You are on page 1of 2

ПИСМО ВО НОЕМВРИ

Љубов, светот
одеднаш се врти, добива боја.
Уличната светлина
ги дели преку опашот на стаорецот
Мешунките на лабурнумот во
девет часот наутро.
Тоа е Арктикот,
овој мал црн
круг, со својата тегет свилена
трева – бебешка коса.
Зелено лебди во воздухот,
меко, кревко.
Со љубов ме ублажува.
Јас пак вцрвенета и топла.
Мислам дека сум огромна,
И глупаво среќна,
Моите Велингтон
Чврчкаат и чврчкаат низ
Прекрасното црвено.
Ова е мојот имот.
Двапати на ден
забрзувам, мирисајќи
варварска светост со нејзините
виридијан
школки, чисто железо,
и ѕидот од чудни
трупови.
Ги сакам.
Ги сакам како историја.
Јаболката се златни,
замисли –
на моите седумдесет дрвја
Висат златно-румени топки
Во густа сива смрт-супа
нивните милион
Златни лисје метални и
без здив.
О љубов, о целибат.
Никој освен мене
Не го покажува високиот струк влажен.
Незаменливите
Злата крварат и се задлабочуваат,
во устите на Термопилите.

You might also like