You are on page 1of 5

Население

ЕКУМЕНА, АНЕКУМЕНА, СУБЕКУМЕНА


• Екумена се населените предели на планетата Земја.
• Анекумена се ненаселените (сурови) предели на Земјата: половите, пустините, Сибир,
мочуриштата, високите планини.
• Субекумена се привремено населените простори на Земјата: Антарктикот, врвовите на
планините.

БРОЈНА СОСТОЈБА
• Бројна состојба на светското население - 7,5 милијарди (7,8)
Азија Африка Европа (↓) С. Америка Ј. Америка Австралија и Океанија
• 4,5 1,3 држави се:
Најнаселени 0,75 0,5 0,45 0,35
Кина 1,3 (1,4) Индија 1,2 (1,35) САД 0,33 Индонезија 0,27 Бразил 0,2
• На почетокот на првобитните заедници имало 10 милиони, во почетокот на 19 век имало
900 милиони, на почеток на 20 век имало 1,6 милијарди луѓе.

ПРИРОДЕН ПРИРАСТ
• Природниот прираст е основен фактор за зголемување на бројноста на населението.
Се изразува во промили (‰).
• Природниот прираст зависи од наталитетот (стапката на живородени),
морталитетот (стапката на умрени), економските, социјалните, образовните,
културните, религиозните, здравствените услови на луѓето.
• Светскиот природен прираст е 18 ‰ (на 1000 живи, 18 нови годишно).
(Всушност, вистинската бројка е 10,4 ‰ заклучно 2020 година.)
• Природниот прираст се пресметува по формулата
(живородени - умрени) : вкупно население * 1000
• Висок природен прираст = +15 ‰
Умерен природен прираст = 10-15 ‰
Низок природен прираст = -10 ‰
Негативен природен прираст се појавува кога има повисок морталитет од наталитет; и
подразбира намалување на населението или депопулација.
• Развиените земји имаат низок природен прираст;
слабо и умерено развиените имаат висок природен прираст.

Население Page 1
Структури на населението
• Половата структура го претставува бројниот однос меѓу машкото и женското
население.
→ Преовладува женското население над машкото, претежно поради војните каде
загинуваат повеќе мажи од жени.
→ Во Македонија, бројот е речиси изедначен (51% жени, 49% мажи).
• Старосната структура го претстаува бројниот однос на населението по старосни групи.
○ Младо население: 0-19 години (38%)
○ Зрело население: 20-60 години (52%)
○ Старо население: +60 години (10%) (ова население расте во Македонија)
• Образовната структура го претставува бројниот однос на населението според нивото
на образование.
○ Неписмено население
○ Писмено население
 Без основно образование
 Со основно образование
 Со средно образование
 Со високо образование
 Со пост-високо образование
→ Неписменото образование во 2000 година било 5%, денес 3%.
→ Во некои земји (скандинавските и др.) нема неписмени лица.
→ Повеќе неписмени лица се старите лица поради воениот и повоениот период,
како и жените поради религиозните и етничките убедувања дека на жената не ѝ
требаат училиштето, туку само домот, децата и мажот.
• Економската структура или структурата по активност го претставува бројниот однос
на населението според неговата економска ангажираност.
→ Активно население е она кое со својата работа обезбедува средства за живот.
(вработени лица)
→ Издржувано население е она кое не работи, а средствата за живот ги добива од
другите. (деца, ученици, студенти, домаќинки, инвалидизирани лица без државна
помош)
→ Лицата со лични приходи се оние кои не работат, но имаат приходи. (пензионери,
инвалидизирани лица со државна помош, изнајмувачи на станови, примачи на социјална
помош)

