You are on page 1of 235

РАЗВОЈНО – ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО МАКЕДОНСКИ

ЈАЗИК ЗА ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ – Прилеп наставник: Љупчо Петрески

2021/2022

1
Наставна тема: 1 (септември)
1. Конкретни цели:

- да знае за развојот на македонскиот јазик во 19 век;


- да ги препознава јазичните особености на македонските автори од 19 век;
- да ги разликува карактеристиките на социјалните песни и на елегиите;
- да селектира и презентира податоци за македонски автори од 19 век;
- да се изразува и твори (усно и писмено) со стилски богати реченици.
Ред. Бр. Број на часови Време на реализација

Наставна единица Забелешка

Запознавање со наставната програма.

1. 1 септември

Писмена вежба ИКТ

2. 1 септември

Македонскиот јазик во 19 век: Јазикот на првите


македонски писатели
3. 1 септември

Социјални песни („Скитник“ – К. Неделковски и други


уметнички и народни социјални песни)
4. 1 септември

Самостојна презентација на социјална песна според


сопствен избор
5. 1 септември

Самостојна анализа на песната „Денови“ од К. Рацин

6. 1 септември

2
Јазикот на авторите од втората половина на 19 век. ИКТ

7. 1 септември

Анализа на домашни задачи: Дејностите и значењето на


браќата Миладиновци ИКТ/МИМО
8. 1 септември

Лектира „Бегалка“ – В. Иљоски

9. 1 септември

Интерпретација на песната „Жали моме, да жалиме“ –


елегија;
10. 1 септември
(„Мајка Ангелина си ја тажи својата ќерќа“)

Интерпретација на песната „Елегии за тебе“ од К. Рацин


ИКТ
11. 1 септември

Творење лирска песна со елегични елементи ЕКО

12. 1 септември

Македонските учебникари

13. 1 септември

14 Осврт на Автобиографијата на Г. Прличев со акцент на 1 септември


јазикот на кој е напишана

15 Анализа на песната „Т’га за југ“ од Константин Миладинов 1 септември


ИКТ

16 Повторување 1 септември

3
Поврзување (интегрирање) на часовите_во однос на програмските подрачја:

Час: 1, 7, 12, 13, 16

- Писмена вежба

- Од биографијата на браќата Миладиновци (домашни задача)

- Од автобиографијата на Григор Прличев (говорна вежба)

- Јазични особености на песната ,,Тга за југ” – К. Миладинов

- Говорна вежба – прераскажување филмови (главни и споредни артисти)

Час: 2, 6, 11

- Првите македонски просветители

- Граѓанска литература во Македонија

- Македонски учебникари

Час: 3, 4, 5, 8, 9, 10, 14, 15

- Социјални песни

- Елегија

- Анализа на социјалната песна ,,Денови” од К. Рацин”

- Творење лична творба со елегични елементи

Наставни средства:

- учебник (одобрен од министерот и избран на ниво на училиште)

4
- одобрени списанија за деца и млади,

- енциклопедии и речници, книги (дополнителна литература);

- илустрации, радио-касети, ЦД и други аудио-визуелни средства;

- интернет, образовни софтвери

Наставни форми (според потребите): демонстративна, работа со текст; дијалошко-монолошка, индивидуална, тандем, работа во групи и др.

Наставни методи (според потребите): говорна, демонстративно-илустративна, метод на играње улоги, набљудување и истражување, текст метода
и др.

Корелација (со други содржини и наставни предмети):

-Литература и јазик, историја, филмска уметност, библиотека

- учени содржини од изминатите години.

Етички кодекс на оценување: Наставникот применува етички кодекс при оценувањето на своите ученици и тоа демократичност,
праведност,чесност и др.

Корелација со еко стандардите од еко-проектот

Еко стандардот 2 се однесува на следниве точки на акција:

- Замена и санирање на сите нефункционални чешми во училишната зграда


5
- Истакнување на упатство за рационално користење на водата во училиштето

Овие точки на акција кои се однесуваат на водата, нејзиното значење за човекот, природата, а и за иднината на целата планета ги доведуваме во
корелација со следнава наставна содржина:

час бр.12Творење лирска песна со елегични елементи ( пр. Елегија, тажаленка, тагување за жалната состојба во која реално се наоѓаат голем број
од нашите води (реки и езера) низ Македонија поради невниманието на човекот.

Примена на ИКТ во наставата:

час бр.2,7,8,11,15 Творење лирска песна со елегични елементи

Учениците користат open office writer (при пишувањето) и Internet при барањето на инспирација за мотивот од реалниот свет (загадени, од
човекот уништени води), но и за да ја поткрепат својата лична творба со илустрации и сликовито да ја претстават нејзината содржина.

Оценување:

- Дијагностичко оценување (увид во претходностекнатите знаења на почетокот на учебната година и на почетокот на секој час)

- Формативно оценување - средства и постапки за вреднување (евалуација) на учењето на учениците:

- усна презентација

- дискусија(разговор) за време на часот

- анализа на текстови

- писмени вежби (есеј);

6
- вежби од подрачјето јазик;

- домашни задачи;

- чек-листа (листа за проверка) на изведбени активности

- поттикнувачки прашања,

Вреднување, измени и дополнување на планирањето:

Наставна единица 1

1. Цели: Да умее да селектира и презентира доживеани настани со стилски збогатени реченици.


2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот го планира текот и целите на часот; низ разговор ги поттикнува учениците на активности; дава потребна помош и ги насочува
активностите кон реализирање на целта на часот; ги коментира и вреднува презентираните состави.
- Учениците учествуваат во разговорот, расмислуваат и го обмислуваат составот, применувајќи ги претходно стекнуваните знаења;
презентираат и дискутираат за презентациите.
- Разговор, пишување, читање, дискутирање, применување знаења;
- Тетратка, табла и креда (за правописни и јазични забелешки и поправка на истите).

Развојно-процесно планирање за час 1

1. Наставна единица: ,,Писмена вежба на соодветна тема (На пример: ,,што планирав и што реализирав во текот на летото”, ,,настани по кои
ќе го паметам овој летен распуст”, ,,Во текот на летото стекнав нови пријателства” и сл.).
2. Тип на часот: Писмено изразување на дадена тема (од подрачјето Изразување и творење).
3. Целна часот: Да умее да селектира и презентира настани и расмислувања за дадена тема со стилски богати реченици
4. Форми на работа: Дијалошка, индивидуална

Предвидени активности:

7
- Разговор со учениците низ кој ќе се поттикнат на размислување и творење на една од дадените теми.
- Учениците творат, а наставникот ги следи нивните активнсоти, давајќи помош на евентуални потешкотии кај одредени ученици.
- Презентирање на составите, дискусиите од учениците и наставникот, пишување на табла на направените јазични и правописни грешки (кои
наставникот ги уочил во составите) и нивна корекција), забелешки за начинот на читањето на составите.
Вреднување на знаењата: Учениците и наставникот, со своите

забелешки вршат и вреднување на презентациите.

Наставна единица 2

1. Цели: Да стекне континуитет во знаењата за потеклото и развојот на македонскиот јазик поврзувајќи ги со првите македонски
просветители.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот го планира текот на часот, активностите и целите на часот; со прашања ги насочува учениците кон поврзување на претходните
знаења за потеклото и развојот на македонскиот јазик со новостекнатите за првите македонски просветители; ги поттикнува учениците на
размислувања и заклучоци.
- Учениците ги повторуваат претходните знаења и истите ги презнетираат на часот; стекнуваат основни знаења за просветителите Кирил
Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски; учествуваат во подготовките на планот за новата наставна содржина.
- Разговор, заклучоци, пишување, употреба на учебник (VI и VII одделение и Граматика на македонскиот јазик за VI и VII одделение
(од група автори: Нада Николовска, Раско Лозановски, Војо

Велјановски). Вежби, пишување, објаснување, практични вежби,

дискусија.

- Тетратка, учебник, граматика, табла и креда.

Развојно-процесно планирање за час 2

1. Наставна единица: Македонскиот јазик во 19 век.Јазикот на првите македонски писатели.


2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик
3. Цели на часот: Да стекне континуитет во знаењата за македонскиот јазик поврзувајќи ги со првите македонски просветители.
4. Форми на работа: Фронтална, дијалошка
8
Предвидени активности:

- Со обмислени прашања, наставникот ги поттикнува учениците кон презентирање на знаењата за потеклото и развојот на македонскиот
јаизк.
- Примери: Со кој јазик се служеле Словените пред нивното раселување?
- Кој е најстар словенски литературен јазик? Кои биле словенски азбуки и кои се нивни создавачи? Кој прв и на кој јазик ги преведувале
црковните книги? Што се тоа варијанти на црковнословенскиот јазик? Кога настанала македонската варијанта и какви елементи содржела?
(во 12 век; елементи на македонските говори). Кои се трите групи словенски јазици и кои јазици спаѓаат во нив? (Со акцент на јужната
група на која припаѓа македонскиот јазик).
- Наставникот дава податоци за: културната преродба во Македонија во почетокот на 19 век; пробивот на народниот јазик во писмена
употреба, на местото на црковнословенскиот јазик; прашањето кое се почесто се поставувало за посебен литературен македонски јазик;
првите македонски автори Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ, (Печателе книги на народен јазик, со религиозен карактер); посочува
цитати од учебникот и граматиката развивајќи дискусии за нивната содржина и специфичности во јазикот – говорите на кои твореле).
- Учениците со помош на наставникот прават план за наставната содржина, бележејќи го во програмата open office writer и на табла:
1. Прасловенски јазик – Прв јазик на Словените
2. Прв словенски литературен јазик – старословенскиот
3. Први словенски азбуки:
- глаголица - (38 букви, Св. Кирил)
- кирилица – (44 букви, Св. Климент Охриски)
4. Кирил и Методиј – први преведувачи на црковни книги од грчки на словенски јазик
5. Препишувачите внесувале јазични црти од својот јазик – се јавиле варијанти на црковнословенскиот јазик
6. Македонска варијанта – 12 век, елементи од македонските говори
7. Почеток на македонската културна преродба – почеток на 19 век
8. Пробив на народниот јазик – првите македонски автори
9. Јоаким Крчовски – североисточни македонски говори и особености од западните говори (,,Различна поучителна наставленија”)
10. Кирил Пејчиновиќ – тетовски говор (,,Огледало”, ,,Утешение грешним”)
Вреднување на знаењата: Согледувањата ќе се стекнат при повторувањето на знаењата, разговорот и правењето план за новата содржина.

Наставна единица 3

1. Цели: Да ги препознаваат елементите на социјалнтие песни, анализирајќи ги според литературно-теоретските поими кои им се изучувани.
2. Активности, методи, наставни средства:
9
- Наставникот дал упатства кои содржини учениците да ги повторат; селектирал социјални песни (од учебникот или друг извор) кои ќе бидат
анализирани (уметничка и народна социјална песна); го испланирал текот и активнсостите на часот, целите и методите; дава соодветна
помош и поттик при усвојувањето и примената на знаењата на учениците.
- Учениците ги повториле посочените содржини; одговараат на прашањата од наставникот при теоретското повторување; ги применуваат
стекнуваните знаења во анализата на песните; извлекуваат заклучоци за новата содржина; учествуваат во подготовката на планот при
анализата.
- Читање, пишување, работа со учебник (со текстови), дискутирање, анализа.
- Тетратка, учебник, примери на социјални песни, табла, креда.

Развојно-процесно планирање за час 3

1. Наставна единица: Социјални песни (,,Скитник” од К. Неделковски, други уметнички и народни социјални песни)
2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Литература со примена на стекнатите знаења
3. Цел на часот: Ги препознава особеностите на социјалните песни правејќи анализа на истите
4. Форми на работа: фронтална, дијалошка
Предвидени активности:

- Со прашања, наставникот ги проверува знаењата за учени литературно-теоретски поими (што беше посочено да ги повторат: што се стих,
строфа, рима, видови рими, мотив, лирско Јас, елементи на лирската песна, елементи на поетскиот јазик, видови лирски песни според
мотивот, метафора, номатопеја, компарација).
- Наставникот, а потоа и учениците, ги читаат социјалните песни (уметничката и народната), со претходно нагласување да внимаваат на
содржината на песните и примена на учените пиоими при нивната престојна анализа.
- Низ прашања (од учебникот или дополнителни од наставникот) песните се анализираат содржински и структурно; применувајќи ги
заклучоците, се прави план на анализата (на табла и во тетратките):
1. Мотиви во песните (уметничката и народната)
2. Визуелни и аудитивни елементи (слики на утрото, изгледот на работникот, кочанското поле, шепотот, екот, молскавицата)
3. Елементи кои се препознаваат како лирска песна
4. Елементи кои укажуваат на маките на работниците – социјални
5. Стилски фигури во песните, рима (вид)
Вреднување на резултатите: од сите планирани активности се согледува реализацијата на целта на часот и знаењата на учениците за примена
на знаењата (претходни и стекнати на часот).

Наставна единица 4
10
1. Цели: Да ги применува стекнатите знаења во самостојната анализа на поетска творба која ја селектирал.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот дал упатства што да подготват за часот; размислил и испланирал за текот на активнсотите на часот; ги следи презентирањата,
дискутира за нив и ги вреднува; ги поттикнува учениците на активнсоти (при презентирањата и дискусиите за нив).
- Учениците се подготвиле за часот според дадените упатства; презентираат свои подготовки; дискутираат за презентациите (позитивни
искажувања и недостатоци) и ги вреднуваат.
- Работа со текст, читање, искажување, дискусија.
- Примери со социјални песни (кои ги пронашле и ги донесле во книги, зборници или сл.).

Развојно-процесно планирање за час 4

1. Наставна единица: Самостојна презентација на социјална песна според сопствен избор


2. Тип на часот: Усно искажување на дадена тема според посочени барања
3. Цел на часот: Да ги применуваат стекнатите знаења самостојно
4. Форма на работа: Индивидуална и дијалошка

Предвидени активности:

- Наставникот врши проверка на знаењата на учениците за социјалната песна како вид лирска песна (објаснувањето од учебникот).
- Ученици презентираат свои подготовки – самостојно усно анализирање на социјална песна; претходно ја рецитираат со читање.
- По секое презентирање (кое трае од 5-10 мин.) ученииците дискутираат за чуеното и го вреднуваат; тоа го прави и на наставникот.
Вреднување на знаењата: Сите презентации ќе бидат вреднувани со претходно објаснување на забелешките за презентираното.

Наставна единица 5

1. Цел на часовите: Да умее да ги применува стекнатите знаења во самостојна анализа на социјална песна.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот ги упатил учениците што и како треба да подготват за овој час; ги следи презентирањата на учениците, дискутира занив и ги
вреднува; ги поттикнувана активности, дава потребна помош.
- Учениците се подготвиле за часот; ги презентираат своите подготовки; дискутираат за чуените презентации и ги вреднуваат; ги
применуваат стекнуваните знаења.
- Работа со текст, читање, анализирање, дискусија.

11
- Учебник (или друг извор со песната ,,Денови”), белешки (кои ги воделе додека се подготвувале).

Развојно-процесно планирање за час 5

1. Наставна единица: Самостојна усна анализа на песната ,,Денови”К. Рацин


2. Тип на часот: Усно изразување на дадена тема
3. Цели: Да умее да прави самостојна анализа применувајќи ги стекнатите знаења
4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности:

- Кусо повторување на знаењата за социјална песна


- Учениците ја рецитираат песната со читање; прават индивидуална усна анализа; да ги користат белешките кои ги воделе при подготовката
за час како потсетник.
- По секоја презентација, учениците и наставникот дискутираат за неа и ја вреднуваат.
Вреднување на знаењата: Секое претставување на учениците со нивните подготовки ќе биде вреднувано (со претходни забелешки).

Наставна единица 6

1. Цели: Да го знаат континуитетот во историскиот развој на македонскиот јазик со појавата на граѓанската литература во Македонија.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот ја определил целта на часот, ги испланирал активностите и текот на часот; подготвил дополнителна литература (извадоци од
творби од К. Миладинов, Р. Жинзифов, Ј.Х. Константинов – Џинот, по можност од Зборникот на Миладиновци или сл. ) за согледување на
специфичностите во јазикот на кој твореле македонските автори во средината на 19 век); според можностите, може да се подготват и
различни наставни ливчиња со извадоци од творби од набројаните автори.
- Учениците ги повторуваат содржините од историјата на македонскиот јазик; читаат од извадоците; ги анализираат ги преведуваат на
литературен јазик; го согледуваат народниот говор во нив; правење план за содржината.
- Работа со текст, читање, анализа, заклучоци.
Извадоци од творби, наставни ливчиња, тетратки, табла, креда, учебник, граматика.

Развојно-процесно планирање за час 6


12
1. Наставна единица: Јазикот на авторите од втората половина на 19 век.
2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик
3. Цели на часот: Да го знае континуираниот развој на македонскиот јазик и со појавата на граѓанската литература во Македонија.
4. Форми на работа: Фронтална, дијалошка, работа во двојки
Предвидени активности:

- Наставникот со прашања до учениците, ја поврзува учената содржина за првите македонски просветители (почеток на 19 век) со појавата
на граѓанската литература во Македонија; дава дообјаснувања за содржината од учебникот и од граматиката.
- Учениците, преку прашања на наставникот за содржината, прават план за содржината:
1. Почеток на граѓанска литература наспроти црковната
2. Расте интересот за народната литература
3. Зборникот на Миладиновци
4. Две гледишта за македонски стандарден (литературен) јазик
- Наставникот им ги поделува наставните ливчиња за работа во парови (двојки) со извадоци од творби; учениците ги читаат двата извадока
од учебникот и извадоците од наставните ливчиња и ги предвидуваат на литературен јазик ( со помош на наставникот).
- Низ прашања се уочуваат јазичните особености во творбите: архаични зборови, местото на ј во зборовите, интервокалното в отсуство на
наставката м во 1 лице еднина и сл.
Вреднување на знаењата: Од активностите на часот ќе се вреднува

степенот на усвоеноста на знаењата.

Употреба на ИКТ.

Наставна единица 7

1. Цели: Да умее да пронајде и да селектира податоци според важноста, пишувајќи состав во кој ќе ги презентира
истите.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот ги упатил учениците што да подготват за часот; проверува колку ја научиле претходно учената содржина; ги следи
претставувањата на составите, дискутира за нив и ги вреднува.
- Учениците ги подготвиле домашните задачи; ја научиле содржината за граѓанската литература во Македонија; читаат состави, дискутираат
по секоја прочитана задача и искажуваат свои размислувања за чуеното (читањето, содржината на составот и сл.).
- Работа со текст, читање, дискутирање.

13
- Домашните тетратки, табла и креда (за бележење на евентуално направените јазични и правописни грешки, уочени од учениците и
наставникот кој и ги прегледува прочитаните состави).
Развојно-процесно планирање за час 7

1. Наставна единица: Анализа на домашни задачи: Дејностите и значењето на

браќата Миладиновци

2. Тип на часот: Писмено изразување (творење) од собрани податоци

3. Цели на часот: Да пронајде и селектира податоци користејќи ги во пишување на составот

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности:

- Учениците читаат домашни задачи и ги кажуваат изворите од кои дошле до саканите податоци.
- По секоја прочитана задача ученици дискутираат за: читањето, одговорот на темата, структурата на речениците, јазични особености.
- Во меѓувреме наставникот ги прегледува составите и укажува на евентуално направените правописни грешки; учениците ги бележат на
табла и ги коригираат; потоа ги вреднува составите.
Вреднување на знаењата: Учениците и наставникот, по дискусиите за домашните задачи кои ќе бидат прочитани, ги вреднуваат.

Употреба на ИКТ.

Наставна единица 8

1. Цели: Да ги уочат особеностите на елегијата како вид лирска песна преку анализа на песна како пример.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот ги планира целта, активностите и текот на часот; подготвува прашања за повторување на учени литературно-теоретски поими;
поттикнува анализа на песната и заклучоци за особеностите на елегијата како вид лирска песна; поттикнува план за анализата.
- Учениците ги повторуваат учените и посочени литературно – теоретски поими; ја анализираат народната песна – елегија ,,Жали моме, да
жалиме”, ги согледуваат мотивите во елегиите како песни со тажни чувства; учествуваат во планот за анализата.
- Работа со учебник (текст) читање, пишување, разговор, објаснување;
- Учебник, тетратка, табла и креда.
-
14
Развојно-процесно планирање за час 8

1. Наставна единица: Интерпретација на песната ,,Жали моме, да жалиме” – Народна песна; елегија
2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Литература
3. Цели на часот: Да ги согледаат особеностите на елегијата како вид лирска песна, анализирајќи песна како пример
4. Форми на работа: Фронтална, дијалошка

Предвидени активноти:

- Со прашања од наставникот, учениците ги повторуваат знаењата за литературно – теоретските поими (мотив, лирска песна – особини,
рима, стих, строфа, видови лирски песни и сл.); ја чита песната; помага во преведувањето на песната на литературен јазик и
интерпретацијата; поттикнува на заклучоци за елегијата како вид песна.
- Учениците ги одговараат прашањата; потоа ја читаат и преведуваат песната на литературен јазик.
- Низ прашања ја интерпретираат песната; се прави план кој ученици ги бележат на табла и во тетратките.
1. Мотив: Мајката ја оплакува ќерка си
2. Вид песна: Лирска, народна според создавачот, според мотивот – елегија (тажни чувства)
3. Испеана во монолог, без строфа, стихот – осмерец
4. Изразни средства: епитети, анафора, ономатопеја
Вреднување на знаењата: Сите активности на учениците ќе се вреднуваат како показател на нивните знаења и примена на истите.

Наставна единица 9

1. Цели: Да умее да ја анализира драмата и да ги препознае особеностите на драмата учени од претходната година.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот укажал што да подготват за часот; ги планира целта и активностите на часот; поттикнува активности; дава потребна помош за
реализација на целта на часот; напишал план за анализата на табла.
- Учениците ја прочитале драмата и со насоки од наставникот ја анализираат драмата и сите нејзини аспекти, од кои најважните ги
запишуваат во тетратка.
- Читање, пишување, работа со текст, објаснување, дискусија.
- книга, тетратка, табла

Развојно-процесно планирање за час 9

15
1. Наставна единица: Интерпретација на песната „Елегии за тебе” од К. Рацин
2. Тип на часот: усно изразување на дадена тема – задача
3. Цели на часот: Да умее усно да анализира лирска песна и изразно, доживеано да ја рецитира со читање
4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка
5.
Предвидени активности:

- Наставникот напишал план на табла по кој учениците ќе прават анализа на песната (кој го препишуваат и во тетратките):

1. Мотив – елементи кои ја вбројуваат во елегии


2. Вид песна (според мотивот и создавачот)
3. Поетски слики – визуелни елементи
4. Строфа, вид стих и видови рима
5. Изразни средства
- Учениците, според дадениот план ја анализираат; ако некои ученици посакуваат да дополнат нечии искази, тоа и го прават.
Вреднување на знаењата: искажувањата на учениците ќе бидат оценувани (како примена на знаењата).

Наставна единица 10

1. Цели: Да умее да ги примени стекнуваните знаења во творењето лирска песна со елегични елементи.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот укажал што треба да подготват за часот, односно што да размислат го следи процесот на творење и дава соодветна помош; ги
вреднува презентирањата и дискутира за нив.
- Учениците размислиле за мотивот; творат, односно пишуваат лирски творби со елегични елементи; ги читаат песните и ги селектираат
најуспешнитеза ѕидниот весник.
- Пишување, читање, разговор.
- Тетратките, ѕиден весник (според можностите).

Развојно-процесно планирање за час 10

1. Наставна единица: Творење лирска песна со елегични елементи


2. Тип на часот: Примена на стекнувани знаења при писмено творење на одредена задача
3. Цели на часот: Да умее да ги примени стекнатите знаења во творењето лирска песна

16
4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности:

- Наставникот им дава упатства на учениците: мотивот го избираат сами но сепак според претходниот договор со учениците за корелација и
примена на еко стандардот бр. 2 ( пр. Тагување за жалната состојба во која се наоѓаат нашите води (реки и езера) поради невниманието на
човекот. Песната треба да биде елегична, творат во строфи или во слободен стих, со примена на визуелни и аудитивни елементи и
користење стилски фигури, римата е по сопствен избор.
- Учениците користат Microsoft Office Word (при пишувањето) и Internet при барањето на инспирација за мотивот од реалниот свет
(загадени, од човекот уништени води), но и за да ја поткрепат својата лична творба со илустрации и сликовито да ја претстават нејзината
содржина.
- Учениците творат; наставникот следи и дава потребна помош.
- Ги читаат песните и ги одбираат најуспешните за ѕидниот весник.
Вреднување на знаењата: Учениците заедно со наставниког ги вреднуваат и истакнуваат најуспешните творби.

Употреба на ИКТ.

Наставна единица 11

1. Цели: да ги знае активностите и значењето на македонските учебникари во преродбенскиот период во Македонија


2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот ги обмислил целта, активностите и текот на часот;
Дава објаснувања за содржината која се изучува; помага во заклучоците и одговорите на прашањата (од учебникот и дополнителни од
наставникот); објаснува подготовка за наредниот час.

- Учениците ги повторуваат претходните содржини (за првите македонски просветители)” за граѓанската литература во Македонија); ги
следат објаснувањата, размислуваат и даваат одговори на прашањата; со наставникот прават план за содржината.
- Работа со учебник (текст), објаснување, разговор, читање
Развојно-процесно планирање за час 11

1. Наставна единица: Македонските учебникари


2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето јазик
3. Цели на часот: Да ги знае значењето и активностите на македонските учебникари од преродбенскиот период

17
4. Форми на работа: Фронтална, дијалошка

Предвидени активности:

- Се повторуваат претходно учените содржини за првите македонски просветители и за граѓанската литература во Македонија.
- Наставникот дава објаснувања за содржината за македонските учебникари; ги остава да ја прочитаат истата содржина од учебникот, по
што ги одговараат прашањата од учебникот.
- Се прави план за содржината (со кој таа и се повторува):

1. Ставовите на П. Зографски и Ѓорѓи Пулевски за македонскиот литературен јазик.


2. Податоци за првите македонски учебникари
3. Јазикот на кој твореле Ј.Х.К. Џинот, К. Миладинов и Г. Прличев
Вреднување на знаењата: Правањето на планот за учената содржина, ќе се согледа колку е таа совладата (научена).

Употреба на ИКТ.

Наставна единица 12

1. Цели: Да го согледа јазикот на кој творел еден од македонските творци во 19 век и да стекне сознанија за животот и делот на Григор
Прличев.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот ги испланирал и целта, активнсотите и наставните средства потребни за часот и им дал упатства на учениците што да
подготват; се грижи и ги поттикнува активностите кон реализација на целта на часот; подготвува наставни ливчиња.
- Учениците се подготвуваат за часот според упатствата од наставникот; покажуваат интерс да ги реализираат задачите кои ќе им бидат
дадени на часот; го следат презентирањето на биографијата на Прличев и освртот на поемата ,,Сердарот”, настојувајќи да запомнат битни
податоци (индивидуално може да си водат белешки).
- Работа со текст, читање, разговор, објаснување, истражување.
- Книгата Автобиографијата од Г. Прличев, кусиот осврт направен од ученик, наставни ливчиња.

Развојно-процесно планирање за час 12

1. Наставна единица: Осврт на Автобиографијата на Г. Прличев (со акцент на јазикот на кој е напишана)
18
2. Цели: Да имаат увид, сознанија за јазикот на кој творел еден од видните македонски автори од 19 век.
3. Тип на часот: Проширување на знаењата за одредена содржина
4. Форми на работа: Дијалошка, фронтална

Предвидени активности:

- Ученик го чита освртот за животот на Г. Прличев и за неговата поема ,,Сердарот”; другите ученици следат, си водат белешки.

- Потоа учениците (во парови или групи) кусо време селектираат куси делови од автобиографијата со кои ќе се претставуваат (ќе ги читаат и ќе ги
преведуваат на литературен јазик).

- Наставникот селектирал дел од времето на школувањето на Прличев; го чита, а потоа иницира дискусија во која учениците ќе ги споредуваат
приликите во кои се школувал тој и тие во кои се школуваат учениците денес.
Вреднување на знаењата: ќе се согледа умешноста на учениците да селектираат извадоци (податоци), да се претстават со нив; колку умеат да
компарираат.

Употреба на ИКТ.

Наставна единица 13

1. Цели: да ги збогатат знаеата за македонските писатели од 19 век и знаењата за анализа на поетска творба.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Учениците добија задача од наставникот што треба да подготват за овој час; наставникот ги определил целта, активнсотите и текот на
часот; со поттикнување на активностите, наставникот ги координира кон реализација на целта на часот.
- Учениците се подготвиле за часот; вршат анализа на песната усно, индивидуално, со дополнување на она што сметаат дека не е целосно
анализирано; посебно се обрнува внимание на рецитирање што со читање и на јазичниот осврт на песната.
- Работа со текст, читање, анализа, разговор.
- Песната ,,Тга за југ”, односно изворот од каде ја пронашле (учебник, граматика, книга, фотокопирана и сл.).

Развојно-процесно планирање за час 13

1. Наставна единица: Анализа на песната ,,Т ,га за југ” од К. Миладинов

19
2. Тип на часот: Усна вежба од подрачјето изразување и творење
3. Цели на часот: Да ги збогатат знаењата за јазикот на кој твореле нашите деца од 19 век; да умеат самостојно да анализираат лирска песна
4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности:

- Учениците ја рецитираат песната со читање; се забележува тоа да биде изразно, доживеано рецитирање на елегичните стихови.
- Од учебникот се обидуваат да го прочитаат извадокот даден во факсимил од оригиналниот ракопис на авторот.
- Прават анализа на песната според планот:
1. Истакнување на мотивот и лирското Јас
2. Поетски слики – објаснување на истите
3. Формата на песната (број на строфи и стихови во нив, како и бројот на слогови во стиховите)
4. Визуелни и аудитивни делови во песната
5. Изразни средства, рима (видови)
6. Јазикот на кој е испеана (објаснување на архаични зборови, отсуство на некои самогласки во зборовите, интервокалното в, наставките – ех,
- ип)
Вреднување на знаењата: Учениците ја анализираат песната и нивните презентирања ќе бидат оценувани (вреднувани).

20
Тематска целина 2 (октомври)
2. Конкретни цели:

- да знае што е акцентска целост и да знае правилно да ги изговара и бележи акцентските целости;

- да ги разликува безличните од личните глаголски форми;

- да ги знае специфичностите на лирско-епската творба во стих – балада;

- да се оспособи да анализираа балади;

- да умее да прераскажува содржини на балади со стислки богати реченици;

- да се запознае со поимот и значењето на филмската идеја како прво скалило во процесот на создавањето на еден филм.

Ред.бр Наставна единица Број на часови Време на реализација забелешка

1 Вежби за акцент ИКТ 1 октомври

2 Акцентски целости 1 октомври

3 Интерпретација на баладата „Балада за времето“-Славко 1 октомври


Јаневски

4 Анализа и прераскажување на народната балада 1 октомври


„Заљубиле се две луди млади“-народна балада ИКТ

5 Видови акцентски целости и правила за нивно 1 октомври


акцентирање

6 Вежби за акцент и акцентски целости 1 октомври

21
7 Самостојна анализа на балада-„Балада за непознатиот“- 1 октомври
Кочо Рацин

8 Контролна задача-акцент и акцентски целости 1 октомври

9 Стилски фигури во анализираните балади од претходните 1 октомври


часови

10 Усно прераскажување на балади 1 октомври

11 Безлични глаголи 1 октомври

12 Вежби за безлични глаголи ИКТ 1 октомври

13 Писмено прераскажување на балади ИКТ 1 октомври

14 Филмска идеја ЕКО 1 октомври

15/16 Лектира: „Бескрајна приказна“ – Михаил Енде ИКТ 2 октомври

Поврзување (интегрирање) на часовите_во однос на програмските подрачја:

Час: 1, 2, 5, 6, 8

- Повторување за акцент

- Акцентски целости

- Видови акцентски целости и правила за нивно акцентирање

- Вежби за акцентски целости

- Контролна вежба за акцент

Час 11, 12

22
- Безлични глаголи

- Вежби за безлични глаголи

Час 3, 4, 7, 9, 10, 13

- ,,Балада за времето“-Матеја Матевски


- ,,Заљубиле се две луди млади” – Н. песна (балада)
- ,,Балада за непознатиот” – К. Рацин
- ,,Стилски фигури во баладите”
- ,,Прераскажување на учените балади (говорна вежба)
- ,,Прераскажување и анализа на балади по сопствен избор (народни и уметнички)
Час: 15, 16

- Лектира
Час: 14

- Филмска идеја

Корелација (со други содржини и наставни предмети):

-Литература и јазик, историја, филмска уметност, ликовно образование (опис на лик- портрет), странски јазици.

Наставни средства:

- учебник (одобрен од министерот и избран на ниво на училиште)

- одобрени списанија за деца и млади,

- енциклопедии и речници, книги (дополнителна литература);

- илустрации, радио-касети, ЦД и други аудио-визуелни средства;

23
- интернет, образовни софтвери

Наставни форми (според потребите): демонстративна, работа со текст; дијалошко-монолошка, индивидуална, тандем, работа во групи и др.

Наставни методи (според потребите): говорна, демонстративно-илустративна, метод на играње улоги, набљудување и истражување, текст метода
и др.

Етички кодекс на оценување: Наставникот применува етички кодекс при оценувањето на своите ученици и тоа
демократичност,праведност,чесност и др.

Корелација со еко стандардите од еко-проектот

час бр.13. Писмено прераскажување на балади – (завршен дел на часот) Кон крајот на часот учениците се упатуваат за наредниот час да повторат
за видовите филмови според намената и според содржината и да размислат на каква тема би сакале да снимат филм кога би биле режисери. При
изборот на темата наставникот ги потсетува на четирите еко стандарди од еко-проектот и ги поттикнува да размислуваат за кој од тие стандарди
поврзани со примената и поддршката на екологијата во нивното училиште би снимиле филм. Нивната идеја би требало да биде избор на еден од
четирите еко-стандарди како филмска идеја.

час бр. 14 Филмска идеја. Во средишниот дел на часот учениците го образложуваат својот избор и ги изнесуваат своите идеи за снимање на филм
поврзани со некоја избрана точка на акција од следниве еко стандарди од еко-проектот:

разубавување на училишните ходници и канцелариите со цвеќе.

одржување на зеленилото во училишниот двор (косење на трева, засадување и полевање на цвеќе).

Примена на ИКТ во наставата: час бр.1,4,12,13,16

Час бр. 1 Повторување за акцент со барање на вежби од интернет и работа во групи со меѓусебна консултација
24
Час бр. 4 Анализа и прераскажување на народната балада „Заљубиле се две луди млади“-прераскажување на баладата во open office impress

Час бр. 12 Вежби за безлични глаголи изработуваат вежби посочени од наставникот

Час бр 13 Писмено прераскажување на балади - во open office impress прераскажуваат балади по сопствен избор

час бр.16. Лектира („Бескрајна приказна“ – Михаил Енде) - втор час: изработка на open office impress презентација во која со слика, симбол и со
збор (избран цитат и објаснување за причината на неговото одбирање) учениците ги претставуваат најдобрите моменти од книгата (случка,
чувство или лик).

