You are on page 1of 18

СЕМИНАРСКИ ТРУД НА ТЕМА:

ИНТЕРКУЛТУРНО И МУЛТИКУЛТУРНО ОБРАЗОВАНИЕ


СОДРЖИНА:

 ВОВЕД
 МУЛТИКУЛТУРНО ОБРАЗОВАНИЕ ПОИМ И ОСОБЕНОСТИ
 МЕРКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА МУЛТИКУЛТУРИЗМОТ
 ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И УСЛОВИ НА ЕДНАКВОСТ И
РАМНОПРАВНОСТ
 ИНТЕРКУЛТУРИЗАМ ПОИМ И ОСОБЕНОСТИ
 ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ИНТЕРКУЛТУРНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
 МОДЕЛИ НА ИНТЕРКУЛТУРНИ ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИ АКТИВНОСТИ
 ЗАКЛУЧОК
 КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

2
ВОВЕД

Мултикултурното образование е лулка на создавање на односи за


толеранција и меѓусебно почитување. Размислувањата за мултикултурноста и
образованието со години наназад се преокупација на поголем број автори во
светот а делумно и на некои автори од регионот. По однос на ова прашање
усвоени се значајни документи на Обединетите Нации и УНЕСКО, во различни
општествени и просветни институции и асоцијации, одржани се многу
симпозиуми и советувања и издадени се повеќе книги и студии на оваа тема.
Мултикутурализмот како суштествена карактеристика на животот во
мултикултуралното општество, ја наметнува потребата од соодветни промени
во образовниот систем од аспект на мултикултурализмот. Земјите од регионот
се карактеризираат, со мултиетничност и повеќејазичност, па поради тоа
упатени се да ги усвојат и развиваат формите на мултикултурно и
интеркултурно образование.

Кога станува збор за мултикултурализмот во училиштето мислиме пред се на


процес со кој ќе се интернационализирааат педагошки позитивните ставови
насочени кон мултукултуралното општество затоа што во училиштата постои
волја, а наставниците имаат знаења и способности да го извлечат најдоброто
од општество и неговата култура. Во таа смисла потребно е да се иницираат
научни расправи за можностите на дејствување на училиштето во насока на
развој на мултикукултурализмот, базиран на толеранција, освестување и
вреднување на различитоста и плурализамот. Тоа значи дека училиштата кои
тежнеат да го промовират духот на новото време, и самите треба да бидат
олицетворение на силна мултикултурална средина и на тој начин да им
помогнат на учениците ефикасно да функционираат во сложените услови на
денешницата. Плуралистичките и демократските општествени вредности треба
да станат интегрален дел од животот на самото училиште, при што сите актери
на училишниот живот треба да превземат активна улога во преиспитување на
ефектите на образовната практика.

3
1. МУЛТИКУЛТУРНО ОБРАЗОВАНИЕ ПОИМ И ОСОБЕНОСТИ

Мултикултурализмот се користи како описен и како нормативен термин, тој


се однесува на културната разноликост која произлегува од постоењето на две
или повеќе групи во општеството чии убедувања и практики генерираат едно
карактеристично чувство на колективен идентитет. Мултикултурализмот е
неизбежно резервиран за разноликоста на заедницата што произлегува
од расните од етничките или од јазичните разлики. Како нормативен
термин, мултикултурализмот подразбира позитивно одобрување на
локалната разноликост, заснована или на правото на различни културни групи
на почит и на признавање или врз наводните убедувања на поголемиот дел од
општеството за моралната и културна разноликост. Во оваа смисла,
мултикултурализмот ја признава важноста на убедувањата, вредностите
и начинот на живот во воспоставувањето на разбирањето на себеси и
чувството за нечија сопствена вредност кај сличните поединци и групи.

