You are on page 1of 4

Животот на ловците -собирачи од старото камено време

Како и денес, и палеолитските луѓе користеле технолошки пронајдоци за да ја менуваат својата


средина.

Една од основните истакнати карактеристики на човековиот вид е способноста да изработува


алати. Најраните алатки биле изработени од камен. Поимот палеолитско доба се користи за да се
означи раниот период на човековата историја (отприлика од 2.500 000-10 000 г.п.н.е.) во кој луѓето
користеле едноставни камени орудија. Палеолит на грчки означува стар камен, и самото
палеолитско време понекогаш се нарекува старо камено време.

Палеолитски начин на живот:

Стотици илјади години, луѓето се потпирале на ловот и собирањето плодови за да се прехранат.


Палеолитските луѓе имале блиска врска со природата која ги опкружувала.Тие научиле кои
животни да ги ловат и кои билки да ги јадат. Собирале диви корени, бобинки, плодови, жита и
зелени растенија. Низ светот, ловеле и јаделе најразлични животни, вклучувајќи ги биволите,
коњите бизоните, мамутите, елените и ирвасите. Во крајбрежните области, рибата била главен
извор на храна. Со текот на времето, палеолитските ловци развиле подобри алати.
Измислувањето на копјето, и подоцна на лакот и стрелата, го направило ловот многу полесен.
Харпуните и јадиците од коска го подобриле значително риболовот.

Ловот на животни и собирањето на растенија, без сомнение довело до создавање на извесни


шаблони на живот. Палеолитските луѓе биле номади (луѓе кои се селат од едно место на друго),
бидејќи немале друг избор освен да ги следат миграциите на животните и вегетативните циклуси
на растенијата. Археолозите и антрополозите претпоставуваат дека живеле во мали групи од по
дваесет до триесет поединци. Ловот зависел од внимателното набљудување на начините на
однесување на животните и барал целата група да се потруди со цел да имаат успешен улов.

Улогите на мажите и жените:

Се верува дека и мажите и жените биле одговорни за пронаоѓање на храна- главното занимање
на палеолитските луѓе. Бидејќи жените ги раѓале и одгледувале децата, веројатно тие останувале
близу до живеалиштето. Тука тие имале значајна улога во собирањето на плодови, бобинки и
диво жито. Мажите се занимавале со лов на големите животни, кој често се случувал далеку од
живеалиштето. Сепак и мажите и жените бие одговорни за пронаоѓање и добавување на храна
потребна за да се преживее. Со пренесување на практиките, вештините и орудијата на нивните
деца, палеолитските луѓе се осигурале дека идните генерации ќе преживеат. Бидејќи и мажите и
жените имале значајна улога во обезбедувањето на опстанокот на групата, некои научници
сметаат дека меѓу нив постоела еднаквост. Изгледа дека и мажите и жените одлучувале за
значајните нешта внатре во групата подеденакво.

Адаптација за да се преживее:

Палеолитските луѓе, посебно оние кои живееле во ладните климатски подрачја, наоѓале
засолништа во пештерите. Со тек на време, тие создале нови засолништа. Најголем дел од нив
биле шатори изградени од колци и покриени со животински кожи. Таму каде што немало доволно
дрво, наместо него се користеле коските од големите уловени животни.
Употреба на огнот:

Уште кога првите хоминиди почнале да се преселуваат од Африка кон север, тие морале да се
прилагодуваат на новите , посурови услови за живот. Можеби најважна од овие способности кои
им помогнале да преживеат била употребата на огнот. Homo Erectus бил првиот човеков предок
кој научил како да го пали и одржува огнот. Археолозите имаат пронајдено купишта јаглен и пепел
во пештерите, кои што се користеле пред најмалку 500 000 години. Огнот им давал топлина и го
одржувал чувството за заедништво во групата. Огнот, исто така, ги штител човековите претци,
овозможувајќи им да ги исплашат и избркаат дивите животни. Се претпоставува дека првите
ловци го користеле огнот за да го гонат нивниот плен и на крај да можат да го уловат. Плус, огнот
се користел за готвење на храната, правејќи ја повкусна, подолготрајна и полесна за јадење.

Научниците веруваат дека различни човекови групи независно едни од други пронашле начин
како да го палат и одржуваат огнот. Се претпоставува дека првично огнот се палел со триење на
две дрва, потоа со удирање со кремен врз кремен итн.

Леденото доба:

Можноста да се запали оган била исклучително важна во времето кога леденото доба се спуштило
над светот на палеолитските луѓе. Последното ледено доба започнало пред околу 100 000 г.п.н.е.
а завршило околу 8 000 г.п.н.е. Во овој период, прекривка од дебел мраз зафатила големи делови
од Европа, Азија и Северна Америка.

Животните услови во леденото доба претставувале сериозна закана за човековиот живот, и


способноста за прилагодување била клучна за нивниот опстанок. На пример, употребата на огнот,
не потсетува дека човековите претци понекогаш не се прилагодувале кон средината, туку тие ја
прилагодувале средината според нивните потреби.

