You are on page 1of 1

ХПВ

Humani pаpiloma virus


Што е генитална ХПВ Инфекција?

Генитална ХПВ Инфекција е полово пренослива болест предизвикана од хуман папилома вирусот.
Името се однесува на група на вируси со повеќе од 100 типови, од кои преку 30тина е полово
преносливи. Во повеќето случаеви инфицирани од ХПВ нема да се манифестираат никакви симптоми ,
а инфекцијата ќе пројде сама од себе. Типови на вирусот кои предизвикуваат неправилности на пат
тестот ги нарекуваме типови на вирус од висок ризик. Инфекцијата со овие типови на вирусот може да
доведе до развој на карцином на грлото на матката, како и на половите органи. Другите типови на
инфекција од вирусот предизвикуваат помали цитолошки неправилности на пап тестот и нив ги
нарекуваме типови на понизок ризик.

Како настануваат гениталните ХПВ инфекции?

Секоја личност која била во генитален контакт со личност заболена од ХПВ инфекции може да биде
инфицирана. Тоа се однесува како на жените така и на мажите подеднакво, кои можат инфекциите да
ги пренесат на своите партнери, а притоа да не знаат дека се инфицирани. Ретко при породување ХПВ
вирусот може да се префрли од мајката на детето.

Кои се симптомите и знацитена ХПВ инфецкија?

Повеќето луѓе кои се преносници на ХПВ вирусот не знаат дека се инфицирани. Вирусот живее во
кожата или слузницата и вообичаено не манифестира симптоми. Кај некои луѓе предизвикува појава на
кондиломи на половите органи, кои за среќа денес се помалку предизвикуваат карцином. Можат да се
појават и до неколку недели и месеци после инфицирањето преку полов однос.

Сара Драшковиќ
IX в одд.

You might also like