, па затоа е добро однапред дома да
имаме кутија со лекови препишани од лекар. Антивирусно лекување
го скратува времетраењето на избивање на херпесот и должината
на релапсите, се намалува бројот на релапси и помага
оздравување. Кај појавата на херпесот на усните се советува да се
избегнува стресот, мирување и конзумирање лесна храна. Покрај
тоа, се препорачува консумирање чај од жалфија, рузмарин, корен
од чички или ливадска детелина. За ублажување на симптомите на
херпесот, може да се користи чешне свеж лук, кој е неопходно да се
држи на усните околу пет минути, а потоа да се повтори постапката
уште една минута со свеж лук. Исто така, се препорачува да држите
коцка мраз на местото каде што се појави херпесот. Како
превенција за појавата на херпесот, добро е да се преземат мерки
за зајакнување на имунитетот.

Генитален херпес

Гениталниот херпес претставува болест која е предизвикана од


страна на херпес симплекс вирусот (HSV), од кој што постојат два
типови. Типот 1 (HSV-1) вообичаено предизвикува орален херпес,
инфекција на усните и устата. Симптомите се болки средни по
интензитет, или напади на треска. Во минатото, не беше познато
дали HSV-1 може да предизвика генитален херпес, но, тоа
размислување започна да се менува и факт е дека HSV-1 може да
предизвика генитален херпес особено кај младата популација што
рано започнува со сексуални односи. Сепак, во повеќето од
случаите, гениталниот херпес е предизвикан од страна на вториот
тип на херпес вирусот (HSV-2). HSV-2 вирусот живее во нервите.
Кога тој е активен, патува кон површината на инфицираната област
(кожа или мукозна мембрана) каде што што се размножува. Во оваа
состојба новите вируси, можат да се населат кај друга личност.
Потоа, вирусот патува назад кон нервот до ганглиите обично во
основата на ‘рбетниот столб, каде и останува одредено време.

Како може да се заразиме со херпес симплекс


вирусот?

Најголемиот број на заразени лица добиваат генитален херпес по


сексуален однос со лице кое ја има оваа инфекција т.е. лице со
активна ХСВ инфекција.
Кога е вирусот активен, тој обично предизвикува видливи промени на
кожата на гениталните органи. Во кожните промени се наоѓаат
вирусите, кои можат да заразат друго лице.
Понекогаш лицето може да има активен вирус, но да нема симптоми,
односно да не постојат видливи кожни промени. Тие лица се
вирусоносители и често ги заразуваат своите партнери, не знаејќи дека
ја имаат инфекцијата.
Лицето со генитален херпес може да го зарази својот партнер и во тек
на орален секс.
Вирусот ретко се пренесува, ако и воопшто се пренесува, преку
предмети како што се: клозетска шолја, туш или када. Вирусот е многу
осетлив на надворешната средина и не може долго да преживее
надвор од човечкото тело.
Заразената трудница може да го пренесе вирусот и на своето дете за
врема на бременоста или во текот на породувањето. Тоа може да
доведе до појава на тешки форми на воспаление на белите дробови, до
сепса и смрт на новороденчето, поради нарушениот имун систем и
неадекватна антивирусна заштита на новороденчето.

Симптоми и знаци на гениталниот херпес

Многу луѓе не знаат дека боледуваат од генитален херпес, бидејќи


никогаш немале симптоми и знаци на болеста, или пак, не ги
препознале симптомите, доколку ги имале. Клиничките студии кои ги
испитувале жените со висок ризик за сексуално преносливи болести,
покажале дека 47 % од овие жени се носители на вирусот, иако само
кај една половина од нив некогаш биле присути симптоми на
инфекцијата. Симптомите се посебно изразени во примарната
инфекција (првото избивање на херпесот).
Симптомите може да се разликуваат од еден до друг пациент.
Кога лицето прв пат ќе се зарази, симптомите обично се јавуваат во
тек на 3 до 10 дена од првиот контакт со вирусот. Овие први епизоди
на симптоми обично траат 2 до 3 дена.
Раните симптоми на избивањето на генителниот херпес се:
 свраб или чувство на печење околу гениталната и анална регија,
болки во нозете, задницата или гениталиите,
 исцедок од вагината,
 чувство на притисок во стомакот.

