You are on page 1of 2

ОРГАНИЗАЦИЈА И ПРОПАЃАЊЕ НА САМОИЛОВАТА ДРЖАВА

* Организација на Македонската држава


- Македонското Царство било централизирана држава.
- на чело на државата стоел монархот – царот, кој имал неограничена власт
- живеел во престолнината Преспа, а подоцна во Охрид
- имал раскошна палата - дворец
- во дворецот живеело неговото семејство и блиските соработници (советници и дипломати)
- за непослушните и непријателите на државата имал затвор и ги затворал
- постоела дворска канцеларија, во која се пишувале заповеди, писма, пораки и др. на словенски јазик со
кирилски букви
- грчкиот и латинскиот јазик биле за меѓународна употреба
- во управувањето на државата, царот се потпирал на војската и свештенството
- царот имал посебна воена единица која се состоела од коњаница и пешадија
- војската била опремена со панцири и оклопи
- за полесно управување државата била поделена на области со кои управувале управници кои биле од
благородничко потекло
- нив ги назначувал царот и тие му биле потчинети нему
- најблиските роднини на царот управувале во поголемите градови и поважните области
- освен царот важна улога во државата имала црквата
- македонскта црква во почетокот била архиепископија, а по прогласувањето на Самоил за цар станала
Патријаршија
- седиштето на архиепископот - патријархот се наоѓало во престолнината Преспа и Охрид
- царот за да ја придобие подршката од црквата давал подароци и имоти
- населението во Македонското царство го сочинувале

 благородници (биле богати и учествувале во управувањето на државата)


 занаетчии (изрботувале оружје, земјоделски алати, облека, обувки)
 селани (тие ја работеле својата земја, давале данок во натура, а имале работни обврски кон
државата)
- најбројни биле Македонците,потоа имало Грци,Ерменци,Власи,Албанци,Срби
* Слабеење и пропаѓање на Македонското Царство
- во летото 1014 год. византискиот цар Василј Втори ја нападнал македонскта војска во клисурата меѓу
планините Огражден и Беласица
- Самоил бил нападнат од зад грб, но успеал да избега
- византискиот цар заробил 14 000 војници и наредил на сите да им се извадат очите, само на секој 100-ти
војник му оставил по едно око
- Самоил не можел да го поднесе поразот, добил срцев удар и на 6 октомври 1014 умрел во Преспа
- на престолот на цар Самоил застанал неговиот син Гаврил Радомир
- за време на владеењето на Радомир во царството се појавиле несогласувања и државата почнала да слабее
- Гаврил Радомир бил убиен од неговиот братучед Јован Владислав
- по смртта на Радомир со државата завладеал Јован Владислав
- Јован Владислав владеел до зимата 1018 год. кога загинал при обидот да го освои градот Драч
- по смртта на Јован Владислав со држават владеела царицата Марија
- Византија напаѓала, а управниците на градовите еден по еден се предавале и кон крајот 1018 год. целосно
Македонија била заземена од страна на Византијa.

You might also like