Создавање уметност:

Важноста на уметноста за човековиот живот е видлива од еден основен податок; уметноста


постоела и меѓу палеолитските ловци и собирачи. Пештерските слики пронајдени во Ласко во
југозападна Франција и во Алтамира во северна Шпанија се доказ за ваквите активности. Една
пештера откриена во Франција во 1994 година содржела повеќе од 300 слики на лавови, бикови,
бувови, пантери и други животни. Новите откритија во повеќе области во светот придонеле за да
се утврди постоењето на оваа творечка дарба на нашите предци. Според археолозите, овие
пештерски слики биле создадени во периодот од 25-11 000 г.п.н.е

Животот на луѓето во неолитот и почетоците на човековата цивилизација

Неолитската револуција:

Крајот на последното ледено доба околу 8 000 г.п.н.е бил следен од нешто што се нарекува
неолитска револуција, што значи револуција која се случувала во периодот од 8-4000 г.п.н.е.
Зборот неолит на грчки означува нов камен. Сепак името младо камено време доведува до
забуна. Вистинската промена во неолитската револуција претставува префрлањето од лов на
животни и собирање на плодови кон одгледување на животните и растенијата т.е. она што се
нарекува систематско земјоделство. Одгледувањето на жито и зеленчук обезбедувало редовно
снабдување со храна. Припитомувањето на животните додало стабилен извор на месо, млеко и
волна. Животните, исто така, биле користени и за работа. Одгледувањето на растенијата и
припитомувањето на хранливите животни довело до нешто што историчарите го нарекуваат
земјоделска револуција.

Одгледувањето на земјоделски култури:

Помеѓу 8-5 000 г.п.н.е. систематското земјоделство се развило во повеќе делови од светот. Луѓето
во југозападна Азија започнале да одгледуваат пченица и јачмен и ги припитомиле свињите,
кравите и овците пред 8 000 г.п.н.е. Од југозападна Азија, земјодлеството се проширило во
југоисточна Европа. До околу 4 000 г.п.н.е. земјоделството се развило и во централна Европа и
крајбрежните области на Средоземното Море. Одгледувањето на пченица и јачмен се проширило
од југозападна Азија во долината на реката Нил околу 6 000 г.п.н.е. Културите набрзо се
прошириле преку Нил во другите делови на Африка, посебно во Судан и Етиопија. Околу 7-5 000
г.п.н.е., започнало ширењето на пченицата и јачменот и нивното одгледување во висорамнините
на северозападна и централна Индија. Околу 5 000 г.п.н.е започнало одгледувањето на оризот во
југостсочна Азија. Од тука, оризот се проширил во јужна Кина. Во северна Кина фармерите
одгледувале просо и веќе ги припитомиле свињите и кучињата во периодот околу 6 000 г.п.н.е.

Во Мезоамерика (денешно Мексико и централна Америка) започнало одгледувањето на


грав,тиква и пченка околу 7-5 000 г.п.н.е. Исто така тие ја припитомиле живината и кучињата
отприлика во истиот тој период.

Неолитски земјоделски села:

Одгледувањето на земјоделски култури на редовна основа им дало подем на постојаните


населби.Историчарите ги нарекуваат овие населби неолитски земјоделски села. Вакви населби се
појавиле во Европа, Индија, Египет, Кина и Мезоамерика. Сепак, најстарите и најголемите се
наоѓале во југоисточна Азија. На пример, Јерихон кој се наоѓа во Палестина, во близина на
Мртвото Море, постои од 8 000 г.п.н.е.

Чаталхујук, кој се наоѓа во денешна Турција,е една од најголемите вакви заедници. Се простира на
површина од 12 хектари и население од околу 6 000 луѓе во периодот на неговиот највисок развој
помеѓу 6700-5700 г.п.н.е. Луѓето овде живееле во едноставни куќи изградени од непечена цигла
лоцирани една до друга со мал број на улици. За да си влезат дома, луѓето требало да одат по
покривите и преку дупка во покривот да влезат внатре. Археолозите пронашле 12 вида на
производи кои се произведувале овде вклучувајќи овошје, јаткасти плодови и три вида на
пченица. Од припитомените животни добивале млеко, месо и кожа. Се смета дека исто така се
занимавале и со лов.

Како резултат на производството на храна, луѓето често пати имале повеќе храна од она што им е
потребно во моментот. За возврат, дел од луѓето можеле да се занимаваат со други занимања
освен со производство на храна. Некои од нив станувале занаетчии, специјализирани работници
кои произведувале, орудија, оружје и накит. Исто така, жителите на оваа населба имале трговски
врски со остатокот од светот. Посебни градби во Чаталхујук се храмовите кои содржат фигурини на
богови и божици., кои најчесто претставуваат жени кои дојат или раѓаат дете. Ова укажува на
зголеменото влијание на религијата во животот на неолитските луѓе.

Последиците од неолитската револуција:

Неолитската земјоделска револуција имала даекосежни последици. Драматичните промени што


се случиле во овој период, довеле до уште поголеми промени, кои ќе влијаат врз начинот на
животот на луѓето во следните илјадници години. На пример, кога луѓето започнале да се
населуваат во селата и населбите, виделе потреба да градат куќи за заштита и други градби за
складирање на храната. Организираните заедници ги складирале храната и останатите продукти,
што ги охрабрило да започнат со трговија. Трговијата со стоки предизвикала луѓето да се
специјализираат во извесни дејности, што довело до поделба на трудот. Камените орудија
станале поусовршени, како што биле кремените сечила употребувани за жнеење жито и камените
мотики за обработка на земјата. Голем дел од земјоделските култури кои денес се употребуваат
за исхрана, започнале да се одгледуваат во овој период. Дополнително луѓето започнале да
одгледуваат лен и памук, од кои потоа произведувале платно и облека.Промените кон
систематско земјоделство, исто така имале последици врз односите меѓу мажите и жените.
Мажите станале поактивни во полјоделството и сточарството, активности кои ги оддалечувале од
дома. Жените останувале дома, каде што се грижеле за децата, ткаеле платно, готвеле и
извршувале најразлични други домашни работи. Како што мажите земале се поголема
одговорност за снабдување со храна и заштита на населбата, тие почнале да добиваат
подоминантна улога, која што во добар дел останала до денес.

You might also like