You are on page 1of 2

Србија и Црна Гора во XIX век до Првата светска војна

Србија

1.Востанија против османлиската власт

Во почетокот на XIX век во Белградскиот Пашалак [Мачва,Шумадија,Долно Подунавје],се


зголемил притисокот на Османлиите врз српското население.Состојбата се влошила
особено поради самоволијата на јаничарите,кои предводени од четворица дахии ја
презеле власта во 1801 година.Како одговор на насилството,Србите во 1804 година
кренале востание,на чело со Караѓорѓе Петровиќ.Востаниците успеале во неколку битки
да ги победат Османлиите и да ослободат многу градови во Србија,меѓу кои и Белград.Во
1807 година со османлиската држава,бил склучен Ичков мир,со кој на Србија и била
призната самоуправа.Во 1808 година Караѓорѓе Петровиќ бил прогласен за кнез а Србија
станала кнежевство.Но,кон крајот на 1813 година,Османлиите успеале да го задушат
востанието и да ја потчинат повторно Србија.Две години подоцна,во 1815 година,било
кренато Второто српско востание,под водство на Милош Обреновиќ.Востаниците
ослободиле поголем дел од Белградскиот Пашалак и ги принудиле Османлиите да стапат
во преговори со нив.Бил постигнат договор според кој Србите ги прекинале воените
напади,а за возврат добиле одредени права.Милош бил признат за врховен и наследен
српски кнез на Србија,даноците и давачките за спахиите ги собирале Србите а во нахиите
покрај турски управници,имало и српски кнезови.Била воспоставена т.н.народна
канцеларија која имала одредена управна власт.

2.Осамостојување и издигнување на Србија


Милош Обреновиќ настојувал целосно да ја осамостои Србија.Тоа траело до 1829 година
кога била завршена Руско-Турската војна [1828-1829],со пораз на Османлиската Империја
и потпишување на Одринскиот мировен договор,1829 година,со кој меѓудругото,било
договорено Србија да добие автономија.Исто така,и биле вратени и шесте нахии кои биле
ослободени за време на Првото српско востание.На 3 август 1830 година,бил донесен
султански акт,т.н.хатишериф со кој Србија била призната за вазално кнежевство на чело со
Милош Обреновиќ,како наследен кнез.Во 1833 година бил укинат спахискиот
систем,земјата станала сопственост на селаните,спахиите ја напуштиле Србија,а само уште
во некои градови постоела турска војска.Со тоа во Србија и правно биле укинати
феудалните односи.По добивање на автономија,особено до израз дошло самоволието на
Милош Обреновиќ,кој не сакал да ја дели власта со никого.Затоа,во 1838 година бил
донесен турски устав со кој власта на кнезот била ограничена од Српскиот совет , од 17
членови.Милош Обреновиќ бил принуден да абдицира на 1 јуни 1939 година,ја напушта
Србија.Го наследува неговиот син Милан,од јуни до јули истата година,кој бил болен од
туберкулоза и починал по еден месец,а престолот бил заземен од неговиот втор син
Михајло,кој владеел апсолутистички,како и неговиот татко,затоа,набргу и тој бил
принуден да ја напушти Србија и да замине во Австрија.Во 1842 година,за српски кнез е
избран синот на Караѓорѓе Петровиќ,Александар Караќорѓевиќ кој владеел до 1858
година.Во негово време биле донесени неколку реформаторски закони,со кои се
заштитува приватната сопственост,се гарантира интегритетот на личноста,слободна
трговија,реформи во судството,администрацијата,просветата.
По 19 години прогонство,со одлука на Светоандрејското собрание,Милош Обреновиќ се
вратил во Србија и го започнал второто владеење до 1860 година.Милош починал на 26
септември 1860 година.По неговата смрт неговиот син Михајло,по втор пат ја презел
власта во Србија.Во 1868 година против него бил организиран заговор со цел да биде
убиен.Немал законски наследници и на престолот бил наследен од Милан Обреновиќ
внук од Милошевиот брат,Јеврем.

You might also like