You are on page 1of 59

Рамка за поучување и учење

 При планирањето и реализирањето на


наставниот час ,наставникот треба да се
придржува кон една општа рамка за поучување
и учење.
 Текот на часот се одвива во 3 фази :

1. Евокација (Воведен дел)


2. Сфаќање на значењето (Главен дел)
3. Рефлексија ( Завршен дел)
ЕВОКАЦИЈА(Воведен дел)
 Часот започнува со евокација.Во неа учениците се
подготвуваат за обработка на зададената тема,преку
изнесување на претходните знаења и мотивирање за
нивно проширување со нови информации.
 Таа има 3 основни цели :
1. Учениците да се потсетат на претходно стекнатите
знаења поврзани со темата што ќе се обработува на
часот,
2. Активно да се ангажираат сите ученици,
3. Да се поттикне љубопитноста и интересот на учениците
за темата
Сфаќање на значењето(Главен
дел)
 Втората фаза од рамката за поучување и учење се нарекува
сфаќање на значењето.Основна карактеристика на оваа фаза е
контактот на учениците со нови информации.Изворите на
информации можат да бидат разновидни: индивидуално читање
текст,предавање на наставникот,аудио или
видеопрезентација,изведување експериментален опит.
 Оваа фаза има 3 основни цели:
1. Кај учениците да се зачува заинтересираноста и иницијатаивноста
од претходната фаза,
2. Да се сфати содржината и што повеќе да се совлада во текот на
самиот час,
3. Да се подржат учениците во нивните напори да го проверуваат она
што го сфатиле.
Рефлексија(Завршен дел)
 Третата фаза од рамката за поучување и учење е
рефлексија.Во неа учениците го утврдуваат
новостекнатото знаење и активно ја реконструираат
својата когнитивна шема за да ги вклопат во неа новите
информации.
 Оваа фаза има 2 основни цели:
1. Да се разбере содржината во сопствен контекст и да се
опише со сопствени зборови,
2. Да се овозможи споделување на идеите на учениците
Наставни техники :
 ИНСЕРТ техника
 СТОП техника
 Табела за предвидување
 Бура на идеи
 ЗСУ - ЗНАМ/САКАМ ДА ЗНАМ/УЧАМ
 Дневник со двоен запис
 Петоред
 Грозд техника
 Мисловни мапи
 Вен-Дијаграм
 Т-табела
 Поставување прашања (REQUEST)
 Коцка
ИНСЕРТ техника
 е техника за насочено читање со користење на
посебен сиситем на знаци (√,-,+,?), со цел да се
следи степенот на разбирање.
 Оваа техника се користи за ефикасно читање и
мислење и им овозможува на учениците активно да
размислуваат додека читаат ,бидејќи често се
случува да се прочита страница, а ништо да не се
запамти.
 Се чита текстот,се прибележуваат податоци и
сортираат во различни табели.
ЗНАЦИ :
 - + ?