Население Page 2
Миграциони процеси
• Миграционите процеси претставуваат преселување (миграција) на населението -
менување на местото на живеење, односно иселување (емиграција) и доселување
(имиграција).
• Поделба на миграциите:
○ Според просторот на одвивање:
 Внатрешни миграции - во рамките на една држава
(село-град најсилна, град-село за пензионери, село-село најретка, град-град за
студенти)
 Надворешни миграции - со излез од една и влез во друга држава
○ Според времетраењето:
 Постојани миграции - со трајно преселување
 Сезонски миграции - преселувања повеќе од 24 часа
(одмор, студенти, земјоделски и сточарски работи, камионџии, печалбари)
 Дневни миграции - преселување помалку од 24 часа
(работа, училиште, вакцинирање во Србија, шопинг во Солун и Врање, рекреација)
• Историски миграции
○ Големата преселба на народите била миграција во минатото кога народни од
Централна Азија (Монголи, Хуни, Турци, Татари...) се преселиле во Европа, а ги
повлекле и европските народи да се преселуваат (како Словените).
○ Со откривањето на новиот свет (Америка и Австралија) се случила огромна
преселба на Англичани, Шпанци, Португалци, Ирци, Италијанци и Французи на тие
континенти.
○ За време на Граѓанската вројна во Грција речиси сите Македонци од Егејска
Македонија биле протерани од своите родни места и се преселиле во Македонија
и Југославија.
○ Со распаѓањето на Израел како држава, огромен број Евреи морале да се преселат
низ целиот свет каде се и денес.
• Причини за миграциите:
○ Економски причини - трагање по подобри услови за живот, работа, заработка,
решавање на станбеното прашање; населението од неразвиени земји, земји во
развој или индустриски земји мигрира во развиени земји
○ Политички причини - нестабилна држава со бунтовни промени на власта;
угнетување и протерување на лица и народи; војни и немири; лишување од
човековите права; терор и суровост
○ Природни катастрофи - постојани поплави, земјотреси, вулкански ерупции,
свлечишта, пропаѓања на тлото, суши
○ Епидемии - поради загрозување на здравјето
○ Рекреативни причини - одмори
○ Образовни причини - трагање по подобри услови за образование, а оттука и работа
○ Здравствени причини - подобри услови за лекување и здравствена заштита
○ Научни причини - за извршување на научни истражувања со подобри инструменти
или природни услови
○ Луди љубовни причини  - посета на љубениот/љубената; преселување на
двајца заљубени на едно место за заеднички живот.

Население Page 3
Разместеност и густина на населението
• Просечната густина во светот е 40 ж/км2.
75% живеат во умерените појаси 20% во жешкиот појас 5% во студените појаси
• Најнаселени области се низините, долините на големите реки, котлините,
приморските области и индустриско развиените области
• Најгусто населени држави:
Монако 16 400 ж/км2 Сингапур 6 800 Малта 1 300
• Најретко населени држави:
Монголија 1 ж/км2 Австралија 2 Канада 3
• Густината на населението зависи од природните фактори, економската развиеност и
природниот прираст.
• Според податоците од пописот во 2002 година, во Македонија живеат 2 041 467 жители.
На територија од 25 713 км2, просечната густина во Македонија изнесува 79,4 ≈ 80
ж/км2.

Население Page 4
Населби
• Населби се специјално уредени места за живеење на луѓето.
→ Најмногу населби во умерените појаси
○ Најсеверна населба на островот Земјата на Франц Јосиф
○ Најјужна населба на архипелагот Огнена Земја
→ Највисока населба во светот е на Хималаите (на 5486 м)
○ Највисок град во Македонија и на Балканот е Крушево (1250-1350 м)
• Населбите се делат на селски и градски според:
 Големината
 Физиономијата (изгледот)
 Занимањата
→ не според бројноста на населението, бидејќи има села со повеќе жители од некој
град, како градот Демир Хисар со 2 500 жители и селото Арачиново со 10 000
жители.
• Поделба на селските населби:
 Според бројот на жители: мали (до 300 жители) и големи (над 300 жители)
 Според местоположбата: рамничарски, ридски, планински
 Според разместеноста на куќите (типот): збиен (блиски куќи) и разбиен
(оддалечени куќи)
 Според функцијата: рамничарските се полјоделски, ридските и планинските се
сточарски, има и туристички, рударски, рибарски, занаетчиски
○ Рамничарските села се од збиен тип поради условите за градба и за да се зачува
плодното земјиште.
○ Планинските и рамничарските села често се од разбиен тип поради стрмноста
на земјиштето.
• Поделба на градските населби според големината:
 Мали (до 10 000 жители)
 Средни (10 000 - 100 000 жители)
 Големи (над 100 000 жители)
○ Најголеми градови во Македонија се: Скопје, Битола, Тетово, Прилеп и Куманово
• Градовите имаат: административна, здравствена, образовна, индустриска функција.
• Мегалополиси се толку пораснати и проширени градови што почнуваат да се спојуваат
во еден град.
• Англомерација е име за централното градско подрачје заедно со периферијата.
→ Токио има 38 милиони жители во англомерацијата, но само 15-17 во централното
градско подрачје.

Население Page 5

You might also like