You are on page 1of 43

ЕГИПЕТ

Древен Египет • Почетоците на древната египетска држава


датираат околу 5000 год. п.н.е во долината
на Реката Нил.
• Првите организирани заедници(4000 пне).
биле окрузи номи на чело со номарх.
• Кралствата на Горен и Долен Египет
• Менес-ги обединил во една држава околу
3200 гпне со престолнина во Мемфис.
Круната на фараонот била составена од
два дела, во две бои: бела и црвена. Тоа го
симболизирало обединувањето на двете
држави во една.
Историски периоди-31 династија
Египетската држава била создадена во долината на реката Нил (долга 6.450 км и
широка 15 - 25 км). Таму, на бреговите на реката Нил, на плодните речни брегови,
се населиле припадници на повеќе различни народи уште околу 5000 г.пр.н.е.
Најбројни биле Хамитите, Семитите од Азија и Нубијците од топлите краеви на
Африка.
Реката Нил му давала живот на египетското население и затоа била сметана за
божество. Секоја година од јули до септември Нил се излевал од своето корито,
притоа оставајќи плоден талог овозможувал три жетви во годината. Затоа основно
занимање на населението во Египет било земјоделството, но тоа се занимавало и
со сточарство, лов, риболов и трговија. Меѓутоа, во Египет сета земја не била толку
плодна, ниту поплавувана. За заштита од поплави, а и за наводнување на
обработливата површина во сушните месеци биле градени насипи, брани, канали,
вештачки езера - иригациони системи. За изградба на овие системи со тогашните
примитивни орудија за работа биле потребни многу луѓе. Затоа одделни семејства
што живееле на одделна територија се здружувале во поголеми територијални
заедници - селски општини, а повеќе селски општини се здружувале во уште
поголеми територијални заедници - окрузи (номи) на чие чело стоел номарх, кој
бил врховен судија, свештеник и војсководец концентрирајќи ја сета власт во
својата личност.
ИРИГАЦИОНИ СИСТЕМИ 
(системи за одводнување и наводнување)
 Нил  често се излевал и ги поплавувал
посевите. за да се одбранат од надојдените
води старите Египќани граделе брани насипи
и канали за одводнување. Меѓутоа по
поплавите настапувал период на  долготрајна
суша, тогаш земјата пукала а посевите се
сушеле. За да ги сочуваат посевите,
Египќаните граделе канали за наводнување и
вештачки акумулации. Еден човек неможел
тоа да го изгради. затоа тие се здружувале и
заеднички работеле на одржувањето на
системите за наводнување. Само така можеле
да опстанат во борбата со поплавите и
сушите, и на тој начин тие обезбедувале  две
до три жетви  во годината. На иригационите
системи најмногу работеле робовите и
селаните
Кон крајот на IV милениум пр.н.е. во Египет се формирале и постоеле
околу 40 номи на чело со самостојни владетели. Секоја нома имала
свое име по „светото“ животно кое кај нив се почитувало (сокол, волк,
зајак, змија, бик, птица Ибис итн.). Номарсите воделе постојани
меѓусебни војни за превласт, а заробените противници во тие походи
не ги убивале, со што постојано се зголемувал бројот на робовите. По
тие долготрајни војни се формирале две поголеми држави - царства
Горен Египет (во горниот тек на реката Нил) и Долен Египет (во
делтата на Нил). И овие две големи држави воделе постојани
меѓусебни војни за превласт и обединување во една држава, при што
најпосле владетелот на Горен Египет Менес во 3200 г.п.н.е. ги
обединил во една држава со центар во градот Мемфис (денес близу
Каиро). 
Зачувана изрека:
Три месеци Египет 
е бел бисер,
Три месеци - црна кожа,
Три месеци - зелен смарагд,
И уште три црвено злато.     
МЕНЕС
ДРЖАВНО И ОПШТЕСТВЕНО УРЕДУВАЊЕ
Египетската држава била централизирана робовладетелска
монархија на чело со наследен владетел - фараон. Тој бил
апсолутен, неограничен и наследен владетел - деспот и себе си се
сметал за син на врховниот бог на Египќаните - Амон Ра. Во
управувањето со државата на фараонот му помагале голем број на
намесници кој ги поставувал лично тој и најчесто тоа биле негови
пријатели и блиски роднини. Намесниците управувале со некогашните
номи - мали државички што биле претворени во покраини. Тие со
помош на старешините на општините воделе грижа селаните од
нивните области редовно да работат на изградбата и одржувањето на
насипите, каналите, браните и останатие објекти за наводнување и
редовно да му плаќаат данок во жито на фараонот. Моќта на фароните
се состоела во нивното огромно богатство, бројната војска, државните
чиновници и свештенството кои заеднички го искористувале трудот на
робовите, селаните и занаетчиите. Членовите на државниот апарат
биле богато наградувани за својата верност и служба со земја, робови
и добиток.
Египетско општество