Со овој знак Овој знак го Овој знак го Ако се работи


потврдуваме користиме користиме за
дека она што доколку она доколку она информација
сме го што сме го што сме го која нас не
прочитале за прочитале се прочитале за збунува или
нас е веќе позн разликува од нас е нешто ако постои
ато. она што г о ново и нешто за кое
знаеме и не се непознато. сакаме да
сложуваме со научиме.
тоа.
Важно е учениците знаците да ги ставаат индивидуално
бидејќи целта е сите да научат нешто ново врз основа на
сопственото знаење и искуство.
 Се чита дел од текстот па се прави пауза со цел учениците да размислат за
тоа што го прочитале и да дискутираат со своето другарче одговарајќи на
следните прашања:
 Кое наше знаење е потврдено?
 Кое наше знаење е сузбиено?
 Со кое ново знаење се сретнавме?
 Што ни е нејасно?
o Потоа учениците ги бележат знаците во табела.Се продолжува со читање на
друг дел од текстот и повторно истата постапка.
o Кога ќе се заврши со читање на целиот текст,учениците се групираат во
поголеми групи каде се врши споредување на забележаните податоци и се
наоѓа одговорот на она што било непознато.
o Се сумираат одговорите и на крај групите вршат презентација.
Инсерт техниката се применува во фазите
:сфаќање на значењето (главен дел од часот)и
рефлексија(завршен дел од часот)
СТОП ТЕХНИКА
се состои во насочено читање на поделен текст и поставување на прашања за
размислување по читањето на секој дел.
 Прашањата што се поставуваат пред и по читањето, треба да бидат од повисоки тежински
нивоа.
 Чекори:
1. Наставникот избира текст кој е погоден за дискусија.
2. Текстот мора да биде поделен на делови.Крајот на секој дел од текстот каде треба да се запре
со читањето да биде одбележан СТОП.
3. Читањето на текстот започнува со давање насока за читање од типот: “Внимавајте на
сетилните контрасти”,”Следејте ја атмосферата во текстот”.
4. Се чита првиот дел од првото СТОП,па учениците дискутираат за она што го прочитале
според насоката која им е претходно дадена.
5. Од учениците се бара да направат предвидување за она што следува.Со прашањата : Што
мислите дека ќе се случи?
6. Наставникот дава нова насока за читање од типот: “Внимавајте на настанот и на звуците во
текстот”и се поминува на читање на следното СТОП.
7. Секогаш по читањето на секој дел,натјпрво се прави навраќање на прочитаното,потоа се
прават предвидувања и се дава нова насока.
8. На крајот од читањето на текстот се извлекуваат општи заклучоци и се дават генерички
прашања,при што се доаѓа до прифаќање на општоприфатени тези за проблемот или
содржината.
СТОП ТЕХНИКАТА
овозможува развивање на широки дискусии по секое од прашањата.
Дискусиите ги водат учениците помеѓу себе и притоа извлекуваат
заклучоци
Оваа техника е применлива за реализација на целиот час
иако спаѓа во техниките за фазата на сфаќање на
значењето т.е главниот дел од часот.
Табела за предвидување
 е техника која се користи при совладување содржини во кои е потребно да
се донесуваат насочени заклучоци за содржината,како и да се прават
предвидувања за она што следува.
 Се реализира на сличен начин како и СТОП техниката.
 Постапката тече на следниот начин:
I. Кога содржината ќе биде прочитана до првото место за зпирање во
текстот,ученикот или паровите треба да престанат со читање,во рок од 1
мин да ги запишат своите предвидувања во ТАБЕЛАТА(ги пополнуват
првите две колони)
II. Откако ќе го прочитат текстот до наредното запирање ,ја пополнуваат и
третата колона од ТАБЕЛАТА.
III. Потоа постапката тече од почеток за секој дел.Секогаш кога учениците
пополнуваат некоја колона,наставникот води и дискусија со нив и иницира
размена на повеќе идеи.
Табела за предвидување
ШТО МИСЛИТЕ КАКВИ ДОКАЗИ ШТО
ДЕКА ИМАТЕ ЗА ТОА? НАВИСТИНА СЕ
НАВИСТИНА ЌЕ СЛУЧИ?
СЕ СЛУЧИ?