- Дијагностичко оценување (увид во претходностекнатите знаења)

- Формативно оценување - средства и постапки за вреднување (евалуација) на учењето на учениците:

- усна презентација

- дискусија(разговор) за време на часот

- анализа на текстови

- писмени вежби (есеј);

- вежби од подрачјето јазик;

- домашни задачи и лектири;

- чек-листа (листа за проверка) на изведбени активности

- поттикнувачки прашања,

- контролна вежба-есејски прашања

Вреднување, измени и дополнување на планирањето:

Наставна единица 1

3. Цели: Да знае правилно да го определува акцентот и правилното акцентирање на зборовите.


25
4. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот ги подоготвува целите, методите и активностите на часот; подготвува вежби и наставно ливче; ги поттикнува активностите и
дава соодветна помош; ги вреднува знаењата.
- Учениците ги повториле учените содржини за акцент, во претходните одделенија (правилата за акцентирање, отстапувањата); учествуваат
во изработка на вежбите и во презентирањето на одговорите.
- Разговор, пишување, применување, презентирање, дискусија.
- Вежби во наставно ливче и на табла, тетратка, табла, креда.

Развојно-процесно планирање за час 1

5. Наставна единица: Вежби за акцент


6. Тип на часот: Повторување на учени содржини од подрачјето Јазик.
7. Цел на часот: Да знае правилно да го определува акцентот и правилно да ги акцентира зборовите.
8. Форми на работа: Фронтална, дијалошка, работа во парови (двојки) ИКТ
Предвидени активности:

- Низ прашања се повторува: што е акцент, правилата за акцентирање на двосложните, трисложнните и повеќесложните зборови, на
сложните зборови, отстапувањата од третосложното акцентирање.
- Наставникот им поделува наставни ливчиња за работа во двојки; по кусо време вршат презентирање на одговорите.
Примери за наставно ливче

a. Обележи го акцентот на зборовиве.


прст другар сончоглед триесет и три

прстот планина војсководец деветмина

прстите тетратката кој – годе земјоделство

b. Обележи го акцентот на зборовите во реченициве


1. Ловејќи риба тој падна во реката.
2. Тања постојано телефонира кај другарките.
3. Сликарот летово го мина во ателјето.
4. Баба по цели денови е пред телевизор.
5. Го посетивме и Домот за култура во Струга.
- Потоа секој ученик во својата тетратка го препишува текстот од табла и го обележува акцентот на трисложните и повеќесложните зборови.

26
Пример за текст

,,Сакам да седам крај прозорецот и да гледам како дождот се слева по стаклото. Постојано очекувам да се појави виножито. Велат дека тогаш
треба да смислам желба. Надевајќи се дека тоа ќе се случи, седев упорно и чекајќи ги виножитото низ главава ми минуваа какви – годе желби. В
раце го држев учебникот, трудејќи се да почнам да учам за руско-турските војни”.

- Учениците читаат реченица по реченица од извадокот и кажуваат на кој слог го обележале акцентот во трисложните и повеќесложните
зборови. (Се инсистира на гласно читање, со правилно акцентирање).
- Вреднување на знаењата: Од презентирањата се согледуваат предзнаењата на учениците, а со цел поуспешно да ги совладаат содржините
за акцентот кои следат.
За наредниот час: Овие повторени содржини да ги утврдат зашто ќе продолжиме со нови – акцентски целости.

Наставна единица 2

3. Цели: Да знае што е акцентска целост и правилно да ги изговара акцентските целости (согледувајќи го местото на акценетот).
4. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот подготвил примери и вежби за совладување на наставната содржина; раководи со текот на часот за остварување на целта;
дава потребни појаснувања и помош.
- Учениците ги повториле содржините за акцент; следат, размислуваат, заклучуваат по новата содржина; изработуват вежби, учествуват во
повторувањето на новите знаења и нивната примена.
- Разговор, пишување, и читање, употреба на текст.
- Вежби на табла, тетратка.

Развојно-процесно планирање за час 2

5. Наставна единица: Акцентски целости


6. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик
7. Цел на часот: Да знае што е акцентска целост да го определува местото на акцентот и правилно да акцентира при изговорот.
8. Форми на работа: Дијалошка, индивидуална
Предвидени активности:

- Низ прашања од наставникот, се повторува што проучуваат фонетиката, синтаксата и морфологијата; потоа што претставува акцентот и
правилата за акцентирање во нашиот јазик.

27
11. На табла наставникот пишува примери за акцентски целости, а учениците ги препишуваат во тетратките, во табели.
Се пишува: Се изговара:

Киселá Вода Киселавода

Киселó млеко киселомлеко

нe дојде недојде

не мý рече немурече

Што ме праша? Штоме праша?

___________________________________________

(под ист акцент)

- Наставникот, укажувајќи на бројот на зборовите, со негово читање и повторување од учениците, заедно со учениците, доаѓаат до заклучок
за акцентските целости.
- Во планот запишуваат: Два или повеќе зборови под заеднички акцент се нарекуваат акцентски целости.
- Броејќи ги слоговите, доаѓаат до заклучок дека еден збор е носител на слогот и тој паѓа на третиот слог од крајот на зборот.
- Се обрнува внимание и на бележењето на акцентските целости.
- Им дискутира реченици, ги пишуваат во тетратките, а секој ученик сам ги обележува акцентските целости; потоа презентираат.
Примери:

1. Не се сеќавам каде го запознав човекот.


2. Вчера не можев да ја допишам лектирата.
3. Не претпостави што би се случило на натпреварот.
4. Дедо ми и баба ми живеат во Демир Хисар.
5. Што ќе правиш денес попладне?
- На табла има наведено зборови на кои ученици излегуваат и им го обележуваата акцентот.
Примери: прав шеќер, мој човек, дај те ми, три часа, не би сакал, не сум дошол, Кој дојде? Колку време. Што му рече? Што си го викал? Не ми
кажа.

Вреднување на знаењата: Од примената на знаењата во вежбите, наставникот ќе согледа колку е совладана новата содржина.

За наредниот час: Да повторат за особините на лирската и на епските песни.


28
Наставна единица 3

3. Цели: Да ги знае специфичностите на лирско-епските творби во стих и конкретно на баладата како вид лирско-епска твроба.
4. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот го обмислува текот на часот, ги насочува активностите кон реализација на целта на часот; подготвува две балади (народна и
уметничка) на ливчиња (на секоја клупа барем по едно): ги поттикнува на активности и изведување заклучоци, ги појаснува особините на
баладата.
- Учениците повториле за специфичностите на лирските и на епските песни; ги читаат баладите; прават анализа, преку прашањата од
наставникот за содржина и структурата на баладата од М.Матевски (Народната ќе ја анализираат на наредниот час).
- Разговор, читање, пишување, работа со текст, анализирање.
- Ливче со двете балади, тетратктие, табла – креда.

Развојно-процесно планирање за час 3

5. Наставна единица: Интепретација на баладата ,,Балада за времето“-Матеја Матевски – елементи на балада


6. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Литература.
7. Цел на часот: Да ги знае специфичностите на лирско-епските творби во стих и конкретно на баладата како вида лирско-епска творба.
8. Форми на работа: Дијалошка, работа во парови, фронтална.
Предвидени активности:

- Низ прашања од наставникот повторуваат за особеностите на лирските и на епските песни; акцент се става на чувствата во лирската песна
и на раскажувањето во епските песни.
- Им ги поделува ливчињата со песните, со нагласување да ги чуваат зашто и другата песна (народната балада) ќе им треба за наредниот
час.
- Ја читаат песната дел по дел, неколку пати, со нагласување се читаат изразно и да внимаваат на содржината (чувствата и раскажувањето).
- Песната ја анализираат по план кој го запишуваат во тетратките.
Предлог план:

1. Мотив: Пушката е дел од историјата.

29
2. Содржи лирски и епски елементи. (ги нагласуваат усно кои се лирските, а кои се епските елементи).
3. 8 строфи, по два стиха (дистих) шеснаестерци
4. фабула
- Закопаната пушка молчи.
- Ја закопал прадедото Јане.
- Пушката преминувала од колено на колено.
- Победничката пушка повторно молчи – слободно.
- Баладата значи лирско-епска песна; опева настан, често завршува трагично (епски елемент и чувство). Во основата е судри на спротивности
(борба и слобода во песнава). Се јавила во ХV век: баларе – значи играм. Порано била весела песна придружена со игра и песна.
- Се согледува дека баладите можат да се прераскажуваат; ученик ќе ја прераскаже.
Вреднување на резултатите: од сите активности ќе се согледа колку ученици ја совладале новата наставна содржина.

За наредниот час: песната од ливчето, народната балада, да ја подготват за прераскажување и анализа.

Забелешка:

Лист со баладите (да се фотокопира ) од наставникот како наставно ливче.

Балада за времето

Слушам како умира времето

Покрај лисјето што паѓа


и мразот што се фаќа за рацете
до каде сум стигнал

Тоа умира во сè што се раѓа


па вечно сум со него помал
макар за еден чекор

Есента е богата со соништа


иако понекогаш тажна
со водата што опаѓа
не се плови
30
Ноемвриските богати магли
со што ли ги дојат реките
По нивните плитки води
до каде ќе стигнам

Слушам како умира времето

Од есента во студот
останува еден плод
што праша со усните модри
кај ќе стигнам

Матеја Матевски

,,Заљубиле се

две луди млади”

Народна песна

Заљубиле се, душо две луди млади,

две луди млади, две аџамии,

не ми умеат как да се љубат:

мома ја љуби со црни очи,

лудо го љуби со суво грозје.

Ми ги дочула кучка маштеа,

31
па ми отишла на нови Пазар,

па ми купила горка еера,

па ми отрула две луди млади.

Лудо ми умре кун планината,

мома ми умре кон квечерина.

Та ми дочула кучка маштеа,

па ми прегнала четврорна кола,

па ги однесла меѓу два друма;

мома закопа меѓу два друма,

лудо закопа меѓу три друмје.

Мома излезе долга лозница,

Лудо излезе црвен трендафил.

Одошто љубов што си имале,

Мома ми пушти лоза кун лудо,

лудо пушти мишка трендафил,

мишка трендавил кон момето.

одошто љубов што си имаа,

двајцата млади ми се здружија.

Пак си дочула кучка маштеа,

32
па си отишла дури дома е

и па си зела остроно сорче,

па ми отишла меѓу два друма,

па ми исекла долга лозница;

па си отиде меѓу три друмје,

па ми исекла црвен трендафил.

па ми отишла дури дома си,

па ми запали два силни огна,

па ми изгоре долга лозница,

па ми изгоре црвен трендафил,

па ми се стори белена пепел.

Па ја собрала белана пепел,

па ја фрлира во градинчето,

па ми излезе рамен босиљок,,

што ми го носат све јуначиња,

све јуначиња под фесоине,

а девојкине под паузине,

а дечињана во рачињана.

Наставна единица 4

33
3. Цели: Да знае да анализира лирско-епска песна, односно балада, прераскажувајќи ја и содржината на песната.
4. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот дал упатства што да подготват за овој час;
- Обмислил која е целта и активностите за нејзина реализација; раководи со текот на часот, поттикнува активности и дава соодветна помош.
- Учениците се подготвиле за часот, односно се подготвиле за прераскажување и анализа на народната балада; презентираат свои
подготовки, меѓусебе се надополнуваат во исказите.
- Разговор, работа со текст, читање, прераскажување, анализа.
- Наставното ливче со песната, тетратките за планот, табла – креда. ИКТ

Развојно-процесно планирање за час 4

5. Наставна единица: Анализа и прераскажување на народната балада ,,Заљубиле се две луди млади”.
6. Тип на часот: Вежба за утврдување и примена на стекнати знаења
7. Цел на часот: Да знае да анализра и прераскажува балада.
8. Форми на работа: Дијалошка, монолошка
Предвидени активности:

- Наставникот, низ прашања кои ќе ги поставува, ќе провери колку учениците ја научиле содржината за балада и нејзините особини.
- Ја читаат песната дел по дел; се објаснуваат зборовите за кои нема објаснување во учебникот (аџамии – млади, маштеа – маќеа, еера – отров,
кун – кон, друмје – патишта, друмови, сорче – ноже, фесоине – вид капи).
- Ученици ја прераскажуваат содржината на баладата; потоа ја анализираат правејќи план на табла (ученици пишуваат) и во тетратките.
Предлог-план:

1. Тема – тажната судбина на двајца вљубени


2. Мотив – лоша маќеа поттикнува трагична судбина
3. Вид песна според создавачот: народна
4. Вид песна според содржината: балада
5. Епски елементи – раскажување на настаните; лирски – тажни чувства
6. Формата на песната: нема строфи, освен првиот стих ( дванаестерец) , другите се десетерци; нема рима.
- Усно ги посочуваат визуелните елементи во песната и го истакнуваат поетското јас.
Вреднување на знаењата: Наставникот ги согледува презентирањата и ги вреднува (прераскажувањето и учеството во анализата на песната).

Употреба на ИКТ.

34
За наредниот час: Да повторат за акцент и акцентски целости.

Наставна единица 5

3. Цели: Да ги знае правилата за акцентирање на видовите акцентски целости за успешно да ги применува при говорењето и при
обележувањето.
4. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот укажал што да подготват; ја подготвил и целта и активностите и методите со кои таа ќе се реализира; на табла подготвил план
за содржината која ќе ја изучуваат, но ако е во можност повторно подготвува наставни ливчиња (во отсуство на учебник); ги насочува
активностите, дава појаснувања.
- Учениците повториле за акцент и акцентски целости; учествуваат во согледувањата од содржината, изведуваат заклучоци, го препишуваат
планот, ги изработуваат вежбите.
- Објаснување, разговор, изведување заклучоци, пишување, вежбање.
- Табла – креда, евентуално наставно ливче, тетратки.

Развојно-процесно планирање за час 5

5. Наставна единица: Видови акцентски целости и правила за нивно акцентирање


6. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик
7. Цели на часот: Да ги знае правилата за акцентирање на акцентските целости и да ги применува (во усното изразување и да го бележи
акцентот)
8. Форми на работа: Фронтална, дијалошка, индивидуална

Предвидени активности:

- Низ прашања од наставникот повторуваат за акцент и акцентски целости.


- На табла наставникот подготвил план за содржината (или на наставно ливче).
Предлог за планот:

(Ако нема наставно ливче, по секое објаснување, учениците го бележат планот во тетратките). Се настојува да ги читаат гласно примерите –
заради акцентот).

35
1. Пример: Дедо јаде попара со киселó млеко. (Акцентска целост од придавка и именка: вторá вечер, мое дете, суви гранки, убавó цвеќе)
2. Пример: Пет дена врнеше дожд. (Акцентска целост од број и именка: три часа, стó грама, шест тона).
3. Пример: Дваесет и три деца учествуваа во трката. (Сложени бројни изрази со акцент на сврзникот: триесет и пет, педест и осум, шеесет и
седум).
4. Пример: Кои луѓе дојдоа? Прашален збор и именка – на третиот слог од крајот на зборот се врши акцентирањето: Штó човек беше? Колкý
часа?)
5. Пример: Го викна вýјко му. (Именки за сродство: дедо му, тетка ми).
6. Пример: Чекáјќи го заспав. (Глаголски прилог со кратка заменска форма акцент на глаголскиот прилог: читáјќи му, говорејќи им).
7. Акцентирање на искази:
a) потврни искази, акцент паѓа на глаголот; примери: ќе дóшле, му реков, да му се извини, за да óди;
b) негирани и прашални искази, акцентирање се врши според општото правило: не ме праша, што мý рече?
- По секое објаснување, ученик кажува и свој приемр – им се задржува вниманието за да размислуваат и за да разберат.
- Во тетратка, по планот, секој ученик пишува по два свои примери за секое од правилата кои беа објаснувани – презентираат.

Вреднување на знаењата: Од примерите кои ќе ги кажуваат, како и оние кои ќе ги пишуваат самостојно ќе се согледаат усвоените знаења.

За наредниот час: Да ја научат содржината; на наредниот час ќе имаат вежби за акцентски целости.

Наставна единица 6

3. Цели: Да ги применуваат стекнатите знаења за акцентски целости како при говорењата, така и при бележењето на акцентот.
4. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот подготвил вежби за утврдување и проверка на знаењата за акцентски целости; ги следи презентирањата на учениците на
нивните знаења, укажува на евентуалните грешки (при читањето и обележувањето на акцентот).
- Учениците пишуваат, читаат, ги применуваат знаењата во вежбите; вршат корекции на евентуалните свои или туѓи грешки.
- Работа со текст, читање, пишување, разговор.
- Забелешка: Како наставно средство, може да се употреби наставно ливче или таблата и тетратките.
- Го читаат текстот внимателно, настојувајќи да ги акцентираат зборовите правилно. Особено внимавај на акцентските целости.
(На табла, или пак на наставно ливче, наставникот селектирал текст кој учениците дел по дел ќе го читаат; другите ученици внимаваат и
кажуваат грешки кои евентуално би ги направиле оние кои читаат)

2) Обележи го акцентот на акцентските целости во примериве.

Што му рече? Да ја види. Триесет и еден

36
Кој ја праша? Да им пишува. Пет пати

Не ми кажа? За да мисли. Наши луѓе

Не си ги видел? Пишувајќи му. Црн бибер.

3) Напиши по две акцентски целости составени според барањата.

a. придавки и именка: ___________________________________________________


b. број и именка: ______________________________________
в) сложени бројни изрази: __________________________________

г) прашален збор и двосложна именка: _______________________

д) потврден исказ: ___________________________________________

ѓ) негиран исказ: ____________________________________________

e) прашален исказ: __________________________________________


- Работа со текст, читање, пишување, применување
- Наставно ливче со вежби, или вежби на табла, тетратка

Развојно-процесно планирање за час 6

1. Наставна единица: Вежби за акцентски целости и акцент воопшто


2. Тип на часот: Примена на знаења од подрачјето Јазик
3. Форми на работа: фронтална, индивидуална, дијалошка
4. Цели: Да ги применува стекнатите знаења за акцент и акцентски целости во читањето и при бележењето на акцентот.

Предвидени активности:

- Наставникот подготвил вежби на табла или на наставно ливче (според можностите, за индивидуална работа, работа во двојки или групи).
- Се чита подготвениот текст, или пак текстот од наставното ливче; се коментираат забелешки.
- Се изработуваат вежбите (по замисла на наставникот за методите).
Вреднување на знаењата: Примената на знаењата во вежбите овозможува оценување на знаењата на учениците.
37
За наредниот час: Ќе прават самостојна анализа на балада која наставникот ќе ја орпедели и според планот кој ќе им биде даден. (Можно е
секој ученик да донесе народна или уметничка балада.).

Наставна единица 7

1. Цели: Да применат стекнати знаења во самостојна анализа на балада.


2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот подготвил ливчиња со балада која ја одбрал (за секој ученик посебно, или пак по едно ливче на клупа; може и неколку
различни балади); подготвил план по кој ќе ја прават анализата самостојно; дава соодветна помош според потребите на учениците.
- Учениците читаат, размислуваат, прават анализа според дадениот план; бараат помош од наставникот ако им е потреба; ги презентираат
обработките, дискутираат и ги вреднуваат меѓу себе.
- Читање, пишување, анализирање, презентација, дискусија.
- Наставно ливче со балада (или на табла напишана, или од книги или фотокопии од балади кои би ги донеле учениците.)

Развојно-процесно планирање за час 7

1. Наставна единица: Самостојна анализа на балада по даден план

2. Тип на часот: Примена на знаењата (евалуација на истите)

3. Цели на часот: Да знаат да ги применат знаењата во самостојна анализа на

балада

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности:

- Наставникот го подготвил планот за анализата на табла; дава упатства за него, објаснува дека работат индивидуално, потоа ќе ги
презентираат обработките, ќе дискутираат и ќе ги вреднуваат.
38
Предлог: На наставно ливче баладата од Кочо Рацин

,,Балада за непознатиот”, или пак некоја од баладите на А.

Шопов, Б. Конески, или пак народна.

Предлог за планот за анализата:

1. Тема за баладата

2. Мотивот

3. Аудитивни и визуелни елементи (кусо објаснување, или пак цитирање стихови)

4. Епски и лирски елементи во баладата (посочување на истите)

5. Видот на стихот, (евентуално строфите), рима – вид, стилски фигури (со

цитирање или објаснување).

Вреднување на знаењата: Изработките на учениците, низ дискусија и забелешки ќе ги вреднуваат и учениците и наставникот.

За наредниот час: Наредниот час ќе прават контрола за кацентот и акцентски целости.

Наставна единица 8

3. Цели: Да ги применат знаењата во вежби од контролна задача за проверка и вреднување на знаењата (евалуација).
4. Активности, методи, наставни средства:
39
- Наставникот ја подготвил контролната задача; се грижи за атмосферата и текот на часот.
- Учениците се подготвиле за реализација на контролната задача.
- Работа со (текст) пишување, примена на знаењата.

Развојно-процесно планирање за час 8

5. Наставна единица: Контролна задача за акцент


6. Тип на часот: Проверка на стекнати знаења од подрачјето Јазик
7. Цели на часот: Да ги применат знаењата во контролна задача
8. Форми на работа: Индивидуална
Предлог за вежбите во контролната задача

1. Потцртај ги акцентските целости во извадокот.


,,Мојот другар живе во населбата Кисела Вода”. Од петто одделение, од ден на ден нашето пријателство стануваше се поцврсто.

Одиме кај него дома, а и тој често доаѓа кај нас зашто многу ги сака колачињата на баба ми со суво грозје. Вели дека сака да се дружи со нас,
зашто кај нас секогаш има весели разговори...”

2. Обележи ги акцентот и акцентските целости во речениците.


a) Не разбрав што се случи со него.
b) Тој не беше човек кој лесно се лути.
в) Вели дека не сум го разбрал убаво.

г) Не сфатив како ми избега пилето од раце.

д) Што му рече, па тој да се налути?

3. Дополни ги реченициве при што ќе образуваш акцентски целости.


Обележи го акцентот.

a) Тетка _________ дојде со нејзина пријателка.


b) Тие не _________ редовно на преглед на забите.
в) Билјана сакаше да учи со _____________________.

г) Те молам, __________ ми ја книгата од Тоше.

40
д) Таа не _____________ зошто ми се налути.

Вреднување на резултатите: Наставникот подготвил бодовна листа за вежбите (обично еден бод за секој точен одговор); ги прегледува
контролните и ги оценува.

За наредниот час: Да повторат за учените стилски фигури и да ги бараат во баладите кои ги анализираа.

Наставна единица 9

3. Цели: Да ги примени знаењата за стилските фигури (кои досега ги учеле) од баладите кои ги обработуваа заради проверка и вреднување
на знаењата.
4. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот им кажал што да подготват за овој час; ги испланирал целта и методите за овој час; ги поттикнува на активностите за
реализација на целта на часот; дава соодветна помош.
- Учениците ги повториле посочените содржини, размислиле и ги пронашле стилските фигури во учените балади.
- Работа со текстови, истражување, читање, дискусија.
- Текстовите – баладите кои ги анализираа, тетратките.

Развојно-процесно планирање за час 9

6. Наставна единица: Стилска фигура во анализираните балади од претходните часови


7. Тип на часот: Примена на знаењата од подрачјето Литература
8. Цели на часот: Да ги примени знаењата за стилски фигури кои ги учеле заради проверка на знаењата.
9. Форми на работа: Фронтална, монолошка – дијалошка
Предвидени активности:

41
- Ученици презентираат кои изразни средства ( стилски фигури) ги пронашле во баладите; тоа го прават поединечно, балада по балада.
- И другите ученици дополнвуаат, доколку сметаат дека ученикот кој презентирал, пропуштил некоја стилска фигура.
- Наставникот следи; доколку има пропусти или грешки, укажува на истите; тој, исто така, подготвил и дополнителни стихови (цитати) во кои
учениците ги пронаоѓаат стилсктие фигури.
Примери за стиховите (може и други да посочат)

a) ,,... Со железни обрачи го опашале


Да грми, земја да тресе

Да рикне низ него црна мака

Рајата што ја исплака...”“

b) ,,...Ѕвони
Како силна долга во широко море,

се разлева ѕвонот очекуван драг...”

в) ,,... Петли пеат за денење,

цркви ѕвонат за отворање...”

г) ,,... ми намуртил очи соколови

и над ними веѓи пијавици,

како црни крилја ластовички...”

д) ,,... Момиче ми заплака,

сина роса зароси;

момиче се насмеа,

летно с,нце угреа...”

ѓ) ,,Сонцето седи на брегот како рибар,

42
Сонцето – среќниот рибар, оди по патот,

Некогаш е исто како дете...”

Вреднување на знаењата: Презентирањето на знаењата за пронаоѓање на стилсктие фигури ќе биде оценувано.

За наредниот час: Секој ученик да подготви да прераскаже по една народна или ументичка балада, со објаснување од кои елементи се
согледува дека е балада; можат да си носат план – ливче кое ќе им служи при усните презентирања. (Секој прашан ученик може да
презентира од 5 – 7 минути).

Наставна единица 10

3. Цели: Да знае да пронајде балада, според нејзинтие карактеристики, и да ја презентира нејзината содржина.
4. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот им објаснил што треба да подготват за овој час; тој ја поставил целта и и поттикнувајќи ги активностите, го движи текот на
часот кон реализација на целта; следи презентирања, прашува, дискутира за презентациите а ги оценува.
- Учениците се подготвиле за часот според упатствата на наставникот; се претставуваат со своите подготовки, со можност да се служат и со
ливчињата – белешки кои ги воделе додека се подготвувале; дискутираат за чуеното и го вреднуваат.
- Работа со текст, прераскажување, дискусија.

Развојно-процесно планирање за час 10

5. Наставна единица: Усно прераскажување на балади


6. Тип на часот: Говорна вежба
7. Цели на часот: Да знае да пронајде балада согледувајќи ги нејзините карактеристики и да ја презентира нејзината содржина
8. Форми на работа: Фронтална, монолошка - дијалошка
43
Предвидени активности:

- Наставникот ги запознава со текот на часот: повиканиот ученик прераскажува балада која ја подготвил, кажува по кои елементи се вбројува
во ово јвид творби и ја прераскажува накратко; секој ученик да внимава на изразување. (Ученик презентира во рок од (5- 7 минути).
- Ученици ги презентираат своите подготовки; другите ученици слушаат, можат да водат и белешки за чуеното, па ако бидат прашани за
дискусија, кажуваат свои забелешки и вреднуваат;
- Наставникот, исто така, дискутира за чуеното и оценува.
Вреднување на знаењата: И учениците и наставникот, низ дискусија ги вреднуваат презентациите.

За наредниот час: Да повторат што се искажува со глаголите, за видовите глаголи и за граматички категории на глаголите.

Наставна единица 11

3. Цели: Да ги познава и правилно да ги употребува граматичките категории на глаголите споредувајќи глаголи во лична глаголска форма и
глаголи со безличните глаголски форми.
4. Активности, методи, наставни средства:
Наставникот им укажал на учениците што да повторат, со цел да се подготват за новата наставна содржина споредувајќи ги знаењата за
содржините; ги подготвил целта и активностите; дава објаснувања и истите ќе ги провери низ вежбите.

- Учениците ги повториле посочените содржин кои ќе ги покажат преку вежба; ги следат објаснувањата, па се обидуваат да извлечат
заклучоци; пишуваат план и ги применуваат знаењата во вежбите.
- Објаснување, заклучоци, разговор, вежбање – примена на знаењата.
- План и вежби на табла, тетратките.

Развојно-процесно планирање за час 11

5. Наставна единица: Безлични глаголи


6. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик
7. Цели на часот: Да ги препознава и правлино да ги употребуваат глаголите според нивните граматички категории.
8. Форми на работа: Фронтална, дијалошка
Предвидени активности:

44
- Низ прашања и вежби се повторуваат содржини за глаголите.
Предлог:

a) Што проучува морфологијата?


b) Што се искажува со глаголите и кои граматички категории на глаголите ги изучиле досега? Кои се двата вида глаголи?
в) Определи ги граматичките категории на глаголите во реченицата.

- Додека учев, мајка ми и татко ми чукнаа на вратата.


- На табла, во две табели, има примери; низ прашања од наставникот, учениците согледуваат разликата меѓу глаголи во лична глаголска
фома и безличните глаголи. (Ова го пишуваат во тетратките).
Тој играше на дождот. Заврна силен дожд.

Гласот грмеше во собата. Надвор грмеше силно.

Јас плачев. Ми се плаче.

Глаголи во лична безлични

глаголска форма глагол

Заклучок: глаголите чии дејства кои не се поврзуваат со вршител на дејство (т.е. со подмет) се нарекувааат безлични глаголи. Тие се јавуваат само
во форма на трето лице еднина.

- Низ две реченици треба да заклучат што се означува со овие глаголи.

1. Денес брзо се стемни. 2. Денес ми се стемни од него.

природна појава душевна состојба

- Ја препишуваат вежбата од табла. Да определат кои глаголи во речениците се лични, а кои глаголи се безлични.
Предлог:

1. Тони излезе во дворот. 4. Многу ме исплаши.

2. Ветрот дувна одеднаш. 5. Денес ми се спие.

45
3. Одеднаш силно заврна. 6. Таа ги викна децата.

7. Поjдовме рано од излет.

Вреднување на резултатите: Од активнсотите на часот ќе се согледаат и вреднуваат претходните знаења и колку е совладана новата содржина.

Употреба на ИКТ.

За наредниот час: Во тетратките да напишат пет реченици со безлични глаголи.

Наставна единица 12

3. Цели: Да умее да ги определува видот на глаголите и нивните граматички категории, со акцент на безличните глаголи.
4. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот подготвил вежби (за на табла, или пак наставни ливчиња), ја поставил целта на часот, ги обмислил активностите; тој го
насочува текот на часот, ги поттикнува на активности.
- Учениците ја научиле содржината за безлични глаголи и ги применуваат знаењата во вежбите.
- Работа со текст (вежбите), објаснување, пишување, презентирање. ИКТ

Развојно-процесно планирање за час 1

1. Наставна единица: Вежби за безлични глаголи


2. Ти на часот: Примена и презентирање знаења од подрачјето Јазик
3. Цел на часот: Да умее да ги препознава и определува видовите глаголи, посебно безличните и нивните граматички категории.
4. Форми на работа: Фронтална, индивидуална, дијалошка
Предвидени активности:

- Наставникот укажува на текот на часот; учениците ги изработуваат вежбите во тетратките (или во наставното ливче), а потоа ги
презентираат одговорите.

Предлог за вежбите:

а) Определи ги видовите на глаголите во речениците и нивните граматички категории.


46
1. Јована истрча на улица. 3. Лиле учи за тестот.

2. Родителите ги бараа децата 4. Ние ќе одиме во циркус

б) Потцртај ги безличните глаголи во извадокот.

,,... Ноември. Денот трае сe пократко. Ноќта се спушти над градот. Студи. На небото надоаѓаат тешки темни облаци. Силно загрме. Се исплашив и
се покрив преку глава. Се слушаше како крупни капки удираат на прозорецот. Заврна силно. Ми се спие многу, но силните звуци на дожд и
грмотевиците ме плашеа многу...”

в)напиши три реченици со безлични глаголи кои ќе означуваат природни појави и три кои ќе означуваат душевна состојба.

Вреднување на знаењата: Вежбите кои ќе бидат изработени на часот ќе се вреднуваат од наставникот и од учениците.

За наредниот час: Да се потсетат на досега анализираните балади и да ги извежбаат за прераскажување.

Наставна единциа 13

3. Цели: да знаат писмено да прераскажат балада користејќи стилски богати реченици и почитувајќи го правописот.
4. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот им укажал што да подготват за часот; ја замислил целта на часот и поттикнувајќи ги и следејќи ги активностите, го насочува
текот на часот кон остварување на целта: дискутира и ги оценува (вреднува) презентациите на учениците.
- Учениците се подготвиле за часот; пишуваат текст: некои ученици ќе читаат, други ќе дискутираат за чуеното и ќе вреднуваат.
- Работа со текст, пишување, читање, дискутирање
- Училишни тетратки во кои ќе пишуваат, таблата за правописни грешки. ИКТ

Развојно-процесно планирање за час 13

5. Наставна единица: Писмено прераскажување на балади


6. Тип на часот: Писмено изразување на дадена тема
7. Цели на часот: Да умее да прераскажува балада со стилски богати и издржани реченици.
8. Форми на работа: Фронтална, монолошка - дијалошка
47
Предвидени активности:

- Наставникот им дава упатства да прераскажат една од анализираните балади на часовите, да се изразуваат со стилски обогатени реченици,
да внимава на правописот.
- Учениците ги пишуваат своите состави, а потоа некои од нив и ги презентираат; ученици и дискутираат за чуените писмени вежби и ги
вреднуваат, со осврт и на читањето.
- Наставникот ги проверува составите, укажува на јазични или правописни грешки (ги пишуваат на табла и ги коригираат ученици); тој говори
и за стилската страна на составите и врши оценување.
Вреднување на резултатите : Учениците кои ќе ги читаат составите ќе бидат вреднувани и за читањето и за составите (стил, реченици, правопис).

За наредниот час: Да повторат за видовите филмови според намената и според содржината, за термините дијалог и монолог, и да размислат на
каква тема би сакале да снимат филм кога би биле режисери. При изборот на темата наставникот ги потсетува на четирите еко стандарди од еко-
проектот и ги поттикнува да размислуваат за кој од тие стандарди поврзани со примената и поддршката на екологијата во нивното училиште би
снимиле филм. Нивната идеја би требало да биде избор на еден од четирите еко-стандарди како филмска идеја.

Наставна единица 14

1. Цели: Да стекне сознанија за важноста на филмската идеја во процесот на создавањето на еден филм.
2. Активности, методи, средства:
Наставникот на претходниот час укажал што да подготват за часот; го обмислил текот на часот и активностите со кои ќе се реализира целта на
часот; тој прашува, поттикнува на заклучоци, дава соодветни објаснувања.

- Учениците се подготвиле за часот (повториле што беше посочено и размислиле каков филм би сакале да снимат како режисери): одговараат на
прашања, размислуваат, заклучуваат, пишуваат план за содржината која ќе ја обработуваат на часот.

- Работа со текст, дискусии - разговор, објаснувања, пишувања.

