You are on page 1of 13

Истражување за

државата на
Франките

Изработила :

Теодора ТрајчеваVII б . Одд.


Франки

 Франките (латински: Franci или gens Francorum)


се група на германски племиња, кои дошле од
Фризија и се населиле во доцната
Римско Царство како федерати. Првите
населувања за франките се околу 3 век. Тие
создале држава на територијата на дел од
современа Франција и Германија (Франконија).
Постојат повеќе теории врзани за

потеклото на Франките:

 Околу 580, хроничарот Григориј Турски зборува за народ од


Панонија кој тргнал по горното течение на реката Дунав за да се
насели на бреговите на реката Рона, и кој потоа ја освоил
Галија.
 Околу 660, Хрониката на Фредегер, а потоа и
Liber Historiae Francorum околу 725, тврдат дека Франките биле
бегалци од градот Троја, по освојување на истиот од страна на
Грците.
Оваа теорија била оспорувана уште во 17 век а денес и
целосно отфрлена.
 Современите научници на периодот на преселбите се
согласни дека идентитетит на Франките се појавил во
првата половина на 3 век од порано различни, помали
германски групи, вклучувајќи ги и Салијците, Сикамбрите,
Хамавите, Бруктерите, Хатите, Катуарите, Ампсивариите,
Тенктери, Убии , Батавијците и Тунгријците.
Државата на
Франките
 Франските племиња живееле крај средниот и
долниот тек на реката Рајна.
 Во текот на 358 година веќе постоеле два
франкиски сојуза: рипуарски и салиски. Во текот
на триесеттите години на 4 век Салиските Франки
искористувајќи ја влошената состојба во
империјата ја зголемиле својата територија сè до
реката Сома.
Салиски
Франки
 Салиските Франки или Салии биле
подгрупа на раните Франки кои
најпрво живееле северно од
лимесите (границите) на Римското
Царство, во подрачјето на Рајна.
меровиншките кралеви кои ја
освоиле Галија биле Салијци.
Рипуарски
Франки
 Рипуарските Франки (латински: Ripuari)
биле Франки кои живееле долж
средниот тек на Рајна околу Келн, во
денешна Северна Рајна-Вестфалија
(Германија) за време на римскиот период.
Овие Франки се групирале во текот на
втората половина на 5 век за да основаат
кралство во Келн, кое е интегрирано во
франското кралство на Хлодовик. Од 7 век
натаму се нарекуваат Рипуарски Франки.
Обединување на
Франките и создавање
на нивната држава
 Со водичот Kлодовик I (481 - 511 година)
Франките ја разбиле римската армија на
Галија. Во 486, со помош на Рагнакар,
Клодовик го поразил Сијагриј, последниот
римски посланик во Галија, кој владеел со
подрачјето околу Соасон денешна
Пикардија. Со ова тој ги обединил
Франките под своја власт. Во 496 година
Kлодвиг и неговото семејство се
покрстило и христијанството станало
официјална религија помеѓу Франките а со
тоа црквата станала главен сојузник на
државата на Франките.
Клодовик I 466–511
 Клодовик (Ch-)Leuthwig (Ludwig, Louis) бил првиот
крал на Франките кој ги обединил сите
франкиски племиња под еден владетел. Тој исто така
бил и првиот католички крал кој владеел со Галија .
Бил син на Хилдерик I и Базина. Во 481, кога имал 15
години, го наследил татка си. Значајно за Клодовик е
што тој ја намалил моќта на Римјаните во 486
поразувајќи го римскиот владетел Сијагриј во
Битката кај Соасон.
 Клодовик го проширил своето царство низ
речиси сите провинции на старата римска
провинција Галија (модерна Франција). Тој се
смета за основач на меровиншката династија
која ќе владее со Франките во следните два
века.
Смртта на Клодовик I
 Кусо пред неговата смрт, Хлодовик го повикал синодот на
галските епископи да се состанат во Орлеан за да ја
реформираат црквата и да создадат силна врска меѓу
Круната и Католичката епископија. Ова бил
Првиот Орлеански Совет. Присуствувале 33 епископи и биле
донесени 31 уредба за обврските и должностите на
поединците, правото на духовност и црковна дисциплина.
Овие уредби, еднакво применливи и за Франките и за
Римјаните, утврдиле еднаквост меѓу освојувачите и
поразените.
 Се вели дека Хлодовик умрел на 27 ноември 511
 По неговата смрт кралството било поделено меѓу неговите
четири синови: Теодорих, Хлодомер, Хилдеберт, и Клотер.
Оваа делба создала нови политички целини – Кралствата
на Ремс, Орлеан, Париз и Соасон и започнал период на
неединство кое ќе трае, со куси прекини, сè до крајот (751)
на неговата меровиншка династија.
Државата на Франките
во времето на Карло