Напредокот на современите држави од аспект на мултикултурализмот се


доведуваат во врска и со промените во политиката на
образованието. Воведувањетo на мултикултурниот принцип во
образованието е резултат на општите процеси на демократизација на
современите општества, барањето за почитување на човековите права и
слободи, процесот на глобализација и економското, технолошкото и
културното поврзување на земјите и народите. Составен дел на националниот
идентитет е неговата култура, односно културниот идентитет.
Мултикултурноста е органски дел на повеће националните човечки
заедници, односно уважување, поврзување, међузависност на културата во
кругот на една повеке национална заедница.

4
2. МЕРКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА МУЛТИКУЛТУРИЗМОТ

Училиштата треба да имаат значајна улога во поттикнување на


мултикултуризмот, а особено оние училишта кои се повеќенационални, зашто
токму овие образовни установи се лулката од каде децата се учат на правилно
однесување. Во сегашниот момент на развој на повећето земји во светот,
повеќе националното школство е нешто што само се претчувствува но има и
земји во кои тоа е реалност. Така во Калифорнија секое шесто дете во
училиште е родено надвор од САД, а две третини од учениците дома говорат
на јазик кој не е англиски. Третина од децата во Србија дома зборуваат јазик
кој не е српски.
Во иднина, училиштата во Европа и светот ќе станат повеќе национални во
смисла на ученичката популација. Се поставува прашањето дали училиштата
ќе го поддржуваат повеће националниот развој или ќе допринесуваат
во зголемување на проблемите кои таквиот свет ги носи Во Калифорнија
наставниците веќе ги дале своите одговори. Училиштата мораат етничката
разниликост да ја претворат во образовна предност. Децата и наставниците
можат да служат како живи суштества за постигнување на географска,
јазична и историска свест која ја одржуваат повеће култури.
Училиштето може да развива богатство од јазици, да биде полиглотски центар
на различни националности по изборот на јадења, содржините на
библиотеките, игрите на одморите, међуучилишните атлетски програми и
по стиловите на облекување.

Во контекст на целокупната елаборација на проблемот на образованието од


аспект на мултикултурноста можат да се сумираат следниве заклучни
сознанија:
 Голем број на држави во светот станаа мултикултурни а нивниот
број во иднина ќе биде се поголем;
 Секоја култура има своја специфичност која треба да се почитува
 како таква;
 Мултикутурализмот е потенцијално богатство за општеството
во целина;

5
 Мултикултурализмот не се манифестира само на планот
на заедницата туку и на индивидуално ниво;
 Во центарот на мултикултурното образование мора да биде
личноста чии основни својства се широки интелектуални погледи,
развиени и остварени потенцијали, автономност, критичност,
слобода, толеранција и демократска ориентација;
 Тоа не се постигнува само со училишно образование, туку
и со семејно воспитание по пат на моќни и влијателни
средства мас-медии, книги, филмови и целокупен социјален амбиент;
 Целта на мултукултурното образование треба да биде
личност со широки погледи и мултикултурна ориентација, личност која
ќе дава значење на сопствениот национален и културен идентитет, но
и на културните достигнувања на другите етникуми.

Од образовниот систем се очекува да преземе конкретни чекори за да го


воведе моделот на интеграција на местото на моделот на етничка поделеност
кој сега доминира во училиштата. За таа цел треба да се воведат промени на
ниво на училиште во неколку различни домени.
Во доменот на управување и раководење со училиштата, училиштата треба да
развијат и применат стратегии за да го прекинат и сменат трендот на
поделеност и изолација со кои:
• ќе се обезбедат просторни и временски услови кои ќе овозможат повеќе
контакти меѓу учениците: повеќе „мешани“ училишта, згради, спратови, смени,
• ќе се обезбеди рамноправен третман на јазиците во наставата и на учениците
кои учат на различните наставни јазици и еднаква застапеност на јазиците и
културите во заедничкиот простор (повеќејазичност на сите видливи написи во
училиштето и рамноправна застапеност на сликите, симболите и пораките кои
се поврзуваат со културниот идентитет на учениците),
• ќе се обезбеди мултиетнички состав на стручната служба и ќе се промовира
билингвалност во работата на стручната служба,
• училишниот одбор ќе се насочи на внесување на мултикултурноста во актите,
плановите и програмата на училиштето и

6
• ќе се изградат механизми за мониторирање на сите активности кои се
однесуваат на почитување на принципите на мултикултурализам во
училиштето, како и на процедури за известување и постапување во случаи на
нарушување на тие принципи.