48
Развојно-процесно планирање за час 14

1. Наставна единица: Филмска идеја ЕКО


2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Медиумска култура
3. Цел на часот: Да ја согледаат важноста на филмската идеја
4. Форми на работа: Фронтална, дијалошкко-монолошка
Предвидени активности:

- Низ прашања, се повторуваат учени содржини за филмот (што претставува филмот, за видовите филмови според содржината и намената).
- Ги повторуват знаењата за филм, филмот е слика во движење, видови филмови; повторуваат за монолог и дијалог.
- Наставникот дава појаснувања за кои прави план на табла, а учениците пишуваат во тетратките.
1. Филмот е слика во движење.
2. Филмски родови: игран, анимиран и документиран.
3. Според намената: забавен, просветен, научен...
4. Според содржината: детски, авантуристички, историски, хорор...
5. Што е филмска идеја?
- камен темелник во процесот на снимањето филм,
- тоа е накусо претставување на содржина по која ќе се движи процесот на снимање,
- идејата треба да е оригинална, реалиситчна и веродостојна;
- таа е водителка за снимањетона филмот која се надоградува, дополнува и станува синопис, а потоа и сценарио. (за нив на друг час).
Се поведува разговор за она што требаше да размислат, односно на која тема би снимиле филм кога би биле режисери, Во средишниот дел на
часот учениците го образложуваат својот избор и ги изнесуваат своите идеи за снимање на филм поврзани со некоја избрана точка на акција од
следниве еко стандарди од еко-проектот:

Еко стандардот 1 со точка на акција: план за намалена потрошувачка на изворите на греење во училиштето.

Еко стандардот 2 со точка на акција: план за рационално користење на водата во училиштето.

Еко стандардот 3 со точка на акција: разубавување на училишните ходници и канцелариите со цвеќе.

Еко стандардот 4 со точка на акција: одржување на зеленилото во училишниот двор (косење на трева, засадување и полевање на цвеќе).

Низ разговорот се согледува дека токму тие нивни размислувања претставуваат филмски идеи.

- За наредниот час, односно двата часа: Да ја подговат лектирата „Девојките на Марко” Оливера Николова: за првиот час фабулата,
прераскажување, осврти; за вториот анализирана во работни тетратки за лектира.
49
Наставна единица 15 и 16

1. Цели: Да знае да прераскажува фабула и делови од прочитано лектирно дело (првиот час) и да определува: тема, мотив, идеја, описи,
ликви и нивни карактеристики, идеја, наратор.
2. Активности, методи, наставни средства:
- За првиот час: книгата „Бескрајна приказна” од Михаил Енде ја носи наставникот и учениците; наставникот укажал што да подготват за овој
час; го води текот на часот, ги поттикнува на следење на фабулата и нејзино прераскажување и осврт на поважни делови ; врши
оценување.
- Учениците ја носат книгата; прераскажуваат делови, се надополнуваат меѓусебе.
- За вториот час: ги носат тетратките со напишаната лектира според барањата на наставникот; одбираат цитати од книгата и со помош на
open office impress прават презентација во која со слика, симбол и со збор (цитат и објаснување за неговото одбирање) ги претставуваат
најдобрите моменти од книгата (случка, чувство или лик). Наставникот ја следи нивната работа и им помага.
- Употреба на ИКТ.
- Учениците дискутираат за изработките, коментираат и го оценуваат сработеното.
Забелешка: ова е една можност, едно видување за начинот на обработка на оваа лектира.

Тематска целина: 3 (ноември)

Конкретни цели:

50
- да ги разликува безличните, личните и неличните глаголски форми, правилно да ги употребува;
- да ги разликува простите и сложените глаголски форми;
- да ги разликува и правилно да ги употребува дејствата извршени во сегашноста;
- да ги знае специфичностите на романсата, да ја разликува од баладата и да умее да анализира романси;
- да умее да прераскажува делови од прочитано литературно дело и истото да го анализира;
- да знае да твори на одредена тема, стилски и јазично збогатено, со почитување на правописната норма.

Ред.бр Наставна единица Број на часови Време на реализација забелешка

1 Нелични глаголски форми – глаголска л-форма ИКТ 1 ноември

2 Интерпретација на романсата ,,Празнична романса” – 1 ноември


Матеја Матевски

3 Анализа на песната –„Непознатата“-Х.Хајне- романса 1 ноември

4 Анализа на романсата ,,Стојан и Лилјана” според даден 1 ноември


план (или друга романса што ја подготвил наставникот)
ИКТ

5 Глаголски прилог, глаголска именка и глаголска 1 ноември


придавка

6 Вежби за нелични глаголски форми 1 ноември

7 Анализа и споредба на баладата „Заљубиле се две луди 1 ноември


млади “ и романсата ,,Стојан и Лилјана” ИКТ

8 Анализа на романса која ученикот индивидуално ќе ја 1 ноември


одбере

9 Писмена вежба на тема ,,Желбата и љубовта се крилја за 1 ноември


големи дела” (Гете) ИКТ

51
10 Прва писмена работа 1 ноември

11 Прости и сложени глаголски форми 1 ноември

12 Сегашно време ИКТ 1 ноември

13/14 Лектира ,,Дневникот на Ана Франк“ МИМО 2 ноември

15/16 Поправка на писмените работи 2 ноември

Поврзување (интегрирање) на часовите_во однос на програмските подрачја:

Час: 1, 5, 6

- Нелични глаголски форми – глаголска л – форма


- Глаголски: прилог, именка и придавка
- Вежби за лични, нелични и безлични глаголски форми
Час: 2, 3, 4, 7, 8

- Романса: ,,Празнична романса” – М.Матевски


- ,,Непознатата“- Х.Хајне
- ,,Стојан и Лилјана“- народна песна (романса)
- Споредба: баладата„Заљубиле се две луди млади” и романсата,,Стојан и Лилјана”
- Говорна вежба – анализа на романси
Час: 9, 10, 15, 16

- Подготовка за писмена работа


- Писмена работа
- Поправка на писмените работи
Час: 11, 12

- Прости и сложени глаголски форми


- Сегашно време
52
Час: 13, 14

- Лектира

Наставни средства:

- учебник (одобрен од министерот и избран на ниво на училиште)

- одобрени списанија за деца и млади,

- енциклопедии и речници, книги (дополнителна литература);

- илустрации, радио-касети, ЦД и други аудио-визуелни средства;

- интернет, образовни софтвери

Наставни форми (според потребите): демонстративна, работа со текст; дијалошко-монолошка, индивидуална, тандем, работа во групи и др.

Наставни методи (според потребите): говорна, демонстративно-илустративна, метод на играње улоги, набљудување и истражување, текст метода
и др.

Корелација (со други содржини и наставни предмети):

-Литература и јазик, историја, ликовно образование

Етички кодекс на оценување: Наставникот применува етички кодекс при оценувањето на своите ученици и тоа
демократичност,праведност,чесност и др.

53
Корелација со еко стандардите од еко-проектот

час бр.14 Лектира ,,Дневникот на Ана Франк“ (втор час) Учениците го истакнуваат значењето на храната и водата во времето кога се одвивале
настаните во делото за време на Втората светска војна со правење на паралела во денешно време. Учениците размислуваат, дискутираат за
мислењата од соучениците и меѓусебно се вреднуваат. Наставникот ги вреднува нивните замисли и од уметнички и од еколошки аспект.

Примена на ИКТ во наставата: час бр.1,4,7,9,12

Час бр.1 Нелични глаголски форми – глаголска л-форма работат вежби и примери од интернет

Час бр 4 Анализа на романсата ,,Стојан и Лилјана” според даден план (или друга романса што ја подготвил наставникот) Содржинската анализа ја
вржат во програмата open office writer

час бр. 9: Писмена вежба на тема ,,Желбата и љубовта се крилја за големи дела” (Гете) (Подготовка за писмена работа) Се пребаруваат содржини
на интернет со убави мисли за желбата и љубовта (од познати писатели) кои можат да послужат како инспирација на учениците. Потоа учениците
творат користејќи open office writer.

Час бр12 Сегашно време Бараат примери и пополнуваат вежби на компјутер

Оценување:

- Дијагностичко оценување (увид во претходностекнатите знаења)

- Формативно оценување - средства и постапки за вреднување (евалуација) на учењето на учениците:

- усна презентација

- дискусија(разговор) за време на часот

- анализа на текстови

- писмени вежби (есеј);

- вежби од подрачјето јазик;

54
- домашни задачи и лектири;

- чек-листа (листа за проверка) на изведбени активности

- поттикнувачки прашања,

- писмена работа - есеј,

- поправка на писмената работа;

- Сумативно оценување (оценување на наученото, на крајот на тромесечието)

Вреднување, измени и дополнување на планирањето

_______________________________________________________________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________________________

Наставна единица 1

1. Цели: Да ги разликува неличните глаголски форми од личните, конкретно глаголската л-форма и правилно да ја употребува.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот подготвува цел, активности и наставни средства, ги поттикнува активностите насочувајќи ги кон реализација на целта; подготвува
методи и форми за усвојување на новата содржина; подготвува вежби за утврдување и проверка на знаењата.
- Учениците учествуваат активно во усвојувањето на новата содржина; пишуваат, дискутираат, ги изработуваат вежбите и ги презентираат
одговорите, прават табели и дијаграм; согледуваат и донесуваат заклучоци за новата содржина.
- Објаснување, пишување, цртање, разговор, изработка на вежби (практична работа – примена). ИКТ

Развојно-процесно планирање за час 1

1. Наставна единица: Нелични глаголски форми – глаголска л-форма


2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик
3. Цели на часот: Да ги разликува и правилно да ги употребува неличните глаголски форми, конкретно глаголската л – форма
4. Форми на работа: Фронтална, индивидуална, дијалошка
5. Наставни техники: Табели, Венов дијаграм
55
Предвидени активности:

- Низ прашања, накусо се повторува што проучува морфологијата и какви дејства покажуваат безличните глаголи.
- На табла има две тебели, а низ разговор учениците дискутираат и сликовито ја согледуваат разликата меѓу двата вида глаголски форми. ( и
учениците ја
- пишуваат во тетратките.).

Безлични глаголи Лични глаголски форми


еднина множина

1. Врне силен дожд. 1 л. јас реков 1. л. ние рековме

2. Ми се плаче. 2. л. ти рече 2. л. вие рековте

3. Се стемни брзо. 3. л. тој, таа, тоа рече 3. л. тие рекоа

- Заклучок: (Го бележат во тетратките.)

a) Личните глаголски форми имаат форми за трите лица во двата броја


(еднина и множина).

b) Безличните глаголски форми не се врзуваат за вршител на дејство.


в) Неличните, пак, глаголски форми немаат промени по лица. А овде

спаѓаат: глаголската л – форма, глаголските прилози

глаголските именки и глаголските придавки

- Се нагласува дека за неличните глаголски форми ќе учат на наредните часови, а денес ќе учат само за глаголската л – форма.

56
(На табла наслов) Глаголска л – форма

- На табла има табела:


Еднина

м.р. ж.р. с.р. Множина

1. јадел јадела јадело јаделе

2. извежбал извежбала извежбало извежбале

- Низ дискусија се согледува: завршоците (-л, -ла, - ло, - ле) по кои оваа глаголска форма го добила името, дека има граматички категории род и
број и дека се образува од свршени и несвршени глаголи.
- Се црта Венов дијаграм, кој низ заклучоците ќе се пополнува заеднички.

57
-имаат промени -имаат -немаат промени
по лице во двата промени во по лице
броја (еднина и двата броја -имаат промени
множина) -се образуваат по родови.
-имаат промени од свршени и
по род во трето несвршени
лице еднина глаголи

лични глаглоски форми нелични глаголски формм


Заеднички особини

Вежби: Реченици како примери да претворат во глаголски л – форми.

Вреднување на резултатите: Од прашањата, споредбите и заклучоците ќе се вреднуваат стекнатите знаења на ученици.

58
Наставна единица 2

1. Цели: Да ги знае специфичностите на лирско-епскиот вид творба романса


2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот го планира текот на часот (целите, методите, средствата);
ги поттикнува учениците на активности и заклучоци; настојува да се реализира целта на часот.

- Учениците се активни во текот на часот, одговараат на прашања, размислуваат, согледуваат, анализираат и заклучуваат по новата
наставна содржина.
- Предавање, разговор, објаснување, работа со текст, пишување и читање.
- Табела – план, табла – креда (листови од фотокопираната песна – во случај да нема други можности).

Развојно-процесно планирање за час 2

1. Наставна единица: Интерпретација на романсата ,,Празнична романса” – Матеја Матевски


2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Литература
3. Цел на часот: Да ги знае специфичностите на романсата
4. Форма на работа: Фронтална, дијалошка
5. Наставни техники: Наставно ливче со песната (доколку немаат учебници).
Предвидени активности:

- Дел по дел ученици ја читаат песната, со претходно нагласување да ги забележат зборовите кои не им се јасни и лирските и епските
елементи во песната: по објаснувањето на непознатите зборови, низ прашања се интерпретира содржината.
- Во планот (на табла, а учениците во тетратките) се анализраат:
1. Темата и мотивот во песната
2. Се нагласуваат лирските и епските елементи
3. Се согледува развојот на дејството
4. Се насочува вниманието кон крајот на песната
- Во планот за романса се бележат елементите на овој вид песни:
1. Тоа е вид лирско-епска песна
2. Доминира темата љубов
3. Има развој на дејство со низа перипетии
4. Целта на крајот се остварува – доброто победува
5. Ја слават љубовта, често со ведрина и духовитост
6. Имаат среќен крај
- Остатокот од време би се употребил за повторување на елементите на романсата како вид творба.
- За наредниот час: Во случај да немаат се уште учебници, наставникот фотокопира ливчиња со песната ,,Вечна љубов” од Ј. Ј. Змај (од
учебникот од интернет), или пак пронаоѓа друг извор како пример за уметничка романса; да размислат за анализрање на песната.
- Вреднување на резултатите: Од сите активности на учениците при анализата и заклучоците, ќе се согледа совладаноста на новата
содржина.

Наставна единица 3

1. Цели: Да се оспособи да анализира романса


2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот подготвил цел, метод и наставни средства за реализација на содржината; ги насочува и ги поттикнува активностите;
подготвил план по кој ќе се врши анализата на песната.
- Учениците се подготвуваат за часот според упатствата од претходниот час; размислуваат, прават анализа, пишуваат во планот
според укажувањата на наставникот.
- Работа со текст, читање, пишување, разговор.
- Песната која наставникот ја подготвил на листови (ако немаат учебници), табла (со напишан план).

Развојно-процесно планирање за час 3

1. Наставна единица: Анализа на песната –„Непознатата“-Х.Хајне- романса.


2. Тип на часот: Утврдување на знаењата за учената содржина
3. Цели на часот: Да се оспособи да анализира романса
4. Форми на работа: Дијалошка, монолошка
5. Наставни техники: Наставно ливче (ако немаат учебници)
Предвидени активности:

- Низ прашања ги повторуваат особините на романсата како вид творба.


- Се прави усна анализа на песната, според планот кој наставникот го напишал на табла, а учениците бележат во тетратките, откако
неколкупати ќе ја рецитира со читање.
План за анализа:
1. Мотив и тема во песната; кое е лирското Јас
2. Какви чувства има во првата строфа?
3. Какви чувства се опејани во продолжение, во наредните строфи.
4. Каде е искажано најсилното љубовно чувство?
5. Формата на песната: број на строфи и стихови во нив, видот на строфите и стиховите, видот на римата, изразните средства.
- За секоја точка при анализата, пожелно е да дискутираат повеќе ученици, да ги искажат своите видувања.
- Вреднување на резултатите: Ваквата анализа му овозможува на наставникот да согледа колку е совладаната содржината за романса
и да ги вреднува искажувањата.
- За наредниот час: во случај да немаат учебници, наставникот одбира народна романса, ја фотокопира на листови (барем по еден
лист на секоја клупа, или пак за помали групи); можност има да се извади и фотокопира романсата ,,Јанка Влахинка” (од новиот
учебник) (ставен на адреса на Владата).

Наставна единица 4

1. Цели: Да умее самостојно да анализира романса според даден план (напишан на таблата) применувајќи ги стекнатите знаења.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот го подготвил и го напишал планот на табла; испланирал активности и ги насочува кон реализација на целта на часот;
дава потребни упатства и помош при анализата; дискутира и ги вреднува презентираните анализи на песната.
- Учениците размислуваат и анализираат применувајќи ги стекнатите знаења; презентираат обработки, дискутираат за чуените
презентации и ги вреднуваат.
- Пишување, работа со текст, читање, практична работа (примена на знаења). ИКТ

Развојно-процесно планирање за час 4

1. Наставна единица: Анализа на романсата ,,Стојан и Лилјана” според даден план (или друга романса што ја подготвил
наставникот)
2. Тип на часот: Примена на знаењата
3. Цели на часот: Самостојна примена на стекнатите знаења за анализа на романса
4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка
5. Наставни техники: Наставно ливче
Предвидени активности:

- Наставникот дава упатства за анализата според планот.


Предлог за план:

1. Определи ги мотивот и темата на песната


2. Наброј ги лирските и епските елементи во неа
3. Кои елементи укажуваат дека песната е романса
4. Развој на дејството
5. Видот на стиховите според бројот на слоговите
6. Стилски фигури (со цитати)
- Ученици читаат од анализите, дискутираат дополнуваат и ги вреднуваат презентациите
Вреднување на знаењата: Наставникот ги вреднува презентирањата дискутирајќи за нив и објаснувајќи ја оценката.

Употреба на ИКТ.

За наредниот час: Да повторат за нелични глаголски форми.

Наставна единица 5

1. Цели: Да ги разликува неличните глаголски форми и да ги употребува правилно.


2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот подготвува план за целта на часот, за активностите, методите и воопшто текот на часот; поттикнување на активностите,
објаснува прави табели; помага според потребите; подготвува вежби.
- Учениците повториле за нелични и лични глаголски форми; следат објаснувања, донесуваат заклучоци; пишуваат план; изработуваат
вежби и ги презентираат.
- Предавање, објаснување, пишување, примена на знаења (со вежби)
- Табла (за план, табели и вежби), тетратки.

Развојно-процесно планирање за час 5

1. Наставна единица: Глаголски прилог, глаголска именка и глаголска придавка


2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик
3. Цели на часот: Да ги разликува неличните глаголски форми и правилно да ги употребува
4. Форми на работа: Фронтална, дијалошка
5. Наставни техники: Табели
Предвидени активности:

- Според табелите (шемите), наставникот низ прашања ги извлекува заклучоците за трите нелични глаголски форми.

Глаголски прилог

1. Одејќи кон училиштето, го сретнав Горан.


2. Се образува од несвршени глаголи + наставката –јќи.
3. Паралелно со глагол во лична глаголска форма
(имаат ист вршител – подмет).

Глаголска именка

1. Му се допадна јадењето.
2. Донесе решение.
3. Именува дејство.
4. Од несвршени глаголи со наставни – ње и – ние.
5. Среден род, еднина и множина, се членува
Глаголска придавка

Еднина Множина со член

м.род ж. род с. род

слушан слушана слушано Слушани слушаното

слушаната

слушаниот

1. Се образува од глаголи (преодна форма меѓу глагол и придавка)


2. Има три рода, два броја, член

- Изработуваат и презентираат вежби (на табла)


- Поврзувај ги дејствата образувајќи глаголски придавки.
a) Паѓаше снег и ги прекри планините
b) Стана и ја намести столицата
в) Одеше брзо додека се движеше на улица

3. Образувај глаголска именка, глаголска придавка и глаголски прилог од глаголите: купува, учи, снима и седи.
Вреднување на знаењта: Од заклучоците и вежбите ќе се согледаат стекнатите знаења за новата содржина.

Наставна единица 6
1. Цели: Да ги препознава граматичките категории на глаголите и да ги разликува личните, безличните и неличните глаголски
форми.
2. Активности, методи и наставни средства:
- Наставникот подготвува вежби; го обмислува текот на часот, активностите, целта и наставните средства; изработува вежби на
наставни ливчиња за работа во двојки.
- Учениците, во двојки ги изработуваат вежбите; ги презентираат одговорите; вршат корекции на евентуалните грешки.
- Работа со наставно ливче, пишување, демонстрирање на одговорите.

Развојно-процесно планирање за час 6

1. Наставна единица: Вежби за нелични глаголски форми.


2. Тип на часот: Примена на стекнати знаења и нивно презентирање.
3. Цели на часот: Да ги препознава личните, безличните и неличните глаголски форми.
4. Форми на работа: Работа во парови.
5. Наставни техники: Наставно (контролно) ливче.

Предвидени активности:

- Наставникот го објаснува текот на часот, начинот на реализирање на вежбите; на секој пар му поделува наставно ливче.
- Двојките (паровите) ги изработуваат вежбите, ги коригираат грешките при слушањето на одговорите.
Пример за наставно ливче

1. Потцртај ги глаголите во лична глаголска форма во текстот.


,,Синот на еден селанец учел во град. За летниот распуст тој се вратил в село.

- Синко, му рекол татко му, - земи ја вилата и ајде на ливада да го собереме сеното.
На синот не му се работело и рекол:

- Заборавив што е тоа вила.


И тргнал синот кон плевната, но се сопнал на една вила, таа паднала и го удрила по глава. Таткото му рекол:
- Ете, од вилата ќе научиш дека најголема наука е да не заборавиш да работиш.
2. Во табелава, напиши ги одговорите според барањата.
Глаголска именка Глаголски прилог Глаголска придавка

чита

носи

чека

враќа

лета

3. Класифицирај ги глаголските форми од реченициве според барањата.


a) Заврна силно и сите луѓе се криеја под стреите.
b) Мирното небо беше потонато во дремка.
в) Загрме и силно татнење го пареше небото.

г) Многу лисја беа прилепени на цртежот.

д) Деновите ми минуваа шетајќи по брегот.

г) Ловејќи риби, рибарот падна во реката.

глаголи во лична

глаголска форма:

глаголски придавки:

глаголски именки:

глаголски прилози:
4. Од глаголиве образувај глаголски придавки, глаголски именки и глаголски прилози: падна, уверува, горен, вари и забележа.
Вреднување на знаењата: Презентираните одговори на вежбите даваат можност за вреднување на знаењата.

За нареден час: Да повторат за романса, да ги носат ливчињата со песната ,,Јанка Влахинка”; наставникот фотокопирал, на секоја
клупа ливче со песната ,,Стојан и Лилјана”.

Наставна единица 7

1. Цели: Да умее интерпретативно да чита ваков вид творба (романса) и анализирајќи да ги согледа сличностите и
разликите меѓу две романси.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот дал упатства што треба да повторат за овој час и што треба да носат: тој исфотокопирал наставни ливчиња со песната
,,Стојан и Лилјана” за работа во двојки: го испланирал текот на часот за да се рализира целта, поттикнувајќи ги учениците на
активности.
- Учениците се подготвиле за час според дадените упатства; прво во себе ја читаат песната подготвувајќи се за интерпретативно
читање; покажуваат активности анализирајќи две балади и споредувајќи ги.
- Разговор, објаснување, работа со текст, цртање (дијаграм).
- Наставно ливче, табла за цртање дијаграм ИКТ

Развојно-процесно планирање за час 7

1. Наставна единица: Анализа и споредба на баладата „Заљубиле се две луди млади “ и романсата ,,Стојан и Лилјана” .
2. Тип на часот: Вежби за утврдување и примена на знаењата.
3. Цел на часот: Да умее интерпретативно да чита романса и да ги анализира елементите и сличностите на две романси
4. Форми на работа: Индивидуална, работа во парови.
5. Наставни техники: Наставно ливче, Венов дијаграм
Предвидени активности:
- Со прашања од наставникот, учениците повторуваат за особеностите на баладата,се потсетуваат на содржината и структурната
анализа на песната ,,Заљубиле се две луди млади”.
- Учениците, во парови, ја читаат во себе и тивко романсата ,,Стојан и Лилјана”; потоа, дел по дел, ученици ја читаат на глас.
- По објаснувањето на евентуално непознатите зборови и изрази, со прашања од наставникот се интерпретира содржината.
- Наставникот на табла, учениците во тетратките цртаат Венов дијаграм во кој ќе ги впишуват заклучоците, разликите и заедничките
особености меѓу двете романси.
Пример: Во баладата,,Заљубиле се две луди млади",младите страдаат од љубовта што е забранета,а во романсата,,Стојан и
Лилјана",Стојан ја обожува,љуби преубавата Лилјана.И во двете песни клучен фактор е мајката-маќеата,во баладата ја спречува
љубовта,а во романсата ја поттикнува и потпомага.
   Морбидни слики ја пратат баладата:маќеата купува отров,ги труе заљубените,па и во смртта ги разделува закопувајќи ги на две
различни страни.Во романсата мајката му помага на Стојан,кој бара совет од мајката како да ја придобие љубовта на Лилјана.

Вреднување на знаењата: Анализата и споредбите на двете песни ќе укаже колку учениците умеат да анализираат ваков вид творба и
колку ја совладале содржината за романса, што ќе се оценува.

 Употреба на ИКТ.
- За наредниот час: Секој ученик, отако ќе пронајде да анализира една романса (народна или уметничка) и да се потпише.
Наставникот ќе ги собере и секоја задача ќе ја вреднува. Да ја прераскажат и структурно да ја анализираат (им дава план
наставникот). Наставникот им посочува да побараат во збирки со народна поезија, во поезијата на М. Матевски, С. Јаневски, А.
Шопов и др.

Наставна единица 8

1. Цели: Да умее самостојно да анализира лирско-епска песна романса која самостојно ќе ја одбере.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот им посочил што и како да подготват за овој час; ги испланирал активностите, целта и текот на часот; дискутира и ги
вреднува анализите кои ќе бидат прочитани на часот; ги собира сите изработки кои ќе ги прегледа и оцени и ќе ги чува во
ученичките досиеја.
- Учениците се подготвуваат за часот според укажувањата;
Некои читаат, другите следат, дискутираат и вреднуваат (читањето, содржинска издржаност, стилот).

- Читање, работа со текст, разговор.


- Листови со направена анализа на романса.

Развојно-процесно планирање за час 8

1. Наставна единица: Анализа на романса која ученикот индивидуално ќе ја одбре.


2. Тип на часот: Писмено изразување на дадена задача
3. Цел на часот: Да умее самостојно да анализира романса која сам ќе ја одбере.
4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка
Предвидени активности:

- Наставникот проверува редовност на учениците во извршување на даде задача.


- Ученици читаат анализи; другите слушаат и водат белешки за чуеното; потоа дискутираат за чуеното и ги вреднуваат: како читало
другарчето, дали е анализата целосна, што недостасува или пак е сеопфатна, јазични и стилски забелешки.
- По секое презентирање и наставникот дискутира за анализата, ја прегледува, укажува на уредноста ( естетиката), на евентуалните
правописни грешки кои другите ученици треба да ги коригираат.
- Вреднување на знаењата: сите изработки наставникот ги собира, ќе ги прегледа, ќе ги оцени со напишана забелешка и ќе ги чува во
досиејата на учениците.
- - За наредниот час: Учениците да размислат на тема ,,Желбата и љубовта се крилја за големи дела” (давајќи им појаснување на
темата).

Наставна единица 9

1. Цели: Да размисли и да се подготви за престојната писмена работа во која ќе ги презентира своите знаења од повеќе подрачја.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот им објаснил што треба да подготват за овој час; следи додека учениците пишуваат, дава помош во случаи кога ученици
го бараат тоа; ги вреднува составите дискутирајќи за нив.
- Учениците се подготвиле според упатството од наставникот;
- Ги пишуваат составите, читаат, дискутираат за чуеното.
- Пишување, читање, работа со текст, разговор. ИКТ

Развојно-процесно планирање за час 9

1. Наставна едница: Писмена вежба на тема ,,Желбата и љубовта се крилја за големи дела” (Гете)
2. Тип на часот: Писмено изразување на однапред дадена тема.
3. 3. Цел на часот: Да се подготви за престојната писмена работа применувајќи ги знаењата од подрачјата кои ги учат
4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка, примена на ИКТ
Предвидени активности:

- Наставникот дава упатства за процесот на творење, се пребаруваат содржини на интернет со убави мисли за желбата и љубовта (од
познати писатели) кои можат да послужат како инспирација на учениците.
- Учениците творат користејќи open office writer , бараат помош ако имаат потреба; потоа ученици читаат, а другите слушаат и водат
белешки според кои ќе дискутираат: читањето, одговор на темата, стилска обоеност на составот, јазични забелешки.
- И наставникот дискутира за презентирањата и ги вреднува.

Вреднување на знаењата: Свои забелешки и оценки за писмените вежби кажуваат и учениците и наставникот.

Употреба на ИКТ.

За наредниот час: Прават писмена работа на истата тема на која правеа писмена вежба.

Наставна единица 10

1. Цели: Да умее да ги примени стекнатите знаења во писменото творење на слободна тема.


2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот го следи текот на часот; помага во случај ученикот да побара помош; ги собира вежбанките за писмена, ги прегледува и
оценува, бележејќи кус осврт за добиената оценка (во вежбанките); си води општи белешки за постигнувањата кои ќе им ги соопшти
на поправката.
- Учениците се подготвиле, ги пишуваат своите состави до крајот на часот; ако е потребно, бараат одредена помош од наставникот.
Пишување, работа со текст

Развојно-процесно планирае за час 10

1. Наставна единица: Прва писмена работа


2. Тип на часот: Писмено изразување (творење) на слободна тема.
3. Цел на часот: Да умее да твори користејќи ги стекнатите знаења
4. Форми на работа: Индивидуална
- По поделбата на вежбанките, учениците ги изработуваат писмените работи; наставникот внимава да им овозможи работна
атмосфера, потоа ги собира вежбанките на крајот од часот.
Вреднување на знаењата: Од писмените работи наставникот има можности да ги вреднува знаењата од: изразувањето, стилот и јазикот,
правописот.

Наставна едница 11

1. Цели: Да ги разликува простите и сложените глаголски форми и истите правилно да ги употребува.


2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот ја определил целта на часот, ги обмислил активностите, методите, наставните средства за реализација на целта на
часот: објаснува, прашува, прави табели на табла, подготвува вежби.
- Учениците ги следат објаснувањата, одговорот на прашања, изведуваат заклучоци; пишуваат план, цртаат табели, ги изработуваат
вежбите и презентираат одговор.
- Предавање, објаснување, пишување, практична работа – вежби.
Развојно-процесно планирање за час 11

1. Наставна единица: Прости и сложени глаголски форми


2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик
3. Цел на часот: Да ги разликува и правилно да ги употребува простите и сложените глаголски фомри
4. Форми на работа: Фронтална, индивидуална, дијалошка
5. Наставни техники: Табела, шема
Предвидени активности:

- Наставникот подготвил табела на табла; низ прашања и согледувања учениците доаѓаат до заклучок за структурата на глаголсктие
форми.
Прости глаголски форми сложени глаголски форми

одам, одев, оделе, ќе одам, би одел, бев одел,

одејќи, оди, одеше сум одел, имам одено

- Извлекуваат заклучок:
- а) простите глаголски форми се составени од еден глаголски збор;
- б) сложените глаголски форми се составени од честичка (ќе, би) или помошен глагол (сум, бев, имам) и проста глаголска форма.
- На табла наставникот прави шема при што дава појаснување кои се простите глаголски фомри во македонскиот јазик; за некои веќе
учеле, а за другите ќе учат на наредните часови.

Прости глаголски форми

- глаголска л – форма

Нелични - глаголска именка

глаголски - глаголска придавка


форми: - глаголски прилог

Временски - сегашно време

Форми: - минато определено свршено време

- минато определено несвршено време

Начинска - заповеден начин

Форма:

- Наставникот подготвил вежби, според можностите : индивидуални, или пак групни наставни ливчиња, на табла или сл.
Примери:

1. Во текст да ги селектираат простите и сложените глаголски форми.


2. Да состават реченици со прости и сложени глаголски форми
3. Да се напишат реченици по што учениците ќе го селектираат видот на глаголската форма.
Вреднување на знаењата: Заклучоците, повторувањето на содржината и вежбите се начините од кои ќе се врши вреднувањето.

Наставна единица 12

1. Цели: Да го препознава дејството во сегашно време разликувајќи го од минатите дејства и правилно да ги употребува.
2. Активности, методи и наставни средства:
- Наставникот ги подготвил: целта и текот на часот, предавањето, активностите, методите и вежбите; дава појаснувања, помага во
заклучоците.
- Учениците учествуваат во совладувањето на содржината доаѓаат до заклучоци, пишуваат, вежбаат.
- Предавање, објаснување, пишување, цртање табели, вежбање.
- Табла со табела и примери, тетратки. ИКТ

Развојно-процесно планирање за час 12

1. Наставна единица: Сегашно време


2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик
3. Цел на часот: Да го препознава сегашното дејство и да прави разлика од минатите дејства, употрбувајќи го правилно.
4. Форми на работа: Фронтална, индивидуална
5. Наставни техники: Табели на табла
Прадвидени активности:

- Од два примера на табла и од прашањата од наставникот учениците да дојдат до заклучоци какви дејства означува сегашното време
и од кои глаголи се образува.
- Нормално, учениците цело време бележат примери, заклучоци, табели во тетратките.
Примери: а) На небото се појавува виножито.

- Заклучоци: 1. Ова време означува дејства кои се вршат во моментот на зборувањето (во сегашноста).
- Се образува од несвршени глаголи
- Со примери се укажува на можноста да се образува и од свршени глаголи со помош на сврзници или честички: ако, дури да, ќе и
др.
1. Ако послушате, одиме на излет.
2. Дури да ги пречекам, разгледував наоколу.
- Од табелата, со помош на прашања од наставникот, ќе дојдат до заклучоци за наставките и глаголските групи ( -а, - и, - е).

а – г рупа и – група е - група


1л. доаѓа -м 1л. ода – м 1л. плета-м
2 л. доаѓа-ш 2л. оди-ш 2л. плете-ш
3л. доаѓа 3л. Оди 3л. плете
1л. доаѓа -ме 1л. оди-ме 1л. плете-ме
2 л. доаѓа-те 2л. оди-те 2л. плете-те
3л. доаѓа-ат 3л. од-ат 3л. плет-ат множина
- Согледуваат дека и глаголот сум е несвршен и има свои форми за сегашното време.
еднина множина

1л. сум 1л. Сме

2л. си 2л. Сте

3л. е 3л. Се

- Заклучоците, со прашања од наставникот, учениците ги повторуваат.


- Наставникот пишува вежби кои учениците ги решаваат индивидуално во тетратките и ги презентираат одговорите.
Примери:

1. Да изменуваат глагол по лица во сегашно време.


2. Да трансформираат реченици од минато во сегашно време.
а) Јане отпатува во Бразил. в) Баба насади домати.

б) Тие истрчаа на игралиште. г) Мама направи колачиња.

3. Да напишат неколку реченици во сегашно време, од несвршени и свршени глаголи.


Вреднување на знаењата: Од сите планирани активности ќе се согледа и вреднува совладувањето на новата содржина.

За наредните два часа: лектирата да биде подготвена; за првиот ќе прераскажуваат делови од романот, а за вториот анализа и
лектирни тетратки.

Наставна единица 13 и 14

1. Цели: За првиот час, да знае да прераскажува усно делови од прочитано дело. За вториот час, да определува тема, вид на
творба, наратор, ликови и описи.
2. Активности, методи, наставни средства (за двата часа):
- Наставникот ги испланирал целите и активностите за часовите; ги поттикнува на активности, реализирајќи ги целите на часовите.
- Учениците ја подготвиле лектирата; со своите активнсоти ги презентираат своите знаења и умеења.
- Прераскажување, објаснување, работа со книга, читање.