Oваа техника се користи во фазата на сфаќање на значењето т.е


главниот дел од часот,но може да се одржи и во текот на целиот час.
Бура на идеи
 Е едноставна наставна техника која поттикнува различни идеи и
мислења или предзнаења за одредено прашање.
 Чекори на бура на идеи:
1. Наставникот поставува прашање за кое бара првични идеи и
мислења.
2. Учениците индивидуално ги запишуваат сопствените идеи и
мислења.
3. Запишаните идеи и мислења можат да ги споделат во пар,група
или со целиот клас.
4. Учениците на покана од наставникот ги кажуваат идеите и
мислењата.
5. Наставникот или учениците ги запишуваат сите кажани идеи и
мислења на табла.
 Правила кои ги почитува наставникот :
1. Наставникот оваа техника ја планира за првата фаза или воведниот
дел од наставниот час.
2. Го планира потребното време.
3. Ги запишува сите дадени идеи и мислења без да води сметка за
нивната точност.
4. Им нагласува на учениците дека не треба да заземаат критички
став кон кажаното.
5. Планира како ќе ги употреби идеите и мислењата во
понатамошниот тек на часот.
6. На крајот од часот(или наставната единица)се навраќа на листата
Бура на идеи се користи во фазата на евокација или воведниот дел од
наставниот час.
Знам/Сакам да знам/учам-ЗСУ
 Се состои во пополнување на дадена табела при што се
црпат знаењата и се евидентираат нејаснотиите и
знаењата.Секогаш се користи со читање на текст,предавање
или следење на филм и слично.
 Табелата има 3 колони: Знам,Сакам да знам и Учам или
Научив. Пополнувањето на табелата оди постепено,со тоа
што после секој дел се дискутира и се запишува на табла.
 ЗСУ техниката кога се користи со читање на текст или друг
извор на знаење е техника која го покрива целиот
час.Колоните Знам и Сакам да знам се во фазата на
евокација,а колоната УЧАМ во фазата на рефлексија.
ЗНАМ САКАМ ДА ЗНАМ УЧАМ
Што мислиме дека Што сакаме да Што научивме?
знаеме? научиме?
 Во колоната ЗНАМ се запишува она што учениците
го знаат за темата.
 Постапката започнува со насочување на учениците
кон одредена тема.Од нив се бара да размислат и да
запишат во првата колона.Размислувањето и
запишувањето се прави најчесто индивидуално или
во парови.Потоа се води дискусија за запишаното и
се запишува на табла.Тоа може да биде
организирано по категории,за да им биде
повоочливо на учениците.
 Во колоната САКАМ ДА ЗНАМ се впишуваат прашањата за кои
се јавува интерес или она што би сакале да го научат.
 Откако ќе се пополни првата колона учениците повторно треба да
размислат и да запишат во втората колона се што сакаат да
знаат.Притоа се забележуваат сите прашања кои си ги поставиле
учениците,а на кои се очекува да ги одговори содржината која ќе
биде презентирана понатаму.Сепак не е потребно да се запише
секое прашање туку само оние за кои постои општа
согласност.Возможно е да се направи редефинирање на прашањата
откако ќе бидат наведени повеќе идеи.На учениците им се дава
насока да размислуваат за прашањата што ги поставиле додека ја
совладуваат содржината,притоа барајќи ги можните одговори.
 Во колоната УЧАМ :
 Откако учениците ќе имаат доволно време да ја совладаат
содржината преку текст,предавање или слично,треба да се сврти
вниманието кон прашањата кои се поставени пред читањето, т.е
прашањата кои беа запишани во Сакам да знам колоната. Откријте
кои одговори на поставените прашања се содржани во статијата и
забележете ги во Што-научивме колоната.Потоа,кажете им на
учениците да ги наведат информациите кои биле содржани во
текстот,а за кои не поставиле прашања.И овие информации
забележете ги во Што-научивме колоната.Разгледајте ги
прашањата кои останале неодговорени и продискутирајте со
учениците каде би можеле да се најдат одговори на овие прашања.
Дневник со двоен запис
 Е техника која се состои во извлекување делови од текстот
и давање коментар за истите.
 Учениците,низ средината на еден празен лист
хартија,цртаат вертикална линија.
 На левата страна се запишува кој дел од текстот најмногу
им оставил впечаток,кој можеби ги збунил,со што не се
согласуваат во текстот,што им побудува некакви прашања и
слично,во зависност од целта на часот.
 На десната страна од листот ученикот пишува коментар за
текстот: Што ги навело да го запишат цитатот? На што ги
навел текстот да размислуваат? Кое прашање го имаат во
врска со цитатот?
ЦИТАТ ОД ТЕКСТОТ КОМЕНТАР НА ЦИТАТОТ
 Чекори за дневник со двоен запис :
 Се чита текстот.
 Се издвојуваат значајните делови во левата колона.
 Се наведуваат коментарите или прашањата во десната колона.
 По читањето се бара коментар за почетните делови на текстот.
 Кога ќе се ислуша коментар за некој дел од текстот,се поставува следното прашање:
Зошто токму тој дел од текстот го привлече вашето внимание? На што ве натера да
помислите?
 Наставникот прашува дали и други го имаат забележано истиот дел од текстот и ако го
имаат,треба да го споделат со другите што го запишале тоа.Се нагласува постоењето на
сличности или разлики во реакциите на учениците и се бара мислење зошто е тоа така.
 Се читаат и други делови од текстот и постапката се повторува
 Конечно се разменуваат и некои сопствени забелешки
 Наставникот поставува неколку “стимулативни” прашања или поттикнува дискусија за
определени делови.
 Стимулативни прашања кои можете да ги користите:
 Прашања во врска со значењата :
1. Што од овој материјал ќе запомните?
2. На што мислевте додека читавте?
3. Која е најважна порака во овој материјал?
4. Кои прашања останаа без одговор?
 Прашања за коментарот што го дале:
1. Ако повторно го користите истото,што би промениле?
2. Дали вашето толкување е уникатно?Зошто?
 Прашања за умешноста на наставникот :
1. Како авторот го задржа вашето внимание?
2. Како авторот сигнализирал важни информации?
3. Како авторот ја развил својата идеја?
 Дневникот со двоен запис е техника за сфаќање на значењето(главен дел)иако во делот
во кој се споделуваат коментарите на ист извадок спаѓа во фазата на рефлексија.
 Погоден е за совладување содржини од сите предмети.
Петоред
 Е техника со која се врши синтетизирање на
информации во концизни искажувања,кои ја опишуваат
темата или претставуваат нејзина рефлексија.
 За оваа техника треба добро размислување кое се темели
врз богати сфаќања.
 Петоредот го добил своето име по тоа што се состои од
пет реда.Кога се презентира петоредот,прво се укажува
на насоките за пишување на овој вид поема.
 Петоредот е брза, но и моќна техника со која се
поттикнува критичкото размислување.
Шематски приказ на петоредот
 Наслов(тема) ________________________
една именка
 Опис ___________ ______________
две придавки
 Активност (дејство)
три глаголи ______ _______ _______
 Чувство
Фраза од четири збора ____ ____ ____ ____
 Повторен приказ на суштината
________________________
 Насоки :

