You are on page 1of 2

4.

4 Движење на планетите
(8 одд)

Прашања:

1. Што се обидувале да сфатат луѓето, при набљудувањето на


ѕвездите на ноќното небо?
-Тие се обидувале да го сфатат значењето на тоа како се
распоредени ѕвездите на небото, односто соѕвездијата.

2. Што забележале луѓето?


-Луѓето забележувале дека тој распоред не се менува во текот
на годините и забележиле нешто не вообичаено пет од многуте
ѕвезди на небото постепено ја менувале нивната положба.

3. Како ги нарекле петте ѕвезди на небото, кои постепено ја


менувале положбата?
-Петте ѕвезди на небото ги нарекле ѕвезди-талкачи (ѕвезди-
скитачи) или планети. Денес знааме дека планетите не се
ѕвезди.

4. Со што се набљудуваат планетите и какви се нивните


карактеристики?
-Планетите се набљудуваат со телескоп и секоја планета е
различна некои се мали, други поголеми, околу некои има
прстени.

5. Што е планета?
-Планета е големо небесно тело што обиликолува ѕвезда.

6. Што е тоа што ги одржува планетите во нивните орбити?


-Гравитацијата на Сонцето е таа што ги одржува планетите во
нивните орбити.
7. Што го сочинува Сончевиот систем?
-Сонцето и планетите, заедно со нивните месечини, го
составуваат Сончевиот систем.

8. Кои планети спаѓаат во земјин тип или карпести планети и кои


се нивните карактеристики?
- Планети кои спаѓаат во земјин тип или карпести планети се
Меркур Венера Земја Марс нивните каректеристики се дека се
потопли и нивните површински слоеви се изградени од карпи.

9. Кои планети спаѓаат во гасовити планети - џинови и кои се


нивните карактеристики?
- Планети кои спаѓаат во гасовити планети – џинови се
Јупитер Сатурн Уран Нептун и нивните каректеристики се дека
се поладни и поголеми и се изградени претежно од водород и
хилиум и други супстанции што во услови на Земјата се во
гасовита агрегатна состојба.

Сара Драшковиќ VIIIв одд.

You might also like