Развојно-процесно планирање за часовите 13, 14

1. Наставна едница:,,Дневникот на Ана Франк“ – лектира


2. Тип на часот: Усна вежба за прераскажување и анализа на лектирна творба
3. Цел на часот: За првиот час, да знае да прераскажува усно делови од прочитана творба; за вториот час, да умее да прави анализа
на истата творба.
4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка.
Предвидени активности (за двата часа):

За првиот час: Наставникот кажал на секоја клупа да има барем по еден примерок од книгата; посочува делови кои учениците ќе ги
прераскажуваат; други ученици дополнуваат доколку сметаат дека не е кажан некој битен дел; и учениците и наставникот укажуваат на
евентуалните јазични и стилски грешки и правилното акцентирање.

За вториот час: Учениците прават споредба на времепловот од книгата со еден свој замислен еко - времеплов во иднината. Во таа
иднина во училиштето ќе бидат остварени сите точки на акција од четирите стандарди од еко-проектот и во која иднина воопшто ќе
нема потреба од постоење на еко проект заради постигнатата висока еколошка свест и постигнатите еко-резултати. Учениците ги читаат
своите творби и споредби, дискутираат за презентираното и го вреднуваат. Наставникот ги вреднува нивните замисли и од уметнички и
од еколошки аспект.

За наредниот час: Ќе прават поправка на двата наредни часа.

Наставна единица 15 и 16

1. Цели: Да ги согледа направените сопствени и туѓи грешки за да не ги прави понатаму и да следи примери од писмените кои
добиле различни оценки правејќи споредба (за двата часа).
2. Активности, методи, наставни средства:
a) За првиот час, наставникот прави општи забелешки за успешноста на писмената работа; потоа ученици ги читаат своите состави
(кои добиле различни оценки); учениците и наставникот дискутираат за чуеното кажувајќи свои забелешки, а наставникот
објаснува зошто ученикот ја добил токму таа оценка;
b) За вториот час, наставникот бележел додека прегледувал правописни и јазични грешки, потоа стилски различности (,,богати”
и ,,сиромашни” искази); ги соопштува, учениците ги опишуваат на табла и во тетратките, прават корекции со објаснувања.
- Работа со текст, читање, објаснување, пишување.
- Вежбанките за писмена, тетратките, табла.

Развојно-процесно планирање за часовите 15 и 16

1. Наставна едница: Поправка на писмените работи


2. Тип на часот: Вежби за корекција на писмени состави (содржински, стилски, јазично и правописно).
3. Цели на часот: Да согледа презентирање на соученици за да споредува и да прави корекции на сопствените пропусти
4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка
Предвидени активности:

- Првиот час: По општите забелешки на наставникот за успешноста на писмената работа, ученици кои добиле различни оценки ги читаат
своите состави; се поттикнува дискусија меѓу учениците за чуеното и се дава можност да кажуваат свои забелешки за успешноста на
одговорите на темата.

- Вториот час: Се истакнуваат забелешки на наставникот и на учениците (во однос на стилската обоеност на речениците, на јазичните и
правописни неточности), се запишуваат и учениците, со помош на наставникот, прават корекции.

Вреднување на знаењата: Наставникот веќе ги оценил писмените работи, но со објаснување за добиената оценка, запишана во
вежбанките за писмена.

За наредниот час. Да ги повторат учените содржини за сегашно време, за прости и сложени глаголски форми.
Забелешка: наставникот при правењето поправки на писмените, може (според можностите) да примени и други техники. На пример,
техника вртелешка (учениците поделени во групи да запишуваат забелешки за писмените на тој начин што ливчињата ќе одат од група
до група, секоја ќе допишува свои забелешки – секое ливче да стаса до секоја група, а потоа се читаат забелешките).

Исто така, може да се примени проблемска настава, а односно да се истакне проблемот (стилски, правописен и сл.). и да се поведе
дискусија.
Тематска целина: 4 (декември)

Конкретни цели:

- да ги разликува и правилно да ги употребува дејствата во сегашноста и во минатите засведочени дејства;


- да ги знае и правилно да ги употребува простите глаголски форми и прилозите;
- да ги препознава стилските фигури и да ги пронаоѓа во народ.и во уметн.творби
- да умее да пронајде и да анализира поетска творба;
- да знае правилно и стилски богато да го употребува македонски литерат.јазик;
- да умее содржински и структурно да анализира лектирно дело;
- да ги примени стекнатите знаења во вежби и во контролни задачи.

Ред. Наставна единица Број на Време на забелешка


Бр. часови реализациј
а

1 Минато определено несвршено и свршено 1 декември


време ИКТ

2 Рефрен- преку анализа на песните„Смешен 1 декември


настан на улица“и „Ветар“ ЕКО

3 Анализа на народни песни во кои е застапен 1 декември


рефренот ИКТ

4 Заповеден начин ИКТ 1 декември

5 Поим за апострофа(песни од учебникот и 1 декември


други примери)

6 Анализа на песните „Родната куќа“- Ванчо 1 декември


Николески и „Песна за сонцето“-народна
песна ИКТ

7 Анализа на песните „Крај изворот на Вардар“ 1 декември


и “Бисера“ ЕКО

8 Прилози 1 декември
9 Анализа на домашни задачи- анализа на 1 декември
песни во кои меѓу другото има рефрен или
апострофа.

10 Вежби од подрачјето Јазик 1 декември

11 Контролна задача 1 декември

12/ Лектира:„Розата и вепарот“ – Ане Провоуст 2 декември


ЕКО
13

14 Писмена вежба на тема:„Моите новогодишни 1 декември


пораки до...“ ИКТ ЕКО

15 Повторување на материјалот 1 декември

16 Утврдување на полугодишни оценки 1 декември

Поврзување (интегрирање) на часовите_во однос на програмските подрачја:

Час: 1, 4, 8, 10, 11

- Минато определено несвршено и свршено време


- Заповеден начин
- Прилози
- Вежби од подрачјето Јазик
- Контролна задача од подрачјето Јазик
Час: 2, 3, 5, 6, 7, 9
- Рефрен (два часа)
- Анафора (два часа)
- Анализа на песни со овие стилски фигури (домашна задача)
Час: 12, 13

- Лектира (два часа)


Час: 14, 15, 16

- Писмена вежба
- Повторување на материјалот
Утврдување на полугодишни оценки

Наставни средства:

- учебник (одобрен од министерот и избран на ниво на училиште)

- одобрени списанија за деца и млади,

- енциклопедии и речници, книги (дополнителна литература);

- илустрации, радио-касети, ЦД и други аудио-визуелни средства;

- интернет, образовни софтвери

Наставни форми (според потребите): демонстративна, работа со текст; дијалошко-монолошка, индивидуална, тандем, работа во групи и
др.

Наставни методи (според потребите): говорна, демонстративно-илустративна, метод на играње улоги, набљудување и истражување,
текст метода и др.
Корелација (со други содржини и наставни предмети): -Литература и јазик, музичко образование (во врска со рефрен, анафора)

Етички кодекс на оценување: Наставникот применува етички кодекс при оценувањето на своите ученици и тоа демократичност,
праведност,чесност и др.

Корелација со еко стандардите од еко-проектот

час бр.2 Рефрен- преку анализа на песните„Смешен настан на улица“и „Ветар“ во завршниот дел од часот се поведува дискусија за
Видови енергија при што учениците ги изнесуваат своите мислења

Час бр7 Анализа на песните „Крај изворот на Вардар“ и “Бисера“ Темата на првата песна по анализата се поврзува со ЕКО темата Извори
на вода и нивна искористеност

Час бр 12/13 Лектира: „Розата и вепарот“ од Ане Провоуст -Влијанието на човекот врз средината

Час бр 14 Писмена вежба на тема:„Моите новогодишни пораки до... Учениците пишуваат пораки на тема- Подигање на свеста на
пошироката заедница за користење здрава храна. Учениците ги читаат своите творби и споредби, дискутираат за презентираното и го
вреднуваат. Наставникот ги вреднува нивните замисли и од уметнички и од еколошки аспект.

Примена на ИКТ во наставата:час бр: 1,3,4,6,14

Час бр1 Минато определено несвршено и свршено време бараат информации од интернет и таботат вежби потпомогнати од
наставникот

Час бр 3 Анализа на народни песни во кои е застапен рефренот Вршат анализа на песните во програмата open office writer

Час бр 4 Заповеден начин Прават план поткрепен со визуелни ефекти во програмата open office writer

Час бр 7 Анализа на песните „Крај изворот на Вардар“ и “Бисера“ Поделени во парови пишуваат план за песните на компјутер
час бр.14 Писмена вежба ,,Моите новогодишни пораки до...” Учениците користејки интернет разгледуваат готови новогодишни честитки
обрнувајќи внимание и на нивниот изглед, но и на пораките кои ги носат. Тој материјал им служи како поттик и инспирација за работа.

Учениците творат, односно ги пишуваат своите состави во open office writer, а потоа изработуваат и новогодишна честитка во истата
програма или во open office impress; потоа ги споредуваат изработките, дискутираат за нив и ги вреднуваат со помош на наставникот.

Оценување:

- Дијагностичко оценување (увид во претходностекнатите знаења)

- Формативно оценување - средства и постапки за вреднување (евалуација) на учењето на учениците:

- усна презентација

- дискусија(разговор) за време на часот

- анализа на текстови

- писмени вежби (есеј);

- вежби од подрачјето јазик;

- домашни задачи и лектири;

- чек-листа (листа за проверка) на изведбени активности

- поттикнувачки прашања,

- есејски прашања (полугодишен тест)

- Сумативно оценување (оценување на наученото, на крајот на полугодието)

Вреднување, измени и дополнување на планирањето:


Наставна единица 1

1. Цели: Да ги разликува и правилно да ги употребува дејствата во сегашноста и во минатите засведочени дејства.


2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот се подготвил за презентирање на новата содржина, размислил за текот на часот, активностите, методите; подготвил
воведни прашања и вежби.
- Учениците, со помош на воведните прашања, повторуваат содржини потребни за усвојување на новата содржина; следат,
пишуваат (на табла и во тетратките), доаѓаат до заклучоци, вежбаат.
- Предавање, објаснување, пишување, практична примена на знаења.
- Тетратки, табла. ИКТ

Развојно-процесно планирање за час 1

1. Наставна единица: Минато определено несвршено и свршено време


2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик
3. Цел на часот: Да ги разликува и правилно да ги употребува дејствата
во сегашноста и минатите засведочени дејства

4. Форми на работа: Фронтална, дијалошко-монолошка


5. Наставни техники: Табели на табла
Предвидени активности:

- Наставникот со прашања го насочува вниманието на учениците кон новата содржина, поврзувајќи ги знаењата со кои
располагаат.
Примери: Од што се составени простите глаголски форми? Да ги набројат простите глаголски форми и временските глаголски
форми. Низ примери да се потсетат на двата вида глаголи, свршени и несвршени.

- На таблата има две табели, со два глагола во кои учениците впишуваат менување на глаголите, секако со помош на наставникот.
Бере набра
еднина множина еднина множина

1 л. 1л. 1л. 1л.

2л. 2л. 2л. 2л.

3л. 3л. 3л. 3л.

- Низ прашања и уочувања, учениците доаѓаат до заклучоци, кои, ако с# уште немаат учебници, ги пишуваат во тетратките (по
табелите).

Заклучоци:

1. Со минато определено несвршено време се искажуваат дејства кои се случувале во траење, во присуство на говорителот. Се
образува од несвршени глаголи (првата табела).
2. Со минато определено свршено време се искажуваат дејства кои се извршиле во еден момент во минатото, во присуство на
говорителот. Се образува од свршени глаголи.
- Од табелите ги согледуваат и наставките за ова време (може да се нагласат со креда во боја).
- Од соодветни примери, ги дополнуваат знаењата.
Пример: 1) Тие се измија и излегоа. (во 3 л. мн., некои глаголи од е – група и и – група имаат наставка – ја.

2) Ќе дојдевме ако н# повикаа. (Минато определено несвршено време може да се образува и од свршени глаголи со: ако, да,
ќе.)

-
Забелешка: Ако с# уште нема учебници од кои ќе се изработат вежби за оваа содржина, тоа може да се прави во работните
листови, или наставникот да подготви вежби. (Да напишат реченици употребувајќи ги овие времиња, да менуваат глаголи по
лица, да претворат реченици од сегашно време во овие две времиња).
Вреднување на знаењата: Од заклучоците, повторувањето и вежбите, ќе се вреднуваат стекнатите знаења на учениците.

Употреба на ИКТ.

Забелешки за часот:
_____________________________________________________________________

_____________________________________________________________________

_____________________________________________________________________

_____________________________________________________________________

_____________________________________________________________________

Наставна единица 2

1. Цели: Да ја препознава стилската фигура рефрен и да се оспособи за нејзино пронаоѓање во авторска и во народна поезија.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот го подготвил текот на часот, формите и методите, активностите и наставните средства; (во случај да немаат
учебници, фотокопира две песни, ,,Смешен настан на улица” од Гого Ивановски и ,,Ветар” од Роберт Луис Стивенсон); дава
појаснувања и ги насочува кон активности и заклучоци.
- Учениците учествуваат во повторувањата за веќе изучуваните стилски фигури; ги анализираат песните; ја разгледуваат
структурата на песната и доаѓаат до заклучок за стилската фигура рефрен; пишуваат план за содржината.
- Работа со текст, читање, објаснување, пишување, разговор.
- Учебник (или наставно ливче со двете песни), тетратки, табла.

Развојно-процесно планирање за час 2

1. Наставна единица: Рефрен – преку анализа на песните ,,Смешен настан на улицата” и ,,Ветар”.
2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Литература
3. Цел на часот:,,Да ја препознава стилската фигура рефрен и да се оспособи за нејзино пронаоѓање во авторски и народни песни.
4. Форми на работа: Фронтална, дијалошка
Предвидени активности:

- Поединечно ја читаат (со рецитирање) првата песна, дел по дел, ја анализираат содржински; истакнуваат мотив, визуелни
елементи, видови строфи (дистих, тристих, катрен); присуство на стилските фигури епитет, персонификација, метафора; го
согледуваат повторувањето на дистихот; заклучок за рефрен.
- Во планот запишуваат:
(Предлог)

1. Мотив – смешен настан


2. Визуелни елементи: нишање на дрвјата, виулица на улицата, по крената шапка трчаат маж и жена, шапката на телефонска жица
гледа што се случува.
3. Стилски фигури: епитети, метафори, персонификација.
4. Различен вид строфа и стихови; рими (видови)
5. Рефрен - повторување стихови во една песна; ја засилува емоционалноста, поттикнува музикалност.
- Ја читаат и втората песна; содржински, низ прашања, ја анализираат содржината; правата анализа и план како за претходната
песна; се акцентира постоењето на рефренот.
- Вреднување на знаењата: Од сите активности на часот може да се вреднуваат знаењата на учениците (формативно - од
разговорите).
- За нареднито час: Да пронајде секој ученик една народна песна во која е застапен рефренот и да умее да ја анализра самостојно
( како што правевме на часот).
- Забелешки за часот:
_______________________________________________________________

_____________________________________________________________________

_____________________________________________________________________

_____________________________________________________________________

_____________________________________________________________________
Наставна едница 3

1. Цели: Да умее да анализира самостојно народна епска која ќе ја одбере, користејќи ги претходните знаења.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот дал упатства што треба учениците да подготват за овој час; ги испланирал активностите, целта, методите; во случај
да немаат учебници, наставникот ги фотокопирал на листови двете народни песни, ,,Ајде Милке да бегаме” и ,,Македонско
девојче”.
- Учениците се подготвиле за часот според дадените упатства од наставникот; презентираат свои знаења за анализа на поетска
творба; учествуваат во вреднувањето на презентирањата.
- Работа со текст, читање, практична примена на знаења, дискусија. ИКТ
- Учебник (или фотокопии со песните), песни кои ќе ги донесат учениците.

Развојно-процесно планирање за час 3

1. Наставна единица: Анализа на народни песни во кои е застапен рефренот (од учебникот две песни и оние кои ќе ги донесат
учениците).
2. Тип на часот: Примена на стекнувани знаења од подрачјето Литература
3. Цели на часот: Примена на стекнувани знаења од подрачјето Литература
4. Форми на работа: Дијалошка, индивидуална
5. Наставни техники: Интегрирана настава – со Музичко образование, доколку е во можност да се презентира музичка верзија на
песните ,,Ајде Милке да бегаме” и ,,Македонско девојче”.

Предвидени активности:

- Според можностите, ја слушаат музичката варијанта на песните; доколку нема таква можност, песните ги читаат од учебникот,
или пак од наставните ливчиња; низ прашања ги анализираат содржински и структурно, со нагласување на стилската фигура
рефрен.
- Учениците презентираат од песните кои ги донеле: ги читаат, истакнуваат мотиви, поетски слики, видот на строфите и стиховите,
рима и видот на римата, стилските фигури и читање на рефрените.
Вреднување на знаењата: Анализите на песните, со објаснување ги вреднуваат меѓу себе учениците и наставникот; оценувањето е
дијагностичко (се согледуваат претходните знаења и нивна примена) и формативно (усните презентации).
За наредниот час: Да повторат за прости и сложени глаголски форми, за глаголски групи, за видови глаголи.

Забелешки за часот:

________________________________________________________________________

________________________________________________________________________

________________________________________________________________________

________________________________________________________________________

________________________________________________________________________

Наставна единица 4

1. Цели: Да го препознава заповедниот начин како проста начинска глаголска форма и правилно да го употребува.
2. Активности, методи, наставни средства:
- наставникот ги организира видот и обемот на активностите, осмислува методи, форми и техники; ги поттикнува активностите, ги
стимулира за изведување заклучоци; подготвил табели на табла.
- Учениците одговараат на воведните прашања, со што се насочуваат кон новата содржина; индивидуално размислуваат за
напишаното во табелите, размислуваат според упатството на наставникот на што да обрнат внимание во табелите, презентираат
заклучоци, пишуваат.
- Пишување, разговор, демонстрирање во табели, објаснување. ИКТ

Развојно-процесно планирање за час 4

1. Наставна единица: Заповеден начин


2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик
3. Цели на часот: Да го препознава заповедниот начин и правилно да го применува
4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка
5. Наставни техники: Техника индивидуализација
Предвидени активности:

- Одговарајќи на прашања од наставникот, учениците ги повторуваат знаењата за: видови глаголи, прости и сложени глаголски
форми, за временски и начински форми, за глаголските групи.
- На табла има табели кои претставуваат менување глаголи по лица во заповеден начин; учениците ги прецртуваат во тетратките и
со упатства од наставникот за што да размислат секој индивидуално (десет до петнаесет минути); треба самостојно да согледаат:
во кои лица има директно заповед, а во кои индиректна заповед, како се образуваат (со кои наставки и со кои зборови), кое
лице нема директна заповед, разликите во наставките за глаголите од –и, -е – група).

а – група и - група

Еднина Множина Еднина Множина

1 л. /

2 л. гледај 1 л. да гледаме 1л. /

3л. нека (да) 2 л. гледајте 2л. број 1 л. да бројат

гледа 3 л. нека (да) гледаат 3л. нека (да) брои 2 л. бројте

3 л. нека (да) бројат

е -група и - група а - група

еднина множина еднина множина еднина множина

1л. / 1л. да 1л. / 1л. да одиме 1л. / 1 л. да


спиеме јадеме
2 л. спиј 2 л. оди 2 л. одете 2л. јади
3. л. нека 2 л. спијете 3 л. нека (да) 3 л. нека (да) 3л. нека (да) 2 л. јадете
(да) спие оди оди јаде
3 л.нека (да) 3 л. нека (да)
јадат
спијат

- Заклучоците за прашањата, индивидуално, според техниката индивидуализација (самостојно размислување):


a) прво лице еднина нема заповеден начин;
b) директна заповед има за второ лице еднина и множина;
c) индиректната заповед за останатите лица се образува со честичките да и нека и сегашно време;
d) ги истакнуваат наставките, правејќи разлика кај глаголите
од и- и е-група.

- Има глаголи кои не образуваат заповеден начин: студи, треба, може, снежи, врне, и сл.
- Примери: Не оди! Немој да одиш! Не одете! Немој да одите! Значи, се согледуваат одречните форми.
 Забелешка: Наставникот им посочува вежби за домашна задача, во работните листови, или од учебникот, или пак напишани на
табла (во зависност од можностите).
 Вреднувања на знаењата: Со оваа техника се овозможува вреднување на знаењата индивидуално (умешноста да согледуваат,
заклучуваат и да ги користат претходнтие знаења).
- Забелешки за часот:
________________________________________________________________________

________________________________________________________________________

________________________________________________________________________

________________________________________________________________________

Наставна единица 5
1. Цели: Да ја препознава и да ја пронаоѓа стилската фигура апострофа.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот ги испланирал: целите, методите, формите и активностите; ги поттикнува учениците и ги насочува кон размислува-
ње, активности и кон реализација на целта. (доколку немаат учебници, исфотокопирал листови со песната, на секоја клупа по
еден примерок за работа во двојки); пишува план (прашања) за анализа на песната.
- Учениците ја читаат песната (прво во себе, вежбајќи рецитирање, а потоа на глас); размислуваат за анализа, пишуваат план во
тетратките; ги усвојуваат знаењата за апострофа.
- Читање, работа со текст, пишување, разговор, објаснување.

Развојно-процесно планирање за час 5

1. Наставна единица: ,,Мојата ненапишана песна” од Глигор Поповски – поим за апострофа.


2. Тип на часот: Да ја препознаваат и пронаоѓаат апострофата
3. Форми на работа: Фронтална, индивидуална, дијалошка (или во парови ако се служат со ливчиња, а не со учебник).
Планирани активности:

- Наставникот на табла го напишал планот за анализата; го објаснува текот на часот (читање во себе, размислување, гласно
читање, односно рецитирање, анализа).
- Пет – шест минути, индивидуално секој ученик ја чита песната во себе, размислува како ќе рецитира и како ќе ја анализира
песната според планот на табла.
- Учениците рецитираат со читање, наставникот сугерира и коригира; потоа даваат одговори за анализа на песната според планот,
а заклучоците ги пишуват во тетратката.
- Наставникот со потпрашања ги наведува на заклучоци за апострофа.
 Предлог за планот:
1. Мотив во песната – истакни ги и поетските слики
2. Видот на строфите и на стиховите
3. Визуелни слики – опишување на сликите кои си ги создаваат од стиховите
4. Рима – низ примери и видови рима
5. Стилски фигури – посочување во стиховите
6. Апострофа – согледување што претставува оваа стилска фигура и што се постигнува со неа
 Вреднување на знаењата: Може да се реализира формативно оценување преку усната презентација.
 Употреба на ИКТ.
- Забелешки за часот:
_______________________________________________________________________
_______________________________________________________________________

_______________________________________________________________________

_______________________________________________________________________

_______________________________________________________________________

Наставна единица 6

1. Цел: Да умее самостојно да анализира поетска творба според планот за анализа од претходниот час.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот подготвил план на табла (од претходниот час); ако с# уште нема учебници ги фотокопирал двете песни од
учебникот (за секоја клупа по еден примерок); ги следи активностите на учениците, се грижи за работната атмосфера и помага
при можностите на поединецот;
- Учениците индивидуално ги читаат песните (според тоа во која група спаѓа ученикот зашто наставникот ги поделил учениците во
две групи, едната ја анализира првата песна, втората група другата песна); индивидуално анализираат, презентираат, добиваат
оценки.
- Работа со текст, читање, пишување, презентирање на анализите. ИКТ

Развојно-процесно планирање за час 6

1. Наставна единица: ,,Родната куќа” од Ванчо Николески и ,,Песна за сонцето” – Народна песна – анализа на песните.
2. Тип на часот: Примена на стекнати знаења од подрачјето Литература
3. Форми на работа: Групна форма, дијалошка, индивидуална (во зависност од наставните средства)
4. Цел на часот: Да знае да анализира песна применувајќи ги знаењата.
Предвидени активности:

- Наставникот дава појаснување за активностите, еден дел од учениците ја анализира едната песна, а друг дел другата песна; го
подготвува планот.
- Учениците, секој индивидуално според планот, ја прави анализата; потоа читаат од анализата, дискутираат и оценуваат.
- И наставникот дискутира за анализите кои ќе ги читаат и ги вреднува.
*Забелешка: Наставникот поттикнува дискусија посебно за апострофата во песните.

- Вреднување на знаењата: Применувајќи ја техниката индивидуализација може да се вреднуваат знаењата и успешноста од нивната
примена.

- За наредниот час: Ако имаат учебници, да размислат за анализа на двете песни во учебникот, ,,Крај изворот на Вардар” од Славка
Арсова и ,,Бисера” од К. Миладинов.

Наставна единица 7

1. Цели: Да знае да ги примени знаењата кои ги стекнал и да умее да согледа недостатоци во туѓа анализа и да дополни.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот ја определил целта на часот, ги испланирал формите, методите и техниката; ги насочува активностите кон целта;
дава соодветна помош; создава работна атмосфера и формира групи.
- Учениците ги следат упатствата од наставникот, ги анализираат песните според планот; во групата настојуваат да дадат свој
придонес; дополнуваат анализи според техниката вртелешка; групите презентираат и укажуваат што им дополниле другите
групи во анализата.
- Читање, пишување, работа со текст, примена на знаења, презентирање.
- Учебник (ако имаат), ливчиња со песните (ако немаат учебници), 4 празни листови, за секоја група по еден, на кој ќе ја прават
анализата.

Развојно-процесно планирање за час 7

1. Наставна единица: Анализа на песните ,,Крај изворот на Вардар” и ,,Бисера” со техниката вртелешка.
2. Тип на часот: Примена на знаења од подрачјето Литература
3. Цел на часот: Да знае да примени знаења и да умее да согледа и дополни туѓа анализа.
4. Форми на работа: Групна, дијалошка
5. Наставни техники: Вртелешка

*Забелешка:

Ова е една од можностите за реализација на целта на часот; две групи ја добиваат првата песна да ја анализираат на лист, секоја
работи за себе без соработка, според план кој наставникот го напишал на табла;

Останатите две групи ја добиваат втората песна и тие работат на ист начин; наставникот дава 10 мин. за работа; потоа литовите
кружат од група до група како вртелешка, па пет минути, (секоја група има по 5 минути) и дополнуваат што сметаат дека треба; за
десет минути секоја група ја чита својата анализа, но и дополнувањата од другите групи.

 Предлог за планот за анализа:


1. Мотив и кое е поетското јас
2. По една куса реченица за поетските слики
3. Видови строфи и стихови, рима
4. Стилски фигури (со цитирање или објаснување во кои стихови се наоѓаат)
- Вреднување на знаењата: Со ова техника може да се вреднуваат и знаењата, но и умешноста да се работи во групи и да се
откриваат недостатоци во анализата.
- За наредниот час: Да повторат за поделба на зборовите во зборовни групи.

Наставна едница 8

1. Цели: Да ги препознава, да ги разликува и правилно да ги употребува видовите прилози, со акцент на прилозите за начин и
придавките во среден род (да ги разликува).
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот создава наставни ситуации со планираните методи, форми и активности (свои и на учениците), со цел да се
реализира целта на часот колку што е можно; создава работна атмосфера, поттикнува кон заклучоци.
- Учениците ја повториле содржината што беше посочена, активни се во следењето на прашањата и објаснувањата на
наставникот, доаѓаат до заклучоци за содржината, пишуваат, изработуваат вежби.
- Објаснување, разговор, пишување, заклучоци.
- Табла, тетратки, креда во боја.

Развојно-процесно планирање за час 8

1. Наставна единица: Прилози

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик

3. Цел на часот: Да ги препознава, да ги разликува и правилно да ги употребува видовите прилози.

4. Форми на работа: Дијалошка, индивидуална

5. Наставни техники: Техника на индивидуализација ( за вежбите)

Предвидени активности:

- Со помош на прашања од наставникот, се повторува за групите менливи и неменливи зборови; набројуваат кои видови зборови
припаѓаат на која група, зошто групите се наречени менливи и неменливи. На пример одредуваат вид збор и група.

Еј, Горан трча по нашата патека.

↓ ↓ ↓ ↓ ↓ ↓

извик именка глагол предлог придавка именка

неменлива менлива менлива неменлива менлива менлива

- На табла има реченици со прилози; им се остава малку време индивидуално да размислат за видовите зборови; им се нагласува
посебно да размислат каде се наоѓаат потцртаните зборови (до кои видови зборови) и која е нивната функција.
1. Денес добив петка.
2. Марко отпатува некаде.
3. Таа трча брзо.
4. Остана малку време.
- Низ прашањата од наставникот се извлекуваат заклучоци:
1. Прилозите најчесто одат со глаголите.
2. Тие го појаснуваат глаголското дејство според: време, место, начин, количество и сл.
3. Според значењето има неколку групи прилози; на пример:

За време За место За начин За количество

денес, ноќе, вчера, никаде, горе, лево, бавно, тешко, многу, неколку,
сега, никогаш, дома, внатре, ваму,д двојно, храбро, повеќе, помалку,
засега, понекогаш, алеку, надвор сосила, полека, повеќемина, малку
отсега брзо, плашливо

4. Прилозите се неменливи зборови; но, некои прилози се степенуваат, а некои се членуваат: силно – посилно – најсилно,
неколкуте (деца).
- Треба да се нагласи разликата меѓу прилозите за начин и придавките од среден род.
Јане учи лесно. Читаше лесно четиво.

Се однесува храбро. Храбро дете е Тони.

прилози придавки

- Следат вежби за прилози во работните листови или подготвени од наставникот, според времето, или пак за домашна задача.
- Вреднување на знаењата: Од заклучоците и вежбите ќе се вреднуваат стекнатите знаења на новата содржина.
- За наредниот час: Секој ученик да пронајде песна (народна или уметничка) и да ја анализира, со нагласок на апострофата и
рефренот, во тетратките, според план како што правевме на часовите.
Наставна единица 9

1. Цел: Да знае да анализира поетска творба применувајќи ги стекнатите знаења.


2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот дал упатства што да подготват за часот; тој подготвил методи, форми, цел и активности; го насочува текот на часот;
дискутира за чуените анализи, ги прегледува (правописната точност) и ги оценува.
- Учениците ги подготвиле домашните задачи, презентираат од нив, дискутираат и се оценуваат.
- Работа со текст, пишување, читање, разговор.

Развојно-процесно планирање за час 9

1. Наставна единица: Анализа на домашните задачи – анализа на песни во кои меѓу другото, има рефрен или апострофа.
2. Тип на часот: Примена на знаењата од подрачјата Литература и изразување и творење.
3. Цели на часот: Да знае да анализира поетска творба применувајќи ги стекнатите знаења.
4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка
Планирани активности:

- Наставникот ја проверува редовноста во носењето на задачите.

- Ученици читаат од домашните задачи; другите ученици бележат, а потоа дискутираат за задачите, ги истакнуваат позитивните страни и
евентуалните недостатоци.

- И наставникот следи, а по разгледување на составите дискутира, укажува на исполнувањето на задачата, на правописот и


оценува.
- Вреднување на знаењата: Составите ќе бидат вреднувани во однос на содржината, стилот, јазикот, правописот.
- За наредниот час: Да ги повторат наставните содржини: минато определено несвршено и свршено време, заповеден начин и
прилози.
Наставна единица 10
1. Цели: Да ги примени знаењата како подготовка за контролната задача вршејќи и самопроверка на истите.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот дал упатства што да повторат; ги испланирал целта, активностите и наставните средства; создава работна
атмосфера, ја следи работата на учениците; слуша одговори, коригира.
- Учениците ги повториле посочените содржини; ги изработуваат дадените задачи применувајќи ги знаењата, ги читаат
одговорите, прават корекции на евентуалните грешки.
- Во зависност како наставникот ќе ги испланира вежбите, така ќе испланира и методи и наставни средства; може да бидат вежби
од работните листови, наставни ливчиња со вежби, или пак вежби напишани на табла, а да се одговараат на листови или во
тетратките.

Забелешка:

Во зависност од методите и наставните средства кои ги испланирал наставникот, дава упатства за вежбите; ќе ги изработуваат вежбите
25 минути, а 15 минути ќе ги презентираат одговорите.

Развојно-процесно планирање за час 10

1. Наставна единица: Вежби од подрачјето Јазик.


2. Тип на часот: Примена на знаења во вежби од подрачјето Јазик
3. Цели на часот: Да ги примени знаењата како подготовка за контролната
4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка
Предвидени активности:

- По појаснувањето за активностите и текот на часот, учениците ги изработуваат вежбите, применувајќи ги знаењата, дваесет и пет
минути.
- Потоа учениците ги читаат одговорите, си вршат корекции на евентуално неточните одговори; поставуваат прашања ако нешто
не им е јасно.
- Вреднување на знаењата: Од одговорите на прашањата ќе се овозможи согледување и вреднување на знаењата.
- За наредниот час: Ќе ја изработуваат контролната задача.
Наставна единица 11

1. Цели: Да умее да ги примени знаењата во дадени вежби, со што се овозможува формативно следење (оценување) на
постигањата на учениците.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот ги подготвил листовите со контролните вежби; создава работна атмосфера за непречено одвивање на контролната;
ги собира листовите, ги вреднува и на некој нареден час им ги дава на увид на учениците и пак ги собира, сместувајќи ги во
ученичките досиеја.
- Учениците се подготвиле, ги изработуваат вежбите; кога ќе ги имаат на увид контролните, согледуваат каде направиле грешки.
- Работа со текст, пишување – практична работа (одговори на прашањата).
- Листови со контролните задачи (две групи).

Развојно-процесно планирање за час 11

1. Наставна единица: Контролна задача


2. Вид на часот: Практична примена на знаењата
3. Цел на часот: Да умее да ги примени знаењата во вежби за да се овозможи формативно оценување на знаењата.
4. Форми на работа: Индивидуална
5. Наставни техники: Контролни листови ( за две групи)
Предвидени активности:

- Наставникот ги поделува листовите со контролните вежби; учениците индивидуално ги изработуваат вежбите.


- На крајот од часот наставникот ги собира листовите со контролните задачи.
- За наредниот час: Двата наредни часа ќе се обработува лектирата,,Бојан“-Г.Поповски
-
-
- Наставна едница 12, 13
1. Цел за 1 час: Да умее стилски обогатено да прераскажува делови од романот ,,Розата и вепарот“.
Цел за 2 час: Да знае да анализира прочитана книга навлегувајќи во карактерите на ликовите, во описите, извојувањето реченици
кои оставаат силен впечаток и сл.

2. Активности, методи, наставни средства:


- Наставникот ги насочува и ги поттикнува активностите, ги охрабрува во презентирањата, нуди идеи, создава наставни ситуации;
ги испланирал целите, изложува мислења и ставови.
- Учениците ја подготвиле лектирата во своите тетратки за лектира, се потсетиле на содржината на романот; прераскажуваат
делови кои им ги посочил наставникот, учествуваат во анализата.
- Работа со книга и текст, читање, прераскажување, разговор.