 Првиот ред е опис на темата со еден збор (вообичаено именка)


 Вториот ред е опис на темата со два збора(две придавки)
 Третиот ред содржи три збора со кои се изразува дејството на
темата(вообичаено три глагола).
 Четвртиот ред е израз од четири збора кои покажуваат некое чувство за
темата.
 Последниот ред содржи синоним од еден збор,со кој повторно се опишува
суштината на темата.
 Петоредот претставува :
 Средство за синтетизирање комплексни информации;
 Средство за оценување на разбирањето на учениците;
 Средство за креативно изразување.
примери :
1. Вулкан Настава Читање
2. црвен,врел комплексна, Течно,
активна активно

3.избувнува, Предизвикува, Сознава,


вжарува, поттикнува, споделува.,
уништува наградува учи
4. Жежок данок на Врзување ново со Ни шири нови
природата познато видици

5. Пекол Образование Илуминација


Грозд техника
Е техника со која се подредуваат и поврзуваат
информациите од одредена тема.
 Општо правило за правилна изработка на
гроздот е :
Основниот поим во првиот круг(нуклеус) се
разгранува на поопшти поими(сателити),па
потоа секој од нив се разгранува на
поконкретни поими.
Сателит Поконкретни
поими
Сателит
Поопшти поими

Поконкретни
Нуклеус поими

Сателит
Сателит
Пример на грозд во фазата на евокација
Тајната
Ренесанса
вечера Цркви
Мона
Леонардо Лиза
Архитектура
Сликарство
Култура