Во сферата на справување со насилство и разрешување конфликти


училиштата треба:
• да ги подигнат капацитетите на учениците, управата, наставниците и
родителите (преку користење на информативни материјали и спроведување
обуки) да ги препознаваат сите облици на насилство, да ги осудуваат и да им
се спротиставуваат и
• да подготват правила и процедури за постапување во случај на конфликт и да
се овозможи управата, стручната служба и наставниците да се обучат за
ненасилно разрешување на конфликтите.

Кога се работи за мултикултурноста и интеграцијата во наставните активности


станува неопходно:
• да се зајакне реализацијата на образование за животни вештини во
основните училишта и да се воведе образование за животни вештини во
наставниот план и програма за средните училиште и да се обучат
наставниците за негова реализација,
• училиштата до максимум да ја користат можноста за организирање заеднички
наставни активности како што се, на пример, заеднички 10 часови по физичко
образование, информатика, странски јазици и
• учениците Албанци да се стимулираат да го учат и користат македонскиот
јазик, а учениците Македонци да го учат и користат албанскиот јазик.
Во доменот на развивање на капацитетите на наставниците неопходно е:
• да се обучат наставниците да ги препознаваат етничките стереотипи и
предрасуди кај себе и кај другите и да можат активно да им се спротиставуваат
на предрасудите кои се манифестираат во училишната практика,
• да се обучат наставниците да работат на заеднички активности во
етнички/јазично мешани тимови и со етнички/јазично мешани групи ученици,

7
• да се обучат наставниците да ги користат понудените наставни материјали и
да избираат и користат алтернативни наставни материјали на начин кој ќе
обезбеди промовирање на етничката интеграција, наместо етничка поделба и
• наставниците од различните јазици во наставата да се стимулираат редовно
и долгорочно да соработуваат на професионален план (од подготовка за
настава и оценување на учениците, до решавање на тековни проблеми).

Кога се работи за заеднички вон-наставни активности во училиштето многу е


важно:
• самите училишта да иницираат и спроведуваат заеднички вон-наставни
активности (секции, приредби/прослави и др.) и вон-училишни активности
(излети/екскурзии, учества на меѓуучилишни натпревари, посета на културни
настани и др.) кои вклучуваат поголем број ученици, се одвиваат почесто и
траат подолго и
• да се идентификуваат проекти што се/биле иницирани и спроведувани од
невладини и други организации, а покажале позитивни резултати во
промовирање на меѓуетничка соработка и да се обезбеди нивна одржливост.

Во сферата на партиципација на учениците потребно е училиштата да


создадат услови за:
• ученичките заедници да се формираат според демократските принципи и
• да се обезбеди учество на учениците (директно и преку ученичката заедница)
во процесите на одлучување во училиштето, особено во однос на прашањата
што се однесуваат на меѓуетничката соработка.

Кога се работи за соработка на училиштето со родителите неопходно е:


• родителите активно да се вклучат во активностите на училиштето наменети
за етнички/ јазично „мешани“ групи ученици и
• родителите помасовно и суштински да се вклучат во донесувањето одлуки и
решавањето на проблемите во училиштето, особено за оние што се од
сферата на меѓуетничките односи.