Развојно-процесно планирање за час 12, 13

1. Наставна единица: ,,Розата и вепарот“ Ане Провоуст– лектира


2. Тип на часот: Анализа и прераскажување на прочитана лектира
3. Цели на часот: Да умее стилски збогатено да прераскажува делови од содржината на прочитана книга и да умее да ја анализира
4. Форми на работа: Дијалошка, индивидуална
* Забелешка:

Лектирата може да се реализира на повеќе начини, односно да се применат и други наставни форми. На пример, може да се
организира проблемска настава .Може да се реализира, на вториот час, техника на индивидуализација (на лист, секој ученик да истакне
тема, идеја, ликови или слично).

- За наредниот час: Да размислат на тема: ,,Моите новогодишни пораки до...”

Наставна единица 14

1. Цели: Да умее писмено да ги искаже своите размислувања со стилски средени реченици, почитувајќи ја јазичната норма.
2. Активности, методи, наставни средства:
- Наставникот им дал упатства на учениците за што да размислат, односно кому и какви новогодишни пораки би упатиле; го
насочува редоследот на активностите, изложува свои мислења за чуеното и оценува.
- Учениците се подготвуваат за часот, ги пишуваат составите, а потоа некои од нив ги читаат, дискутираат и ги вреднуваат
презентациите.
- Пишување, читање, работа со текст, разговор.

Развојно-процесно планирање за час 14


1. Наставна единица: Писмена вежба на тема ,,Моите новогодишни пораки до...”
2. Тип на часот: Писмено изразување на дадена тема.
3. Цели: Да знае писмено да ги искаже своите размислувања за одредена тема, стилски богато и со почитување на јазичната норма
4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка, примена на ИКТ
Предвидени активности:

- Наставникот дава упатства за писмената вежба: работна атмосфера, секој сам твори, без разговори, внимавајќи на стилот и
јазичната норма.
- Учениците користејки интернет разгледуваат готови новогодишни честитки обрнувајќи внимание и на нивниот изглед, но и на
пораките кои ги носат. Тој материјал им служи како поттик и инспирација за работа.
- Учениците творат, односно ги пишуваат своите состави во open office writer, а потоа изработуваат и новогодишна честитка во
истата програма или во open office impress; потоа ги споредуваат изработките, дискутираат за нив и ги вреднуваат.
- Наставникот ги прегледува составите и честитките, укажува на евентуално направените правописни грешки кои ги истакнува, а
другите ученици ги коригираат.
- Вреднување на знаењата: На овој начин, преку писмената вежба може да се реализира формативно оценување на учениците
кои ќе ги читаат составите (наставникот ги чува во портфолиото, односно досието кое го води за секој ученик).
- Употреба на ИКТ.
- За наредниот час: Да ги повторат содржините учени во текот на првото полугодие зашто утре ќе имаат подготовка за
полугодишниот тест.
*Забелешка.

1) Секој наставник планира како ќе ја изврши подготовката за полугодишниот тест, односно дали ќе прави усно повторување,
повторување со вежби на табла, или пак со пробни наставни ливчиња со вежби (индивудални или за работа во парови).
2) Исто така, секој наставник индивидуално го подготвува полугодишниот тест.
Тематска целина: 5 (јануари)

Конкретни цели:

- Да ги препознава и правилно да ги употребува предлозите и сврзниците;


- Да ги препознава стилските фигури како карактеристика на уметничките текстови;
- Да се оспособи за препознавање и објаснување на стилската фигура и хипербола;
- да ги знае особеностите и намената на говорот како форма на изразување;
- Да состави говор и да настапи со него.

Реден Наставна единица Број на Време на забелешка


број часови реализација

1 Хипербола (,,Димо и змија голема”) 1 јануари

2 Предлози 1 јануари

3 ,,Силата на Крале Марко” - народна 1 јануари


песна ; интерпретација ИКТ

4 Сврзници 1 јануари

5 Изработка на вежби за учени 1 јануари


содржини со примена на ИКТ

6 Самостојна анализа на 1 јануари


песна(,,Невеста момче фалеше” и
,,Надеж”)

7 Интерпретација на текстот ,,Кога 1 јануари


завесата ќе се крене“; говор ЕКО
Поврзување (интегрирање) на часовите_во однос на програмските подрачја:

Час : 2, 4, 5

- Предлози

- Сврзници

- Вежби за предлози и сврзници

Час : 1, 3, 6

- Хипербола (,,Димо и змија голема”)

- ,,Силата на Крале Марко” - хипербола

- ,,Невеста момче фалеше” и ,,Надеж” - хипербола

Час : 7

- Говор

Наставни средства:

- учебник (одобрен од министерот и избран на ниво на училиште)

- одобрени списанија за деца и млади,

- енциклопедии и речници, книги (дополнителна литература);

- илустрации, радио-касети, ЦД и други аудио-визуелни средства;


- интернет, образовни софтвери

Наставни форми (според потребите): демонстративна, работа со текст; дијалошко-монолошка, индивидуална, тандем, работа во групи и
др.

Наставни методи (според потребите): говорна, демонстративно-илустративна, метод на играње улоги, набљудување и истражување,
текст метода и др.

Корелација (со други содржини и наставни предмети): -Литература и јазик, историја, телевизијата како медиум

Етички кодекс на оценување: Наставникот применува етички кодекс при оценувањето на своите ученици и тоа
демократичност,праведност,чесност и др.

Корелација со еко стандардите од еко-проектот

час бр.7 Интерпретација на текстот ,,Кога завесата ќе се крене; говор

Во втората половина од часот наставникот прави корелација помеѓу говорот и делото, т.е говорењето и акцијата наведувајќи ги
учениците на размислување и дискусија околу двете точки на акција од еко стандардите 3 и 4 поврзани со цвеќето како тема и тоа:
- разубавување на училишните ходници и канцеларии со цвеќе (и)

- одржување на зеленилото во училишниот двор (косење на трева, засадување и полевање на цвеќе)

На крајот се истакнува дека секој говор има како крајна цел поттикнување на дело, а и дека еко-проектот ќе ги даде своите резултати
кога од говори и упатства ќе се премине на дејствувања и реализација.
Примена на ИКТ во наставата:час бр;3,5

Час бр3 ,,Силата на Крале Марко” - народна песна ; интерпретација Пишување на содржинска анализа во програмата open office writer

час бр.5 Вежби за предлози и сврзници. Учениците изработуваат вежби за предлози, сврзници со примена на open office writer. Потоа ги
сменуваат местата на седење и преминуваат кон решавање на вежбите осмислени од нивното другарче. На крајот повторно го заземаат
своето место и ја оценуваат работата на другарот од својот пар. Наставникот помага околу потребни корекции.

Оценување:

- Дијагностичко оценување (увид во претходностекнатите знаења)

- Формативно оценување - средства и постапки за вреднување (евалуација) на учењето на учениците:

- усна презентација

- дискусија(разговор) за време на часот

- анализа на текстови

- вежби од подрачјето јазик;

- домашни задачи и лектири;

- чек-листа (листа за проверка) на изведбени активности

- поттикнувачки прашања,

Вреднување, измени и дополнување на планирањето:


Наставна единица 1

1. Цели : Да ја препознава и умее да ја објасни стилската фигура и хипербола.

2. Активности, Методи, Наставни средства :

- Наставникот го подготвил планирањето за часот ; ги насочува активностите ; помага во усвојувањето на содржината.

- Учениците се активни на часот при анализата на песната, се трудат да ја усвојат содржината планирана за часот

- Предавање, објаснување, работа со текст, пишување, читање.

- Учебник, текст, тетратка, табла - креда.

Развојно - процесно планирање за час 1

1. Наставна единица : ,,Димо и змија голема” - Народна песна ; хипербола

2. Тип на часот ; Нова наставна содржина од подрачјето Литература

3. Цели на часот : Да ја препознава и да ја објаснува стилската фигура хипербола во текст

4. Форми на работа : Фронтална, дијалошка

Предвидени активности :

- Учениците во себе ја читаат песната забележувајки ги непознатите зборови (оние за кои нема објаснување во речникот) ; по објаснувањето на
зборовите, но и на делови во песната кои не им се јасни низ прашања во учебникот и од наставникот се прави осврт на содржината на песната
; се насочува освртот кон стиховите со хипербола.

- Се извлекува заклучок за хиперболата како стилска фигура (подкрепено со објаснувањата во учебникот).


- Низ дискусија се анализира песната и се пишува план за неа ; темата

наборјување делови од фабулата, дејноста, зборови на народниот пејачи и дијалози, стиховите (седмерци, осмерци, десетерци), епитети,
апостроф, рефрен.

- За нареден час : Да повторат за зборовни групи и за прилози.

 Вреднување на знаењето : Од сите активности на часот може да се направи дијагностичко и формативно оценување.

Наставна единица 2

1. Цели : Да ги препознава и правилно да ги употребува предлозите.

2. Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот го планира текот на часот, активностите, целта и слично, ги насочува и ги поттикнува учениците за активно учество во усвојување
на знаењата ; Дава објаснување и помага во стекнување на знаењата.

- Учениците се активно вуклучени во текот на часот, доаѓаат до заклучоци, прават план, изработуваат вежи.

- Учебник, вежби на табла, тетратки.

Развојно - процесно планирање за час 2

1. Наставна единица : Предлози

2. Вид на часот : Нова наставна содржина од подрачјето Јазик

3. Цели на часот : Да ги препознава предлозите и правилно да ги употребува во изразувањето

4. Форми на работа : Фронтално, дијалошко

5. Наставна техника : Венов дијаграм


Предвидени активности :

- Кусо повторување за зборовните групи (менливи и неменливи) и видовите зборови ; Повторување за прилози.

- Низ реченици на табла што изкажуваат предлозите, кога добиваат свое значење ; со речениците во учебникот се согледуваат видовите
значења на предлозите ; се согледува составот на предлозите (прости и сложени).

- Од примерите во учебникот, да ја согледуваат употребата на предлозите во и на ; за прилозите ширум и после.

- Се израбоува усно вежбата број 1 во учебникот.

- Со Венов дијаграм се споредуваат прилозите и предлозите.

Прилози : Предлози :

- глаголски дејства ; - различни односи ;

- полнозначни зборови ; - службени зборови ;

- степенување и членување. - повеќе значења еден предлог.

Заеднички :

- неменливи зборови ;

- различни значења ;

- прилозите не се употребуваат

предлози.

- Вреднување на значењата : Од сите планирани и реализирани активности може да се вреднуваат инегрирано знаењата.

- За наредниот час : Да знаат да ја прераскажуваат песната

,,Димо и змија голема” и содржината за хипербола.


Наставна единица 3

1. Цели : Да ја знае суштината на стилската фигура хипербола и да умее да ја препознава раскажувајќи и анализирајќи творби.

2. Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот го планира редоследот на операциите на часот, поттикнува кон реализација на целта, создава наставни ситуации,

се грижи за работната атмосфера.

- Учениците го подготвиле она што им беше посочено, се вклучуваат во активностите според индивидуалните можности и според подготвеноста
на часот.

- Работа со текст, читање, објаснување, прераскажување. ИКТ

Развојно - процесно планирање за час 3

1. Наставна единица: ,,Силата на Крале Марко” - народна песна ; интерпретација

2. Тип на часот : Анализа и прераскажување народни песни (во која е застапена хиперболата)

3. Цели на часот : Да умее да прераскажува содржини на епски песни и да ја пронајде и објасни хиперболата додека ги анализира

4. Дијалошка, монолошка

Предвидени активности :
- Наставникот прашува еден - до двајца ученика да презентираат што научиле за хипербола ; исто така, двајца ученици да ја прераскажат
песната ,,Димо и змија голема”.

- Ученици ја читаат песната ,,Силата на Крале Марко” ; се објаснуваат непознатите зборови ; наставникот остава од пет до десет минути да
размислат за анализата на песната според планот во учебникот.

- Учениците презентираат што подготвиле за анализата ; другите следат, дополнуваат и дискутираат за презентирањата ; исто така и
наставникот ги вреднува искажувањата.

Вреднувања на знаењата : Активностите на часот овозможуваат формативно вреднување на знаења на учениците.

Употреба на ИКТ.

За наредниот час : Да повторат за зборовни групи и видови зборови (менливи - неменливи, полнозначни и службени) и за предлози.

Наставна единица 4

1. Цели : Да ги препознава сврзниците, да го знае нивното значење во реченицата за правилно да ги употребува.

2. Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот создава наставни ситуации со цел да се реализира новата наставна содржина преку активности на учениците ; ги стимулира видот
и обемот на активностите.

- Учениците ги повториле посочените содржини ; следат упатства и објаснувања ; извдеуваат заклучоци ; пишуваат план за содржината ; ги
изработуваат вежбите.

- Употреба на учебник, објаснување, пишување, предавање.

- Учебник, наставни ливчиња, тетратки, табла.


Развојно - процесно планирање за час 4

1. Наставна единица : Сврзници.

2. Тип на часот : Нова наставна содржина од подрачјето Јазик.

3. Цели на часот : Да ги препознава сврзниците и нивното значење во реченицата за правилно да ги применува.

4. Форма на работа : Фронтална, работа во двојки, дијалошка.

Предвидени активности

- Наставникот им поделува наставни ливчиња за работа во двојки ; на нив има неколку реченици, а у чениците имаат задача да ги подцртаат
зборовите кои поврзуваат зборови или реченици во сложени реченици.

- Ги презентираат одговорите, а наставникот ги насочува кон заклучоци дека тоа се неменливи и службени зборови и која е нивната функција ;
по насловот за содржината, во тетратките пишуваат план (во вид на прашања) : Зошто сврзниците се неменливи и службени зборови? Која е
нивната функција ? Како се делата според структурата?

- Им се укажува за сврзниците од туѓо потекло кои не треба да ги користат, но и алтернативните, наши сврзници.

- Како вежба, наставникот им посочува дел од текст од учебникот во кој ги пронаоѓаат сврзниците

- Вреднување на значењата : Ќе се вреднуваат активностите на учениците и совладувањето на содржината преку примена во вежбите.

- За нареден час : Да ги изработат двете вежби за сврзници од учебникот.

Наставна единица 5
1. Цели : Да знае да ги применува стекнатите знаења за предлозите и сврзниците.

2. Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот ги планира видот и обемот на активностите, се грижи за работната атмосфера при што ке се реализира и целта на часот ; дава
појаснување и соодветна помош ; ги вреднува знаењата.

- Учениците ја изработиле домашната задача која ја презентираат ; ги изработуваат вежбите во работните листови и ги читаат одговорите,
проверувајќи ги и корегирајќи во вежбите.

- Работа со пишување (практична работа, примена на знаења), примена на ИКТ

- Тетратки со домашна задача, компјутери.

Развојно - процесно планирање за час 5

1. Наставна единица : Вежби за предлози и сврзници

2. Тип на часот : Примена на знаења.

3. Цели на часот : Да знае да ги примени истакнатите знаења.

4. Форми на работа : Индивидуална, дијалошка.

Предвидени активности :

- Наставникот врши проверка на домашните задачи ; учениците читаат одговори, другите си корегираат евентуални грешки.

- Потоа наставникот им дава објаснување за изработка на вежби за предлози, сврзници со примена на open office writer.

- Учениците индивидуално ги изработуваат вежбите ; потоа ги сменуваат местата на седења по парови и преминуваат кон решавање на
вежбите осмислени од нивното другарче. На крајот повторно го заземаат своето место и ја оценуваат работата на другарот од својот пар.
Наставникот помага околу потребни корекции.
 Вреднување на знаењата : Вежбите овозможуваат формативно оценување на знаењата на учениците.
 Употреба на ИКТ.
- За наредниот час : Да повторат за хипербола и за елементите кои ги содржи анализата на поетската творба.

Наставна единица број 6

1. Цели : Да умее да ги примени знаењата за анализа на поетски творби.

2. Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот формира две групи ученици ; едната група ја анализира песната ,,Невеста момче фалеше”, а другата група ,,Надеж” (двете од
учебникот), на табла напишан план по кој ќе ја прават анализата во тетратките.

- Учениците ги анализираат песните, ги презентираат изработките, дискутираат за нив и ги вреднуваат.

- Работа со текст, пишување, читање, дискусија.

- Тетратките, учебници, план на табла.

Развојно - процесно планирање за час 6

1. Наставна единица : Самостојна анализа на песна

2. Тип на часот : Примена на знаењата од подрачјето Литература

3. Цели на часот : Да умее да прави самостојна анализа на песна по даден план

4. Форми на работа : Индивидуална, дијалошка, групна.

Планирање активности :

- Наставникот изработил план за анализа на песните и дел соодветни упатсва.


- Учениците пишуваат анализи и истите ги презентираат ; се дискутира за анализите и се прави дополнување на истите од другите ученици ; ги
вреднуваат презентирањата.

- Наставникот исто така ги следи анализите и ги вреднува.

- Вреднување на знаењата : Овие активности овозможуваат формативно и дијагностичко оценување на знаењата.

- За нареден час : Да го прочитаат текстот ,,Кога завесата ќе се крене”, од учебникот и да се обидат да го споредат во спецификите со уметнички
текст

- Работа со учебник и текст, читање, објаснување, пишување

Развојно - процесно планирање за час 7

1. Наставна единица : Интерпретација на текстот ,,Кога завесата ќе се крене“; говор

2. Тип на часот : Нова наставна содржина од подрачјето Литература

3. Цели на часот : Да ги знае особеностите на говорот како форма за изразување согледани од пример на текст од учебникот

4. Форма на работа : Индивидуална, дијалошка

5. Наставна техника : Техника на индивидуализација

Предвидени активности :

- Наставникот дава упатсво дека учениците имаат време од 15минути да се потсетат на текстот, да ја научат содржината за говор, а потоа ќе
одоговараат на прашањата кои наставникот ќе им ги чита.

- По даденото време, наставникот чита прашање по прашање, а учениците даваат одоговори; другите ученици можат да вршат дополнување на
исказите.
- Можни прашања : Која е темата на текстот? Каде се одвива настанот? Кому му е посветен говорот? На која тема сликале членовите на
ликовната секција? Каде се присутни сликите на уметникот Цветин? Кои пораки се упатени? Како сликарот Цветин им се обратил на
присутните говорејќи за Македонија? Кој е мотивот на песната ,,Ружа” од Блаже Конески, омилена песна на сликарот Цветин? Што
претставува говорот? Кој се особеностите на говорителот?

Во втората половина од часот наставникот прави корелација помеѓу говорот и делото, т.е говорењето и акцијата наведувајќи ги учениците на
размислување и дискусија околу двете точки на акција од еко стандардите 3 и 4 поврзани со цвеќето како тема и тоа:

-разубавување на училишните ходници и канцеларии со цвеќе (и)

- одржување на зеленилото во училишниот двор (косење на трева, засадување и полевање на цвеќе)

На крајот се истакнува дека секој говор има како крајна цел поттикнување на дело, а и дека еко-проектот ќе ги даде своите резултати кога од
говори и упатства ќе се премине на дејствувања и реализација.- За наредниот час : Секој ученик да прочита песна за Крале Марко, да знае да
ја прераскаже и да ја анализира.
Тематска целина : 6 (февруари)

Конкретни цели :

- да ги разликува видовите предмет и правилно да ги употребува;


- да ги препознава второстепените реченични членови;
- да се запознае со стркутурата на сложената реченица ;
- да ја препознава и пронаѓа стилската фигура градација ;
- да ги применува стекнатите знаења во усното и писменото изразување правилно, во духот на македонскиот литературен јазик.
Реден Наставна единица Број Време на забелешка
број на реализациј
часови а

1 Писмена вежба:„Како минува еден мој 1 февруари


викенд“ ЕКО ИКТ

2 Предмет- видови предмет 1 февруари

Поврзување (интегрирање)
3 Анализа на песни за Марко Крале(усна 1 февруари
на часовите_во однос на
вежба)
програмските подрачја:

Час : 2, 4, 5, 9, 4 Удвојување на директниот и индиректниот 1 февруари 11, 13


предмет
- Предмет и видови
предмети
5 Вежби за предмет и видови предмет 1 февруари
- Удвојување на директниот
и индиректниот
предмет 6 Анализа на домашна задача-собирачката 1 февруари
дејност на браќата Миладиновци ИКТ
- Вежби за предмет

- Апозиција 7 „Стојна в градина седеше“- народна песна и 1 февруари


„Ленка“- Кочо Рацин;градација ИКТ ЕКО
- Структура на сложена
реченица
8 Анализа на песните„Шупељка“-К.Миладинов; 1 февруари
- Вежби за „Стојан и Лилјана“- народна песна сложена
реченица
9 Апозиција 1 февруари
Час : 3, 6, 7, 8, 10

- Песни за Крале Марко


Анализа на домашни задачи- лична творба со 1 февруари
- Браќа застапување на градација ИКТ Миладиновци -
собирачка 10 дејснот

Структура на сложената реченица 1 февруари

11

Настап со говор на тема по сопствен избор 1 февруари


- Градација : ,,Стојна в градина седеше”,и ,,Ленка”

- ,,Шупељка” - К.Миладинов, ,,Стојан и Лилјана” - Н.песна

- Домашна задача - лична творба со градација

Час : 1, 12, 14

- Писмена вежба : ,,Како минува еден мој викенд”

- Настап со говор

- Писмена вежба на тема: ,,На часот по македонски јазик”

Час : 15, 16

- Лектира „Девојчето од Шестата месечина“ – Муни Вичер

Наставни средства:

- учебник (одобрен од министерот и избран на ниво на училиште)

- одобрени списанија за деца и млади,

- енциклопедии и речници, книги (дополнителна литература);

- илустрации, радио-касети, ЦД и други аудио-визуелни средства;

- интернет, образовни софтвери

Наставни форми (според потребите): демонстративна, работа со текст; дијалошко-монолошка, индивидуална, тандем, работа во групи и
др.
Наставни методи (според потребите): говорна, демонстративно-илустративна, метод на играње улоги, набљудување и истражување,
текст метода и др.

Корелација (со други содржини и наставни предмети):

-Литература и јазик, историја, филмска уметност

Етички кодекс на оценување: Наставникот применува етички кодекс при оценувањето на своите ученици и тоа
демократичност,праведност,чесност и др.

Корелација со еко стандардите од еко-проектот

Час бр 1 Писмена вежба:„Како минува еден мој викенд“ Пишуваат на тема Подигање на свеста на пошироката заедница (домот,
локалната заедница и сл.)

час бр.7 Интерпретација на „Стојна в градина седеше“- народна песна и „Ленка“- Кочо Рацин;градација Во втората половина од часот
наставникот прави корелација помеѓу говорот и делото, т.е говорењето и акцијата наведувајќи ги учениците на размислување и
дискусија околу двете точки на акција од еко стандардите 3 и 4 поврзани со цвеќето како тема и тоа:

- разубавување на училишните ходници и канцеларии со цвеќе (и)

- одржување на зеленилото во училишниот двор (косење на трева, засадување и полевање на цвеќе)

На крајот се истакнува дека секој говор има како крајна цел поттикнување на дело, а и дека еко-проектот ќе ги даде своите резултати
кога од говори и упатства ќе се премине на дејствувања и реализација.
Примена на ИКТ во наставата:час бр.1,6,7,10,16

час бр.16. Лектира („Девојчето од Шестата месечина“ – Муни Вичер) - втор час: секоја група на ученици преминува кон изработка на
open office impress презентација во која со слика, симбол и со збор (избран цитат и објаснување за причината на неговото одбирање)
учениците ги претставуваат карактерните особини на ликот).

Оценување:

- Дијагностичко оценување (увид во претходностекнатите знаења)

- Формативно оценување - средства и постапки за вреднување (евалуација) на учењето на учениците:

- усна презентација

- дискусија(разговор) за време на часот

- анализа на текстови

- писмени вежби (есеј);

- вежби од подрачјето јазик;

- домашни задачи и лектири;

- чек-листа (листа за проверка) на изведбени активности

- поттикнувачки прашања,

Вреднување, измени и дополнување на планирањето:


Наставна единица 1

1. Цели : Да умее писмено да се изразува на одредена тема применувајќи ги стекнуваните знаења

2. Активности, методи, средства :

- Наставникот подготвил план за часот, дава појаснувања за писмената вежба ; ги стимулира за творење ; обезбедува работна атмосфера ; ги
вреднува составите со дискусија.

- Учениците творат, односно ги пишуваат составите ; презентираат (читаат) свои творби ; дискутираат за презентираното и го вреднуваат.

- Работа за текст, пишување, читање, разговор.

- Тетратките.

Развојно - процесно планирање за час 1

1. Наставна единица : Писмена вежба : ,,Како минува еден мој викенд”

2. Тип на часот : Писмено творење на дадена тема

3. Цели на часот ; Да умее писмено да се изразува на одредена тема применувајќи ги усвоените знаења

4. Форма на работа : Индивидуална, дијалошка ИКТ

Предвидени активности

- Наставникот дава упатства за престојанта задача на учениците


- Учениците ги пишуаат составите ; наставникот ја следи нивната работа, дава потребна помош на барање на ученици.

- Ученици читаат состави ; дискутираат за презентираното и даваат свои оценки ; истото го прави наставникот одкако ќе го прегледа составот и
кажува забелешки за : читањето, уредноста, ракописот, соджината, правописот.

Вреднување на знаењата : Се врши формативно оценување.

За наредниот час : да повторат за главните членови на реченицата (подмет и прирок) и за предмет во реченицата (од ВИ одд.). А за часот по него,
да прочитаат и да донесат по една песна за Марко Крале.

Наставна единица 2

1. Цели : Да ги разликува видовите предмет и правилно да ги употребува.

2. Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот ги организира видот и обемот на активности, го насочува редоследот на операциите, создава наставни ситуации, ги насочува
интересот и активностите на учениците.

- Учениците повториле општо за предмет (од ВИ одд.) ; учествуваат во заклучоците за видови предмет и во планот за содржината која ја
совладуваат ; пишуваат и презентираат одговори на вежби.

- Употреба на учебник, предавање, објаснување, пишување.

Развојно - процесно планирање за час 2

1. Наставна единица : Предмет - видови предмет

2. Тип на часот : Нова наставна содржина од подрачјето Јазик

3. Цели на часот : Да ги разликува видовите предмет и правилно да ги употребува

4. Форми на работа : Фронтална, дијалошка, индивидуална


Предвидени активности :

- Низ прашања од наставникот, учениците повторуваат за предмет ; кажуваат примери (реченици кои содржат предмет).

- Од трите реченици на табла кои ги напишал наставникот, ги согледуваат трите вида предмет ; доо објаснувањето е преку шемата во учебникот
каде се представени видовите предмет.

- Од речениците на табла а потоа и од објаснувањето од учебникот ги согледуваат прашањата на кои одговараат предметите.

- Прават план на табла (заеднички) кои го пишуваат и во тетратките : Што е предмет? Видови предмет. Прашања на кои одговараат видовите
предмет

- Усно се обработува првата вежба ; согледуваат каде во речениците се наоѓаат видовите предмет ; третата вежба за дома.

Вреднување на знаењата : Може да се врши формативно но и дијагностичко оценување на знаењата

За наредниот час : Во тетратките ги препишуваат видовите предмет од извадокот, пишувајќи го и видот предмет. Да ги донесат песните за
К.Марко (Усно ќе ги прераскажуваат и анализираат).

Наставна единица 3

1. Цели : Да умее да прераскаже и да прави усна анализа на епска песна.

2. Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот врши проверка на исполнителноста на задачите дадени за овој час ; ги органициза и стимулира активностите и ги вреднува
презентирањата со дискусија за нив.

- Учениците се подготвиле за часот и активно учествуваат во текот на целиот час, презентирајќи ги своите знаења.

- Употреба на текст, прераскажување, објаснување.

- Песни за Марко Крале и домашната задача


Развојно - процесно планирање за час 3

1. Наставна единица : Анализа на песни за М.Крале (усна вежба)

2. Тип на часот : Усно изразување при анализа на текст

3. Цели на часот : Да умее усно да анализира епска песна

4. Форми на работа : Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности :

- По проверката од наставникот за исполнувањето на задачите кои им беа дадени, ученици читаат одговори од вежбата за предмет.

- Потоа ученици усно ги презентираат подтовените анализи на песните односно : ја прераскажуваат фабулата, истакнуваат тема, видот на стихот,
стилските фигуре (со аццент на хиперболата), описи на ликови.

- По секое презентирање дискутираат за чуеното ученици и наставникот и се вреднува.

- Вреднување на знаењата : Индивидуалните настапи на учениците го овозможуваат формативното оценување, но и дијагостичкото (за
претходно стекнати знаења кои ги примненуваат).

Наставна единица 4

1. Цели : Да го препознава и правилно да го употребува удвоениот предмет, директен и индиректен.

2. Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот ги испланирал обемот и текот на часот, ги насочува активностите кон реализација на целта на часот, објаснува, дава соодветна
помош (ако е тоа потребно) на ученици кои потешко ја совладуваат содржината.
- Учениците учествуваат со свои активности во текот на целиот час : повторување за предмет, заклучоци и согледувања за удвоениот предмет,
давање примери, изработка на вежби.

- Предавање, употреба на учебник, пишување, објансување.

- Учебник, тетратка, табла, наставно ливче (за работа во парови).

Развојно - процесно планирање за час 4

1. Наставна единица : Удвојување на директниот и на индиректниот предмет

2. Тип на часот : Нова наставна содржина од подрачјето Јазик

3. Цели на часот : Да го препознава и правилно да го употребува удвоениот предмет

4. Форма на работа : Фронтална, работа во парови

Предвидени активности :

- Низ сопствени примери со реченици, учениците ги презентираат своите знаења за предмет и видови предмет.

- Од реченици на табла, како и од двете шеми во учебникот, а со помош на наставникот, учениците ја согледуваат удвоеноста на дирекниот и
индирекниот предмет.

- во планот во тетратките запишуваат, под насловот на содржината, едно прашање : Од што може да биде составен удвоениот предмет, односно
од кои зборови?

- Секој ученик индивидуално во тетратката пишува по една реченица за удвоен директен и за удвоен индиректен предмет.
- Наставникот на секој пар му дава наставно ливче со двете први вежби од учебникот ; паровите пишуваат на ливчињата, а потоа ги читаат
одговорите, корегираат евентуални грешки.

-Вреднување на знаењата : Од сите активности може солидно да се вреднуваат знаењата за содржините за предмет.

-За наредниот час : Да ги носат работните листови ; за часот по него да напишат кус состав за собирачката дејност на Миладиновци.

Наставна единица 5

1. Цели : Да знае да ги примени стекнатите знаења за предмет.

2. Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот дава инструкции за активностите на часот ; ја следи работата на секој поединец ; врши корекции на евентуалните грешки во
одоговорите и низ објаснување ги вреднува изработките.

- Учениците ги пополнуваат вежбите во наставното ливче, ги читаат одговорите, прават корекции на евентуалните грешки.

- Пишување, практична примена на знаења, читање.

Развојно - процесно планирање за час 5

1. Наставна единица : Вежби за предмет и видови предмет

2. Тип на часот : Примена на знаењата во вежби

3. Цели на часот : Да знае да ги примени знаењата во вежби

4. Форми на работа : Индивидуална

Планирани активности :
- Наставникот дава упатства за текот на часот и за изработка на вежбите во наставното ливче.

- Учениците ги пополнуваат вежбите ; читаат одоговори ив ршат корегирање на направените грешки ; можат да дополнуваат нечии одговори ако
сметаат дека е потребно.

- Наставникот може да определи ученик да прочита одговори на една до две вежби и да направи формативно оценување (бележејки ја оценката
во наставното ливче).

- Вреднување на знаењата : Активностите од овој час овозможуваат вреднување на знаењата на учениците индивидуално.

- За нареден час : Подсетување дека секој ученик пишува кус состав за собирачката дејност на Миладиновци, со осврт на Зборникот и препишана
песна од него (да настојуваат да селектиураат различни песни). Можен извор на знаења е и Интернетот а составите да се напишани на компјутер,
на еден лист.(Можни се и фотографии).

Нова наставна единица 6

1. Цели : Да умее да пронајде и да селектира податоци за работата на браќата Миладиновци . Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот на времено дал упатства за извршување на оваа задача ; врши проверка на извршената задача ; ги следи презентирањата,
дискутира за нив и ги вреднува.

- Учениците ја подготвиле домашната задача, читаат состави, дискутираат и вреднуваат.

- Заеднички се избираат најуспешните изработки со ѕиден весник.

- Читање, дискутирање, употреба на текст (слика и сл.)

- Изработки на компјутер

Развојно - процесно планирање за час 6


1. Наставна единица : Анализа на домашна задача - собирачката дејност на браќата Миладиновци

2. Тип на часот : Примена на знаења и вештини

3. Цели на часот : Да умее да пронајде, да селектира и да презентира податоци за браќата Миладиновци

4. Форми на работа : Индивидуално

5. Наставни техники : Интернет 7

Предвидени активности :

- По проверката која ја врши наставникот за исполнувањето на здачата за домашна работа, ученици читаат од составите.

- Останатите уеници слушаат, потоа дискутираат за чуеното, а тоа го прави и наставникот, одкако ќе го прегледа листот, па ќе ја вреднува
домашната задача.

- Се селектираат неколку изработки за ѕидниот весник.

- Пред крајот на часот, како рекреирање низ размислување ученици кажуваат реченици со хипербола.

 Вреднување на знаењата : Наставникот може да ги собере сите листови, да ги прегледа и вреднува и да ги чува во досието за секој ученик.
 Употреба на ИКТ.

Наставна единица 7

1. Цели : Да ја препознава и пронаоѓа стилската фигура градација

2. Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот ги планира и ги координира активностите, а со тоа и текот на часот ; создава наставни ситуации, помага во активноста на поединци
според нивните можности.
- Учениците се активни во текот на часот за полесно усвојување на содржината за градација, но ив о примената на знаењата за анализа на поеткса
творба ; учествуваат во подготовка на планот за анализата (СКЕЛЕТЕН ПРИКАЗ).

-Употреба на учебник (текстови), читање, објаснување, разговор, пишување, скелетен приказ.

- Учебник, тетратки, ИКТ

Развојно - процесно планирање за час 7

1. Наставна единица : ,,Стојна в градина седеше” - Н.песна и ,,Ленка” – Кочо Рацин ; градација

2. Тип на часот ; Нова наставна содржина од подрачјето Литература

3. Цели на часот : Да ја посочува и пронаоѓа стиллската фигура градација анализиријаќи поетски творби

4. Форми на работа : Фронтална, дијалошка

5. Наставна техника : Скелетен приказ, техника индивидуализација

Предвидени активности :

- Ученици ги читаат песните неколку пати ; се објаснуваат нејасни зборови или делови од песните

- Наставникот остава краток период учениците да ги прочитаат прашањата и да размислуваат до одговорот на нив, секој ученик индивидуално ;
потоа ученици ги читаат прашањата и ги одоговараат.

- Со свои прашања, наставникот ги насочува кон стилската фигура градација и дава објаснување за неа.

- За ,,Ленка” секој ученик прави секелтен приказ во тетратките, индивидуално.

Реченица ___________________________________________________
(Мисла со која ќе го определиш мотивот во песната.)

