You are on page 1of 19

Меѓународен ден на

образованието
На 3 Декември 2018 Генералното собрание на ОН со
усвојување на резолуцијата 73/25 и коавторство на
Нигерија и 58 други земји го прогласи 24 Јануари за
Меѓународен ден на образованието.
Образованието е :

• 1.Човеково право
• 2.Јавно добро
• 3.Јавна одговорност на секој поединец
• 4.Најмоќното оружје кое можеме да го употребиме за
да го промениме светот
• 5.Движење од темнина кон светлина
• 6.Пасош кон иднината , бидејќи таа им припаѓа на
оние кои се подготвуваат за неа денес
• 7. Не е само скала на можности туку тоа е инвестиција
во нашата иднина ..........
Образованието низ светот
• Денес 258 милиони деца и младинци се уште не
посетуваат училишта
• 617 милиони деца и младинци не можат да читаат
и да решаваат едноставни математички операции
• Повеќе од 40 % од девојчињата во Суб Сахарските
области не го завршуваат или порано го напуштаат
средното образование
• Околу 4 милиони деца бегалци се надвор од
училиштата.нивното право на образование е
нарушено и не е прифатливо
Статистика основно образование
Статистика Средно образование
Трет Меѓународен ден на образованието

• Третиот меѓународен ден на


образованието ќе се одржи на 25 јануари
2021 на тема:
• “Обновете го и заживејте го образованието
за генерацијата на ковид 19”
КОВИД 19
КОВИД 19
НАСТАВА
КОВИД 19
НАСТАВА- учење од далечина
ОСНОВНОТО Образование во Македонија

• Образовниот систем на Република Македонија се состои


од предучилишно, основно (6-14 години), средно (15-
17/18 години) и високо образование.
• Во земјата има 347 основни училишта (околу 1100
вклучувајќи ги и подрачните). Нивото на писменост е
високо и изнесува 98,8% за мажите и 96,8% за жените
(2015 година). Бруто стапката на опфат е 63%, а нето
стапката е 91%.Во овие бројки не се вклучени
учениците(главно Роми) што не се воопшто регистрирани
во системот(без матичен број) поради што и актуелната
стапка на опфат за соодветниот возрасен кохорт е помала.
СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ
• Средното образование, коешто е, исто така задолжително и бесплатно, е
поделено во четири вида: гимназиско, средно стручно образование, уметничко
образование и образование за ученици со посебни образовни потреби.Средното
стручно образование може да биде со тригодишно и четиригодишно траење. На
крајот на тригодишното стручно образование, учениците полагаат завршен испит
и немаат право да се запишат на универзитет. Учениците кои завршуваат
четиригодишно стручно образование, можат да бираат меѓу завршен испит и
државна матура, зависно од тоа дали сакаат да го продолжат образованието или
не, додека учениците од гимназиите задолжително полагаат државна или
училишна матура.

• Меѓу постоечките 124 средни училишта, 108 се јавни, а преостанатите 16 се


приватни.Од средните јавни училишта, 23 се гимназии;43 се стручни;33 нудат и
гимназиско и стручно образование; 4 училишта се за ученици со посебни
образовни потреби; и 5 се уметнички училишта.
 
Нов концепт ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
• Во услови на пандемија кога образованието не се одвива нормално, власта креира нови
реформи во основното образование ,на штета на учениците ,наставниците и родителите
Укинување ,спојување и намалување на часови по одредени предмети

• Голем дел од наставниот кадар е неподготвен за оваа избрзана реформа и ќе се соочи


со намален фонд на часови, нови наставни програми ,изменети учебници, збунети
ученици
Новиот најавен концепт по модел од
Финска

• Според Истражувањата и тестирањата на Писа Финска е меѓу


водечките земји во Математика, Читање и Наука
Рангирање според ПИСА во 2018год .
За Математика , Наука и Читање
Македонија на 67 место
ИНСТИТУТОТ ЗА ИСТОРИЈА
ПОСОЧУВА И РЕШИТЕЛНО ГО ОТФРЛА

Предложениот концепт на МОН КОЈ предвидува интегрирање на


историјата со науки од сосем различен вид во миг кога македонската
историја, македонскиот јазик, и македонскиот идентитет воопшто, се
безмилосно нападнати и неосновано оспорени однадвор.
ЦАР САМОИЛ И ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ СЕ МАКЕДОНЦИ
• Јазикот е најосновното средство за општење.Благодарение на јазикот и говорот луѓето, освен
што споделуваатинформации,пренесуваат разни преданија за идните генерации.Секој народ има свои
обичаи,традиција но најважно од се е мајчиниот јазик .Мајчинот јазик е оној јазик на кој говориме и
пишуваме. Благодарение на него преданијатесе пренесуваат од колено на колено.«Тојпретставува наш
идентитет.« Темелите на нашата писменост ги поставиле Килрил и Методиј.А ние денес сме задоволни
затоа што имаме свое писмо со кое можеме да ги опишеме убавините на нашата средина.Секој човек
треба да се запознае со историјата на нашиот јазик и неговото значење за да твори на него,бидејќи
нема нешто поубаво од тоа да се пишува,твори и зборува на свој мајчин јазик.Македонскиот јазик
денес е целосно оформен литературен јазик но тоа не значи и дека треба да прекинеме да пишуваме и
да твориме. Напротив,јазикот е непросушен извор,кој треба да се негува.Сите ние треба даги
продолжиме делата на Кочо Рацин,браќата Миладиновци, Глигор  Прличев.« Тие ни оставиле прекрасни
дела,кои ние денес ги читаме и се гордееме со нив. Затоа треба и ние да оставиме дела со кои ќе
останеме забележани во историјата. Убаво кажал Крсте Петков Мисирков : “Да се откаже Човекот од
својот народен јазик значи да се откаже од народниот дух”.
• Јас само ова би го дополнила -Мојот мајчин јазик е македонскиот,е и ќе биде мојот корен,бидејќи на
него пишувале и зборувале моите предци.« Тој е мојата душа затоа што претставува дел од мене.
Мојот мајчин јазик тоа сум јас. Влатко Добарџиев
ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО

ИЗРАБОТИЛ
ВАЛЕНТИНА МИХАИЛОВСКА
НАСТАВНИК ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК
ООУ “ СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”- ДЕЛЧЕВО

You might also like