Од аспект на дејствувањето на општината особено е важно:

8
• да се обезбеди соработка на комисиите за меѓуетнички односи и комисиите за
правата на децата во општината со училиштата,
• да се реализираат заеднички проекти на општината и училиштата насочени
кон промовирање на мултикултурноста во локалната заедница,
• да се обезбеди меѓуопштинска соработка на повеќејазичните училиштата
• училиштата соетнички/јазично мешан состав да добиваат дополнителни
бенефиции од општината (на пр., финансиски средства, материјални средства,
дополнителен кадар) и
• општината да стимулира и поддржи поделба на поголемите етнички/јазично
„мешани“ училишта во помали „мешани“ училишта кои ќе функционираат како
независни единици.
Во контекст на погоре спомнатите наоди и препораки, анализата дава основа
за активирање на сите засегнати страни како министерствата, институциите,
локалната власт, училиштата и заедниците. Сите овие страни се одговорни за
создавање училишта каде што културните и етничките разлики не се причина
за поделби, туку се промовирани, прифатени и почитувани.

Имајќи предвид дека мултикултурализмот и добрите меѓуетнички односи се


важни карактеристики на квалитетното образование кое води до подобрување
на резултатите на учениците, во наредната фаза на образовните реформи
овие елементи треба особено да се нагласат. Ова е во согласност со
примената на програмата Училиште по мерка на детето (УМД)** во рамки на
реформите на национално ниво, како пристап базиран на правата на детето
што се однесува на сите аспекти на образованието и нивниот придонес кон
севкупниот детски развој. Мултикултурализмот и адресирањето на
меѓуетничките односи во образованието претставуваат основа за меѓусебното
разбирање и градењето на кохезивно општество. Иако аспирациите за
членство во ЕУ/НАТО се заеднички за сите граѓани на земјата, се поставува
прашањето за подготвеноста на учениците да живеат во мултикултурното и
мултиетничкото семејство на Европската Унија. Учениците во оваа земја прво
треба да научат да ги разбираат, прифаќаат и почитуваат разликите во
сопствената земја за да се интегрираат во сопственото општество. Потоа тие
може да тежнеат кон потполна интеграција во Европското семејство.

9
3. ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И УСЛОВИ НА
ЕДНАКВОСТ И РАМНОПРАВНОСТ

Во Декларацијата за заштита на правата на детето, усвоена од Собранието


во 2003 година, се истакнува потребата од образование во кое воспитната
функција ќе се насочи кон „развој на личноста на детето и подигање на свеста
за соживот, за почитување на националните, културните и другите
општоцивилизациски вредности и за прифаќање на различностите и
поттикнување на адекватни форми на културни, уметнички, рекреативни и
слободни активности“.

За да може да се создадат услови за еднаквост на сите во дадената ситуација,


пред се потребно е секој да има јасна претстава за себе, за другите, како и за
особините и карактеристиките на општествената средина. Треба да научиме
дека се разликуваме едни од други уште од самото раѓање, со нашата
припадност на одреден народ и националност, како и според религијата што ја
изразуваме. Сето тоа не смеееме да го гледаме како пречка за разбирање и
прифаќање помеѓу нас, туку како богатство на разлики и можности. Само на
таков начин ќе можеме да научиме едни од други за шареноликоста на
мудростите и убавината на овој наш единствен свет. Според Конвенцијата за
правата на детето, целта на образованието треба да биде развивање почит
кон сопствените културни вредности, но и промоција на почит кон другите
етнички групи во и надвор од земјата. Тоа подразбира почитување на сечиј
културен идентитет, јазик и национални вредности на различните цивилизации.
Неговата основна цел треба да биде градење свест кај учениците за
негативната страна на стереотипите и предрасудите. Наставникот ја има
главната улога во процесот на изнаоѓање механизми за спречување на оваа
појава и создавање бариери против стереотипите и предрасудите. Преку
нагласување на придобивките од различноста, способноста за културна,
практична и интеркултурна комуникација со другите, започнува процесот на
социјализација, како непобитен сегмент во мултикултурното образование.