Убав стих ___________________________________________________

(Стих кој ти поттикнува најсилни чуства.)

Еден збор ____________________________________________________

(Кој збор прв ти доаѓа во мислите за таткото?)

Најсилен опис __________________________________________________

(Цитирај зборови кои најсилно го опишале таткото)

Боја ___________________________________________________

(Со која боја би ги искажал чуствата за песната)

- Забелешка : Ако нема време, скелетните прикази ќе читаат на наредниот час.

 За наредниот час : Кој не го довршил скелетниот приказ тоа да го стори дома ; секој ученик да размисли за стилските фигури во песните кои
ги обработувавме ; да научат за градација од учебникот.
 Употреба на ИКТ.

Наставна единица 8

1. Цели : Да умее да анализира песна по даден план


2. Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот дал упатства за активностите на овој час ; ги координира и се грижи за наставните ситуации кои ги создава, за да се реализира целта
на часот ив рши вреднување на знаењата.

- Учениците се подготвиле за часот ; одговараат на прашањата и задачите дадени од наставникот ; ги анализираат песните и ги читаат изработките
; дискутираат за презентациите.

- Работа со текст, пишување, читање, објаснување.

- Учебник, тетратки, скелетен приказ.

Развојно - процесно планирање за час 8

1. Наставна единица : Анализа на песните ,,Шупељка” и ,,Стојан и Лилјана”

2. Тип на часот Вежби за самостојна анализа на песна

3. Цел на часот: Да умее да анализира песна по даден план

4. Форма на работа: Работа во групи, индивидуално

Предвидени активности:

-Прво, еден до два ученика објаснуваат за градација; неколку ученика го читаат скелетниот приказ; за тоа време наставникот го проверува во
тетраткита приказот.

-Се создаваат две групи ученици, едната ја анализира песната “Шупељка”, а другата “Стојан и Лилјана“, според планот на табла.

Предлог за планот:

1. Објасни го мотивот во песната

2. Опиши поетска слика која си ја создаваш од стиховите


3. Препиши го стихот каде чувството е најслабо

4. Препиши го стихот каде чувството е најсилно

5. Каков е видот на стихот според бројот на слоговите?

6. Напиши кои стилски фигури са застапени (цитирај стих или објасни)

- Учениците од групите читаат наизменично; дополнуваат ако сметаат дека треба да дополнат од својата анализа.

- Вреднување на знаењата : Наставникот врши формативно оденување на презентирањата од учениците. За наредниот час : Да повторат
за атрибут (од ВИ одд.

Наставна единица 9

1. Цели : Да ги препознава, и да ги разликува второстепените членови во реченицата и правилно да ги употребува.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот дал упатство што да повторат ; тој го обмислил текот на часот, ги испланирал активностите, дава објаснување, подготвува примери
на табла.

- Учениците повториле за атрибут ; активно се вкличуваат во усвојувањето на содржината планирана за овој час, согледуваат и кажуваат
заклучоци ; изработуваат вежби.

- Работа со учебник и текст, објаснување, предавање, пишување.

Развојно - процесно планирање за час 9

1. Наставна единица : Апозиција


2. Тип на часот : Нова наставна содржина во подрачјето Јазик

3. Цели на часот : Да ги разликува и правилно да ги употребува атрибутот и апозицијата

4. Форми на работа : Фронтална, дијалишка

Предвидени активности :

- На табла има кус текст ( или реченици) во кои има атрибут и една апозиција ; учениците треба да ги посочат атрибутите, а низ прашања од
наставник да согледаат дека апозицијата е член во реченицата кој има исто значење со членот во реченицата на кој се однесува и дека дава
дополнителни податоци за него.

- Со примерот во учебникот се појаснува апозицијата и непроменливоста на значењето на членот кој го појаснува во случај да си ги заменат
местата

- Ги посочуваат апозициите во примерите во учебникот.

- Во тетратките ја зработуваат првата вежба и презентираат одговори.

- Вреднување на знаењата : Од планираните активности ќе се согледа колку е совладана новата содржина.

- За наредниот час : Секој ученик на лист пишува лична песна во која има градација ; мотивот и насловот го замислува самостојно ; насловот го
потцртвуа со боја која мисли дека е најсоодветна за содржината на песната ; може да е изработена и на компјутер и сите да бидат потпишани со
името на ученикот - автор

Наставна единица 10

1. Цели : Да умее да обмисли и да твори применувајќи ги досега стекнуваните знаења.

2. Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот дал насоки за подготовка на овој час ; ги следи презентирањата на личните творби, дискутира за нив и ги вреднува, поставува
прашања ако бара појаснувања.
- Учениците ги подготвиле своите задачи ; ги презентираат (изразно ги читаат) своите творби ; дискутираат за песните ; одговараат на
дополнителни прашања од наставникот.

- Читање, практична работа, (примена на знаења), разговор.

- Листови на кои твореле., употреба на ИКТ

Развојно - процесно планирање за час 10

1.Наставна единица : Анализа на домашни задачи - лична творба со застапување на градацијата

2. Тип на часот : Примена на знаења во процесто на творење

3. Цел на часот : Да умее да обмисли и твори лична творба

4. Форми на работа : Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности :

- По извршената контрола во редовноста на извршувањето на домашната задача, ученици ги читаат своите творби.

- Наставникот може дополнително да поставува прашања : Зошто го дал токму тој наслов? Која мисла - водителка била присутна во творењето?
Објасни ја градацијата. На што те асоцира, зошто токму со таа боја е потцртан насловот

- Сите листови ги собира наставникот, ги вреднува и ги чува во досиеата на ученици

 Вреднување на знаењата : Личните творби.


 Употреба на ИКТ.

Наставна единица 11

1. Цели : Да ја согледа структурата на сложената реченица


2. Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот ги испланирал редоследот на операциите и активностите на учениците ; напишал две сложени реченици, една со заеднички, друга
со различни подмети во дел - речениците ; објаснува и стимулира активности.

- Учениците согледуваат, заклучуваат ; ја изработуваат првата вежба од учебникот и презентираат реченици.

- Преддавање, објаснување, работа со учебник, пишување.

- Учебник, тетратки, табла.

Развојно - процесно планирање за час 11

1. Наставна единица : Структура на сложената реченица

2. Тип на часот : Нова наставна содржина во подрачјето Јазик

3. Цели на часот : Да ја согледа структурата на сложената реченица

4. Форми на работа : Фронтална, индивидуална, дијалошка

Предвидени активности :

-Со анализа на двете сложени реченици, кои учениците си ги препишуваат од табла, доаѓа до сознание дека сложената реченица содржи
најмалку два прирока.

- Потоа, со понатамошна анализа, соогледуваат дека во првата реченица подметот е заеднички, а во втората реченица има два различни
подмета.

- Од примерот (шемата) во учбникот сооглдеуваат што се тоа дел - реченици.

- Ја изработуваат првата вежба од учебникот, а потоа ги читаат речениците кои ги составиле.

- Вреднување на знаењата : Активностите на учениците ќе овозможат вреднувања на стекнатите знаења.


- За наредниот час : Секој ученик пишува говор, за кој учеа во месец јануари, според вежбата во учебникот стр.115 ; тоа го прават на лист, во
ракопис или на компјутер ; да извежбаат настап со говорот (учено за говор во јануари).

Наставна единица 12

1. Цел : Да умее да состави и осмисли настап со говор на тема и повод кој сам ќе го одбере

2. Активности, методи, наставни средста :

- Наставникот дал објаснување што и како да подготват како за часот ; ги следи настапите, ги стимулира и ги охрабрува во настапите ; ги вреднува
презентациите со објаснување.

- Учениците се подготвиле за настап за говор ; се представуваат со својот говор ; дискутираат за настапите, ги селектираат најуспешните.

- Работа со текст, читање со настап на сопствен говор.

Развојно - процесно планирање за час 12

1. Наставна единица : Настап со говор на тема по сопствен избор

2. Тип на часот : Примена и презентирање на усвоени знаења

3.. Цели на часот : Да умее да напише говор и да осмисли настап на тема (пригода) која сам ќе ја одбере

4. Форми на работа : Индивидуално

Предвидени активности :

- Наставникот ја проверува редовноста во извршувањето на домашната задача.

- Учениците настапуваат со своите говори ; другите учници и наставникот ги следат настапите, дискутираат за успешноста и ги вреднуваат.

- Наставникот ги собира листовите со говорите, ги прегледува и ги вреднува, ги класифицира во учебничките досиеја.


- За наредниот час : Да ги носат работните листови и учбниците.

Наставна единица 13

1. Цели : Да ги примени стекнатите знаења за сложена реченица во вежби

2. Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот го планира и го осмислува текот на часот ; работно ги ангажира учениците, ја следи работата на учениците ; врши корекции во
одговорите.

- Учениците ги применуваат стекнатите знаења за сложена реченица ; размислуваат и ги изработуваат вежбите ; ги читаат одговорите, вршат
корекции.

- Работа со текст (вежби), пишување, читање одговори.

- Наставно ливче, учебник, тетратки.

Развојно - процесно планирање за час 13

1. Наставна единица : Вежби за сложена реченица

2. Тип на часот : Примена на стекнати знаења во вежби

3. Цели на часот : Да ги примени знаењата во вежби

4. Форма на работа : Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности :
- Наставникот дава упатсво : Ги изработуваат вежбите од наставното ливче

- Учениците, секој индивидуално, ги изработуваат вежбите, потоа ги презентираат одговорите ; можни се и дополнување и корекции ид другите
ученици.

- Наставникот следи, корегира и ги вреднува знаењата.

- За наредниот час : Да размислат за барањето на вежбата на стр.40, на тема ,,На часот по македонски јазик” (настан кој се случил на некој час).

Наставна единица 14

1. Цели : Да ги примени стекнатите знаења за сложена реченица и да умее да твори прозен текст со правилна употреба на македонскиот
литературен јазик

2. Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот објаснил за што да размислат ; го следи процесот на творење ; дискутира и ги вреднува составите.

- Учениците ги пишуваат составите ; читаат состави, дискутираат за нив и ги вреднуваат.

- Пишување, читање, разговор.

- Училишни тетратки.

Развојно - процесно планирање за час 14

1. Наставна единица : Писмена вежба на тема ,,На часот по македонски јазик”

2. Тип на часот : Писмено изразување и творење на дадена тема


3. Цели на часот : Да умее да твори применувајќи ги знаењата за сложена реченица и македонскиот литературен јазик

4. Форми на работа : Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности :

- По упаствата на наставникот за уредност, примена на знаењата, стилски богатите реченици, учениците ги пишуваат составите.

- Наставникот ја следи работата на учениците, помага при можностите на поединци, создава работна атмосфера.

- Ученици читаат состави ; другите учници дискутираат, кажуваат свои забелешки за читањето, за стилската обоеност на речениците, правилниот
ред на зборови и сл.

- Вреднување на знаењата : Наставникот ги прегледува составите кои биле прочитани, дава свое мислење за читањето, стилот, правописот,
уредноста и ги оценува творбите.

- За наредниот час : Двата наредни часа ќе бидат посветени на Лектира „Девојчето од Шестата месечина“ – Муни Вичер

Наставна единица 15 и 16

1. Цели: Да знае да анализира прочитана творба од предвидената лектира

(тема, ликови, идеја, композиција и сл.)

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот ги испланирал методите, активностите и целите; го насочува текот на часот кон реализација на целта на часот; ги
поттикнува учениците кон активности.

- учениците ја подготвиле лектирата, односно ја напишале во тетратките за лектира; се потсетиле на содржината на романот; читаат од
обработките, усно анализираат според барањата на наставникот, дискутираат за прочитаните анализи.

- Работа со текст, читање, разговор.


- Лектира „Девојчето од Шестата месечина“ – Муни Вичер”, на табла со шематски приказ на композицијата на романот.

Развојно-процесно планирање за час 15 и 16

1. Наставна единица: Лектира „Девојчето од Шестата месечина“ – Муни Вичер – анализа.

2. Тип на часот: Примена на знаења во анализата на лектирна творба.

3. Цели на часот: Да умее да анализира прочитана творба.

4. Форми на работа: Дијалошка.

Предвидени активности:

- Еден ученик ја чита обработката од тетратките за лектира; со дискусија, ученици и наставникот ја оценуваат анализата.

- На табла наставникот ја нацртал шемата за развој на дејство на творба; учениците ги посочуваат етапите, ги запишуваат во шемата на
табла и во тетратките; од книгата ги цитираат тие делови.
Девојчето е ....

- Се поведува разговор за впечатоците од прочитаната книга, што е она што ќе го понесат како трајно сеќавање на неа.

учениците изработуваат со open office impress кратка презентација во која со слика, симбол и со збор (избран цитат и објаснување за
причината на неговото одбирање) учениците ги претставуваат најдобрите моменти од книгата (случка, чувство или лик).

-Употреба на ИКТ.

Тематска целина: 7 (март)

Конкретни цели:

- да разликува независни и зависни сложени реченици;

- да составува сложени од дел-реченици;

- да ја знае структурата на сложената реченица;

- да ги препознава и споредува особините на романот;

- да анализира и пренесува со свои зборови делови од роман и од

расказ;

- да ги применува знаењата во писмено изразување;


- да се запознае со синопсисот и сценариото

Реден Наставна единица Број на Време на забелешка


број часови реализација

1 Самостојна анализа на песната„Болен 1 март


лежи Шико Капидан“-народна песна ИКТ

2 Вежби за атрибут и апозиција 1 март

3 Композициска, стилско-јазична анализа 1 март


на извадокот ,,Стариот албум“ ИКТ

4 Прераскажување на фабулата и анализа 1 март


на текстот „Стариот албум“- поим за
роман

5 Зависносложени и независносложени 1 март


реченици ИКТ

6 Сврзнички и бесврзнички реченици 1 март

7 Интерпретација на расказот“Изложба“- 1 март


Бл.Конески

8 Прераскажување на расказот „Изложба“ и 1 март


стилска анализа на текстот

9 Писмена работа ЕКО 1 март

10 Писмена вежба – осврт на прочитан 1 март


роман според даден план ИКТ

11 Споредба меѓу расказ и роман ИКТ 1 март

12 Вежби за сложена реченица 1 март

13-14 Поправка на писмените работи 2 март

15 Контролна вежба(апозиција, сложена 1 март


реченица)

16 Синопсис и сценарио 1 март


Поврзување (интегрирање) на часовите_во однос на програмските подрачја

Час: 2, 5, 6, 10, 12

- Вежби за атрибут и апозиција

- Независни и зависни сложени реченици

- Сврзнички и бесврзнички сложени реченици

- Вежби за сложена реченица

- Контролна вежба (за апозиција и сложена реченица)

Час: 1, 3, 4, 7, 8, 11

- ,,Болен лежи Шико Капидан – Н. песна (интерпретација)

- ,,Стариот албум“; поим за роман (интерпретација)

1. - Композициска, стилско-јазична анализа на извадокот,,Стариот албум“


- ,,Изложба” – Б. Конески – расказ (интерпретација)

- Прераскажување и анализа на расказот

- Споредба меѓу роман и расказ

Час: 9, 13, 14, 15

- Писмена работа
- Содржинска поправка на писмената

- Стилско-јазична поправка на писмената

- Писмена вежба – осврт на прочитан роман

Час: 16

- Синопсис и сценарио

Наставни средства:

- учебник (одобрен од министерот и избран на ниво на училиште)

- одобрени списанија за деца и млади,

- енциклопедии и речници, книги (дополнителна литература);

- илустрации, радио-касети, ЦД и други аудио-визуелни средства;

- интернет, образовни софтвери

Наставни форми (според потребите): демонстративна, работа со текст; дијалошко-монолошка, индивидуална, тандем, работа во групи и
др.

Наставни методи (според потребите): говорна, демонстративно-илустративна, метод на играње улоги, набљудување и истражување,
текст метода и др.
Корелација (со други содржини и наставни предмети):

-Литература и јазик, историја, филмска уметност, ликовно образование

Етички кодекс на оценување: Наставникот применува етички кодекс при оценувањето на своите ученици и тоа
демократичност,праведност,чесност и др.

Корелација со еко стандардите од еко-проектот

час бр.9 Писмена работа Втората понудена тема во врска со писмената работа е во корелација со четирите (погоре наведени) еко
стандарди (1,2,3,4) од еко-проектот и гласи „ Анализа на биодиверзитетот во локалната средина (или на некоја друга варијација на тема
екологија и чиста и здрава животна средина во претходно направен договор со учениците)

Примена на ИКТ во наставата:час бр:1,3,5,10,11

час бр.10 Писмена вежба – осврт на прочитан роман според даден план. Учениците ги изработуваат претходно осмислените свои осврти
на романот кој го селектирале по сопствен избор во open office writer или во open office impress (повторно по сопствен избор) ; потоа ги
читаат, дискутираат за нив и ги вреднуваат.

Оценување:

- Дијагностичко оценување (увид во претходностекнатите знаења)

- Формативно оценување - средства и постапки за вреднување (евалуација) на учењето на учениците:

- усна презентација

- дискусија(разговор) за време на часот


- анализа на текстови

- писмени вежби (есеј);

- вежби од подрачјето јазик;

- домашни задачи,

- чек-листа (листа за проверка) на изведбени активности

- поттикнувачки прашања,

- писмена работа - есеј,

- поправка на писмената работа;

- контролна вежба-есејски прашања

Вреднување, измени и дополнување на планирањето:

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 1

1. Цели: Да умее да ги применува знаењата за анализа на поетска творба,

откривајќи ја градацијата
2. Активности, методи, средства

- Наставникот ги обмислува и планира текот на часот, активностите, методите и форми за работа и истите ги реализира на часот;
поттикнува на активности, дава соодветна помош, ги вреднува самостојните анализи.

- Учениците ги применуваат знаењата при самостојната анализа на песната, според дадениот план; дискутираат за презентирањата и
ги вреднуваат.

- Употреба на учебник, читање, пишување, дискусија.

- Учебник, тетратки, план на табла.

Развојно-процесно планирање за час 1

1. Наставна единица: Самостојна анализа на песната ,,Болен лежи Кузман

Капидан” според даден план.

2. Тип на часот: Писмено творење со примена на стекнати знаења.

3. Цели на часот: Да умее да ги примени знаењата – анализа на поетска творба.

4. Наставни форми: Индивидуална, дијалошка.

Предвидени активности:

- Наставникот го напишал планот на табла.

 Предлог за планот
1. Дај им наслови на четирите делови (слики)
(Првата: Шико капeтанот е болен)

2. Тема
3. Мотив
4. Вид песна (според создавачот, формата и содржината)
5. Видот на стихот (изброј ги слоговите; напиши три стиха со различен
број слогови и подели ги на слогови)

6. Објасни го дијалогот во песната


7. Карактеристики на ликот Шико (од кои стихови ги уочи тие
особини)

8. Стилски фигури (цитирај или објасни ги)

- Учениците ја анализираат песната; потоа читаат од анализите, дискутираат за анализите и ги вреднуваат; наставникот, исто така ги
вреднува презентирањата, со дискусија и објаснува за оценката.

- Вреднување на знаењата: Учениците и наставникот ги вреднуваат анализите.

- За наредниот час: Да повторат за атрибут и апозиција.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 2

1. Цели: Да прават разлика меѓу атрибут и апозиција, да ги откриваат


и да прошируваат реченици применувајќи ги.

2. Активности, методи, наставни средства


- Наставникот ги подготвил вежбите (на табла; или пак во наставни

ливчиња за работа во двојки или индивидуално); го следи текот на

часот (додека ги одговараат прашањата, дава соодветна помош,

коригира.

- Учениците ги одговараат прашањата писмено; ги читаат.


одговорите; проблематичните одговори ги пишуваат на табла и

заеднички се доаѓа до точниот одговор; си ги коригираат

одговорите.

- Пишување, читање одговори, дискутирање (коментари).

- Тетратки, табла (наставни ливчиња).

Развојно-процесно планирање за час 2

1. Наставна единица: Вежби за атрибут и апозиција

2. Тип на часот: Примена на знаења од подрачјето Јазик

3. Цели: Да ги примени знаењата во вежби

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка, наставни

ливчиња (според можностите)

Предвидени активности:

- Наставникот дава упатства за текот на часот; ги напишал

вежбите (на табла, или на наставни ливчиња)

 Предлог за вежбите
1. Потцртај ги атрибутите и апозициите во реченициве.

а) Мојата добра баба вчера дојде кај нас.

б) Дрвениот мост ги спојуваше двете напуштени села.

в) Поетот Гане Тодоровски е роден во Скопје, нашиот главен град.


г) Додека пишував чувствував болка во десното рамо.

д) Тие, по подолго време, отидоа на одмор во Дојран.

ѓ) Мариово, нарекувано наша Швајцарија, бавно се развива.

2. Напиши две реченици со атрибут и две реченици со апозиција.

3. Дополни ги реченициве според потребата (со атрибут и

апозиција).

а) Климент Охридски бил наш просветител.

б) Натпреварот во ракомет ќе се одржи во Кавадарци.

в) Беше висок и играше кошарка.

г) Сите ние ќе му помогнеме на дедото.

4. Напиши по една реченица во кои атрибутска служба ќе вршат:

Придавка, заменка, број и именка.

- Учениците ги читаат одговорите; по потреба се вршат корекции.

- Вреднување на знаењата: Наставникот има можност да ги согледа

знаењата и да ги вреднува.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 3

1. Цели: Да ги препознава основните карактеристики на романот (без


формулирање) како вид творба, анализирајќи извадок од
роман.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот го обмислува текот на часот и сите негови елементи; раководи со активностите, ги поттикнува учениците на
размислување и анализа на текстот.

- Учениците читаат, одговараат на прашањата од наставникот, пишуваат.

- Употреба на учебник (текст), разговор, читање, пишување.

Развојно-процесно планирање за час 3

Наставна единица: Композициска, стилско-јазична анализа на извадокот,,Стариот албум“

2.Тип на часот: Примена на знаења со изнесување заклучоци на содржина од подрачјето Литература

3.Цели на часот: Да ги препознава основните карактеристики на романот (без формулирање) како вид творба, анализирајќи извадок
од роман.

4.Наставни форми: Фронтална, дијалошко-монолошка

Предвидени активности:
- Учениците, прво во себе, го читаат текстот; потоа дел по дел изразно читаат дел по дел од текстот внимавајќи на елементите на
изразното, доживеано читање.

- По логичката пауза, за средување на впечатоците, се интерпретира текстот, според прашањата на наставникот, усно.

 Предлог за прашањата:
1. Кои се мечтите на Бојан при престојот во градот?

2. Што ги предизвикува солзите и тагата кај Бојан и Споменка?

3. Објасни го последниот разговор, заклетвата меѓу нив.

4. Објасни го делот кој почнува: За еден час како да пораснавме ...

5. Како ја разбираш реченицата: Дознај и нешто друго: првата прерана

болка на љубовта.

6. Какво е однесувањето на Бојан дома, по сознанието дека Споменка си

оди.

7. Зошто Бојан не оди да се поздрави со Споменка кога други го прават

тоа?

8. Како се подготвувал Бојан за последната средба со Споменка?

9. Кои чувства го обземаат чекајќи го камионот со Споменка? (Објасни

го тој дел од текстот, цитирај.)

10. Кој бил ,,грабливецот”? Што му грабнал на Бојан?

11. Прераскажи го делот во кој се говори за крајот на китката


трендафили.

12. Објасни ја последната реченица во извадокот.

- Во тетратките, заеднички (паралелно со интерпретацијата на текстот низ прашањата) текстот го делат на целини и пишуваат
објаснувања (реченици за секој дел).

- Вреднување на знаењата: Овие активности овозможуваат сознанија за умешноста на учениците да читаат со разбирање и
размислување за прочитаното и нивната умешност во давањето соодветни одговори.

- За наредниот час: Да умеат да ја прераскажуваат фабулата на текстот; да размислат за темата, ликовите, главните и споредни
настани, описите.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 4

1. Цели: Да знае да ги примени знаењата за анализа и прераскажување

фабула на прозен текст, при што ќе ги спознае елементите на

романот како вид творба.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот поставил цел за часот и ги насочува, поттикнува активностите кон нејзино реализирање; подготвил методи, форми, план
за часот.

- Учениците се подготвиле, според упатствата од претходниот час, и ги презентираат подготовките (фабула, тема, ликови, настани,
описи) за текстот.

- Работа со текст, објаснување, прераскажување, читање (цитирање), опишување, заклучоци.


- Учебник, тетратки, табла.

Развојно-процесно планирање за час 4

1. Наставна единица: Прераскажување на фабулата и анализа (со изведување на заклучоците) на текстот ,,Стариот албум“; поим за
роман
2. Тип на часот: Примена на знаења со изнесување заклучоци на содржина од подрачјето Литература
3. Цели на часот: Да ги применува знаењата при што ќе доаѓа до заклучоци и усно прераскажување на учен текст
4. Наставни форми: Фронтална, дијалошко-монолошка
Предвидени активности:

- Во зависност од планираното време, неколку ученика ја прераскажу-

ваат фабулата на текст; наставникот ги вреднува пресентациите.

- Се прави анализа на текстот, со активно учество на сите ученици, кои дискутираат го поставените барања.

 Предлог за текот на часот, делот за анализа:


а) Кој е главен предмет (проблем) за кој се раскажува во текстот?

(со тоа ја иизвлекуваат главната тема)

б) Кои се споредни проблеми во текстот, тесно сврзани со главниот

проблем?

в) Кои се главни, а кои споредни ликови? (Се откриваат, со оваа

дискусија, споредните ликови кои се тесно поврзани со главните.)

г) Во која средина се одвиваат настаните? (селото, град, кај сливата,

Ридот на јоргованите, Долина на багремите, прашлив пат, крај


реката.) Што согледуваме? (Така сознаваат дека се менуваат описите

на средините каде се одвиваат настаните.)

д) Цитирај реченици каде има описи (на ликови: очи и коса, приковани

нозе, солзи, немоќ, срам, тежина во душата, љубов, немање желба за

јадење, тагување и несоница и сл., опис на места: место кај сливата,

процутени јорговани, татнеж на камиони, квечерина, рид и долина,

река која е бујна, прашлив пат и сл.)

- Од анализата, во планот се внесуваат елементите на романот како вид

творба; се пишува на табла (ученици) и во тетратките.

 Предлог за планот:
1. Долга епска прозна творба 4. Главни и споредни ликови

(има и романи во стихови 5. Цел живот е предмет на

и писма) обработка (може и дел, на пр.

2. Развиена фабула детство)

3. Главна и споредни теми 6. Општествено-историска основа

7. Видови романи според темата

8. Романописци во нашата литература

- Објаснување, дискусии (размислувања) за пасусот: ,,За еден час како да

пораснавме. Прерано дојде болката ...”


- Дискусии за идејноста според последната реченица во текстот.

- Вреднување на знаењата: Од учеството во анализата може да се добијат солидни согледувања на знаењата и умешноста на
учениците во согледувањата за текстот и тоа може да се вреднува.

- За наредниот час: Да повторат за структура на сложена реченица.

 Забелешка: За наредната недела (по пет изминати часа) да прочитаат (или да се потсетат) на прочитан роман. Да изработат
анализа на романот, според планот за анализата на извадокот ,,Стариот албум“;на лист (пожелно е да е изработено на компјутер).

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 5

1. Цели: Да умее да ги препознава и разликува независните и зависните

сложени реченици и да ги оформува од дел-реченици.

2. Активност, методи, наставни средства:

- Наставникот го испланирал текот на часот, активностите и целите; го

координира редоследот на операциите, ги поттикнуа на активности и

заклучоци, создава наставни ситуации, објаснува, помага.

- Учениците ја повториле посочената содржина; ги следат прашањата и

Објаснувањата; помагаат во изведувањето на заклучоците; примену-

ваат знаења во вежбите; поставуваат прашања за нејасности; пишуваат.

- Предавање, објаснување, работа со учебник (текст), применување.

- Учебник, тетратки, табла.

Развојно-процесно планирање за час 5


1. Наставна единица: Зависносложени и независносложени реченици

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик

3. Цели: Да ги разликува зависните од независните сложени реченици и

да умее да ги образува од дел-реченици

4. Форми на работа: Фронтална, дијалошка.

 Предвидени активности:
- Од реченици на табла, практично се повторува содржината за структурата на сложените реченици: што ја сочинува структурата,
заеднички и различни подмет, дел-реченици (како поим).

1. Дојдовме кај вас и ќе останеме цел викенд. (Најмалку два прирока, имаат заеднички подмет кој овде е изоставен, а гласи ние.)

2. Горан влезе, седна на столот и разговараше со дедо му.

дел-реченица дел-реченица дел-реченица

- Со помош на учебникот, се препишуваат две реченици (една зависна и една независна), или пак наставникот напишал други две на
табла.

- Низ дискусија (за пронаоѓање на прироците, поделба на дел-реченица и објаснување за нивната независност или зависност една од
друга) се доаѓа до заклучок кои реченици се зависни, а кои се независни. Се нагласува постоењето на најмалку една главна реченица.

- Се изработува план за содржината (на табла и во тетратките).

 Предлог за планот:
1. Кои реченици се независносложени, а кои зависносложени?

2. Која реченица е главна? Која е улогата на зависната дел-реченица?


3. Потцртај ги прироците во реченицата; подели ја на дел-реченици и

определи го нивниот меѓусебен однос (зависната потцртај ја со една

линија, независната со две линии).

Бојан излезе надвор за да се види со другарите.

- Едната вежба од учебникот, усно се изработува на часот (првата), а втората вежба за дома (за наредниот час).
- Вреднување на знаењата: Од сите активности (повторувањата и новата

содржина) ќе се согледаат знаењата (старите и новите содржини).

Употреба на ИКТ.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 6

1. Цели: Да ги разликува сврзничките и бесврзничките сложени реченици

и да умее да ги трансформира едни во други.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот ја проверува домашната задача; го обмислил текот, целта и

активностите; помага во усвојувањето на содржината.

- Учениците ја изработиле домашната задача; учествуваат во усвојувањето

на новата содржина; донесуваат заклучоци, пишуваат план и

изработуваат вежби; прашуваат ако нешто е нејасно.


- Работа со текст (реченици), објаснување, пишување.

- Учебник, тетратки, наставно ливче.

Развојно-процесно планирање за час 6

1. Наставна единица: Сврзнички и бесврзнички сложени реченици

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик

3. Цели: Да ги разликува двата вида реченици и да умее да ги

трансформира

4. Форми на работа: Фронтална, дијалошка, работа во двојки

 Предвидени активности:
- На истиот принцип како од минатиот час (за зависни и независни

реченици), со примерите (две реченици на табла, од учебникот

препишани, или пак дадеи од наставникот) на табла доаѓаат до

заклучок за овие реченици. Тоа може да се дополни и со уште некоја

реченица.

- Од примерот во учебник, или пак напишан пример од наставникот, да ја

Согледаат можноста за трансформирање на сложената реченица во

други видови реченици (за кои ќе учат во иднина).

 Предлог за пример:
Научи убаво зошто ќе одговараш.
Научи убaвo, ќe oдгoвaрaш!

Научи убаво за да одговараш.

- Како вежби за содржината, за работа во двојки, добиваат наставно

ливче со една вежба; ја изработуваат и ги презентираат одговорите.

 Предлог за наставно ливче


Трансформирај ги реченициве во сврзнички или во бесврзнички (ако

веќе е употребен сврзник.)

a) Мирјана не дојде – лута ми е сигурно.


b) Затопли времево, доаѓа пролетта мила.
в) Мама прави торта зашто утре ми е роденден.

г) Тој е пилот, не се плаши од летање.

д) Кога ќе дојдеш, ќе разговараме за проблемот.

- Вреднување на знаењата: Од прашањата, заклучоците и од вежбата, ќе

се согледа усвоеноста на содржината.

- За дома: Да повторат за особините на расказот како вид творба.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 7
1. Цели: Да знае да интерпретира прозен текст во група, согледувајќи

Ја различноста во размислувањата.

2. Активности, методи, наставни средства

- Наставникот формира групи (според бројот на учениците во паралел ката) и изработува толку наставни ливчиња, со исти прашања за
групите; ја следи работата на групите, без да влијае на нивните одговори; ги слуша презентирањата, наведувајќи ги да ги согледаат
различностите во размислувањата и констатациите.

- Учениците, секој индивидуално во групата, го читаат текстот; заеднички ги пополнуваат наставните ливчиња согледувајќи дека и во
самите групи има различни мислења; групите избираат кој ќе ги чита одговорите; дискусија од која ќе согледаат дека нормално е
различност во мислењата.

- Читање, пишување, метод – секој е различен.

- Учебник, наставно ливче за групи.

Развојно-процесно планирање за час 7

1. Наставна едница: Интерпртација на расказот ,,Изложба” од Бл. Конески

2. Тип на часот: Нова наставна содржина како дополнување на знаењата

3. Цел на часот: Да знае да интерпретира текст во група, согледувајќи ги различностите во размислувањата и согледувањата

4. Форми на работа: работа во двојки

Предвидени активности:

- Наставникот дава упатства (исти прашања, групите не контактираат меѓусебе), укажува што да изработат, како ќе презентираат и да
согледаат како ќе тече заедничката работа во групата.
- Секој ученик во себе го чита расказот; заеднички членовите во секоја група се договараат и ги одговараат прашањата; групите избираат
кој ќе презентира.

 Предлог за наставното ливче


1. Истакни ја темата во текстот

2. Определи ја локализацијата

3. Кои се главните ликови и која е целта со која се таму каде што се?

4. Направи споредба на нивните чувства при влегувањето во просторија

и подоцна, кога се подготвуваат да ја напуштат.

5. Кои елементи на расказ ги согледа во текстот?

6. Кои се твоите размислувања за двоумењето на сликарот?

7. Што би сторил ти да си на негово место?

- Презентираат, дискутираат за одговорите, но и за согледувањата за различните размислувања додека одговарале на прашањата.


- Вреднување на резултатите: Се вреднуваат резултатите на групата.
- За наредниот час: Да ја подготват фабулата на текстот за прераскажување; да ги уочат местата каде има внатрешен монолог
(размислување на ликовите во себе); да ги пронајдат епитетите и компарациите.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 8

1. Цели: Да умее да ги применува стекнуваните знаења за фабула при

анализата на прозен текст


2. Активности, методи и наставни средства:

- Наставникот упатил што да подготват за овој час; ги насочува

активностите кон реализирање на целта на часот која ја испланирал;

поттикнува на активности и ги вреднува искажувањата (со дискусија за нив).

- Учениците се подготвиле за активностите на овој час; презентираат и

дискутираат; слушаат и вреднуваат искажувања на соучениците.

- Работа со текст, прераскажување, објаснување, разговор, пишување.

- Учебник, тетратки, табла, белешки кои ги водат додека ги слушаат

искажувањата (прераскажувањата).

Развојно-приоцесно планирање за час 8

1. Наставна единица: Прераскажување на расказот ,,Изложба” и стилска

анализа на текстот

2. Тип на часот: Усно презентирање на фабула и осврт на стил во текст

3. Цел: Да умее усно да прераскаже фабула и да ги согледа стилските

особености на расказот

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности:
- Ученици ја прераскажуваат фабулата на расказот; учениците кои внимателно треба да следат и да си водат белешки за ученото
(говорот, јазични и стилски грешки во речениците, колку се богати речениците, дали е прераскажана фабулата или содржината);
кажуваат свои забелешки и ги вреднуваат; истото го прави и наставникот.

