Professional Documents
Culture Documents
МАКЕДОНСКО
ЦАРСТВО
ФОРМИРАЊЕ НА АНТИЧКАТА
МАКЕДОНСКА ДРЖАВА
Името Македонија потекнува од македонскиот
митски предок Македон, кој според традицијата бил
син на врховните бог и божица на Античките
Македонци - Дион и Тија.
Името Македонија, влече корени од бригитскиот
јазик каде што ,,маке,, означувало широка, голема
и ,,дон,, означувало земја – во превод ,,Голема
земја,,
Во осмиот век пред новата ера, Античките
Македонци почнале да ја формираат својата
држава. Прв крал на Античките Македонци бил
Пердика I. Според легендата македонската држава
настанала вака:
Пердика заедно со своите двајца браќа,
работел за некој крал. Кога дошло време
кралот да им плати, тој покажал кон еден
сноп сончеви зраци кој одсјајувал на
земјата и им рекол дека тоа е нивната
плата.
Пердика бил мудар, земал нож, го
,,пресекол,, зракот и ја поделил платата на
своите браќа. Кралот се налутил бидејки
бил надмудрен од работникот и наредил да
ги фатат браќата и да ги заробат. Војската
на кралот тргнала, но при преминувањето
на една река, таа надошла и војската се
удавила. Така браќата биле спасени.
Браќата почнале да освојуваат голем
број на области и започнале со
процесот на формирање на своја
држава МАКЕДОНИЈА.
Најголем подем (раст) Македонија
доживеала за време на владеењето
на Филип II Македонски и неговиот
син Александар III Македонски.
ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ
На почетокот на своето
владеење вовел
финансиски реформи и
пуштил во употреба пари
(ковани златни монети) кои
се познати како статер
Вовел промени и во
војската која била
организирана во пешадија
наречена фаланга.
МОНЕТИТЕ НА ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ
СТАТЕР
АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