You are on page 1of 1

Спарта

1. Основање и население
- Основана во IX век п.н.е од страна на Дорците
- Се наоѓала во областа Лаконија на полуостровот Пелопонез
- Војничка држава
- Спартијати-владеачка класа, основно занимање војувањето
- Периојки-се занимавале со занаетчиство и трговија, плаќале данок кон
државата но немале никакви граѓански права
- Хејлоти- се занимавале со земјоделство и сточарство и имале статус на
државни робови
2. Државно уредување
- Два крала-за време на војна заповедале со војската и имале неограничена
власт
- Совет на старци (Герузија)- се состоел од 28 мажи постари од 60 години плус
двајцата кралеви
- Народно собрание-го сочинувале сите спартијати постари од 30 години
3. Спартанско образование и воспитание
- Главна цел- да се создадат нови генерации на способни и бестрашни војници
- Селекција на децата уште по раѓањето-малите и болни бебиња биле фрлани во
провалија на планината Тајгет
- Децата останувале со своите семејства до седумгодишна возраст
- Откако ќе наполнеле седум години, државата ги преземала децата и ги
школувала во посебни училишта т.н. гимназии
- Најмногу се посветувало внимание на физичкиот развој, а сосема малку да
читаат и пишуваат
- Строга дисциплина и сурови услови за живот (кревети од трска, капење со
ладна вода во зимо, гладување, слаба облека и постојано физичко казнување)
- Лаконски говор- краток и јасен стил на говорење
- Образование за женските деца-целта била да раѓаат здрави и силни машки
деца кои верно и храбро ќе и служат на државата
- На спартанските војници им било забрането да се повлекуваат од бојното поле
или да се предаваат на непријателот
- Ваквото воспитание и образование направило од Спартанците одлична војска
која била ценета и почитувана низ цела Хелада и надвор од неа

You might also like