Уметност

Италија Положба
Вајарство

Население
Де Кирико
Градови

Микеланџело Верона Ромео

Рим
Венеција Јулија
Давид
Пиета
Грозд техниката се применува во фазите на евокација и рефлексија.Возможно е часот да
започне со изработка на грозд во евокација, а да заврши со грозд во рефлексија, кој ќе
значи надополнување на првичниот грозд или корегирање на евентуалните неточни
податоци.Примената и целта во двете фази е различна и притоа важат различни правила.
 Кога гроздот се користи во фазата на  Постапката за изработка на
евокација тогаш претставува нелинеарна гроздот во фаза на рефлексија е
техника за предизвикување бура на идеи. слична како во фазата на
 Чекори: евокација.Разликата е во тоа
1. Се пишува клучен збор или израз,во што впишаните поими во
центарот на парче хартија или на табла гроздот за фазата на евокација
2. Се запишуваат зборови или изрази претставуваат слободни
поврзани сотемата. асоцијации,а за фазата на
3. Со запишувањето на идеите се цртаат и
рефлексија треба да се искази на
врските,водејќи сметка за основното
знаења на учениците.
правило,во првиот круг да бидат
 Начини на задавање на гроздот:
поопшти поими,а понатаму се  Гроздот може да се работи
поконкретни. индивидуално,во парови,во мали
4. Се запишуваат идеите се додека не групи или во голема група,во
истече определено време. зависност од целта што ја има
 Правила: наставникот.Возможно е
различни групи на ученици да
1. Се запишува секоја и сечија идеја без да работат на различни клучни
се суди за нејзината точност. поими,кои на крајот се
2. Не се води сметка за правописот. поврзуваат во една целина.
3. Се пишува без престанок во рамките на
определено време.
4. Бројот на идеите и врските помеѓу нив не
е ограничен.
Мисловни мапи
 Оваа техника е многу слична на ГРОЗДОТ и исто
така претставува нелинеарна форма на
размислување,но овде не мора да постои само
разграничување кон секој следен поим,туку и
комбинирање на сродните поими во зависност што
е целта на поставување на мисловната мапа.
 Мисловната мапа може да се задава во секоја фаза
од часот.
Пример за мисловни мапи :

кинетичка
правосмукалка

потенцијална
џул
електрична
механичка
нуклеарна

ЕНЕРГИЈА батерија

бојлер хемиска

топлинска
светлинска Запалена
свеќа
Вен дијаграм
 е графички организатор кој им помага на учениците да ги
индетификуваат и разграничат сличните и различните
карактеристики на два или повеќе поима.
 За таа цел се користат два или повеќе преклопени круга,така што
останува заеднички простор во средината,во кој се впишуваат
заедничките карактеристики.Еден од можните начини на примена
е наставникот да даде задача учениците,поделени по парови,да
нацртаат Вен дијаграм,при што ќе пополнат само двата дела кои се
однесуваат на поединечните карактеристики на
поимите.потоа,паровите можат да се здружат два-по-два,и да ги
споредат своите дијаграми,па во средниот дел да ги внесат оние
својства за кои сметаат дека се заеднички.
Чекори :
1. Наставникот црта Вен дијаграм.
2. Учениците индивидуално,во пар или група во зависност од
добиената задача го пополнуваат Вен дијаграмот(само
едната,двете,пресекот или целината на дијаграмот)
3. Размена на пополнетите Вен дијаграми.
 Пример 1 : Ако се совладуваат содржини за две земји,на пр Италија
и Франција,Веновиот дијаграм ќе послужи да се согледаат нивните
карактеристики,така што карактеристиките на Италија ќе бидат
запишани во десниот круг,а карактеристиките на Франција во левиот
круг.Во заедничкиот простор ќе се добијат карактеристиките на
двете земји.
 Пример 2 : За предметот биологија-учениците ги споредуваат
вирусите и бактериите,ги пишуваат поединечните карактеристики,но
и заедничките карактеристики.
Веновиот дијаграм е применлив во фазата на евокација и во фазата на
рефлексија,иако како графички организатор може да му користи на
наставникот во текот на целиот час,доколку наставникот го користи Вен
дијаграмот за да го претстави подобро графички она што го кажува.