По неколку дена од почетните симптоми, се јавуваат ранички на


местото каде што влегол вирусот во телото, како на пример на
усните, во усната шуплина, на пенисот, на вулвата и на аналниот
отвор. Исто така, ранички може да се јават и на слузницата на
вагината, како и на грлото на матката или на слузницата на мочниот
канал кај двата пола.
Прво се јавуваат мали црвени чворчиња, кои преминуваат во
меурчиња, кои потоа пукаат и на нивно место се јавуваат болни
отворени ранички. Раничките по неколку дена зараснуваат и на нивно
место се ствараат красти, кои постепено отпаѓаат, без да остават
лузна. Раните обично комплетно заздравуваат по 10-20 дена.
Други симптоми кои можат да се јават во текот на првата епизода на
симптоми можат да бидат: зголемена телесна температура, грозница,
главоболка, болки во мускулите, болно и отежнато мочање,
вагинален исцедок и отечени и болни лимфни јазли во препоните.

Дали се повторуваат симптомите подоцна?

Лицето заразено со ХСВ типот 1/или тип 2 вирусот ќе има повторни


епизоди на инфекцијата од време на време. Оваа инфекција велиме
дека често рецидивира, односно се повторува. Откако вирусот ќе
престане да биде активен, тој патува во нервите до `рбетниот столб и
тука се задржува. И по заздравувањето на кожните ранички, вируот е
сеуште присутен во нервните клетки. Тој е скриен, односно
неактивен.
Кај повеќето пациенти вируот може да стане повторно активен
неколку пати во годината. Сеуште не се знае зошто тоа се случува.
Кога вируот повторно ќе се активира, патува долж нервите до кожата
каде создава уште повеќе вируси во близина на местото на првата
инфекција. На тоа место, обично се јавуваат нови кожни промени.
Понекогаш вирусот се активира, а не предизвикува кожни промени,
ниту било какви други симптоми. Во тие случаи, мали количини на
вируси можат да се излачуваат на местото или во близина на првата
инфекција, да се излачуваат во плунката, во секретот на пенисот,
секретот на вагината или пак да се наоѓа во едвај забележителните
рани.
Доколку овие промени не предизвикуваат болка или непријатно
чувство, исцедокот воглавно не се приметува или не се обрнува
внимание на него. Иако лицето нема симптоми, сепак тоа може да го
зарази својот партнер.
По првато избивање на кожните промени, следните избивања се
обично поблаги и траат околу една недела. Заразеното лице често
може да ги предвиди овие епизоди на кожни промени, бидејќи
чувствува пецкање или јадеж во гениталната регија, и/или болка во
задникот и/или нозете. Понекогаш се јавува само чувство на пецкање
и јадеж,без да се јават видливи кожни промени. Во други случаи пак,
може да се јават меурчиња, кои може да бидат мали и едвај
забележителни, или пак, може да бидат големи и да се претворат во
отворени рани, кои зараснуваат со красти и набрзо по нивното
отпаѓање исчезнуваат.
Честотата и тежината на симптомите се разликуваат од пациент до
пациент. Така, некои пациенти имаат само една или две епизоди на
кожни промени во текот на целиот свој живот, додека пат други
пациенти може да имаат повторувани кожни избивања неколку пати
во годината. Бројот и начинот на избивање, со тек на време се менува
и кај еден ист пациент.
Научниците не знаат зошто вирусот повторно станува активен. Иако
некои лица со херпес забележуваат појава на херпесни кожни
промени во тек на некои други заболувања, при стрес, при
менструација или физички напор, сепак, епизодите на кожните
промени не можат да се предвидат. Кај некои пациенети, гениталниот
херпер може да се активира по изложување на сонце.
Како може да се спречи гениталниот херпес?

Користењето на бариера (кондом) за време на сексуалните односи


може да Ве заштити Вас и Вашиот партнер, но само ако се
прекрива целата површина на која што се наоѓа вирусот. Би
требало да ги избегнувате сексуалните односи ако Вие или Вашиот
партнер имате рана на гениталиите и исто така не треба да имате
орален секс со некој што има рана на усните или устата. Многу е
важно да се знае дека HSV е заразен тип на вирус дури и кога
неговите симптоми не се видливи.
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

www.rak.mk

www.zazdravje.mk

www.zdravstvo.gov.mk

You might also like