You are on page 1of 2

ТЕМА: Балканот по Втората светска војна

Албанија по Втората светска војна

1.Како беше воспоставен комунистичкиот режим во Албанија?


По завршувањето на Втората светска војна и поразот на
Нацистичка Германија, земјата првично станала сателитска држава
на Советскиот Сојуз, а потоа Енвер Хоџа се појавил како лидер на
новоформираната Народна Република Албанија. Земјата започнала
да развива надворешни односи со другите комунистички земји,
како и со Кина.
Во декември 1944 година беше одлучено да се ликвидира
приватната сопственост и таа да биде заменета со државна
сопственост. Во овој период, земјата доживеала растечка
индустријализација и урбанизација, брза колективизација и
економски раст што довело до повисок животен стандард. Новите
закони за земјишни реформи биле усвоени со доделување на
сопственост на земјиштето на работниците и селаните кои ја
обработувале. Земјоделството станало кооперативно, а
производството значително се зголемило, што довело до тоа земјата
да стане самостојна за земјоделство. Во областа на образованието,
неписменоста била елиминирана меѓу возрасната популација на
земјата. Владата, исто така, ја надгледувала и еманципацијата на
жените и проширувањето на здравствената заштита и
образованието низ целата земја. Но, сепак овој систем не траел
долго време.

2.Водачот на Албанија имаше воспоставен култ на личност,што


значи тоа?
Култ на личноста или култ на лидерот, се јавува кога режимот
на една земја или поретко индивидуа ги користи техниките на
мас-медиумите, пропагандата, лагата, спектаклот, уметноста,
патриотизмот и владата како и организирани демонстрации и
митинзи за создавање идеализирана, херојска и поклоничка
слика за лидер, честопати преку несомнено ласкање и пофалби.
3.Што е тоа атеистичка држава?
Атеизмот претставува во поширока смисла, е одбивањето на
верување во постоењето на божества. Во потесна смисла, атеизам е
ставот дека не постојат божества. Па спрема тоа, атеистичка држава
би претставувало држава во која е забранета секаква религија,
верски обичаи, верски градби, заедници и свештенски лица.
Албанскиот комунистички режим ја забрани религијата и со
децении вршеше репресија врз христијанските и муслиманските
верници, затвораше и погубуваше свештеници и ги прогонуваше
нивните семејства, но и покрај тоа, некои продолжија тајно да ги
практикуваат верските обичаи.

Изработила:
Наталија Цветкова III3

You might also like