Заеднички
Вируси карактерис тики
Бактерии
Т-ТАБЕЛА
 Е средство за споредување на два става за иста тема.Притоа се наведуваат аргументи
со кои се бележат размислувањата или дискусиите во бинарна форма: ДА-НЕ или ЗА –
ПРОТИВ.
 Најмногу се применува во фазата на евокација или во фазата на рефлексија,но може да се
користи и во текот на целиот час доколку го изработува наставникот во текот на
објаснувањето.
 Пример 1: Ученикот кој треба да напише состав за мултикултурното образование,треба
прво да ги наброи позитивните и негативните елементи на кои ќе се сети.Тоа ќе му ја
олесни работата во пишувањето,бидејќи однапред ќе има став и ќе ги користи наведените
аргументи во Т-табелата.
 Пример 2 : По читањето на два текста за зачувување на културата на малцинствата-од кои
еден напаѓа,а другиот брани,учениците можат да подготват Т-табела,по парови,како што е
дадена подолу. Во време од пет минути,тие треба на левата страна да наведат колку што
можат повеќе причини за зачувување на културата на малцинствата,во наредните пет
минути,да наведат колку што можат повеќе причини зошто се против оваа идеја.На крајот
од овој период,во текот на уште пет минути,тие можат да ги споредат
 Т-табелите,во парови.На крајот,наставникот може да организира изработка на една
единствена Т-табела за целиот клас.
Пример: Зоолошките градини не треба да
постојат.

Причини против постоење Причини за постоење

- живеење во природна - се зачувуваат ретките


средина видови
- Живеење со сопствениот - достапни за проучување
вид
- Природен начин на исхрана - можност да се видат
животни кои не се дел од
тоа поднебје
Поставување прашања (REQUEST)
 е техника за насочено читање на текст што се состои во наизменично поставување на
прашања,при читањето на пасуси од некој текст.
 Постојат три начини на реализација на оваа техника:
 Првиот начин е кога учениците наизменично во парови или тројки ги менуваат улогите,при
што прво едниот ученик по читањето на пасусот поставува прашања и е во улога на
наставник,а потоа и другиот ученик поставува прашања за истиот пасус.По читањето на
следниот пасус улогите се менуваат,оној кој прво бил ученик станува наставник и обратно,се
до крајот на читањето на текстот.
-Поставените прашања треба да се во врска со основните идеи,прашања кои навлегуваат во
суштината.
-Треба да се внимава и да им се учаже на учениците дека прашањата не треба да бидат само
фактографски,туку дека треба да поттикнуваат повисоки степени на мислење.
Чекори:
1. Наставникот избира еден ученик и на останатите им ја презентира техниката на поставување
прашања.
2. Одбира парови(или тројки)ученици кои ќе соработуваат меѓу себе.
3. Учениците читаат пасус по пасус и се прашуваат меѓусебно се до крајот на текстот
 Вториот начин на поставување прашања е тоа да се прави со целиот
клас.Притоа се превземаат следните чекори:
1. Наставникот чита еден или два пасуса од текстот.
2. Книгите се затвораат.
3. Најпрво учениците му поставуваат прашања на наставникот.
4. Потоа наставникот им поставува прашања на учениците.
5. Постапката се повторува се до крајот на читањето на целиот текст.
 Третиот начин е постапката да се користи со целиот клас,при што
најпрво ќе бидат определени тимови од по три ученика,кои ќе се
менуваат во поставувањето и одговарањето на прашањата.
• Оваа техника е применлива за совладување на нова содржина и се
користи во фазата на сфаќање на значењето,иако во себе содржи
циклична рамка и го покрива целиот час.
КОЦКА
 е техника кој овозможува разгледување на темата од
повеќе аспекти и бара од учениците размислување на
повеќе тежински нивоа.
 За техниката може да се искористи коцка,која може да се
покрива со хартија,или мрежа на коцка,составена од шест
квадрати.
 Оваа техника може да се работи по читање на некој текст,по
предавање или по гледање на едукативен филм.Учениците
може да ја работат коцката индивидуално,во пар или
коперативно.
 Чекори на коцката ако се работи како кооперативна техника:
1. Наставникот ја воведува темата на часот.
2. Класот се дели на 6 групи и се презентираат барањата на секоја страна од коцката.За шесте
страни се даваат следните насоки :
Опиши: Каква е бојата,формата,големината?
Спореди: На што личи?Од што се разликува?
Асоцирај: На какви размислувања наведува?
Анализирај: Кои се составните делови?
Примени: Како или за што се користи?
Аргументирај
за или против : Се зазема став и се наведуваат аргументите кои го поткрепуваат.
3.Се чита зададениот текст.
4. Секоја група добива задача да пополни по една страна од коцката,според соодветните
барања,
5. Претставник од секоја група врши презентација пред целиот клас.
 Чекори на коцката ако се работи индивидуално:
 Доколку коцката се работи индивидуално,откако ќе завршат со
работа,учениците меѓусебно ги споделуваат своите изработки за сите
страни од коцката.Споделувањето може да се прави во парови,при што
секој партнер презентира по три различни страни од коцката.Откако
едното лице од парот ќе заврши со презентирање,другото треба да
потврди,да постави прашања и да наведе што му се допаднало и зошто.
 Коментарите можат да бидат моделирани на следниов начин: Ми се
допадна како го опиша своето гледиште,иако јас не мислев така...,или
Јас не разбрав...,или Би сакала да дознаам нешто повеќе за ова...
 На крајот,доброволци може да го прочитаат она што го напишале пред
целиот клас.
Примена на коцката :
 При изработка и презентација на коцката,треба да се
почитува редоследот на барањата дадени во различните
страни.Овој редослед води од поедноставно до
покомплексно размислување.
 Кои и колку од страните ќе се користат,зависи од темата
што се обработува,како и од возраста и од составот на
учениците.
 Коцката може да се применува во фазата на евокација
ако се работи на позната тема или во фазата на
рефлексија по претходна интерпретација на текст или
тематска целина.
ОПИШИ