Симболи на власт
-Жезол
-Круна-Кепреш
(составена од
круните на Горен и
Долен Египет)
-Камшик
-Брада

Богатсвото на Египет се засновало на производството на жито,


платно, папирус,занаетчиство, трговија,работата на робовите.
ИЗДИГНУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВАТА
Староегипетската држава траела речиси 31 век и за тоа време се
смениле 31 фараонска династија. Нејзината долга историја се дели на
четири периоди и тоа: Старо Царство (3100 - 2160 г.пр.н.е.), Средно
Царство (2160 - 1750 г.пр.н.е.), Ново Царство (1570 - 1085 г.пр.н.е.)
и Доцно Царство (1085 - 525 г.пр.н.е.).
 За време на Старото Царство (3100 - 2160 г.пр.н.е.) фараоните воделе
многубројни освојувачки војни преку кои ги зголемувале својата моќ и
богатство. Меѓу многуте фараони од овој период посебно се истакнале
фараоните Џосер,Снофру и Кеопс. Тие ја прошириле египетската држава на
југ до Етиопија и Северна Нубија, области што биле богати со
злато.Освојувачки походи биле преземани и кон Либија,Феникија и Синајскиот
Полуостров,од каде што го носеле бакарот.Меѓутоа,од средината на III
милениум п.н.е.настанал период на слабеење на фараонската власт.
Доделувајќи им земја на аристократијата и храмовите, фараоните постепно ја
губеле својата моќ, а сè повеќе јакнела власта на управувачите на номите –
номарсите,кои веќе се одвојувале од централната власт..Така, кон крајот на
Старото Царство, египетската држава се распаднала на повеќе државички,
чиишто владетели постојано војувале меѓу себе.
 Потребата од одржување на иригациониот систем од што зависел опстанокот
на народот, довела до повторно обединување на Египет. Ова обединување го
извршиле владетелите од југ. Со тоа започнал периодот на Средното Царство
(о. 2160 - 1750 г. пр. н. е.) со центар во градот Теба. Во овој период
иригациониот систем бил обновен, а биле зголемени и обработливите
површини во долината на реката Нил. Околу 1710 г. пр. н. е. од североисток
навлегле Хиксите од Азија, го освоиле северниот дел на Египет и со него
владееле повеќе од 150 години. Употребата на коњот како домашно животно
Египќаните ја примиле од Хиксите.
СКАЛЕСТАТА ПИРАМИДА НА ЏОСЕР
Џосеровата пирамида била изградена за фараонот Џосер од архитектот 
Имхотеп во XXVII век п.н.е. во Сахарската некропола, југозападно од градот 
Мемфис.Скалестата пирамида на Џосер [трета династија,основач на Старото
Египетско Кралство] се смета за првата голема камена градба во историјата
ЏОСЕР

Статуа на Џосер од неговата пирамида


Стела што го споменува Џосер
ПИРАМИДИТЕ ВО ГИЗА
СНОФРУ,ОСНОВАЧ НА IV
ДИНАСТИЈА ОД СТАРОТО
ЕГИПЕТСКО КРАЛСТВО

Пирамидата во Медум

Црвената пирамида на
Снофру

Свитканата пирамида на Снофру


во Дахшур
КЕОПСОВАТА
ПИРАМИДА,ОКОЛУ
2560 Г.П.Н.Е.
Микериновата пирамида-
најмалата од трите главни 
пирамиди во Гиза, која се наоѓа
на платото Гиза во југозападните
периферии на Каиро, Египет. Се
верува дека е изградена за да
служи како гробница на
четвртата династија на
египетскиот фараон Микеринос
Како резултат на ослободителното движење против Хиксите започнал
периодот на Новото Царство (1570 - 1085 г.пр.н.е.). Во овоа време
фараоните создале моќна војска, со употреба на коњите и бојните
коли и воделе освојувачки војни. Меѓу фараоните од ова царство
најмногу се истакнале Тутмос III,од XV в.п.н.е. [успеал да ја
прошири државата се до реката Еуфрат] и Рамзес II,од XIII
в.п.н.е. [војувал во Сирија]. Во нивно време Египет достигнал
најголема воена моќ од своето постоење и неговата власт се протегала
до реката Еуфрат во Месопотамија.
Од периодот на Новото Царство посебно интересен бил и фараонот
Тутанкамон кој припаѓал на XVIII династија од XIV в.пр.н.е.
Неговата гробница била откриена во 1922 година во Долината на
кралевите, близу Луксор. Во гробницата е пронајдена неговата мумија
со златна маска на лицето. Таа била сместена во неколку саркофази од
кои еден бил од чисто злато. На мумијата се пронајдени 143 златни
предмети (огрлици, прстени, гривни, ножеви), а покрај саркофагот се
пронајдени и повеќе статуи со ликот на Тутанкамон, скапоцени
предмети и златен накит.
РАМЗЕС II
За да стави крај на конфликтот,
Рамзес II решил да склучи договор со
новиот хетски крал Хатушили III, во
Кадеш, во дваесет и првата година од
своето владеење(1258 г. п. н. е).
Претстојниот документ е
најраниот познат мировен договор во
светската историја.