10
Секој човек бара интерпретација на својата културна традиција за да сфати и
поврзе. Луѓето го прават ова секојдневно, како што е живеењето заедно со
другите со кои ги делат истите традиции. Сопственотo јас и другото не мора да
припаѓаaт на исто општество или да споделуваат исти традиции, сепак оваа
интерпретативна активност продолжува (Лавенда & Шулц, 2009). Споредбите,
идентификациите, сличностите и разликите се јавуват од потребата за
споредба, со цел да се разберат и одредат идеолошките, политичките и
економските фактори на индивидуата и општеството. Придавање важност на
различниот од себе објаснува еден многу важен процес на мултикултурата.
Процесот на споредување подразбира споредба на факторите кои ги создават
идентитетот на една индивидуа, група, заедница или општество. Во истиот
процес, при размена на меѓусебни вредносни и општествени системи се
зголемува интересот за препознавање на различното. Притоа, на пречките на
мултикултурен развој се гледа како можност за лично збогатување. Сето тоа
придонесува крајната цел да резултира со толераниција, отвореност и
прифаќање во мултикултурното општество, намалување на етничката и
културната оддалеченост, почит и придавање на важност или правилен суд и
оценка на друг систем на уредување, друг јазик и култура и друг идентитет.

4. ИНТЕРКУЛТУРИЗАМ ПОИМ И ОСОБЕНОСТИ

Образовниот систем во Република Македонија се наоѓа пред голем


предизвик за развивање на предуслови за интеркултурно образование, како
еден плански и долгорочен воспитно-образовен приод, кој ќе одговори на
потребите на нашиот општествен контекст, каде повеќе етничи заедници
коегзистираат на ист простор, и се очекува во континуитет да развиваат
повеќенасочни културни врски и релации. Интеркултурното образование, како
филозофија и пристап, треба да биде клучна алатка во процесот на инцирање
и поддршка за градење на интерактивни и хармонични односи во заедницата.
Поради често поистоветување неопходно е јасно разграничување на поимите:
мултикултурно и интеркултурно општество / образование. Мултикултурализам
versus интеркултурализам се, всушност, два вида општествени концепти,
помеѓу кои се воочува важна квалитативна разлика, односно степенот на

11
интерaкцијата помеѓу различните културни групи во рамките на една
општествена заедница. Мултикултурализам упатува на постоење повеќе
култури на еден географски простор, коишто не се во задолжителен,
секојдневен и постојан природен допир и интерaкција. Интеркултурализмот пак,
подразбира отворени интеракциски односи и врски помеѓу различни културни,
национални и други групи, коишто веруваат, но истовремено и промовираат
вредности како толеранција, меѓусебно почитување, рамноправност и отворена
комуникација. „Интеркултурното образование треба да биде организирано со
цел реализирање на повеќеслојната задача, т.е. образование за емпатија,
солидарност, интеркултурно почитување и ненационалистички начин на
размислување (Еssinger,1987).“ „Тоа е образование за заедништво,
солидарност, почитување, меѓусебна толеранција, помагање, доверба и други
универзални, хумани вредности (Концепција за интеркултурно образование,
2016).“ Токму затоа, интеркултурното образование треба да се согледа како
потреба на нашето општество, бидејќи во него треба да се препознае можноста
за соочување со предизвикот во изнаоѓањето на оптималниот сооднос помеѓу
културните разноликости и општествената кохезија. Поаѓајќи од потребата за
унапредување на мултиетничката и мултикултурната реалност во државата,
кон крајот на 2015 година, од страна на Нансен дијалог центар Скопје е
изработена Концепцијата за интеркултурно образование на Република
Македонија, којашто како официјален, државен развоен документ (усвоен од
страна на Министерство за образование и наука на Република Македонија)
отвора простор за облагородување на воспитно-образовниот процес во правец
на зајакнување на комуникацијата, соработката и разбирањето меѓу
припадниците на различните етнички заедници во воспитно-образовните
установи. Концепцијата за интеркултурно образование нуди јасни насоки и
решенија како може воспитнообразовниот систем во Република Македонија да
биде трансформиран и надграден со интеркултурна ориентација и вредности.
Врз основа на нејзините структурни елементи содржински е обликуван и овој
прирачник, со намера да им помогне на сите воспитно-образовни практичари
во создавaње инцијативи со интеркултурен предзнак.