боја,
Форма,
големина

ДИСКУТИРАЈ
ПРИМЕНИ
СПОРЕДИ
ЗА ИЛИ
ПРОТИВ
што може да се на што е слично,
направи од што се
разликува завземи став

АСОЦИРАЈ

на што те
наведува
да
размислуваш

АНАЛИЗИРАЈ

како е составено
и од што
Распределба на наставните техники во трите
фази од часот (ЕСР рамката)
ЕВОКАЦИЈА(вове СФАЌАЊЕ НА РЕФЛЕКСИЈА(зав
ден дел од часот) ЗНАЧЕЊЕТО(глав ршен дел од часот)
ен дел од часот)
Бура на идеи ИНСЕРТ ИНСЕРТ

ЗСУ Дневник со двоен ЗСУ


запис
Петоред REQUEST Дневник со двоен
запис
Грозд Мисловни мапи Петоред

Вен дијаграм Грозд

Т-табела Вен дијаграм


Коцка Т-Табела
Мисловни мапи Коцка
Распределба на наставните техники во трите фази од
часот (ЕСР рамката)

ЕВОКАЦИЈА(вове СФАЌАЊЕ НА РЕФЛЕКСИЈА(зав


ден дел од часот) ЗНАЧЕЊЕТО(глав ршен дел од часот)
ен дел од часот)

