You are on page 1of 1

Општествено - политичките и економските прилики во

Македонија
1. Каква била економската состојба во Македонија по Втората светска војна?
2. Кои биле главните економски реформи што се спровеле по Втората светска војна во
Македонија?
3. Како се развивал општествено - политичкиот систем во Македонија до 1991 година?

Одговори:

1. По Втората светска војна, Македонија излегува со разнебитена економија, бидејќи за


време на војната главно настрадале сите сектори на економијата. По формирањето
на првата Влада ( 1946г) почнува да се спроведува  новата економска политика. 

2. Како главни економск реформи се :


- Приватната сопственост, преку национализација е укината и е
формирана државна  сопственост. Во државна сопственост преминуваат
:Пиварницата од Скопје, фабриката за алкалоиди, фабриката за оксиген, „Треска“ и
др.
- Промени  има и во земјоделството каде се спроведува аграрна реформа со
која безимотните селани добиваат земја. По создавањето на
општествена  сопственост започнува процесот на планскиот развиток и процесот
на индустријализација и електрификација.Се изградуваат големите
индстриски капацитети, како : Железарницата во Скопје, ОХИС, тополницата за олово
и цинк во Велес, РЕК Битола и др.

3. Општествено - политичкиот систем во Македонија поминува низ повеќе фази:


 Првиот период е централистичкиот (1945 - 1950), каде власта и припаѓа на
КПЈ, се воведува диктатура на пролетеријатот и во општеството владее само
марксистичко - ленинистичката идеологија. Во овој период сите класни
непријатели се прогонувани и репресирани.
 Вториот период е самоправниот. Првите работнички совети се формираат во
1950 г, и започнваат мали процеси на општествена демократизација на
општеството.

4. Во 1963 год, се донесува новиот УСТАВ на СФРЈ и на СРМ.


5. Со новиот Устав, Сојузот на комунистите на Југославија е дефиниран како
единствена раководна политичка сила во општеството.
6. По распадот на СФРЈ, Македонија се здобива со државна независност, се
преминува од социјалистички во капиталистички систем, се воведува политичкиот
плурализам, а пазарната економија станува основа на економскиот живот во земјата.

You might also like