12
5. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ИНТЕРКУЛТУРНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Целите на интеркултурното образование треба да го иницираат менувањето


и надградувањето на воспитнообразовната практика во Република Македонија,
преку лична и институционална трансформација како основа за идни пошироки
општествени промени. Глобалните цели на интеркултурното образование
својата операционализација и непосредна реализација ја базираат врз
следниве задачи:

• преземање интеграциски и интеркултурни иницијативи од воспитно–


образовен карактер во согласност со реалните потреби
намултикултурнитеучилишта;
• развивање механизми и практики за непристрасно и недискриминирачко
дејствување во сите сегменти на воспитно – образовниот процес;
• обезбедување услови за остварување повеќејазичен и културен
диверзитет во предучилишните и училишнитеустанови;
• развивање вештини за отворена, непосредна и конструктивна
комуникација и соработка меѓу воспитно–образовните субјекти;
• оспособување на сите учесници во воспитно–образовниот процес за
мирно разрешување и транс формирањенаконфликтниситуации;
• сензибилизирање на субјектите во воспитно–образовната сфера за
препознавање на изворите на предрасудите и стереотипите, како и
дизајнирање на стратегии за нивно успешно надминување;
• развивање емпатија кон другиот, како носител на различни културни,
социјални, јазични и верски обележја;
• поттикнување и негување на критичкото мислење во воспитно-
образовната работа како фактор за остварување на демократски и
социјално-праведен општественамбиент;
• создавање безбедно интеркултурно и инклузивно предучилишно и
училишно опкружување;
• воспоставување различни форми на интеркултурна соработка меѓу
воспитно-образовните институции и локалната заедница.

13
Од посочените цели и задачи, евидентно е колку е широка платформата врз
основа на која може да се развиваат и градат различни воспитно-образовни
инцијативни и приоди, започнувајќи уште од предучилишното, па сè до виското
образование, и сите тие како елементи на интеркултурното образование.
Станува збор за образование коешто никако не може да биде организирано
како нов (дополнителен) наставен предмет, ниту сведено само на содржини на
еден наставен предмет. Овој вид образование претставува континуиран
процес, во кој приоритет е воспитно делување и влијание врз развивањето и
градењето на животните вештини кои се претпоставка за квалитетен соживот
во нашата општествена заедница. Токму затоа интеркултурно образование не
може и не смее да биде организирано со цел стекнување нови знаења за
другиот, туку како процес на градење вредности, ставови, вештини, емпатија,
толерантност итн.

Интеркултурното образование треба да биде присутно во сите циклуси на


образованието, соодветно приспособено на потребите на различни возрасни
категории на ученици, воспитно и содржински. Интеркултурното образование
не може да се сведе на една или неколку тематски подрачја, области,
програмски ситуации и сл. (на пример, по повод одредени настани, празници и
сл.), туку е неопходно постојано креирање на интеркултурни воспитни
стимулации за учениците во насока на нивно интеркултурно сензибилизрање и
градење на интеркултурна осетливост. Кај одреден број практичари може да се
сретне сомнеж дека е возможно да се постигне и оствари интеркултурно
образование низ сите наставни предмети и подрачја, алудирајќи на поголема
податливост на содржините од јазичноуметничко, односно општествено-
хуманистичко подрачје. Но не би требало да се занемари фактот дека и
природно-математичкото подрачје нуди содржини коишто би можеле да се
облагородат и збогатат со интеркултурна компонента (на пр. преку разновидни
дидактички ресурси, иницирање проблемски ситуации кои ќе го охрабрат и
поттикнат соработничкото учење, допир со други култури и нивни научни
постигнувања и сл.). Воедно треба да се нагласи дека тоа не може да се смета
дека е приоритет на воспитно-образовен процес на ученици со помала
календарска возраст, напротив интеркултурното образование треба да се
одвива во сите циклуси од образованието. Интеркултурните компетенции им се