Табела за СТОП техника Мисловни мапи


предвидување
Табела за
предвидување
Дискусија за оценувањето
Едно од најважните значења е мерењето на знаењето и
способностите на ученикот.
 Штом наставниците ќе започнат во своите училници да го применуваат
активното учење и критичкото мислење,тие ќе мора и на оценувањето да му
пријдат на нов начин.
 Наставните техники имаат за цел да му овозможат на ученикот “да ги
искористи” меморираните факти.
 Наставникот треба однапред да ги формулира рубриките за оценување на
составите,односно на пишаните проверки на знаења.
 Рубриката треба да се напише на постер и да се изложи на видно место,за да
се продискутира со учениците.
 Учениците се поттикнуваат да одлучат кон која оценка да се стремат и да се
стремат да ги исполнат критериумите во нивните пишани трудови.
 Од учениците може да се побара,со помош на рубриките, да се
самооценуваат.На крајот,наставникот ќе го оцени составот,согласно на
дадените рубрики.
Рубрика за оценување на
составите:
 Составот се ценува со “5”ако :
1... содржи оригинална теза(не е само повторување на она што било кажано во текот
на часот.
2...се темели врз добро осмислени аргументи за и против теза.
3...има јасен вовед,главен дел и заклучок.
4...е напишан читливо и содржи точни податоци.
5...го почитува предвидениот број зборови.
 Составот се оценува со “4”ако :
1...содржи оригинален одговор на зададената теза( не е само повторување на она
што било кажано во текот на часот).
2... се темели врз добро осмислени аргументи ( но со помалку аргументи отколку кај
составот со 5ка)
3... има јасен вовед,главен дел и заклучок.
4... е напишан читливо и содржи точни податоци.
5... главно го почитува предвидениот број зборови.
Рубрика за оценување на
составите:
 Составот се оценува со “3”ако :
1...содржи јасен одговор за зададената теза.
2...тезата е поткрепена со аргументи.
3... има вовед,главен дел и заклучок.
4... е напишан читливо и содржи минимум точни податоци.
5...делумно го почитува предвидениот број податоци.
 Составот се оценува со “2”ако :
1...содржи нејасен одговор на задазената теза.
2...поголем број аргументи не се во функција на одговорот на тезата.
3...не содржи вовед,главен дел и заклучок.
4...не е читлив и има повеќе граматички и правописни грешки.
5...има големо отстапување од предвидениот број зборови(помалку или повеќе)
Самооценување
Наставниците треба да им помогнат на учениците да станат подобри проценувачи на
своето знаење.
За да ги охрабри учениците да учествуваат во оваа активност,наставникот би можел да ја
употрби следната рубрика за самооценување:

Секогаш Понекогаш Никогаш

1 Јас моите предвидувања ги правам врз


основ на насловот и илустрациите.

2 Јас предвидувам што ќе се случи,врз


основа на типот или видот на читаната
приказна.
3 Кога читам постојано предвидувам.

4 Внимавам на деталите со кои можам да


направам нови предвидувања.

5 Кога читам подзастанувам и се


прашувам што веќе знам и што мислам
дека ќе се случи.
Самооценувањето е погодно за применување кај активноста
на насочено читање и размислување(СТОП техника,Табела за
предвидување)
Учениците треба да ја пополнат оваа табела за
самооценување и во присуство со наставникот,со целата
група да ги продискутираат одговорите.
Групно оценување
Кога учениците работат во група,честопати наставниците повеќе време
одделуваат за крајот од активностa,за да можат членовите на групата да се
самооценат.Наставникот може да ја понуди следната рубрика за
самооценување на дискусиите:
Скоро
секогаш Понекогаш Никогаш

Пред да продолжиме проверуваме


дали сме ја разбрале задачата.

Се држиме до дадената задача.

Секој дава свои коментари.

Пред да го даде својот одговор секој


го сослушува другиот.
Пред да дадеме краен
заклучок,смислуваме неколку идеи.

На крајот го резимираме нашиот став.

Некој води белешки на нашата


дискусија
Групно самооценување

Откако групите на овој начин ќе го оценат своето


функционирање,ќе можат да се посоветуваат со
наставникот како да ја подобрат својата работа во групи.
Корисни линкови :
 http://www.education.com/worksheet-generator/ – Алатка за изработување
НЛ
 Изработување мисловни мапи – https://www.spiderscribe.net/app/
 Креирај едукативни компјутерски игри – 
https://www.zondle.com/publicPages/welcome.aspx
 Креирај тест – http://www.daypo.net/create.php
 Наставни листови за описменување на англиски јазик – добри идеи –
http://www.edhelper.com/alphabet.htm
 Дигитален речник на македонскиот јазик – http://www.makedonski.info/
 Алатки за изработка на работни вежби –  http://www.toolsforeducators.com/
 Изработка на интересни презентации – http://prezi.com/
 http://istrazuvaj.blogspot.mk/2014/09/blog-post_11.html?m=1
Користена литература
 Прирачник-Со читање и пишување до
критичко мислење
Ви благодариме за присуството
стручна служба
СОУ “Никола Карев”-Струмица

You might also like