- Се бараат внатрешни монолози на ликовите, откако ќе повториме што е монолог (внатрешен и надворешен) и дијалог; тие места ги
читаат.

- Се нагласуваат епитетите и се доаѓа до констатација дека ги нема многу, а сепак стилот, речениците се богати, јасни; ги посочуваат и
компарациите (ги читаат).

- Вреднување на знаењата: Веќе беше забележано што и како ќе биде

вреднувано.

- За наредниот час: Ќе прават писмена работа на тема според последната

реченица во расказот ,,Изложба”, но за сопствени размислувања на тема ,,Зошто да не утешам, помогнам, израдувам”. (како прва
изборна тема)

- втората изборна тема е во корелација со четирите еко стандардите од еко-проектот и гласи „Моето училиште – огледало на високата
еколошката свест и грижа на учениците и наставниците“ (или некоја варијација на тема екологија и чиста и здрава животна средина)

 Забелешка: Ги потсетувам дека на часот по писмената треба да донесат изработките (според планот кој им беше даден) за осврт
на роман.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 9

1. Цели: Да знае да ги примени знаењата од сите четири наставни

подрачја во писменото изразување на дадена тема

 Учениците ги изработуваат писмените работи (по сопствен избор на темата) меѓу двете алтернативи:
првата тема: ,,Зошто да не утешим, помогнам, израдувам”

втората тема е во корелација со четирите еко стандардите од еко-проектот и гласи „Моето еколошки чисто и здраво училиште –
огледало на високата еколошката свест и грижата на учениците и наставниците“ (или на некоја друга варијација на тема екологија и
чиста и здрава животна средина во претнодно направен договор со учениците)

- За нареден час: На наставен лист, како им беше кажано осврт на роман.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 10

1. Цели на часот: Да умее, применувајќи ги стекнуваните знаења да

направи осврт на прочитан роман, по даден план.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот дал објаснување, навремено, како да се подготват за час; го испланирал текот на часот; поттикнува на активности кон
реализација на целата на часот; дискутира за задачите и ги вреднува.

- Учениците ги подготвиле домашните задачи според упатствата; читаат, дискутираат за чуените презентации и ги вреднуваат.

- Работа со текст, читање, разговор.

Развојно-процесно планирање за час 10

1. Наставна единица: Писмена вежба – осврт на прочитан роман според


даден план.

2. Тип на часот: Писмена вежба на однапред дадена тема

3. Цел на часот: Да примени знаења во обработка на прочитан роман

4. Форми на работа: индивидуална, дијалошка

5. Наставни техники: Наставен лист (по можност, изработен компјутерски)

Предвидени активости:

- учениците ги читаат своите осврти на романот кој го селектирале по сопствен избор изработени во open office writer или во open office
impress (повторно по сопствен избор) ; дискутираат за она што го слушаат; даваат дополнувања (по сопствени видувања); ги
вреднуваат составите.

- Наставникот следи; дискутира и тој за изработките и ги вреднува.

 Вреднување на знаењата: Наставникот вреднува сè од презентациите: говорењето, естетската страна на домашната задача, јазични,
стилски и правописни забелешки. Најуспешните (во соработка на учениците) се селектираат за да најдат свое место на ѕидниот
весник и во електронското досие.
 Употреба на ИКТ.
- За наредниот час: Да повторат за сложена реченица и за видовите сложени реченици; да ги носат и работните листови – за час 12.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 11

1. Цели: Да умее да ги согледа и спореди карактристиките на расказот и


романот и писмено да ги образложи.

2. Активности, методи, наставни средства:


- Наставникот навреме објаснил како и што да подготват за овој час; тој ги следи изработките, дискутира за истите и ги вреднува; ги
поттикнува во изработката на дијаграмот, како синтеза на сознанијата.

- Учениците ги подготвиле задачите (имаат можност да го направат тоа компјутерски, според можностите); читаат изработки, ги следат
презентациите, дискутираат за нив, ги вреднуваат; учествуваат и го бележат Веновиот дијаграм во тетратките.

- Работа со текст, читање, пополнување дијаграм, дискусија.

- Изработените наставни листови, табла со Венов дијаграм, тетратки.

Развојно-процесно планирање за час 11

1. Наставна единица: Наставен лист со споредба на расказот и романот,

според стекнатите сознанија и од обработени текстови.

2. Тип на часот: Примена и презентирање на знаењата.

3. Цели на часот: Да умее да ги спореди романот и расказот и да образложи

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка

5. Наставни техники: Венов дијаграм.


Предвидени активности:

- Ученици читаат од домашните задачи и дискутираат за забелешките кои ги уочиле; дополнуваат со свои сознанија за разликите и
сличностите.

- Наставникот ги коментира изработките и ги вреднува истите.

 Се црта Венов дијаграм (на табла и во тетратките); низ коментари, се впишуваат во дијаграмот особеностите и разликите на расказот и
романот како видови литературни творби.
 Употреба на ИКТ.
- срeднa пo
- прозни; - дoлгa пo гoлeминa; - епски; - повеќe ликови;
гoлeминa;
- настани; - пoвќe случkи,
- eдeн- ликови;
дo двa дел или цел живот
Главни лика; - случки -од животот на луѓето ;
- eднa случкa -животот . – повeќе теми
(дел, нaстaн); (главна и споредни)
- eднa тeмa;
- кус врeмeнсkи
пeриoд period.
расказ роман

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 12

1. Цели: Да ги применат знаењата за сложена реченица во вежби.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот ги испланирал текот на часот, активностите и целта на

часот; ги стимулира нивните активности; ја следи работата на учениците;

помага при можностите на поединци.

- Учениците ги изработуваат вежбите во наставните листови; ги

разменуваат меѓусебе наставните листови и вршат корекции со црвено пенкало

кога ќе ги читаме одговорите на прашањата.

- Пишување, практична работа – примена на знаењата.

- наставните листови, пенкала со црвени мини.

Развојно - процесно планирање за час 12


1. Наставна единица : Вежби за сложена реченица

2. Тип на часот : Примена на стекнати знаења во вежби

3. Цели на часот : Да ги примени знаењата во вежби

4. Форма на работа : Индивидуална, дијалошка

Предвидени активности:

- Наставникот дава упатства за изработка на вежбите и каков ќе биде

текот на часот (укажува кои и какви активности ќе следат).

- Учениците ги изработуваат вежбите; ги разменуваат наставните

листови со соучениците; читаат одговори, наствникот следи и коригира

по потреба; ученици вршат поправки во наставните листови на

другарчињата.

- Си ги врќаат наставните листови и секој согледува каде грешел.

- За наредниот час - часови: Ќе прават два часа поправка на писмените.

НАСТАВНИ ЕДИНИЦИ 13 И 14

1. Цели: Да умеат да ги согледаат позитивните и негативните белешки


кои ги напишал наставникот за писмените работи.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот ги прегледал писмените работи, ги напишал објаснувањата

за оценката и ги коригирал грешките; ги испланирал тековите на двата

часа за поправка и поттикнува кон размислување и дискусии; водел

белешки за поправките кои и ќе ги презентира.

- Учениците ги согледуваат забелешките; слушаат состави кои ќе ги чита

наставникот и учениците; вршат корекции на посочени грешки од

наставникот, пишувајќи ги на табла (правописни, јазични, стилски);

прават поправки во вежбанките.

- Читање, пишување, работа со текст, разговор.

Развојно-процесно планирање за час 13 и 14

1. Наставна единица: Поправка на писмените работи


2. Тип на часот: Проверка на извршена задача
3. Цел на часот: Да ги согледа забелешките кои ги направил(а) во писменото изразување на дадена тема
4. Форми на работа: Фронтална, монолошко-дијалошка
Предвидени активности:

- За час 13 – содржински осврт на писмената работа; наставникот ги изнесува општите забелешки за резултатите од писмената (кои ги
водел додека ги прегледувал; повикува да бидат прочитани состави кои добиле различни оценки (но, не се соопштува оценката), па
учениците се изјаснуваат за висината на оценката.
- За час 14 – од белешките (примерите) кои наставникот ги запишал за стилките, јазичните и правописните грешки, ученици ги
пишуваат на таблата и во тетратките, при што вршат и корекции.

- За наредниот час: Ќе прават контролна задача на прашања за апозиција и за сложена реченица (видовите).

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 15

1. Цели: Да ги примени стекнуваните знаења во вежби

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот ја подготвил контролната вежба; ја спроведува, ги прегледува и ги бележи прашањата кои најмалку, процентуално, се
позитивно (точно) одговорил, што ќе биде разгледувано на поправката на контролните.

- Ужениците ги одговараат прашањата во работна атмосфера која ја овозможува наставникот, а ја реализираат и за неа придонесуваат
учениците.

Развојно-процесно планирање за час 15

1. Наставна единица: Контролна вежба (апозиција, сложена реченица)

2. Тип на часот: Проверка на знаења од подрачјето Јазик

3.Цел на часот: Да умее да ги примени знаењата во вежби за да се овозможи формативно оценување на знаењата.

4.Форми на работа: Индивидуална

5.Наставни техники: Контролни листови ( за две групи)

Предвидени активности:
- Наставникот ги поделува листовите со контролните вежби; учениците индивидуално ги изработуваат вежбите.
- На крајот од часот наставникот ги собира листовите со контролните задачи.
Предлог за контролната задача

1. Прошири ги реченициве со апозиција.

а) Ние ги прошетавме гостите во Скопје.

б) Мојата другарка отпатува во Љубљана.

в) Дворот на Милка е најубав во населбата.

г) Го читав романот кој го купив вчера.

2. Подели ги реченициве на дел-реченици и поцртај ги зависните.

а) Денес ја пишувавме лектирата која ни е за утре.

б) Кога почна натпреварот, екипите се растрчаа по теренот.

в) Баба ми дојде за да не чува зашто родителите отпатуваа.

г) Се налутивме со брат ми макар што се сакаме многу.

3. Прошири ги простите реченици во сложени.

а) Сонцето се скри зад планината.

б) Наставникот убаво ја објасни содржината.

4. Потцртај ги зависните дел-реченици.

а) Тренерот рече дека очекува победа од нас.

б) Газевме по жешкиот песок што се простираше во недоглед и се


смеевме.

в) Откако се најадов, излегов во двор за да се восхитувам на убавиот ден.

5. Напиши една сложена реченица во која ќе има една зависна дел-

реченица.

6. Трансформирај ги бесврзничкиве реченици во сврзнички.

а) Вредна е, ќе успее во целта.

б) Лута е, ќе излезе со другарките.

в) Немаш блок, го заборавил утрово брзајќи.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 16

1. Цел: Да прави разлика меѓу синопсисот (фабула за филм) и сценарио

(книгата на снимање), познавајќи ги нивните карактеристики.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот го подготвил планот за часот, ги предвидел активностите, ги испланирал целта и методите; објаснува и поттикнува
учениците да размислат, да предложат теми за филмови и сл.

- Учениците ги следат објаснувањата, читаат делови од синопсисот и сценариото во учебникот; заклучуваат кои се елементите на овие
два текста, по што се разликуваат во содржината и формата.

- Предавање, читање, работа со текст (учебник), разговор.


Развојно-процесно планирање за час 16

1. Наставна единица: Синопсис и сценарио

2. Тип на часот: Нова содржина од подрачјето Медиумска култура

3. Цели на часот: Да ги знае особеностите на синопсисот и сценариото и да

прави разлика меѓу нив (во формата и содржината)

4. Форми на работа: Фронтална, дијалошка

Предвидени активности:

- Повторување на знаењата за филм: Што е филмот, видови – поделби на филмовите.

- Ги читаат текстовите, прво во себе а потоа на глас, со упатство од наставникот да внимаваат на формата и на содржината.

- Се извлекуваат заклучоци за разликите меѓу синопсисот и сценариото.

- Прави план за содржината на табла и во тетратките:

1. Филмска идеја – камен темелник

2. Втор чекор – синопсис

3. Сценарио – основа на снимање филм

4. Елементи кои се надоградуваат – филмско сценарио

5. Книга на снимање – содржински елементи

- Вреднување на знаењата: Од активностите на часот, ќе се уочат постигнувањата, колку е содржината совладана.


Тематска целина: 8 (април)
Конкретни цели:

-да ги знае особеностите на дневникот како литературно–научен вид;

- да умее да обмисли почеток на текст употребувајќи го македонскиот литературен јазик и стилски богатите реченици;

- да ги препознава карактеристиките на исказ на лик во драмски текст:

- да ги примени стекнатите знаења од четирите наставни подрачја и пишувајќи дел од автобиографија и сценарио;

- да ги препознава и разликува видовите независносложени реченици и правилно да ги применува во изразување

Ред.бро Наставна единица Број на Време на забелешка


ј часови реализација

1. Составни независносложени 1 април


реченици

2 Автобиографија(Од 1 април
автобиографијата на Прличев)

3 „Мерак по книгата“(од 1 април


автобиографијата на Марко
Цепенков)-интерпретација и
споредба со Венов дијаграм
4 Писмен вежба:„Од мојата 1 април
автобиографија“(ИКТ)

5 Спротивни независносложени 1 април


реченици

6 ,,Од недовршениот дневник на 1 април


еден ученик“интерпретација на
извадок од дневник

7 Анализа на домашните 1 април


задачи„Една страница од мојот
дневник“ и на извадоците „Од
дневникот на Ана Франк“.(ИКТ)

8 Разделни независносложени 1 април


реченици

9 „Буре барут “-Дејан Дуковски– 1 април


интерпретација; поим исказ на
лик

10 „Чест“-В.Иљоски- 1 април
интерпретација(ИКТ)

11 Лектира „Александра“ – Томе 1 април


Арсовски

12 Усно изразување :Текст со изменет 1 април


почеток; по текстот „Ѕвезди“-
Видое Подгорец
13 Исклучни и заклучни 1 април
независносложени реченици

14 вежби за видовите 1 април


независносложени реченици

15 Писмено изразување на тема- 1 април


пишување сценарио(ИКТ)( ЕКО)

16 Презентирање на сценаријата 1 април

Поврзување (интегрирање) на часовите_во однос на програмските подрачја:

Час: 1, 4, 8, 13, 14

- Состав на независносложени реченици

- Спротивни независносложени реченици

- Разделни независносложени реченици

- Исклучни и заклучни независносложени реченици

- Вежби за независносложени реченици

Час: 2, 3, 5, 6, 9, 10, 11, 12

- Дневник – литературно-научен вид

- Автобиографија

- Исказ на лик (лектира)


Час: 12, 4

- Почеток на литературен текст по сопствена замисла

- Вежби за пишување автобиографија

Час: 15, 16

- Пишување на настап со сценарио

Наставни средства:

- учебник (одобрен од министерот и избран на ниво на училиште)

- одобрени списанија за деца и млади,

- енциклопедии и речници, книги (дополнителна литература);

- илустрации, радио-касети, ЦД и други аудио-визуелни средства;

- интернет, образовни софтвери

Наставни форми (според потребите): демонстративна, работа со текст; дијалошко-монолошка, индивидуална, тандем, работа во групи и
др.

Наставни методи (според потребите): говорна, демонстративно-илустративна, метод на играње улоги, набљудување и истражување,
текст метода и др.
Корелација (со други содржини и наставни предмети):

-Литература и јазик, историја, филмска уметност, странски јазици

Етички кодекс на оценување: Наставникот применува етички кодекс при оценувањето на своите ученици и тоа
демократичност,праведност,чесност и др.

Корелација со еко стандардите од еко-проектот

час бр.15 Пишувам сценарио. Во претходен договор со учениците тие творат свои кратки сценарија на тема Влијанието на хигиената врз
здравјето. Притоа користат и ИКТ т.е. програмата open office writer, а нивните сценарија се однесуваат на еден избран еко – стандард
или пак на комбинација од четирите еко стандарди кои се однесуваа на штедењето на изворите на енергија, штедењето на водата,
разубавувањето на училиштето и училишниот двор со цвеќе и зеленило и отстранување на сите непотребни и нефункционални
предмети.

Примена на ИКТ во наставата:час бр:4,7,10,11,15

час бр. 4 Писмено изразување – вежба за автобиографија со примена на ИКТ

творат автобиографија со примена на програмата open office writer (текст и вметнување на свои слики од раѓањето до актуелниот
момент)

час бр. 15 (објаснет погоре кај корелација со еко стандардите)

Оценување:

- Дијагностичко оценување (увид во претходностекнатите знаења)


- Формативно оценување - средства и постапки за вреднување (евалуација) на учењето на учениците:

- усна презентација

- дискусија(разговор) за време на часот

- анализа на текстови

- писмени вежби (есеј);

- вежби од подрачјето јазик;

- домашни задачи и лектири;

- чек-листа (листа за проверка) на изведбени активности

- поттикнувачки прашања,

- Сумативно оценување (оценување на наученото, на крајот на тромесечието)

Вреднување, измени и дополнување на планирањето:

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 1

1. Цели: Да ги препознава и да ги разликува составните реченици и


правилно да ги употребува.

2. Активности, методи, средства:

- Наставникот го обмислува текот на часот, формите, методите и активностите; ја обмислува содржината, дообјаснува делови кои не
ги усвојуваат учениците или тоа го прават побавно; задава вежби, слуша и коригира одговори.

- Учениците ги следат објаснувањата, размислуваат, извлекуваат заклучоци; поставуваат прашања за елементи кои не им се јасни;
изработуваат план за содржината, одговараат на вежбите и презентираат.

- Предавање, објаснување, пишување, работа со учебник.

- Учебник, тетратки, табла (евентуално, по можност ИКТ за вежби).

Развојно-процесно планирање за час 1

1. Наставна единица: Составни независносложени реченици

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик.

3. Цели на часот: Да ги препознава и да ги разликува составните реченици

и правилно да ги употребува.

4. Наставни форми: Фронтална, дијалошка.

Предвидени активности:

- Низ прашања од наставникот се повторуваат знаењата за видовите сложени реченици (независни и зависни, сврзнички и бесврзнички).

- Од примерите во учебникот (или подготвени примери од наставникот) наставникот објаснува што искажуваат овие видови реченици;
низ примери ги уочуваат сврзниците и сврзничките состави, како и употребата на запирката според Правописот.

- Заеднички се пишува план (во тетратките и на табла).


- Некои усно, а некои писмено ги изработуваат вежбите во учебникот.

* Забелешка: Зависно од можностите, може да се користи ИКТ за

составување примери со овие реченици составени од

учениците.

- Вреднување на знаењата: Учество во активностите, примерите кои ги составуваат, планот за содржината и изработката на вежбите, се
можности да се согледаат и вреднуваат знаењата на учениците, (за формативно оценување).

- За наредниот час: Да се потсетат на учените содржини од VI одделение за Григор Прличев и неговата поема ,,Сердарот”.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 2

1. Цели: Да ги согледа карактеристиките на автобиографијата и како


листературно-научен вид и како форма на писмено

изразување.

2. Активности, методи, наставни средства


- Наставникот упатил што треба да повторат за овој час; го обмислил текот на часот; ги планирал активностите и целите;
поттикнува и насочува кон реализација на целта на часот; дава појаснувања – по потреба.

- Учениците ја повториле посочената содржина од VI одделение; читаат текст, го анализираат согледувајќи ги елементите на
автобиографијата како форма на изразување и како творба; прават план за заклучоците.

- Работа со текст, читање, разговор, пишување, заклучоци.

Развојно-процесно планирањеза час 2


1. Наставна единица:Автобиографија(Од автобиографијата на Прличев)

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Литература

3. Форми на работа: Дијалошка

4. Цел на часот: Да ги согледа карактеристиките на

автобиографијата

Предвидени активности

- Со помош на прашањата поставувани од наставникот се повторуваат знаењата за Г. Прличев, неговото дело ,,Сердарот” и за
нивните значења.

- Се чита извадокот од автобиографијата на г. Прличев, ,,Саканиот учител”; низ прашања за воведниот дел и за содржината, се
интерпретира текстот (и со прашањата од учебникот); се става акцент на деловите од текстот (се цитираат зборови и реченици)
во кои ги откриваме карактеристиките на Д. Миладинов, видени според кажувањата на неговиот ученик Г. Прличев.

- Се извлекуваат заклучоци за особеностите на автобиографијата, секако преку прашања од наставникот: Зошто овој вид творба е
научна, а зошто е литературна? За што се раскажува во нив? На што се темели содржината на овие творби? Кои се особеностите
на стилот со кој се пишува автобиографијата? (Во ваков облик може да се напише и план на табла и во тетратките).

- Вреднување на знаењата: Од сите планирани и реализирани активности може да се согледа усвоеноста на знаењата од
учениците, за формативно оценување.

- За наредниот час: Да ја донесат, колку што е можно повеќе ученици, Автобиографијата на Г. Прличев, а тоа го прави и
наставникот (колку примероци може да донесе).

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 3

Цели: Да ги утврди знаењата за особеностите на автобиографијата


правејќи споредба со претходниот текст кој го анализира.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот посочил што да подготват за овој час; ги насочува и поттикнува учениците кон размислување и кон заклучоци; се
грижи за работната атмосфера; создава наставни ситуации, прифаќа идеи.

- Учениците се подготвиле за активности на часот; читаат текстови (извадоци), размислуваат, кажуваат заклучоци и свои
согледувања, ги споредуваат текстовите и ги прераскажуваат фабулите на двата текста.

- Читање, работа со текст, разговор, објаснување.

- Учебник, Автобиографија од Г. Прличев.

Развојно-процесно планирање за час 3

1. Наставна единица: Мерак по книгата (од автобиографијата на Марко

Цепенков) – интерпретација и споредба со Венов дијаграм

2. Тип на часот: Анализа на текст за утврдување на знаењата.

3. Цел: Да ги утврди знаењата за автобиографијата како научно-литературен вид правејќи споредба на два текста.

4. Форми на работа: Дијалошка.

5. Наставни техники: Венов дијаграм.

Предвидени активности:

- Со помош на прашања кои ги поставува наставникот, се повторуваат знаењата за автобиографија и содржината на текстот ,,Саканиот
учител”.
- Се чита текстот ,,Мерак по книгата”; низ прашања се интерпретира содржината; се открива кој е споманатиот Фони и неговата творба;
акцентот е насочен кон активностите на Д. Миладинов и размислувањата на М. Цепенков за него и за поттикот кој го предизвикал во
него.

- Со Венов дијаграм се споредуваат двата текста.

* Забелешка: Ако има можност, се користи ИКТ за пронаоѓање

податоци за Г. Прличев, за ,,Сердарот” и за М. Цепенков

- Читаат делови од Автобиографијата на Г. Прличев кои наставникот им ги посочил (делови кои се однесуваат на неговото школување
и делот кога ја добил наградата за поемата ,,Сердарот” во Атина )

- Вреднување на знаењата: со овие усни изразувања (презентации) од учениците, на претходни и новостекнати знаења, може да се
врши дијагностичко и формативно оценување.

- За наредниот час Да размислат кој дел од сопствената автобиографија би сакале да го забележат, да го раскажат.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 4

1. Цели: Да умее писмено да твори раскажувајќи дел од сопствената автобиографија и применувајќи ги стекнуваните знаења.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот укажал што и како да подготват за часот; објаснува (дава насоки) за изработка на вежбата (да напишат дел од својата
автобиографија, според упатството); ја следи работата на учениците, ги вреднува презентациите.

- Учениците се подготвиле за часот; пишуваат состави; прашуваат ако имаат нејасности; ги презентираат изработките, дискутираат и ги
вреднуваат составите.

- Работа со текст, пишување, читање, разговор


Развојно-процесно планирање за час 4

1. Наставна единица: Писмено изразување – вежба со примена на ИКТ

2. Тип на часот: Вежба за примена на знаења.

3. Цели: Да умее писмено да се изрази на дадена тема.

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка.

Предвидени активности:

- Учениците творат со примена на програмата open office writer според барањата во вежбата и укажувањата на наставникот кој ја следи
нивната работа, дава соодветна помош според можностите на учениците.

- Читаат состави, дискутираат за составите и ги вреднуваат.

- Наставникот низ дискусија вреднува, ги проверува составите, посочува евентуално направени правописни грешки кои учениците ги
коригираат.

 Вреднување на знаењата: Се врши формативно оценување преку овие писмени вежби, како метод на оценување.
 Употреба на ИКТ.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 5

1. Цели: Да ги препознава и разликува спротивните независносложени

реченици и правилно да ги употребува.

2. Активности, методи, наставни средства:


- Наставникот ги организира видот и обемот на активности, ги стимулира активностите, создава наставни ситуации, објаснува и целиот
тек на часот го насочува кон реализација на целта.

- Учениците следат објаснувања, одговараат на прашања, извлекуваат заклучоци, прават и пишуваат план, изработуваат вежби.

- Работа со учебник, објаснување, пишување, примена на знаења.

- Учебник , тетратки, табла.

Развојно-процесно планирање за час 5

1. Наставна единица: Спротивни независносложени реченици

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик

3. Цел: Да ги препознава овој вид реченици и правилно да ги употребува.

4. Форми на работа: Предавање, дијалошка, индивидуална.

Предвидени активности:

- Од речениците како примери во учебникот (или други кои ги запишал наставникот на табла), од прашањата на наставникот учениците
изведуваат заклучоци за: Што изразуваат овие реченици? Со кои сврзници се поврзуваат? Кое е правилото во однос на употребата на
запирката? (Можен е ваков план за содржината, во облик на прашања).

- Усно и писмено ги изработуваат вежбите во учебникот и презентираат.

* Забелешка: Можна е групна работа, со поделба на вежбите во групи.

Исто така, според можностите, можна е примена на ИКТ за

составување реченици од овој вид.

- Вреднување на знаењата: Овозможено е формативно оценување на усните или писмените изработки на вежбите.
НАСТАВНА ЕДИНИЦА 6

1. Цели: Да ги знае карактеристиките на дневникот како литературно-

научен вид творба согледани со интерпретација на текст.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот го организира текот на часот, видот и обемот на активности, ги охрабрува во активностите, помага во согледувањата и во
извлекувањето на заклучоците.

- Учениците го читаат текстот; писмено одговараат на прашањата на наставникот; ги читаат одговорите согледувајќи колку
индивидуални приоди има во одговорите и заклучоците (согледувањата).

- Работа со текст, читање, пишување, разговор.

Развојно-процесно планирање за час 6

1. Наставна единица: ,,Од недовршениот дневник на еден ученик“

интерпретација на извадок од дневник

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Литература

3. Цел на часот: Да ги согледа особеностите на дневникот како вид творба

преку интерпретација на извадок.

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка.

5. Наставни техники: Техника на индивидуализација.


Предвидени активности:

- Наставникот ги упатува во активностите: секој ученик го чита во себе извадокот, вниманието му е насочено во содржината и во
формата на текстот; го чита делот за авторот за подобро разбирање на извадокот.

- Потоа наставникот чита прашање по прашање, правејќи пауза меѓу прашањата, за секој ученик индивидуално, да го напише одговорот.

- Ги читаат одговорите изнесувајќи заклучоци за особеностите на дневникот како вид творба кои потоа ги проверуваат во објаснувањето
за дневник во учебникот.

- Веднување на знаењата: Содржината дава можност за дијагностичко и формативно оценување на знаењата.

- За наредниот час: Да напишат една страница од свој дневник, за некој настан кој им се случил, следејќи ја формата и особеностите на
дневник.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 7

1. Цели: Да ги утврдат знаењата со интерпретација на извадок од друг

дневник и од сопствените домашни задачи.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот укажал што да подготват; го обмислил текот на часот, ги насочува активностите кон реализација на целта на часот; ги
вреднува домашните задачи со дискусија за нив.

- Учениците ги подготвиле домашните задачи, ги читаат и дискутираат за нив: читаат озвадоци од ,,Дневникот на Ана Франк” (од
учебникот) и ги интерпретираат.

- Работа со текст, читање, разговор.


Развојно-процесно планирање за час 7

1. Наставна единица: Анализа на домашните задачи ,,Една страница од

мојот дневник” и на извадоците ,,Од дневникот на Ана Франк”

2. Тип на часот: Утврдување на знаење од подрачјето Литература.

3. Цел: Да ги утврди и користи знаењата за литературниот вид дневник.

4. Форма на работа: Дијалошка, индивидуална.

Предвидени активности:

- Повторување на знаењата за особеностите на дневник; проверка на редовноста во носењето на домашните задачи.

- Ученици читаат домашни задачи, дискутираат за нив; и наставникот дискутира за составите и ги оценува.

- Читаат делови од дневникот на Ана Франк и ги интерпретираат.

 Вреднување на знаењата: Се врши формативно оценување.


 Употреба на ИКТ.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 8

1. Цели: Да ги разликува и препознава разделните независносложени

реченици и правилно да ги употребува.

2. Активности, методи и наставни средства:

- Наставникот планира вид, обем, методи, форми и цели за часот; ги поттикнува на активности, дава упатства и објаснувања.

- Учениците дваесет минути ја читаат (учат) содржината за разделните реченици од учебникот. Потоа презентираат одговори на
прашањата кои ќе ги поставува наставникот.
- Читање, објаснување, разговор, примена на знаења.

- Учебникот, тетратките.

Развојно-процесно планирање за час 8

1. Наставна единица: Разделни независносложени реченици

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик

3. Цели: Да ги разликува и препознава овој вид реченици и правилно да ги

употребува.

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка.

5. Наставни техники: Техника на индивидуализација.

Предвидени активности:

- Наставникот дава упатства за задачата која им претстои, за начинот на кој ќе се одвиваат активностите и текот на часот.

- Учениците ја учат од учебникот содржината за разделните реченици (дваесет минути); потоа наставникот чита прашања, а учениците
даваат одговори; можат меѓу себе да ги дополнуваат одговорите.

- Вреднување на знаењата: Оваа техника овозможува индивидуално формативно оценување за нова наставна содржина.

- За наредниот час: Да ги повторат стекнуваните знаења за драма.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 9

1. Цели: Да ги препознава карактеристиките на драмски текст при


интерпретација на извадок од драмско дело.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот дава инструкции за текот на часот, ги координира активносте, создава наставни ситуации, стимулира, нуди идеи.

- Учениците ги повториле содржините за драма; одговараат на прашањата при повторувањето за драма и при интерпретацијата на
текстот; согледуваат специфики на говорот на ликовите и изведуваат заклучоци споредувајќи и разликувајќи го со говорот на писателот.

- Читање, разговор, работа со текст, објаснување.

- Учебник, тетратки.

Развојно-процесно планирање за час 9

1. Наставна единица: „Буре барут “-Дејан Дуковски– интерпретација; поим исказ на лик

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Литература

3. Цели: Да ги препознава карактеристиките на драмски текст уочувајќи

ги во извадок од драмско дело.

4. Форми на работа: Дијалошка

Предвидени активности:

- Низ прашања се повторуваат знаењата за драма: дека е литературен род, творба за презентирање на сцена пред публика, има
директен говор на ликовите, тие се носители на драмското дејство.

- Учениците индивидуално во себе го читаат текстот; преку одговорите на прашањата во учебникот ја интерпретираат содржината на
текстот.
- Се уочува директниот говор на ликовите, односно исказите; се споредува со зборовите на авторот даден во загради; покрај тоа во
текстот ликовите користат мимики и гестови.

- Текстот учениците го читаат по улоги, како и зборовите на авротот.

- Вреднување на знаењата: Се вреднуваат знаењата за драма, читањето и

заклучоците на содржината.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 10

1. Цели: Да ги утврди и провери знаењата за говорот на ликовите во

драмски текст со интерпретација на извадок од драмски текст.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот го организира текот на часот, ги насочува и поттикнува активностите кон остварување на целта на часот; се грижи за
работната атмосфера, дава соодветна помош.

- Учениците читаат, го интерпретираат текстот; размислуваат и пишуваат прашања, даваат одговори на истите; прераскажуваат.

- Читање, објаснување, пишување, работа со текст, разговор.

Развојно-процесно планирање за час 10

1. Наставна единица: ,,Чест” – В. Иљоски - интерпретација

2. Тип на часот: Проширување и утврдување на знаења од подрачјето

Литература со примена на знаењата


3. Цели: Да ги утврдат и да ги проверат своите знаења со примена на

истите.

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка.

Предвидени активности:

- Учениците во себе го читаат текстот; потоа составуваат прашања за него според упатствата на наставникот прашањата да се однесуваат
на: содржината, на описите, особините на ликот на Милка, чувствата на ликовите и на нивните искази.

- Потоа ги поставуваат прашањата меѓу себе, односно ученик ги чита прашањата и бара од соучениците одговори; откако ќе заврши тој
ученик, и други ученици ги поставуваат своите прашања и добиваат одговори од учениците.

- Учениците ја прераскажуваат фабулата на извадокот претворајќи го директниот говор на ликовите во раскажувачка форма.

 Вреднување на знаењата: За сите свои активности учениците се оценуваат, односно за умешноста да состават прашања и за
прераскажување фабула.
 Употреба на ИКТ.
- За наредниот час: да размислат за тема на која би напишале кус драмски текст.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 11

1. Цели: да ги примени знаењата од драма во драмски текст

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот дава насоки за текот на часот и кои ќе бидат активностите; ги упатува кон реализација на задачата; дискутира за
презентациите и оценува.
- учениците се подготвиле за активностите на часот за кои добиле упатства на претходниот час; творат дијалошки текст, читаат и
дискутираат за составите кои ќе ги презентираат.

- Пишување, читање, разговор, работа со текст (со применети знаења).

Развојно-процесно планирање за час 11

1. Наставна единица: „Александра“ – Томе Арсовски

2. Тип на часот: Примена на знаења од подрачјата Јазик и Литература

3. Цел на часот: Да умее да ги примени знаењата за литературно, стилски

богато и правописно точно писмено изразување.

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка.

Предвидени активности:

- Учениците го анализираат драмскиот текст во тетратките, а наставникот ја следи нивната работа и според потребите дава помош.

- Ученици читаат од анализите на ликовите, дискутираат за нив (колку успешно се применети знаењата за кои им беше кажано да ги
применат).

 Наставникот ги вреднува составите дискутирајќи за нив, односно објаснувајќи ги своите забелешки за содржината, стилот, читањето
и сл.
 Употреба на ИКТ.
- За наредниот час: Да го прочитаат текстот ,,Ѕвезди”, да размислат за почетен дел на текстот кој завршува со зборовите ,,... ми се роди
желба да станам писател.”; настапуваат усно, а може да си носат белешки за потсетување при презентирањето.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 12
1. Цел на часот: Да ги применат знаењата и да ги претстават своите

творечки потенцијали.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот објаснил што да подготват за часот; ги следни нивните претставувања, дискутира за нив и ги оценува.

- Учениците се подготвиле за усните презентации според упатствата; се претставуваат со своите подготовки, дискутираат за нив.

- Прераскажување, разговор, примена на знаења.