14
неопходни и на учениците од средното образование, но и на студентите, како
идни активни чинители во нивните локални, работни опкружувања. Често е
гледиштето на воспитно-образовните практичари според кое, преку
интеркултурното воспитно делување во редовната настава ќе се одземе
премногу време, т.е. ќе бидат запоставени содржините од задолжителен
карактер. Напротив, интеркултурното образование што се остварува плански,
систематски и редовно може да биде вградено во куса воведна игра или во
одредена завршна групна или тандемска активност на учениците, како дел од
проблемска ситуација. Тоа исто така може да биде вметнато преку кус
видеозапис, музичка песна, фотографии, други дидактички ресурси итн.

6. МОДЕЛИ НА ИНТЕРКУЛТУРНИ ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИ


АКТИВНОСТИ

Развивањето на интеркултурните вештини кај учениците, тргнува пред сѐ,


од поседувањето позитивна слика за себе, за сопствениот идентитет, слободно
изразување на сопственото мислење, развивање почит и емпатија кон
различните од себе, воспоставување отворена комуникација, подготвеност за
помагање, споделување, разменување, соработување, како и манифестирање
доверба кон другите; воочување на сличностите помеѓу поединци од различно
потекло; разбирање и негување на принципите за разрешување на
конфликтните ситуации во групата; активно слушање; прифаќање различни
мислења и сл. Тргнувајќи од горенаведените цели на интеркултурното
образование, во прилог се понудени пет можни модели на воспитно-образовни
содржини и активности од различни предмети и образовни циклуси на основно
образование, што можат да послужат како пример за други потенцијални
интеркултурни интервенции во задолжителните воспитно-образовни содржини.

Форми, методи и техники како предуслов за интеркултурно образование Важна


компонента и претпоставка за успешно реализирање на активности и содржини
од интеркултурен карактер е соодветен, правилен избор на наставни методи,
техники, како и на формите на работа со учениците. Интеркултурните приоди

15
би требало да ја овозможат интеракцијата, непосредната повеќенасочна
комуникација, да го поттикнат критичкото, флексибилното мислење, да ја
потхранат љубопитноста, емпатијата, да придонесат за преиспитување,
менување на ставовите, да ја унапредат соработката итн. Веќе нагласивме
дека давањето на фактографски информации за другите култури, народи и сл.
или пак, фронталното поучување и пренесување знаења за конфликти,
стереотипи и предрасуди, важноста на соработка и сл., нема само по себе да
значи дека се остварени целите и задачите на интеркултурното образование.
Напротив илузорно е да се зборува за интеркултурно образование, ако
учениците немаат можност за непосредно остварување на личен, природен и
постојан контакт со различностите. Не смее да се заборави дека
интеркултурното образование се остварува со ученици од различна возраст,
трансверзално низ сите наставни предмети. Токму затоа сметаме дека
индивидуална, тандемска или групни форми на работа нудат разновидни
можности за поттикнување на љубопитноста кај учениците за откривање и
осознавање на различностите од повеќе аспекти, како и поддржување на
соработнички релации во групата, дебатирање, активно слушање, меѓусебно
помагање итн. Исто така, методите на дијалог, игра, илустрација,
демонстрација, практична работа и сл. се инструменти кои лесно ќе овозможат
содржините и активностите кои се дел од редовниот наставен процес да бидат
надградени со интеркултурни елементи. Сосема неприродно би било
интеркултурното образование да биде сведено на процес на поучување,
наместо развивање вештини за отворена и конструктивна комуникација, мирно
разрешување на конфликтни ситуации, надминување на пристрасност,
стереотипи, предрасуди, негување на критичкото мислење итн.