Египетско-хетски мировен
договор помеѓу Рамзес II и
Хатушили III, средината на
Египетското и Хетското Царство, во периодот околу13 век пр.н.е. Нов музеј,
Битката кај Кадеш Берлин
Нефертити била кралица на XVIII династија на Антички Египет,
Големата кралска сопруга на фараонот Екхатон. Нефертити и
нејзиниот сопруг биле познати по религиозна револуција, во која
обожавале само еден бог, Атон или сончевиот диск
ТУТАНКАМОН
Во меѓупериодите египетската држава
запаѓала во разни кризи,меѓусебни борби за
превласт и надворешни упади од разни
освојувачи.Но и самите египетски владетели
преземале разни воени походи.Повремено
египетската држава доживувала големи
територијални проширувања,но и слабеење
во времето на разните бунтови и востанија
на поробените народи.
Освојувачките походи на фараоните и востанијата на потчинетите и поробени
народи ја ослабнале државата. Таа ги изгубила освоените територии во
Сирија и Палестина.Во 671 г. пр. н. е. Египет се нашол под асирска
власт.Асирците владееле со Египет околу 100–тина години.Египќаните
кренале востание и успеале да се ослободат од асирската власт.
Во 525 г. пр.н.е. Египет бил покорен од Персија и бил претворен во персиска
провинција.Во 332.г.пр.н.е.Египет бил освоен од Александар III
Македонски и влегол во составот на македонската држава. По смртта на
Александар Македонски и поделбата на неговото Царство со Египет
завладејала династијата Птоломеиди, која владеела до 30 г. пр. н. е. кога по
смртта на последната владетелка од оваа династија Клеопатра VII Птоломеј,
Египет бил претворен во римска провинција.

Битка кај
Пелусиум,525
г.п.н.е. меѓу
фараонот
Псаметих III и
персискиот
владетел Камбиз
II
Клеопатра VII
Александар III
Птолемај
10 ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ЕГИПЕТ

• 1. Египетските фараони никогаш не ја покажувале нивната коса. За таа


цел тие носеле специјални капи и крпи на сини и жолти линии наречени
немес. Така е и прикажана златната маска на фараонот Тутанкамон.
• 2. Египќаните се меѓу првите цивилизации кои создаваат своја
писменост. Тие користеле хиероглифи само за ритуали и официјални
споменици, а во секојдневниот користеле поедноставена писменост
• 3. Египќаните, како и многу древни народи, верувале дека Земјата е
рамна, и мислеле дека Нил тече низ центарот .
• 4. Кога мумифицирале од човечко тело, вршеле отстранување на сите
органи од него, но го оставале само срцето, бидејќи сметале дека таму
се наоѓа душата.
• 5. Клеопатра, подготвувајќи се за самоубиство, убивала со различни
отрови, затвореници, за да утврди кои од нив делуваат брзо и безболно .
• 6. Малите деца во Египет не носеле облека и оделе целосно истрижени
до дванаесет годишна возраст.
• 7. Мажите и жените биле еднакви пред законот.
• 8. Од Египќаните дошла традицијата венчален прстен да се носи на
прстот, бидејќи се сметало дека минува низ него вена која води право во
срцето.
• 9. Во древниот Египет шминка носеле како жените, така и мажите.
Верувале дека има заштитни и лековити својства.
• 10. Некои Египќани спиеле на перници, изработени од камен.
Наследството на цивилизацијата на Египет
Иригација на
хидраулични
принципи,
Медицина-рецепти земјоделств Хиероглифи,
за лекови, о папирус, мастило во
дентална хигиена, , боја, сликарство
шминка дводимензионално

Календар лунарен со
Стакло , намештај, 12 месеци
накит, уметнички часовници, сончев,
предмети воден, обелиск
Астронимија

Математика,
Инструменти,игри
геометрија
куглање
децимален систем

Архитектура,
Бродови и навигација, пирамиди, камени
употреба на јажиња, градови
оружје
Едноставни Организиран труд
машини, лост и
рампа

You might also like