Велики
 Карло Велики (лат. Carolus Magnus, герм. Karl
der Große, фр. Charlemagne; 2 април 742 -
28 јануари 814) — Франкиски крал и
цар на Светото Римско Царство. Мајка му била
Бертрада а татко Пипин. Владеел со
Кралството на Франките (подоцна царство) од 768
па сè до 814 година. Војувал против германски и
словенски племиња.
 Денес тој се смета не само како основач на двете
монархии, француската и германската, туку и како
татко на Европа: неговата империја ги обединила
поголемиот дел од Западна Европа за првпат по
пропаста на Западното Римско Царство.
Крунисувањето на
Карло Велики и
царството на франките
 По смртта на Пипин Малиот во 768 година, неговите два сина –
Карломан и Карло, ја поделиле Франкиската држава. Меѓу нив
имало доста големи несогласувања, но Карломан умрел во 771
година, па така целото кралство останало во рацете на Карло.
Тој воспоставува баланс меѓу царската и папската власт. Во 772
година Карло Велики ја освоил Саксонија, која станала дел од
Франкиското кралство. Во средината на 8 век, Карло Велики
извршува покрстување на Саксонците.
 По смртта на Карломан, неговите територии не преминуваат во
власт на неговиот син, туку со поддршка од племствата ги
добива Карло Велики. За да ги смири односите со
Лангобардите, се оженил со Дезидерија - ќерката на
Лангобардскиот крал Дезидерат кој ја имал власта над
Лонгобардите. Но не било успешно Дезидерат давал отпор а
Франкиската војска со месеци стоела пред ѕидините на
Лангобардиската престолнина – Павија.
 Во почетокот на јули 774 година паднала Лангобардиската
престолнина. Дрезидериј бил симнат од престолот и бил
протеран во манастир, Карло Велики ја добил титулата – крал
на Франките и Лангобардите.
Цар на Светото Римско Царство
Карло Велики
 На врвот од својата моќ, Карло Велики сакал да ја приграби
царската круна. Воздигнувањето на франкиското кралство во
царство не била лесна задача. Тоа било посакувана желба од
многу други претходни франски кралеви, но никогаш успешно
не била резлизирана. Карло Велики речиси половина Европа ја
организирал во една единствена и стабилна држава, што
дирекно одело во полза на римската црква.
 По смртта на римскиот папа Адријан I во 795 година, на чело со
Римокатоличката црква дошол папа Лав III. Лав III не водел
свештенички живот па Карло Велики му вршел влијание а со тоа
и создал добри односи со новиот римски папа, само со една
цел, тој да му помогне да ја приграби царската круна.
 Во Рим црковните кругови го напагаат Лав III а тој побарал
помош од Карло Велики за да го врати на престолот на
Римокатоличката црква, каде што паднал и взаемен договор.
 По наредба на Карло Велики сите заговорници против папата
Лав III биле затворени, а папата повторно во 800 година се
вратил во Рим со нова свечена заклетва. На Божиќ 25 декември
800 година, во црквата Св. Петар во Рим , Карло Велики бил
Папата Лав III крунисан за цар на франскиската држава и
Светото Римско Царство.
Смртта на Карло Велики - Цар
на Светото Римско Царство
 Последните години од своето владеење Карло го избрал за
своја престолнина градот Ахен и посветил многу внимание на
зацврстувањето на границите на своето царство. Особено
внимание посветил на зацврстување на источните граници со
цел да ги запре нападите на словенските племиња.
 Карло Велики уште за време на својот живот сакал да ја подели
власта на своите синови. Откако ја освоил Лангобардија, го
прогласил неговиот син Пипин за крал на Лангобардија, којшто
владеел со оваа територија под раководство на својот татко. По
смртта на Пипин, крал на Лангобардија станал неговиот син
внукот на Крало Велики) Бернард. Останатиот дел од
територијата Крало Велики му го остапил на својот син Луј I, кој
станал негов директен наследник и бил крунисан за цар на
Франкиската држава и Светото Римско Царство.
 Потоа Крало Велики се повлекол во дворецот во Алхен, каде
што ги поминал последните месеци од својот живот во тешка
болест. Починал на 28 јануари 814 година. Луј I Побожниот не
успеал да го задржи обединето Франкиското Царство, при
Саркофагот на Карло Велики по поделбата на Царството меѓу неговите синови: Карло, Лудвиг,
порачка на Фридрих II Лотар и Пипин и така настануваат нови меѓусебни војни и
разединување на Франкиската држава од нивна страна.

You might also like