 При избор на форми, методи и техники на интеркултурно образование,


треба да се појде од четири основни методски начела:
• партиципација,
• интеракција (соработка и заедничко дејствување),
• рефлексија
• антиципација

16
ЗАКЛУЧОК

Примарна задача на воспитно-образовниот процес би требало да биде


континуирано облагородување на постоечките воспитно-образовни содржини
од интеркултурен аспект, низ сите програмски подрачја, во текот на целата
учебна година. Од друга страна, пак, тоа не би требало да се сведе на
карикирање со интеркултурната димензија, грубо наметнувајќи ја, по секоја
цена, во секој наставен час. Интеркултурното воспитно делување на
воспитнообразовниот кадар подразбира и низа активности за кои воопшто
нема потреба да се посочува и пренагласува дека тие се интеркултурни.
Постојаното суптилно воспитно влијание ќе ја изврши сензибилизацијата и ќе ја
поттикне осетливоста за различностите кај учениците. Кај нив често нема
потреба да се нагласува дека станува збор за интеркултурни елементи, туку да
се поддржи нивната љубопитност, интерес, позитивен став кон различностите,
овозможувајќи го истовремено процесот на трансформирање на стереотипи и
предрасуди.

Република Македонија е држава на мултиетничко и мултикултурно општество.


Етнички хетерогената структура на населението е показател дека образовен
приоритет треба да биде поддржување на конструктивни инцијативи за
промоција на идејата за интеркултурно образование, како основна врска за
меѓусебна соработка и комуникација помеѓу различните етнички заедници.

17
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

 Бенет 1993: M., Bennett, J. Towards, Ethnorelativism-A Developmenthal


Model of Intercultural Sensitivity, Inercultural Press, Yamonth., M. C.
 Верн 1987: E. Verne, Les politiques d education multikulturelles,
во: Leducation multiculturelle, Paris
 Гиесеке 1993: Giesecke, Hermann, Увод у педагогију, Загреб, Едука
 Голдсберг 1994: Goldsberg, D. T., Multikulturalism, Basil Blackwell, USA
 Грандић 2004: Р. Грандић, Увод у педагогију, Нови Сад
 Гуђонс 1994: H. Gudjons, Педагогија-темељна знања, Загреб, Едука
 Институт за педагошка истраживања 1997: Институт за педагошка
истраживања ,Демократија, васпитање, личност, Београд
 Јовановић 1996: З. Јовановић, Моћ привида: масовна култура као
идеологија, Ниш, Просвета
 Јосип 2005: М. Јосип, Педагогија - Теорија Оспособљавања, Загреб,
Школска књигаЛужина 2002: Ј. Лужина, Се познаваме ли доволно?,
Скопје, Фондација Институт Отворено Општество Македонија
 Меки 1986: Д. Г. Х. Меки, Образовање на матерњем језику,
во: Перспективе образовања, 2, Београд,Завод за удзбенике и наставна
средства
 Мијатовић 1999: А. Мијатовић, (уредништво), Основе сувремене
педагогије, Загреб, ПКЗ
 Павловић 2006: Ј. Павловић, В., Xиновић, Демократија кроз
образовање у Србији и региону, Настава и васпитање, Београд
 Станимировић 1998: Б. Станимировић, Ђ. Дедич, Васпитање на
прагу тречег Милениума, Учитеqски факултет, Врање
 Стојаков 2000: С. Стојаков, Р. Родић, Мултикултурализам и образовање,
Педагогија бр. 2.
 Хејвуд 2009: Е. Хејвуд, Политика, Скопје, Академски печат
 Херера 1989: А. Херера, П. Мандић, Образовање за 21-стољеће,
Сарајево,Свјетлост

18

You might also like