Развојно-процесно планирање за час 12

1. Наставна единица: Усно изразување :Текст со изменет почеток; по текстот „Ѕвезди“- Видое Подгорец

2. Тип на часот: Практична примена на знаења.

3. Цели: Да умее да ги примени стекнуваните знаења во усно изразување.

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка.

Предвидени активности:

- Учениците ги претставуваат своите подготовки, односно презентираат свои замисли за друг почеток на текстот ,,Ѕвезди”; по секое
претставување ученици зборуваат за своите забелешки за тоа што е претставено.

- Наставникот, исто така, дискутира за чуеното и ги вреднува презентациите.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 13
1. Цели: Да ги препознаваат и да ги разликуваат исклучните и заклучните

независносложени реченици и правилно да ги употребуваат.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот размислил и ги подготвил: наставните ливчиња, текот на часот, активностите на учениците; објаснува и помага.

- Учениците ја читаат содржината, ги применуваат знаењата во наставните ливчиња, ги презентираат одговорите од нив, објаснуваат.

- Работа со учебник, читање, пишување, примена на знаења, разговор.

- Наставни ливчиња, учебник.

Развојно-процесно планирање за час 13

1. Наставна единица: Исклучни и заклучни независносложени реченици.

2. Тип на часот: Самостојно учење, односно активна настава и примена на

стекнатите знаења.

3. Цели на часот: Да ги препознава и правилно да ги применува знаењата

за исклучните и заклучните независносложени реченици.

4. Форми на работа: Работа во парови со наставни ливчиња.

Предвидени активности:

- Наставникот ги поделува наставните ливчиња; во едните ливчиња има прашања за исклучните реченици, а во другите прашања за
заклучните реченици; им дава упатство дека ја учат содржината за овој вид реченици од учебникот, а стекнатите знаења ги применуваат
во прашањата и барањата во наставното ливче; секој пар добива по едно ливче и во него пишува.
- Ученици презентираат одговори преку кои ја учат содржината и другите ученици, односно ги разменуваат знаењата за овие реченици.

- По потреба, наставникот појаснува, помага во совладувањето на новата наставна содржина.

- Вреднување на знаењата: Преку вежби во наставното ливче може да се провери успешното стекнување на знаењата за овие
реченици.

- За наредниот час: Да ги повторат знаењата за видовите независносложени реченици и

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 14

1. Цели: Да умее самостојно да ги применува знаењата за видовите

независносложени реченици.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот посочил наставна содржина, што да подготват, односно да повторат; ја следи работата на учениците; дава појаснувања.

- Учениците ги изработуваат вежбите; ги читаат одговорите, вршат корекции и дополнувања.

- Работа со наставно помагало, пишување, читање, разговор.

- наставни листови.

Развојно-процесно планирање за час 14

1. Наставна единица: Вежби за видовите независносложени

реченици

2. Тип на часот: Примена на знаења од подрачјето Јазик.


3. Цели: Да умее самостојно да применува знаења во изработка на вежби.

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка.

Предвидени активности:

- Наставникот ги упатува во активностите кои следат.

- Учениците, потоа ги презентираат одговорите, по потреба дополнуваат или коригираат евентуални грешки или нецелосни одговори.

- Наставникот следи и истакнува свои забелешки, укажува на евентуални грешки, дава објаснувања според потребите.

- Вреднување на знаењата: Вежбите даваат можност за формативно оценување (со проверка и оценување на вежбите

- За наредниот час: Да размислат на која тема би напишале сценарио (секако со кусо застапување на елементите на сценариото) според
кое би снимиле филм.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 15 , 16

1. Цели: Да умеат да применуваат стекнувани знаења од четирите

наставни подрачја.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот ги упатува дека при пишувањето на сценариото треба да ги применат знаењата од сите наставни содржини, а најмногу ќе
се согледа колку ја совладале содржината за сценарио.

- Кон крајот на часот учениците читаат свои изработки.,

- За наредниот час: Учениците поделени во три групи да дискутираат и да ги вреднуваат своите состави, а најдобрите од трите групи,
селектирани како најуспешнида се најдат на заеднички ѕиден весник.
- Пишување, читање, разговор, примена на знаења.

Развојно-процесно планирање за час 15 ,16

1. Наставна единица: Писмено изразување на тема – пишување сценарио.


Презентирање на сценаријата

2. Тип на часот: Примена на знаења во писмено изразување.

3. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка.

4. Цели на часот: Да умее да ги примени стекнуваните знаења

Предвидени активности:

- Учениците ги пишуваат дома обмислените свои кратки сценарија на тема„ Моето училиште – некогаш и сега во еколошки аспект.“

- Наставникот ја следи нивната работа, им помага според потребите, укажува на грешки; напоменува дека на нареден час ќе читаат и ќе
бидат оценувани изработките.

- Во последната третина од часот се читаат сценаријата и се вреднуваат.

* Забелешка: Според можностите, можат да се применат и знаењата од

ИКТ, користење на open office writer


Тематска целина: 9 (мај)

4. Конкретни цели:

- да го разликува лексичкото значење на зборовите според нивното

потекло (домашна и странска лексика);

- да го применува правилно правописот на одделни форми и на

согласките ј, љ, в и сл.;

- да ги примени знаењата за независните реченици во вежби;

- да ги препознава карактеристиките на драмски текст, со акцент на


исказ на лик (монолог, дијалог);

- да знае да анализира прочитано (лектирно) дело (тема, идеја,

ликови, описи);

- да ги примени знаењата во писмена работа, говорни и писмени вежби.

Реден Наставна единица Број Време на забелешка


број на реализација
часови

1 Речнички состав на македонскиот литературен 1 Мај


јазик
2 „Лепа Ангелина“- Б.Ристески –Платнарот; 1 Мај
интерпретација

3 Писмена вежба – пишување кус драмски текст (со 1 Мај


дијалози и монолизи)

4 Писмена работа 1 Мај

5 Правопис на одделни форми 1 Мај

6 Усна презентација(од автобиографиите на 1 Мај


Г.Прличев и Марко Цепенков)( ИКТ)

7 Анализа на ликови според искази на лик, 1 Мај


дијалози и монолози(ИКТ)

8 Продолжување на текстот„Мало отровно 1 Мај


змиулче“-Ј.М.Георгиева

9 Повторување на материјалот 1 Мај

10 Текстови за практична примена 1 Мај

11-12 Поправка на писмена работа 2 Мај

13 Текстови за практична примена-Записник 1 Мај

14 Медиумска култура:Анализа на филм(ИКТ) 1 Мај

15-16 Лектира: „Девојките на Марко“ – Оливера 2 Мај


Николова
Поврзување (интегрирање) на часовите_во однос на програмските подрачја:

Час: 1, 5, 9

- Реченички состав на македонскиот литературен јазик

- Правопис на одделни форми

- Вежби за синтаксичка анализа на реченици

Час: 2, 3, 4, 8, 12, 13

- ,,Лепа Ангелина” – Б. Ристески – Платнарот

- Вежби – исказ на лик

- Писмена работа

- Продолжување на текстот ,,Мало отровно змиулче”

- Поправка на писмените (содржинска)

- Поправка на писмените (стилско-јазична и правописна)

Час: 6, 7

- Презентација: Од биографиите на Г. Прличев и М. Цепенков

- Анализа на ликови од драмски текст преку искази

Час: 10, 11, 14, 15, 16

- Пополнување текстови за практична примена

- Правење записник
- Вежби за анализа на филм

- Лектира „Сребрените снегови“- Ж.Чинго

Наставни средства:

- учебник (одобрен од министерот и избран на ниво на училиште)

- одобрени списанија за деца и млади,

- енциклопедии и речници, книги (дополнителна литература);

- илустрации, радио-касети, ЦД и други аудио-визуелни средства;

- интернет, образовни софтвери

Наставни форми (според потребите): демонстративна, работа со текст; дијалошко-монолошка, индивидуална, тандем, работа во групи и
др.

Наставни методи (според потребите): говорна, демонстративно-илустративна, метод на играње улоги, набљудување и истражување,
текст метода и др.

Корелација (со други содржини и наставни предмети):

-Литература и јазик, историја, филмска уметност

Етички кодекс на оценување: Наставникот применува етички кодекс при оценувањето на своите ученици и тоа
демократичност,праведност,чесност и др.

Корелација со еко стандардите од еко-проектот

час бр.14 Правење записник. Учениците пишуваат записници во тетратките кои се поврзани со еко стандард 3 од еко-проектот т.е.
поконкретно со точката на акција:ослободување од непотребните и нефункционални предмети во училишната зграда(столчиња, клупи,
табли, нагледни средства); потоа читаат од нив и се развива дискусија за успешноста на извршената задача.
Примена на ИКТ во наставата:час бр:6,7,15,

Час бр 6 Усна презентација(од автобиографиите на Г.Прличев и Марко Цепенков)( ИКТ) Учениците по насоки од наставникот бараат
податоци од интернет за Прличев и Цепенков

Оценување:

- Дијагностичко оценување (увид во претходностекнатите знаења)

- Формативно оценување - средства и постапки за вреднување (евалуација) на учењето на учениците:

- усна презентација

- дискусија(разговор) за време на часот

- анализа на текстови

- писмени вежби (есеј);

- вежби од подрачјето јазик;

- домашни задачи и лектири;

- чек-листа (листа за проверка) на изведбени активности

- поттикнувачки прашања,

- писмена работа - есеј,

- поправка на писмената работа;

- контролна вежба-есејски прашања

Вреднување, измени и дополнување на планирањето


НАСТАВНА ЕДИНИЦА 1

1. Цели: Да прави разлика во лексичкото значење на зборовите според

нивното потекло (дијалектизми, турцизми, интернационализми и сл.)

2. Активности, методи, средства:

- Наставникот ги определил целта, методите, активностите, го насочува текот на часот, објаснува, ги поттикнува активностите, дава
потребна помош, подготвил текстови (извадоци) со зборови од различно потекло.

- Учениците ги следат упатствата и објаснувањата, учествуваат во донесувањето заклучоци, ги изработуваат вежбите во учебникот и ги
презентираат одговорите, коригираат.

- Работа со учебник. Објаснување, пишување, разговор.

- Учебник, текстови со примери.

Развојно-процесно планирање за час 1

1. Наставна единица: Речнички состав на македонскиот литературен јазик

2.Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик.

3. Цели на часот: Да прави разлика во лексичкото значење на зборовите

во зависност на нивното потекло

4. Наставни форми: Фронтална, индивидуална.

Предвидени активности:

- Наставникот го објаснува терминот лексика, укажува на нејзината постојана промена, за домашните и странски зборови.
- Од табелата ги уочуваат видовите зборови: црковнословенизми, дијалектизми, неологизми и интернационализми; се следат
објаснувањата за нив и се доаѓа до заклучоци.

- Се поведува разговор и за турцизмите кои останале во нашиот јазик.

- Усно заеднички се изработува првата вежба од учебникот; потоа заеднички ги пронаоѓаат дијалитизмите и турцизмите во извадоците
од народните песни (во вежбите од учебникот).

- Наставникот ги насочува кон извадоците во учебникот, првата содржина за првите македонски просветители, за да ги пронајдат
зборовите со потекло од старословенскиот јазик и дијалектизмите.

- Им чита извадоци кои ги подготвил од кои ги пронаоѓаат видовите зборови според нивното потекло.

- Вреднување на знаењата: Од вежбите во кои ќе применат стекнатите знаења ќе се вреднуваат постигнувањата.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 2

3. Цели: Да ги препознава карактеристиките на драмскиот текст,


конкретно за исказите на ликовите (монолог, дијалог).

4. Активности, методи, наставни средства:


- Низ прашањааставникот ги проверува знаењата за драма кои претходно ги стекнувале; го испланирал текот на часот и
активностите, насочувајќи ги кон реализација на целта на часот.

- Учениците се потсетиле на знаењата за драма; одговараат на прашањата од наставникот и оние од учебникот за содржината на
текстот; го читаат и анализираат текстот; донесуваат заклучоци за искази на лик (монолог и дијалог).

- Работа со учебник и текст, читање, анализирање, објаснување,

разговор.
Развојно-процесно планирањеза час 2

1. Наставна единица: ,,Лепа Ангелина” – Б. Ристески – Платнарот;

интерпретација

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Литература

3. Цели на часот: Да ги препознава елементите на драмскиот текст

кои се однесуваат на ликовите

4. Форми на работа: Дијалошка

Предвидени активности

- Низ прашања ги повторуваат знаењата за драма (литературен род, од кој збор доаѓа поимот, кои се носители на дејството,
преку што се претставуваат настаните, што е исказ на лик, реплика).

- Го читаат текстот, се појаснуваат зборови; низ прашањата под текстот ја анализираат содржината; согледуваат што е монолог и
дијалог.

- Ја прераскажуваат фабулата на текстот претворајќи ги дијалозите и монолозите во раскажувачка форма.

- Вреднување на знаењата: Од сите планирани активности на часот може да се врши формативно оценување на знаењата на
учениците.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 3

1. Цели: Да ги примени знаењата за драма во вежби за исказ на лик –


дијалог и монолог (пишување текст во форма на драмски текст).

2. Активности, методи, наставни средства:


- Наставникот дал упатства што да подготват за овој час; дава потребна помош во текот на извршувањето на задачата; го следи и
насочува текот на часот; ги вреднува извршените (прочитани) задачи дискутирајќи за нив.

- Учениците се подготвиле за часот; творат пишувајќи кус драмски текст; читаат состави, дискутираат за чуеното и даваат свое
мислење за оценувањето.

- Работа со текст, читање, дискусија.

Развојно-процесно планирање за час 3

1. Наставна единица: Писмена вежба– пишување кус драмски текст (со дијалози и монолози).

2. Тип на часот: Примена на знаењата во писменото изразување.

3. Цел: Да ги примени знаењата за драмски текст, искази на ликови во

самостојно творење.

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка.

Предвидени активности:

- Наставникот дава упатства за извршување на задачата, за текот на часот, за активностите.

- Учениците пишуваат свој замислен драмски текст; по потреба, бараат соодветна помош од наставникот.

- Потоа учениците читаат од своите текстови, следат презентации, дискутираат за нив и ги вреднуваат.

- Наставникот ги вреднува составите дискутирајќи за своите забелешки; ги прегледува, укажува на правописните грешки.

- Вреднување на знаењата: Презентирањата ќе бидат оценувани.


НАСТАВНА ЕДИНИЦА 4

1. Цели: Да ги примени стекнуваните знаења од четирите наставни подрачја во писменото изразување на одредена тема.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот објаснил што да подготват за оваа писмена работа; обезбедува работн аатмосфера; ги следи активностите; ги собира
вежбанките.

- Учениците се подготвиле за писмената, творат до крајот на часот.

- Пишување, работа со текст.

- Вежбанките за писмена работа.

Развојно-процесно планирање за час 4

1. Наставна единица: Писмена работа

2. Тип на часот: Примена на знаењата во писменото изразување.

3. Цели: Да ги применуваат знаењата во писменото изразување.

4. Форми на работа: Индивидуална.

- За наредниот час: Да повторат за минато определено несвршено и свршено време и за заповеден начин; да донесат каков и да било
Правопис кој го имаат; и наставникот носи неколку правописи.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 5
1. Цели: Да ги применува правописните правила за одредени форми и некои согласки (ј, в, љ, њ).

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот подготвил план за текот на часот, активностите, целта и методите; ги поттикнува учениците на активности и усвојување
насодржината; дава упатства за користење на Правопис; подготвил наствни ливчиња.

- Учениците ги потвориле посочените содржини и донеле Правопис; учествуваат во повторувањето, во усвојувањето на знаењата и во
пребарувањата во правописот; ги пополнуваат наставните ливчиња.

- Работа со учебник и со Правопис, објаснување, читање, пишување, разговор.

- Учебник, Правопис, наставни ливчиња.

Развојно-процесно планирање за час 5

1. Наставна единица: Правопис на одделни форми

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Јазик

3. Цели на часот: Да применуваат правописни правила за одредени форми.

4. Форми на работа: Фронтална, дијалошка, работа во групи (по четири ученика).

Предвидени активности:

- Наставникот поставува прашања со кои учениците ги покажуваат своите знаења за минато определено несвршено и свршено време и
за заповедниот начин.

- Низ примери и објаснувања го согледуваат правописот во минато неопределено време со наставката –ја; образувањето на
заповедниот начин со наставката –те; за согласките ј, њ, л, љ, в.
- Наставникот ги упатува кон употреба на Правописот; им поделува по едно наставно ливче на групите, со вежби да напишат правописно
точно зборови, а потоа да ја проверат точноста во Правописот.

- Вреднување на знаењата: Од одговорите (усно) и наставните ливчиња ќе се вреднуваат знаењата, односно дијагностичко и
формативно оценување.

- За наредниот час: Еден дел од учениците подготвуваат да презентираат делови од автобиографијата на Г. Прличев, а другиот дел од
авгобиографијата на М. Цепенков. (Селектира секој ученик индивидуално по еден дел од автобиографијата, цитира, го објаснува делот
и кажува зошто го одбрал тој дел.) Им се укажува дека можат да користат Интернет за собирање податоци.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 6

1. Цели: Да ги примени стекнатите знаења за усно изразување за прочитана творба, согледувајќи ги специфичностите на
автобиографијата.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот објаснил што треба да подготват за овој час; ги испланирал текот и активностите на часот; ги насочува кон активности и ги
охрабрува во презентирањата; ги вреднува исказите, дискутирајќи за нив.

- Учениците се подготвиле за часот; презентираат од своите подготовки, дискутираат за чуеното, се надополнуваат, цитираат и меѓусебе
ги вреднуваат презентациите.

- Работа со текстови, читање, објаснување, разговор.

- Автобиографиите на Г. Прличев и Марко Цепенков, евентуално белешки кои ги воделе додека се подготвувале.
Развојно-процесно планирање за час 6

1. Наставна единица: Усна презентација на делови од автобиографиите на

Григор Прличев и Марко Цепенков (според вежбата од учебникот).

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјата Изразување и од Литература.

3. Цели на часот: Да применуваат стекнати знаења во усното изразување.

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка.

Предвидени активности:

- Ученици усно ги презентираат своите подготовки; по секоја презентација дискутираат за чуеното и меѓусебно ги вреднуваат
искажувањата.

 Наставникот, исто така, ги вреднува исказите.


 Употреба на ИКТ.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 7

1. Цели: Да ги примени знаењата за исказ на лик и други изразни форми во драмски текст согледувајќи ги карактеристиките на
ликовите.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот подготвил соодветен драмски текст од кој ќе ги препознаат особините на ликовите (преку исказите, но и зборовите на
авторот), го фотокопирал во број на примероци колку што ќе оформи групи; дава насоки на часот.

- Учениците во групи го читаат извадокот, анализираат согледувајќи преку исказите на ликовите, презентираат, прават план на
анализата.

- Работа со текст, читање, анализа, пишување, разговор.


- Драмски текст, фотокопиран текст (со извадоци од драмски текст, со монолози, дијалози и други искази за согледување на особините
на ликовите).

Развојно-процесно планирање за час 7

1. Наставна единица: Анализа на ликови преку искази во драмски текст.

2. Тип на часот: Примена и утврдување на знаењата.

3. Цели на часот: Да ги примени знаењата за анализа на ликови преку

искази во драмски текст.

4. Форма на работа: Групна.

Предвидени активности:

- По формирањето на групите, секоја група добива лист со извадоци од драмски творби; групите се подготвуваат за презентирање на
карактеристиките на ликовите од извадоците и од кои искази ги стекнале тие сознанија.

- Групите ги презентираат своите подготовки; дискутираат за чуеното и го оценуваат.

 И наставникот, со дискусија за презентациите, ги вреднува.


 Употреба на ИКТ.
- За наредниот час: Да го прочитаат текстот ,,Мало отровно змиулче”, од учебникот, и да го продолжат според сопствена замисла.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 8
1. Цели: Да умее да продолжи текст кој го прочитал.

2. Активности, методи и наставни средства:

- Наставникот дал упатства што и како да подготват за часот; го насочува интересот, ги стимулира и насочува активностите; изложува
свое мислење и ги вреднува составите.

- Учениците ги подготвиле домашните задачи, читаат од нив, ги следат презентациите, дискутираат и ги селектираат најуспешните.

- Работа со текст, читање, разговор.

Развојно-процесно планирање за час 8

1. Наставна единица: Продолжување на текстот ,,Мало отровно змиулче”

од Ј. М. – Георгиева.

2. Тип на часот: Применување на стекнувани знаења.

3. Цели на часот: Да умее да ги примени знаењата во писменото творење.

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка.

Предвидени активности:

- По проверката на редовноста во носењето на домашните задачи, ученици читаат состави, други следат, дискутираат и ги вреднуваат.

- Наставникот, исто така, следи, дискутира и ги вреднува составите.

- Учениците сами селектираат најуспешни состави со кои ќе го изработат ѕидниот весник.

- Вреднување на знаењата: Со оваа домашна задача се дава можноста да се согледаат знаењата кои учениците ги стекнале од
правопис, стилско изразување, јазик, изразувањето.
НАСТАВНА ЕДИНИЦА 9

- Повторување на материјалот Часот го подготвува наставникот, преку кој ќе ги согледа и ќе ги вреднува знаењата на учениците

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 10

1. Цели: Да ги применат стекнуваните знаења правејќи разлика меѓу

уметнички текст и текстови за практична примена.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот дал задача што треба учениците да подготват за овој час; ги испланирал целта, активностите и воопшто текот на часот;
дава појаснувања за текстовите за практична примена.

- Учениците ги следат објаснувањата за пишување молба и жалба и ги применуваат пишувајќи молба и жалба според дадените
објаснувања.

- Работа со учебник и со текст, читање, пишување, предавање.

- Учебник,

Развојно-процесно планирање за час 10

1. Наставна единица: Текстови за практична примена.

2. Тип на часот: Утврдување на знаења за видови текстови.

3. Цели на часот: Да ги согледаат разликите меѓу видовите текстови


(уметнички и текстови за практична примена).

4. Форми на работа: Фронтална, индивидуална.

Предвидени активности:

- Пишуваат молба и жалба во тетратките; потоа читаат од нивните изработки, нагласувајќи ги особеностите на овие два вида текста за
практична примена, во формата и во содржината.

-За наредниот час: Двата наредни часа прават проверка на писмените работи.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 11 и 12

1. Цели: а) Да умее да ги согледа содржинските елементи на составите;

б) Да ги согледа јазичните, стилските и правописните особености на писменото изразување.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот ги обмислил активностите и целите за часовите; ги насочува учениците кон размислување, уочување на содржинските,
стилските и правописните особености и евентуалните неточности, водел белешки во текот на прегледувањето на писмените, презентира
од нив и учениците коригираат.

- Учениците читаат од писмените, кажуваат свои забелешки и оценки; ги следат забелешките кои ги истакнува наставникот,
размислуваат и коригираат.

- Работа со текст, читање, објаснување, разговор.


Развојно-процесно планирање за час 11 и 12

1. Наставна единица: Поправка на писмените работи.

2. Тип на часот: Комбиниран час (со читање, дискусии).

3. Цели на часот: а) Да умее да ги согледа содржинските елементи на

прочитаните текстови; б) Да ги уочи и коригира јазичните, стилските и

правописните особености на писмените работи.

4. Форми на работа: Дијалошка, индивидуална.

Предвидени активности за час 12

- Наставникот дава општ осврт на писмените работи; посочува ученици кои ќе ги читаат своите состави (кои добиле различни оценки),
без да се посочува кои оценки ги добиле.

- Учениците ги следат составите, дискутираат за нивната содржина, кажуваат свои оценки; се споредува со добиените оценки.

- Потоа, по желба, ученици читаат од своите состави; го прашуваат наставникот за негови забелешки за составите и добиените оценки,
за забелешки кои не им се јасни.

- Учениците дома прават поправка на писмените.

Предвидени активности за час 13

- Наставникот истакнува свои забелешки, кои ги водел додека ги прегледувал писмените, стилски, јазични и правописни.

- Ученици усно и писмено вршат корекции на направените грешки и со помош на наставникот дискутираат за нив (што е грешката, како
треба да се прави исправката).

- За наредниот час: Да ги носат и работните листови доколку ги користат.


НАСТАВНА ЕДИНИЦА 13

1. Цели: Да ги знае елементите на записникот како писмен документ и да умее да прави записник.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот го насочува интересот на учениците при читањето на записникот од учебникот да ги уочи неговите елементи; го планира
обемот, целта и активностите на часот и ги насочува.

- Учениците читаат, размислуваат за елементите кои ги содржи записникот, споредуваат со други видови текстови, пишуваат и
презентираат свои записници во тетратките, според примерот од учебникот.

- Читање, пишување, работа со учебник и текст, објаснување.

- Учебник (тетратки),

Развојно-процесно планирање за час 13

1. Наставна единица: Записник

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Изразување и

творење.

3. Цели на часот: Да ги знае елементите на записникот како текст за

практична примена и да умее да прави записник.

4. Форми на работа: Дијалошка, индивидуална.

Предвидени активности:
- Ученици го читаат текстот уочувајќи ги формата и содржината на овој вид текст, на што ги упатил наставникот како задача пред да го
читаат текстот.

- Се води дискусија за она што учениците го забележале како специфичност за ваквиот вид текст, правејќи споредба со видовите
текстови со кои досега се запознавале.

- Учениците пишуваат записници во тетратките кои се поврзани со примената на еко стандард 3 од еко-проектот поконкретно со точката
на акција: ослободување од непотребните и нефункционални предмети во училишната зграда(столчиња, клупи, табли, нагледни
средства); потоа читаат од нив и се развива дискусија за успешноста на извршената задача.

- За наредниот час: Да размислат за омилен филм и: режисер, сценарист, главни и споредни улоги, видот на филмот, фабулата. Да ги
носат работните листови, доколку ги користат, а ако не, ќе пишуваат во тетратките.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 14

1. Цели: Да умее да анализира гледан филм и да ги забележи основните податоци за него, кусо претставувајќи ја и фабулата.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот објаснил што да подготват за наредниот час; ги испланирал текот на часот, целите, методите и активностите; се грижи за
работната атмосфера, ги насочува кон активности; ги вреднува составите низ дискусија.

- Учениците се подготвиле за часот собирајќи ги и податоците за филмот за кој се определиле; пишуваат и ги читаат составите
(одговорите) на прашањата во работните листови или напишаните прашања на табла: наслов, сценарист, режија, главни и споредни
ликови, фабула и што поучно извлекле како идеја од филмот.

- Пишување, читање, разговор.

- тетратките).

Развојно-процесно планирање за час 14

1. Наставна единица: Анализа на филм


2. Тип на часот: Утврдување на знаењата за филм од подрачјето

Медиумска Култура.

3. Цели на часот: Да умее да анализира гледан филм и неговите компоненти.

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка.

Предвидени активности:

- Наставникот ги запознава учениците со задачата која им претстои.

- Учениците пишуваат одговори на прашањата во работните листови; потоа читаат од нив, дискутираат и ги вреднуваат.

 Истото го прави и наставникот – дискутира и оценува.


 Употреба на ИКТ.
- За наредниот час: обработка на лектира , напишана во лектирните тетратки; да се потсетат на содржината на романот.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 15

1. Цел: Да умее стилски обогатено да прераскажува делови од романот ,,Девојките на Марко” од О. Николова како задолжителна
лектира.
Да знае да анализира прочитана книга навлегувајќи во карактерите на ликовите, во описите, издвојувањето реченици кои оставаат
силен впечаток и сл.

2. Активности, методи, наставни средства:


- Наставникот ги насочува и ги поттикнува активностите, ги охрабрува во презентирањата, нуди идеи, создава наставни ситуации;
ги испланирал целите, изложува мислења и ставови.
- Учениците ја подготвиле лектирата во своите тетратки за лектира, се потсетиле на содржината на романот; прераскажуваат
делови кои им ги посочил наставникот, учествуваат во анализата.
- Работа со книга и текст, читање, прераскажување, разговор.
Развојно-процесно планирање за час 16

1. Наставна единица: ,,Девојките на Марко“ – Оливера Николова – лектира


2. Тип на часот: Анализа и прераскажување на прочитана лектира
3. Цели на часот: Да умее стилски збогатено да прераскажува делови од содржината на прочитана книга и да умее да ја анализира
4. Форми на работа: Дијалошка, индивидуална
* Забелешка:

Лектирата може да се реализира на повеќе начини, односно да се применат и други наставни форми. На пример, може да се
организира проблемска настава да се реализира, на вториот час, техника на индивидуализација (на лист, секој ученик да истакне тема,
идеја, ликови или слично).

Тематска целина: 10 (јуни)


Конкретни цели:

- да се подготви за примена на стекнатите знаења при повторувањето на

содржините изучувани во текот на годината;

- да ги презентира стекнатите знаења во годишен тест;

- да се воведе во пишувањето есеј откако ќе ги согледа

карактеристиките на оваа форма на писмено изразување;

- да ги применува знаењата од наставните подрачја во пишувањето

состав на дадена тема.


Ред. Наставна единица Број на Време на забелешка
број часови реализација

1 Повторување на учените содржини 1 јуни


од првото полугодие

2 Повторување на учените содржини 1 јуни


од второ полугодие

3 Вежби за синтаксичка анализа на 1 јуни


реченица

4 Есеј ИКТ 1 јуни

5 Презентирање на есеи ЕКО 1 јуни

6 Писмена вежба – Моите впечатоци 1 јуни


од оваа учебна година

Поврзување (интегрирање) на часовите_во однос на програмските подрачја:

Час: 1, 2, 3

- Повторување на содржините од прво полугодие

- Повторување на содржините од второ полугодие

- Вежби за синтаксичка анализа на реченица

Час: 4, 5, 6, 7, 8
- Есеј:,,Скопје, пролет” – Д. Коцевски – интерпретација

- Вежба за есеј

- Презентирање лични есеи

- Писмена вежба: На што ќе се сеќавам најмногу од оваа учебна година.

Наставни средства:

- учебник (одобрен од министерот и избран на ниво на училиште)

- одобрени списанија за деца и млади,

- енциклопедии и речници, книги (дополнителна литература);

- илустрации, радио-касети, ЦД и други аудио-визуелни средства;

- интернет, образовни софтвери

Наставни форми (според потребите): демонстративна, работа со текст; дијалошко-монолошка, индивидуална, тандем, работа во групи и
др.

Наставни методи (според потребите): говорна, демонстративно-илустративна, метод на играње улоги, набљудување и истражување,
текст метода и др.

Корелација (со други содржини и наставни предмети):


-Литература и јазик, историја, филмска уметност, географија, странски јазици, музичко и ликовно образование

Етички кодекс на оценување: Наставникот применува етички кодекс при оценувањето на своите ученици и тоа
демократичност,праведност,чесност и др.

Корелација со еко стандардите од еко-проектот

час бр.5. Пишување есеј. Учениците пишуваат есеи користејќи ја open office writer програмата во слободен избор на темата во однос на
задржувањето на еден од четирите стандарди од еко-проектот ( кои се однесуваа на штедењето на изворите на енергија, штедењето на
водата, разубавувањето на училиштето и училишниот двор со цвеќе и зеленило и отстранување на сите непотребни и нефункционални
предмети).

Примена на ИКТ во наставата:час бр.5

час бр. 5 Пишување есеј.

- Учениците пишуваат со примена на ИКТ т.е open office writer; темата на есејот е поврзана со еко-проектот.

Оценување:

- Дијагностичко оценување (увид во претходностекнатите знаења)

- Формативно оценување - средства и постапки за вреднување (евалуација) на учењето на учениците:

- усна презентација

- дискусија(разговор) за време на часот

- анализа на текстови
- писмени вежби (есеј);

- вежби од подрачјето јазик;

- домашни задачи

- чек-листа (листа за проверка) на изведбени активности

- поттикнувачки прашања,

-есејски прашања (тестови)

- Сумативно оценување (оценување на наученото, на крајот на второто полугодие и учебната година)

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 1 и 2

1. Цели: Да ги повтори учените содржини од оваа учебна година, да ги

утврди како подготовка за годишниот тест.

2. Активности, методи, средства:

- Наставникот посочил што да повторат, издвојувајќи ги основните знаења со кои треба да се здобијат во VII одделение; подготвил
начини, методи преку кои ќе се врши повторувањето (усно, со наставно ливче, со испрашување или сл.).

- Учениците се подготвиле за часовите на повторување; ги презентираат знаењата според методи кои ги одбрал наставникот.

- Методите и наставните средства ги одбира наставникот.

Развојно-процесно планирање за час 1 и 2


1. Наставна единица: Повторување на учени содржини.

2.Тип на часот: Утврдување на наставните содржини.

3. Цели: Да ги повтори и утврди стекнуваните знаења.

4. Форми на работа: Ги обмислува наставникот.

* Забелешка: Наставникот обмислува начини и форми од кои ќе се

повторат учените содржини.

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 3

1. Наставна единица: Вежби за синтаксичка анализа на реченица

НАСТАВНА ЕДИНИЦА 4

1. Цели: Да ги знае елементите на есејот како форма на писмено

изразување.
2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот ги испланирал текот и активностите на часот; ги поттикнува и насочува активностите; дава појаснувања за есејот и што да
подготват за наредниот час.

- Учениците читаат текст, размислуваат и извлекуваат заклучоци за есејот како форма на изразување.

- Работа со учебник и текст, читање, објаснување.

- Учебник, есеи (примери) или извадоци кои ги донел наставникот.

Развојно-процесно планирање за час 4

1. Наставна единица:,,Скопје, пролет” – Д. Коцевски – интерпретација.


2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Литература.

3. Цели: Да ги знае елементите на есејот како форма на изразување.

4. Форми на работа: Предавање, дијалошка.

Предвидени активности:

- Ученици го читаат текстот во себе; потоа го читаат на глас дел по дел, низ прашањата се анализира содржината на текстот.

- Низ прашања и објаснувањето во учебникот се формулираат елементите на есејот.

- Се читаат извадоци од есеи кои ги донел наствникот преку кои ќе се утврдат знаењата за есеј.

- За наредниот час: Да прочитаат текст од весник и за него да размислат да напишат есеј.


НАСТАВНА ЕДИНИЦА 5

1. Цели: Да умее да напише есеј поттикнат од новинарски напис.

2. Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот објаснил што и како да подготват; го испланирал текот на часот; ги стимулира активностите; дискутира и оценува.

- учениците се подготвиле за часот; пишуваат есеи, читаат од нив, дискутираат за чуеното.

- Работа со текст, пишување, читање, разговор.

Развојно-процесно планирање за час 5

1. Наставна единица:Пишување есеј.(икт)

2. Тип на часот: Примена на знаењата за есеј.

3. Цели: Да ги примени знаењата за есеј во писмено творење.

4. Форми на работа: Индивидуална, дијалошка.

Предвидени активности:

- Учениците пишуваат со примена на ИКТ т.е open office writer; потоа читаат есеи, дискутираат за успешноста и ги вреднуваат.

 Наставникот дискутира и ги оценува изработките.


 Употреба на ИКТ.
*Забелешка: И на наредните два часа учениците читаат од есеите

кои дома ги напишале (час 6 и 7)

You might also like